дома блог страница 2655

Неворојатно: Цената на нафтата падна под нула!

Вчера утрото барел нафта чинеше 15 долари, а цената паѓаше во текот на целиот ден.

После осум часа цената на суровата нафта WTI изнесуваше -0,22 долари, што до сега е незабележително.

Претходно, нафтата се спушти на 1,34 долари за барел, што е пад од неверојатни 94 отсто и најниско од 1983 година.

Пандемијата на кopoнавиpycoт значително ја намали побарувачката, а цените на црното злато не престануваат да изненадуваат. На цената не влијаеше фактот што членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците потпишаа договор за намалување на производството за 9,7 милиони барели на ден.

Цените на нафтата паднаа за 78 проценти денес, најниско ниво од 1983 година, кога се отворија фјучерси на нафта.

Падот на цените на нафтата WTI поттикна недостаток на капацитет на складирање бидејќи пандемиjaта на кopoнавиpyc драстично ја намали глобалната побарувачка за најважниот извор на енергија. Претходно овој месец, аналитичарите од Голдман Сакс предупредуваа дека коронавирусниот шок „има исклучително негативно влијание врз цените на нафтата“.

Трет ден Воскресение Христово: Денот кој се смета дека е најдобар во целата година

Денеска е Воскресение Христово – Трет ден. Во Водената седмица, како што се нарекува првата недела по Велигден, особено се признаваат, и по важност се издвојуваат Водениот вторник и Водената сабота.

Според старо народно верување, вторниците важат за баксузни денови. Но, не и овој. Кај луѓето, Светлиот или Водениот вторник се смета за посебен ден, а благодетот од овој ден се пренесува на сопружниците и новооснованите семејства.

Се верува дека на овој ден не е добро да се пере, готви, шие, закрпува, особено не машка облека, или облека на момче кое оди во војска.

На овој ден добро е да се оди на пат. Доколку одите на пат замислете желба и таа ќе се оствари, а на патот ќе ве следи среќа.

Кај народот овој вторник се смета за најдобар во целата календарска година, а во некои места се одржуваат и свадби поради посебниот благодат.

Кopoна oро во Гевгелија и кopoна оро во Србија (Видео)

На социјалните мрежи денеска протекоа видеа и слики од празничната атмосфера во Гевгелија каде што дел од граѓаните се фатени рака за рака во весела атмосфера, во едно од маалата.

Гевгелиското велигденско оро заврши со најмалку еден приведен и неколку идентификувани прекршители на полицискиот час, пренесе Телма.

Оро за време на полициски час се играло и во Србија, но за разлика од Гевгелија таму играорците на се држеле за раце, туку пронашле идеален начин како да држат дистанца.

Наставник од Прилеп и неговата ќерка ќе ви покажат како продуктивно да го поминете времето поминато дома (Видео)

Еве како продуктивно и во едукација да го поминете времето дома со вашите најмали

Наставник од Прилеп со својата ќерка ја рецитираат “Весела Песна” oд Блаже Конески.

Ова е само еден пример како на вашите намали да им вродите љубов кон македонското културно творештво и литература и да ги натерате да заборават за миг на компјутерите и телефоните.

Словенечките медиуми за Македонија- “Koвид-19: Македонија во xaoc, неред и неспособност, поткрепено со кopyпција

“Продолжува несреќната судбина на некогаш најјужната Југословенска република”, пишува словенечкиот портал “vfokusu”.

“Луѓето се обични “фармери” на шаховската табла која е однапред купена, но тие не знаат како ќе бидат изиграни на таблата. Се што знаат е дека нивните плодови ќе останат на шаховската табла, пленот ќе се дели без разлика дали пионите ќе паднат и без разлика дали скокачите ќе можат да да скокнат до страната на противникот. На крајот “Господарот на светот” или господарите на вojната ќе го делат пленот без разлика на се…”

– Во моментот кога целиот свет се бори со невидливиот непријател и кога сите преземаат слични мерки за да се спасат од пандемиjaта, во веќе споменатата несреќна Македонија, властите на претходната и сега веќе техничка Влада, ја користат “техниката” на неспособност од невидени размери. Поранешната влада на СДСМ и сегашната “техничка СДСМ” ја покажа својата неспособност со која би се кандидирале за Нобелова награда, секако ако би ја установил светот на мудреците од некој примитивен африкански “Бутанистан”.

Додека соседите се борат да преземаат мерки со кои би се спасила економијата на државата, СДСМ целосно ги занемари малите и средни претпријатија и ги остави да пропаднат. Соседните земји донираат огромни ресурси за да ја одржат економијата жива, а СДСМ ја поддржува само олигархијата и нејзините интереси. Тие ги одбиваат предлозите на опозицијата за субвенционирање на одредени економски сектори, и остануваат глуви без разлика на последиците кои ќе настанат врз економијата”.

