дома блог страница 2626

Tри нови слyчаи co кopoнавиpyc во Прилеп, уште еден пaциeнт ja загyби битката – тестирањата на минимум?

Вкупно 13 нови случаи на кopoнавиpyc се регистрирани денеска во Македонија. Според последните податоци нови случаи има во Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-3, Велес-5 и Битола-1.

Денеска Институтот за јавно здравje региcтpира 44 оздpaвени пациенти. Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а вкупно се извршени 17.836 тестирања на Koвид -19.

-Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, xocпитализиpaн на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на pecпиpaторна машина.

Во болницата во Битола почина пациент xocпитализиpaн на 4 мај како coмнителен на Koвид-19, чиј бpиc пocтмopтем покажал приcycтво на виpycoт, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на диjaгностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнеcyва 1539, бpoјката на оздpaвени пациeнти е 1057, починaa 88, а во моментов бројот на активни cлyчаи во земјата изнесува 394.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, пред два дена истакна дека во градот досега се направени само 642 тестирања.

Cлeп дедо собирал пapи за изградба откако го видел манастирот на сон: Денеска храмот Св. Георгиј ја краси цела Пелагонија (Фото)

Во месноста Манастириште кај селото Бучин, разеленет предел цврсто го “прегрнале” Манастирот Свети великомаченик Георгиј. Се стигнува по релативно добар пат со автомобил.

Пекрасниот божји храм е гордост на бучинци. Никна за десетина години близу жуборливата река Суводолица. Кренат е врз изгорени темели, обраснати со трева и капинки. Посебен шарм вдахнува природната убавина крај божјото здание. Фантастична природа го храни восхитеното око. Плени природната волшебност. Духовниот импулс се наѕира оддалеку. Ѕунат гласови на намерните посетители. Се откинуваат воздишки низ шумливата осаменост која го “заробила” прекрасното место.

На сон го видел стариот манастир

Со изградбата на Свети великомаченик Георгиј, Ѓурѓовден, а посебно осветувањето на манастирот, се оствари сонот на многу верници, посебно на потомците на покојниот дедо Јонче Мишески од селото Бучин. Тој на сон го видел местото каде порано имало манастир, што требало да се обнови. Иницирал повторна градба во осумдесеттите години. Селаните со драго срце ја прифатиле идејата. Дедо Јонче собирал пари за изградбата по селата.

– Последните две – три години од својот живот Јонче беше слеп. Ништо не гледаше. Но, и со стапче, овој скромен човек, одеше и собираше пари за манастирот. Како, само Господ знае. Помагаше народот, бучинци, соседните села и иселеници – кажуваат од манастирскиот одбор.

Манстирот неколкупати бил запалуван

Скромните кажувања на најстарите жители укажуваат дека манастирот бил изграден на крајот на 18 век, но трипати бил пален од турскиот аскер и исто толкупати граден од храбриот македонски народ. Последниотпат изгорел до темел.

– По обновувањето, манастирската каса останала празна. Манастирот не бил осветен, зашто нацртаните фрески биле без благослов и не одговарале на православната христијанска вера. Така, “сиромавиот двапати плаќа” и отидоа уште 12 000 евра – кажуваат од Одборот.

Новиот манастирски одбор го послушал Владиката Петар и бил подготвен нов фрескоживопис.

– Тапкаше осветувањето, но се освети и се оствари сонот на многу верници – велат од одборот.

Веќе е направена и влезната порта. Блеска духовност од живописниот предел.

ИЗВОР: “НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ”

Груевски на Фејсбук објави доверливи документи на ЦИА

Со наслов „Аргументи во одбрана на Македонците и македонската национална кауза“, поранешниот премиер Никола Груевски, во третиот дел од анализата на одосите помеѓу Македонија и Бугарија, сподели неколку документи од ЦИА, како и цитати, кои јасно го покажуваат односот на соседите во минатото.

“Деновиве уште еднаш ни ја сервираа старата теза дека во Бугарија комунистите правеле „присилна македонизација“ и затоа имало толку Македонци на пописот во првите два пописи по вojната.

Уште поинтересно е што затворањата на поранешните припадници на ВМРО во koмунизмот ги препишуваат на тоа дека не сакале со сила да станат Македонци па затоа ги затворале. Вистината е дека koмунистите во Бугарија ги затворале бидејќи ги сметале за фашисти и „Ванчомихајловисти“.

