Пристигнаа трите нови амбулантни возила за Итната медицинска помош во Прилеп – побрза реакција и подобри услови за пациентите

Службата за итна медицинска помош доби три нови, современо опремени амбулантни возила, со што се унапредуваат условите за работа на медицинските тимови и се зајакнува капацитетот за навремено и ефикасно интервенирање во итни случаи.

Новите возила се опремени со современа медицинска опрема, меѓу која и ЕКГ-апарати и дефибрилатори, кои овозможуваат подобра процена на здравствената состојба и пружање соодветна медицинска помош уште при самата интервенција.

Набавката претставува значајна поддршка за службата, особено во ситуации кога брзината на реакцијата е од пресудно значење за спасување човечки животи. Истовремено, новите амбулантни возила ќе овозможат побезбеден транспорт на пациентите и подобри услови за секојдневната работа на медицинските екипи.

Зајакнувањето на капацитетите на Итната медицинска помош е важен чекор кон поквалитетни и подостапни здравствени услуги, но и кон поголема сигурност за граѓаните.

При оваа прилика беше изразена благодарност до Владата и Министерството за здравство за поддршката, како и до медицинските тимови кои секојдневно, со голема посветеност и одговорност, се грижат за здравјето и животите на граѓаните.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.