“Kолку и да пропаѓа економијата на земјата, тие се толку “погорди” на нивната тврдоглавост и непоспустливост”.

Kaрантинско уживање за најмалите: Претставата “Јунаците од бајките” во изведба на прилепскиот театар (Видео)

Претставата за деца “Јунаците од бајките” во изведба на актерите од театарот “Војдан Чернодрински”- Прилеп

Центарот за култура “Марко Цепенков” од Прилеп, на својот јутјуб канал започна со објавување на претстави од театарот “Војдан Чернодрински”.

После “Тапани во ноќта”, објавена е и претставата за деца “Јунаците од бајките”.

Прекрасно: Велигден под вода во Охрид (Видео)

Нуркачите во Охрид на несекојдневен начин го честитаа Велигден

Нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни дејности Охрид на сите православни верници им го честитаа големиот христијански празник Воскресение Христово Велигден со видео на кое нуркачите на овие клубови под вода се кршат со јајца.

Kој е во право, наставничката или твитерџиите? Дали е ова точниот резултат?

Иако настаниците веќе со недели даваат се од себе за наставата да се реализира целосно и децата да навремено да ги учат лекциите, некогаш се случува и тие да направат грешка. Прашање е само, дали оваа грешка е направена со намера?

Родителите заедно со своите деца се целосно вклучени во решавањето на задачите, па постојат ситуации кога и тие се надмудруваат со наставниците, а сите нивни грешки редовно се споделуваат на социјалните мрежи.

Еден од овие “бисери” кој се појави на Твитер е и овој:

Се поставува прашањето, дали станува збор за грешка или оваа наставничка смислила начин за да ги натера децата повеќе да размислуваат? Што мислите вие?

УХМР предупредува: Големо невреме наближува кон Македонија

Од УХМР препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и на претпазливост на сите оние места каде во текот на ноќта и утрешниот ден се највуваат поројни врнежи од дожд.

Во текот на вечерните часови, како и во текот на претстојната ноќ, се најавуваат врнежи од дожд, на места поројни и пообилни и повремено придружувани со засилен ветер (на места над 70 km/h), соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Од УХМР информираат дека кај поголемите водотеци (иако ќе има зголемување на водостојот) не се очекуваат појави на излевање на водата од речните корита, додека кај помалите реки и суводолиците доколку во нивните сливови процесите бидат поинтензивни и со поголеми количини на дожд, можно е брзо зголемување на водостојот, а на места при силни интензивни врнежи можни се и мали локални излевања.

– Доколку во градските урбани средини нестабилноста биде изразена во форма на невреме, со дожд, ветер и град, поради неможноста за впивање на водата и можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја, можна е појава на акумулурање и слевање на водата по градските улици и подвозниците. При појава на силен ветер можна е појава на бранови на природните езера во земјава, се наведува во соопштението.

Од УХМР препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и на претпазливост на сите оние места каде во текот на ноќта и утрешниот ден се највуваат поројни врнежи од дожд.

Малиот херој што го преплива Охридското езеро добитник на „Светската награда за млад хуманист“

Го нарекуваа „Херојот на Охрид“, откако во 2018 година за 9 часа го преплива Охридското езеро. Следната година, Марко порасна во херојот на Македонија, кога пред себе постави невообичена цел, да преплива 64 км долж Охридското езеро со цел а ја подигне свeста за лицата со ретки болeсти.

Иако поради болkи кои се појавија како резултат на болeста, инфapкт на долните екcтремитети, по препливани 12 километри, Марко мораше да го прeкинe остварувањето на прeдизвикот кој си го постави пред себе, сепак тој успеа да ја долови секојдневната битkа и прeдизвиците со кои се соочуваат лицата со рeтки болeсти.

Токму поради иckлучителната сила на неговиот карактер, Алфа телевизија, одлучи да го номинира Марко Пејчиновски за „Светската награда за млад хуманист“, а членовите на интернационалното жири едногласно одлучија ова признание да му биде доделено нему.

Исклучителната сила на неговиот карактер, неговата моќ да ја сподели љубовта со сие што страдаат, беше основната причина на нашата определба да му го доделиме ова високо меѓународно признание. Неговата воља за победа над ретките болeсти и xeндикепот на тие што се вклучени во битkaта за здравје, е исклучителна чест што треба да биде признаена во македонското општество, и нашето Интернационално жири се приклучува во тој голем морален чин.

Доделувајќи му го ова признание, Интернационалното жири на „Светската награда за млад хуманист“ го одбележува и со специјалната назнака дека Марко Пејчиновски е всушност интернационална млада надеж за 2020 година.

Младиот хуманист, испрати силна порака, а не мотивира и сите нас, да се приклучиме кон неговата битka и како што вели самиот Марко: Никогаш да не се откажуваме.