Мицкоски: “Ќе ги пoбeдимe со двoцифpeна paзлика во пpaтeници, затоа члeнcтвото им бeгa”

Mицкоски вo eмисијата “Отворено” на “TВ 24”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Телевизија “24” истакна дека нема никаква дилема дека на следните парламентарни избори кога и тие да се случат, убедлив победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ. Но сепак тој изрази загриженост за здравјето на граѓаните посочувајќи дека брзите избори за кои се залага СДСМ го загрозуваат нивното здравје, и притоа додавајќи дека таквите избори во време на пандемија би немале кредибилитет поради условите во кои што треба да се одвива и изборната кампања и изборниот ден.

-Јас немам дилема, кога и да се случат изборите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ, ќе го победи убедливо и тука немам никаква дилема ниту како човек, ниту како лидер. Убедливо, најмалку двоцифрен број на пратеници ќе биде разликата. Но она што мене ме загрижува во моментот е тоа што ние сме сега во пандемија која што на дневна основа брои луѓе кои се заразени од таа пандемија, луѓе кои што го губат својот живот и ако вие направите една едноставна анкета како телевизија и ги прашате дали сакате вие избори како што вели СДСМ или понатаму, најголемиот дел од луѓето, а тој број е 70 проценти ќе ви кажат дека изборите треба да се одржат понатаму, вели Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.