Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски преку фотографија објавена на својот Фејсбук профил ја опиша моменталната ситуација во Владата на Македонија.
-Со слика се вклучуваме во Владата…, стои во неговиот пост на Фејсбук.
На една од најубавите и најексклузивните плажи на грчкиот остров Санторини се преземени првите мерки во обезбедување на побезбедно летување за време на пандемијата коронавирус. Имено, таму се поставени први лежалки со заштита од плексиглас од двете страни.
Посебни прегради, пешкири за еднократна употреба и антисептици се само некои од мерките кои овие денови се видени на плажите во склоп на луксузните хотели на Санторини.
#Santorini #hotel owner installs special #plexiglass protectors around sun beds https://t.co/Cptz22pNgu pic.twitter.com/oiYsFUsirZ
— Proto Thema English (@eprotothema) May 4, 2020
Со оваа конструкција гостите на хотелот нема да мора да се грижат за можното пренесување на коронавирусот.
-Вработените во хотелот ќе бидат опремени со маски и ракавици. Видовме слични ситуации во светот па дојдовме до идеја да го направиме и тоа на Санторини за нашите клиенти да се чувствуваат побезбедно – рекол сопственик на луксузен хотел, Чарли Чахини.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, преку видео порака се обрати по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик. Цитирајќи го македонскиот великан Блаже Конески дека „Јазикот е најаша најкомплетна татковина“, Заев потсети дека на овој ден во 1945 година, азбуката на македонскиот јазик е усвоена како официјално писмо, а денес, додава поранешниот премиер, нашиот јазик е признаен и потврден.
– На тој јазик комуницираме во своја, независна и слободна држава, но на тој јазик комуницираме и со нашите пријатели ширум светот. Гордо и достоинствено. Пред една година Владата на #СДСМ го прогласи денешниот ден за Ден на македонскиот јазик, тргнувајќи од потребата за што поголема грижа за нашиот мајчин јазик. Афирмацијата и унапредување на македонскиот јазик, како официјален јазик на нашата татковина е наша водилка.
Македонскиот јазик е еден од клучните кодови на нашата посебност и самобитност, темел на македонскиот идентитет. Горд сум што денеска, кога го празнуваме Денот на македонскиот јазик, 5-ти мај, можеме да кажеме дека го сочувавме аманетот на нашите предци. Македонскиот јазик е реалност, признаен од целиот свет, впишан во картата на јазиците и во нашата карта во Обединетите Нации, вели во видео-пораката претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Основното јавно обвинителство Прилеп денеска поднесе четири предлога за издавање kaзнен налог за четири лица, жители на Прилеп.
Секој од нив во одделни случаи го сторил kpивичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Сите обвинети не се придржувале кон забраната за движење на населението на територијата на државата, па без дозволи се движеле пеш или со возила за време на полициckиот час.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд во Прилеп и во Крушево ги достави предлозите со кои предлага судот за секој од обвинетите да изрече парична kaзна во висина од 100 дневни глоби, секоја дневна глоба со висина од по 20 евра во денарска противвредност.
Ден Дончев си поднесе оставка од местото директор на Фондот за здравство, дознава „Република“. Тој како причина за оставката наведува здравствени и семејни причини. Дончев тврди дека оставката планирал да ја даде по изборите кои требаше да се одржат на 12 април но бидејќи тие не се случија, а најлошото со корона вирусот поминало сега почустувувал вистинско време да го стори тоа.
Но, по оставката на контроверзниот Дончев, се поставува прашањето дали вистинската причина се двете големи афери во кои тој се споменува и можноста да биде гонет.
За потсетување, сопственичката на „Диамед“ го обвини Дончев дека заедно со министерот за здравство Венко Филипче се обиделе да попречат странска инвестиција да влезе во Македонија.
Таа тврдеше дека е рекетирана од Дончев и оти заедно со Филипче двајцата сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик.
Во оваа афера наречена „Рекет 2“ како посредник се јавуваше и Зоран Милевски-Кичеее кој го призна делото во случајот „Рекет“.
Извор: Република
Наставата со далечинско учење е возможно да продолжи и од септември, доколку не стивне ситуацијата со Ковид-19, рече министерот за образование, Арбер Адеми во видео обраќање на Алсат.
Тој додаде дека сепак министерството сè уште не подготвило стратегија за ова прашање и дека плановите и предвидувањата за новата школска и академска година ќе започнат непосредно по завршувањето на учебната година на 10 јуни.
Ако околностите се исти, можеме да се соочиме со истите мерки, што значи учење преку интернет. Сепак, не сакам да прејудицирам, затоа што можеме да бидеме поинаку организирани во образовните институции, да се држи растојанието, да ги почитуваме препораките на здравствените власти и да не го доведуваме во прашање традиционалниот конвенционален начин на организирање на образовниот процес, вели Адеми.
Во завршна фаза е рехабилитацијата на државниот пат Прилеп – Тополчани – Битола во должина од 15,5 километри. Асфалтирана е целата траса, патот е обележан со хоризонтална сигнализација и преостанува да се постави еластична заштитна ограда.
Инвестицијата е во вредност од 1 милион евра.
Денеска, увид во градежните работи извршија министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.