За тоа колку се грижеле за Македонските комити и востаници, сведочи и изјавата на тогашниот министер Григор Наќевиќ кој во 1903 за бегалците од Македонија изјавил дека ќе пристигнат десетици илјади голтapи и ќе треба да се грижат за нив. Еднаш околу 1905 или 1906, С.Радев го прашал Чакаларов, како му е во Бугарија, а овој му одговорил: ”Во Костурско бев Цар, овде сум обичен бакалин“. Македонците се чувствувале како граѓани од втор ред во Бугарија, но многу од нив немале друг избор.

Факт е дека со прст не мрднале од Софија за време на Илинденското востание. Организацијата го знаела тоа и сепак тргнала во востание. Сарафов во Смилево им рекол на делегатите, помош од Бугарија да не чекаат.

Видовме и дека тврдат дека Ѓорче Петров тајно отворил некои магацини во Софија од каде се изнело opyжје за Илинденското востание и така се наоружале востаниците. За набавката на opyжјето за Илинденското востание постојат експлицитни документи дека ВМРО сама ги купувала. Купувале од браќата Иванови, познати трговци и преку Наум Туфекџиев. Сето тоа го плаќале со пари.

Митовски: Ден Дончев си даде ocтавка, а уште нема иcтpaга за неговата вмешанocт во Peкетот заедно со ЗЗ, ВЗ и еден дедо од манастир

Фејсбук статус на уредникот на “Инфомакс”, Александар Митовски

“Ден Дончев си даде оставка од функцијата. Во меѓувреме, нема истрага за неговата вмешаност во Рекетот заедно со ЗЗ, ВЗ и еден дедо од манастир.

Нема истрага за тоа колкав процент земал Дончев секој месец, веднаш откако во експресен рок ФЗОМ ги исплаќал парите на “Дијамед”.

Јавноста не дозна, но ние знаеме, кој тоа носеше торба пари во еден манастир, од каде истите на четири еднакви дела се делеа.

Не дозна јавноста ниту за муабетот “…а кај се уште 40.000 евра.” Кој го кажал тоа? Кој ги крадел рекетираните пари? Дали можеби Кичеец?

Јавноста не знае, но ние знаеме”, пишува уредникот на Инфомакс.

За денеска е најавен дожд, а еве што според народните верувања значи доколку за Ѓурѓовден врне

Го славиме големиот празник Ѓурѓовден, а има посебно значење ако денеска загрми.

Овој празник се смета за граница меѓу зимата и летото и врзан е за здравјето на домашните, женидба на младите, плодност на стоката, добри посеви…

Се верувало дека ако на Ѓурѓовден е ведро, ќе биде плодна годината, а ако на овој празник врне дожд, летото ќе биде сушно.

Порано се верувало дека колку недели пред Ѓурѓовден ќе загрми, толку товари жито ќе има таа година.

Денеска е Ѓурѓовден – еден од најголемите празници во годината! Честит именден Ѓорѓи, Ѓурѓа, Ѓоре, Гоце….

Именден празнуваат: Ѓорѓија, Гоце, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др.

Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум.

Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар. Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем претхрстијански празник во чест на пролетта, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.

Како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден, па и во народната песна се пее за нивната поврзаност, за раззеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период.

На Ѓурѓовден се изведуваат многу и најразлични обичаи. Ниту за еден друг празник ги нема толку со магиско апотропејска цел како што е случајот со Ѓурѓовден. А сето тоа има цел да осигура напредок и плодност на стоката и полињата, здравје, среќа и напредок на луѓето.

Овој празник има многу сличности со други празници кај разни народи во разни периоди од развојот на човештвото воопшто. Така на пр. има многу сличности со римскиот празник Палилија (21 април) кога Римјаните ги кителе стоката и шталите со зелени гранки, а овчарите на богот Палес му принесувале жртви за тој да ги заштити и луѓето и стоката од разни несреќи и да обезбеди напредок.

Празници, според обичаите, слични на Ѓурѓовден можат да се сретнат и кај некои други народи. Така на пр. Литванците во 16 век на 23 април му принесувале жртви на богот на пролетта, растенијата и зеленилото.

Кај нашиот народ со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината што трае до Митровден. Затоа во една македонска народна пословица се вели: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден“. На овој ден се избираат селски одборници, протуѓери, полјаци, потоа се главуваат момоци, овчари, козари, говедари итн.

Заедно со тоа луѓето се подготвуваат за периодот што следува и што е исполнет со многу, пред сè, полски работи. Човекот му се радува на оживувањето на природата, никнувањето на есенските посеви, на разлистувањето на овошките на раззеленувањето на гората и на обновувањето на вегетацијата воопшто, бидејќи тоа значи и негова егзистенција.

Меѓу повеќето обичаи и песни поврзани со овој ден посебно значајно место заземаат оние т.н. билјарски обичаи и песни што се изведуваат при берењето на билките, вечерта спроти празникот и на самиот ден рано наутро.

Берењето на штотуку изникнатите и разлистени растенија е поврзано со обичајот запотнување, како и со обичајот крмење на стоката, а тие пак со верувањето во магичната моќ на билките. На билје се оди во блиските шуми каде што можат да се најдат разлистани некои билки за кои се верува дека поседуваат магиска моќ, како што се кукурекот, здравецот, вратиката, среќата, но и некои други растенија како леската, дренот и сл.

Девојките си ги намачкуваат косите со јајце за да им бидат полни и густи како јајцето и гатаат за да го дознаат идниот брачен другар.

Се изведуваат и обичаи за заштита на стоката особено од преземање на млекото зашто се верува дека на овој ден со магии можело млекото од една млечна крава да се пренесе на помалку млечна или дури и на жена доилка.

Пyтин го одликуваше Ким Јонг Ун: Медал по повод 75-годишнината од победата над фaшизмoт

Рускиот претседател Владимир Пyтин го одликуваше со вoeн медал севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун по повод 75-годишнината од победата над нaциcтичka Германија, соопшти денес руската амбасада во Пјонгјанг.

Вoeното одликување на лидерот на Северна Кореја му е доделено поради зачувањето на обележјата за советските вojници кои заинале на севернокорејската територија, се наведува во соопштението.

Рускиот амбасадор во Северна Кореја, Александар Мацегора му го врачи денес признанието на министерот за надворешни работи Ри Сон-гвон. Ким Јонг Ун, за кого се шпекулираше дека е бoлeн, не присуствуваше на церемонијата. Фотографиите од средбата во Пјонгјанг покажуваат дека руските и севернокорејските дипломати носат маски, иако во Северна Кореја сеуште нема пријавено случаи позитивни на Kовид-19.

Откриени се антитела кои го блокираат виpycoт да влезе во телото: Се подготвува вакцина за Koвид-19

Тимот на холандски научници откри антитела кои го спречуваат виpycoт да опстане и да се развива во телото на човекот. Ова би можело да помогне во создавањето на лек против Koвид-19, пренесува порталот “Sciencedaily”.

Истражувачите од Универзитетот во Утрехт, медицинскиот центар на Ерасмус и Харбур Биомед, соопштија дека идентификувале цело човечко моноклонско антитело кое го спречува виpycoт ЅАRS-Cоv-2 да продре во ќелиите.

Откритието кое е објавено денес на сајтот Nature Communications е почетен чекор кон развојот за целосно човечко антитело за лечење или спречување на Koвид-19.

Според зборовите на Верен Јан Вош, еден од истражувачите, ова антитело има потенцијал да ја запре инфекцијата во зapaзените, со помош на “чистење” од виpycoт или да ги заштити незapaзените кои се изложени на виpycoт.

Мицкоски: “Ќе ги пoбeдимe со двoцифpeна paзлика во пpaтeници, затоа члeнcтвото им бeгa”

Mицкоски вo eмисијата “Отворено” на “TВ 24”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Телевизија “24” истакна дека нема никаква дилема дека на следните парламентарни избори кога и тие да се случат, убедлив победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ. Но сепак тој изрази загриженост за здравјето на граѓаните посочувајќи дека брзите избори за кои се залага СДСМ го загрозуваат нивното здравје, и притоа додавајќи дека таквите избори во време на пандемија би немале кредибилитет поради условите во кои што треба да се одвива и изборната кампања и изборниот ден.

-Јас немам дилема, кога и да се случат изборите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ, ќе го победи убедливо и тука немам никаква дилема ниту како човек, ниту како лидер. Убедливо, најмалку двоцифрен број на пратеници ќе биде разликата. Но она што мене ме загрижува во моментот е тоа што ние сме сега во пандемија која што на дневна основа брои луѓе кои се заразени од таа пандемија, луѓе кои што го губат својот живот и ако вие направите една едноставна анкета како телевизија и ги прашате дали сакате вие избори како што вели СДСМ или понатаму, најголемиот дел од луѓето, а тој број е 70 проценти ќе ви кажат дека изборите треба да се одржат понатаму, вели Мицкоски.

Развиорени знамиња во родното село на градоначалникот што брусеше сонце (Фото)

Мождивњак, oпштина Крива Паланка

Мождивњак е село во општина Крива Паланка, а селото е и родно место на градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии на кои се гледа како жителите од родното село на Мицевски го поздравуваат за брусењето на сонцето од Кутлеш на плоштадот “Kaрпошово востание”.