„Интензивно работиме на тоа што го ветивме пред граѓаните. Реализацијата на капиталните проекти е од огромно значење за развојот на Пелагонскиот регион, особено во овие услови кога се бориме со здравствената криза и се справуваме со економските последици кои ги носи. Рехабилитацијата на стариот пат Прилеп–Битола е веќе во завршна фаза и останува да се постават уште заштитните огради. Сакам да истакнам дека во меѓувреме активно се работи и на рехабилитација на делот од Фариш до Дреново, а до крајот на месецов ќе се распише тендер за рехабилитација и на делот од Фариш до Прилеп – инвестиција од околу 5,6 милиони евра. Она што е особено важно за регионот е дека континуирано се работи на изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, во текот на месец јуни ќе се распишат тендери за рехабилитација на пет регионални патишта, додека преку ЈП Македонија пат ќе се рехабилитираат десетина патни правци во регионот годинава“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Министерот Сугарески истакна дека во завршна фаза е и изградбата на магистралниот гасовод Неготино-Прилеп-Битола.
Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов изјави дека покрај рехабилитацијата на стариот пат Прилеп – Битола, во завршна фаза е и рехабилитацијата на патот од Фариш до Дреново, а кон крајот на овој месец се очекува да биде распишан и тендерот за доизградба на експресниот пат Фариш – Дреново.
„После 4-5 децении граѓаните од Прилеп и Прилепско добиваат рехабилитиран пат кон Битола. Пелагонискиот регион се наоѓа во силна градежна сезона. Кон крајот на овој месец, најдоцна почеток на јуни, очекувам да биде објавен тендерот за довршување на преостанатите 70% на експресниот пат Фариш-Дреново, а наскоро ќе биде објавен и тендерот за рехабилитација со проширување на патот Фаришка Клисура – Прилеп, во должина од 19 километри. Исто така, во текот на овој и следниот месец ќе бидат објавени тендери за рехабилитација на неколку патни правци во регионот, меѓу кои Кривогаштани–Крушево, Битола–Демир Хисар, Крушево–Демир Хисар, Другово–Демир Хисар и Битола-Меџитлија“ – изјави директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.
Во услови на пандемија, кога училиштата се затворени а наставата се изведува онлајн, професорите и учениците од Основното музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ од Прилеп, својот патрон празник го одбележаа на оригинален начин.
Во чест на 78 годишнината од загинувањето на својот патрон, тие подготвија видео материјал, на кој покрај обраќањето на директорката и дел од наставничкиот кадар, неколкумина ученици изведоа музички перформанс.
Во своето видео обраќање до наставниците, учениците, нивните родители и до останатите граѓани на општина Прилеп, директорката на училиштето, Славица Конеска – Темелкоска истакна:
„Нашето училиште се карактеризира со посебен дух. Препознатливо е по амбициозниот и млад стручен кадар кој постојано се усовршува. Како резултат на тоа се многубројните награди и признанија за учениците и самите наставници. Вам, почитувани родители, ви благодариме за поддршката и ангажираноста во овие вонредни услови, како би можеле учениците да ја совладаат наставната програма. Во изминатите години нашето училиште ја докажа својата хуманост преку донирање на парични средства собрани од одржаните концерти. За жал, оваа година не сме во можност да го одржиме годишниот концерт на кој се претставуваат најдобрите и најнаградуваните ученици и наставниците. Колективот на нашето училиште одлучи, средствата кои ќе се обезбедат од првиот следен концерт на учениците, да бидат донирани во Детското одделение во болницата од нашиот град. На сите ученици им посакувам добро здравје и успешно да ја завршат наставната година“, порача директорката Конеска – Темелкоска.
Во своевидниот мал видео концерт, учениците од „Ордан Михајлоски-Оцка“ се претставија со музички композиции отсвирени на пиано, клавир, хармоника, гитара и народни инструменти.
По повод 78 годишнината од загинувањето на Ордан Михајлоски-Оцка, претставници на Основното музчико училиште кое го носи неговото име, положија цвеќе на Могилата на непобедените, во Паркот на револуцијата во Прилеп.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, по неговата денешна прес-конференција, одговараше на новинарско прашање за можниот датум на избори во јуни.
На прашањето: „Сметате ли дека земјава после ваков период треба да оди на избори во јуни со оглед на тоа што се најавува нов бран на вирусот на есен“, Јанушев одговори:
-Во принцип хипотетички прашања не одговараме, но еве со оглед на тоа што се однесуваат за човекот којшто буквално утна се што кажа и постави сосема погрешна прогноза за тоа како идеа сите работи до сега. Најпрво велеше дека не треба да се носат маски, па дека па после дека треба да се носат маски. Човекот којшто намерно не тестира толку многу само за да ја држи бројката на заразени во некои „нормален тренд“ на пораст односно ниско. Она што е важно е дека нема да дозволиме заразување на целата држава при огромен број на заболени само за Заев и СДСМ да го намалат поразот. Било кога да има избори, било каде да има избори, било како да се организираат изборите, ВМРО-ДПМНЕ победува. Но, не е само поентата ВМРО-ДПМНЕ да победи кога цела држава ќе биде заразена. Формирање на таква влада воопшто не посакуваме, порача Јанушев.