Новинарот Бранко Героски во статус на Фејсбук го прашува Љубчо Георгиевски кој му го наметнал Ден Дончев во 2016 година.
“Господинот Љубчо Георгиевски на Фејсбук напишал:
„Бранко Геровски да биде поинтересен напишал Ден Дончев, кадар на Георгиевски. Ден последен пат бил мој кадар на изборите 2006 и тогаш кога стана пратеник набрзо почна самостојно да се договара. Со појавата на Обединети за Македонија и формално помина таму каде стана генерален секретар. Како што разбрав и таму по првите избори ги напуштил и заминал за Австралија. Повторно се појави пред изборите 2016 и ни во една од партиите немаше расположение за него. Но ни беше наметнат од страна.
Потцртувам: Од повеке фактори од страна! Но тогаш сите бевме во коалиција против режимот, каде што беше и ти Branko Geroski.
Од изборите до пред еден месец очи му немам видено… Инаку по логиката на Геровски и секогаш кога пишува за Груевски може да додава „кадарот на Георгиевски“.
Со задоволство ќе му одговорам на мојот драг пријател Љубчо Георгиевски:
Да- г-не Георгиевски, јас бев на страната на борците против режимот на Никола Груевски (кој неспорно е Ваш избраник, тоа не може да го негирате), но не само во 2016 година, туку од изборите во 2008 година до падот на тој режим. Додуша, не сум бил дел од никаква коалиција, бидејќи не сум имал партиско-политичка позиција. Но, се разбираме…
Ме заинтригира Вашето признание, г-не Георгиевски, дека во 2016 година Ден Дончев ви бил „наметнат од страна“. Па уште потцртувате: „Од повеќе фактори од страна!“ Еве, јас ќе Ви поверувам, се разбира, но мислам дека Вие имате обврска да кажете кој Ви го наметнал Вашиот стар кадар (од 2006) во 2016 година и зошто? Јавноста има право тоа да го знае.
ПС. Зарем ова што го објавив за Дончев не Ви е доволно интересно, та мора и диполнително да се правам интересен? Ај, деновиве ќе биде уште поинтересно…”, пишува Героски на Фејсбук.
За тие што не знаат, Бонче е село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп, сместено во преминот кој ги дели Селечка Планина и Дрен.
Селото Бонче се наоѓа во крајниот југоисточен дел на Прилепското Поле во подножјето на Селечка Планина. Сместено е во долот во горниот тек на Писокалската речица која како поток тече низ самото село, при што над селото од исток се издигнува падината Грнчарица на планинскиот масив на Селечка под пасишта и ретка шума, а на запад и југозапад во котлинската рамнина се од запад и југозапад.
Бонче е рамничарско село расположено на надморска височина од 620 метри. Од градот Прилеп е оддалечено дури 29 километри, и иако географски е сместено во Пелагониската Котлина, до него се стигнува по асфалтен пат кој се одвојува од регионалниот пат за Мариово после превојот Слива кај манастирот Писокал.
Поради ваквата поставеност, местоложба и сообраќајна поврзаност, доста е раширено погрешното мислење дека Бонче припаѓа на областа Мариово. Бидејќи селото Бонче се наоѓа на допирот на подножјето на западната падина на Селечка Планина со котлинското дно на Прилепското Поле тоа географски припаѓа во котлината Пелагонија.
Недалеку од селото се наоѓа археолошкото наоѓалиште „Павла Чука”, каде досега се пронаоѓани голем број артефакти кои потекнуваат од 3 и 4 век пред нашата ера.
Во 2012 година таму беше пронајдена кралска гробница, каде според некои стручњаци бил погребан македонскиот крал Деметриј, кој владеел од 239 до 229 п.н.е.
Гробницата се наоѓа на неколку стотици метри од дупката во која, 2006 година биле откриени деловите од македонските штитови. Проширувајќи го просторот на истражувањата околу кралскиот дворец, археолозите откриле керамички фрагменти што датираат токму од времето на најголемата моќ на Пелагонското Кралство. Пронајдени се делови од висококвалитетни кантароси од црн фирнис, раноантичка луцерна (керамичка ламба) датирана во средината на IV век п.н.е. и делови од други предмети.
На месноста се откриени и други гробови, во кои се најдени монети од времето на Александар Македонски и други македонски владетели, како и римски бронзени монети.
За локалитетот кај Старо Бонче некои експерти сметаат дека тоа е античкиот град Пелагон, а сите се сложуваат дека локалитетот крие уште многу тајни.
Еве едно инспиративно видео кое со сигурност ќе ве натера да ја посетите кралската гробница и да уживате во недопрената природа.
Археолошкиот локалитет кај Бонче досега е истражуван неколку пати од 1936 година наваму. За жал локалитетот повеќепати е и ограбуван од диви копачи низ годините.
Потрага по градот Пелагонија
Научниците 165 години трагаат по раноантичкиот град Пелагонија, престолнината на пелагонските кралеви во IV век пред новата ера и главен град на Македонија Четврта од 168 до 148 година п.н.е. Кога римските воени единици го покориле во 168 година п.н.е., кралството Македонија било поделено на четири дела – мериди. Главните градови на првите три мериди биле Амфипол, Тесалоника (Солун) и Пела, кои денес се наоѓаат на територијата на Република Грција. Центарот на четвртата мерида е градот Пелагонија, по кој научниците се уште трагаат. Тое е значаен податок за едно од горномакедонските раноантички независни кралства, кои веќе во втората половина од IV и низ III век пред новата ера постепено се припоиле кон единственото кралство Македонија.
Централната комора на гробницата, била ограбена во доцната антика, ходникот бил раскопуван во 1912 година од француска армија, за во 1936 година археологот Никола Вулиќ повторно да ја откопа и нацрта. Гробницата низ годините го привлекувала интересот и на други археолози. Според искажувањето на Лилчиќ:
-Никој не ни сонуваше дека таа гробница е опкружена со еден периметрален ѕид од огромни камени блокови, монтирани во ѕидот. Небесната симболика на нејзиниот круг е нешто импресивно, покојниците одат на небото а кругот е небесната рамка. Претпоставуваме дека во неа бил погребан кралот на Пелагонците, можеби токму оној кој е споменат во натписот откриен во Атина, датиран во 365 година пр. н.е. Интересно што и при првото истражување на тој простор во 2005 година, таму откривме раноантичка керамика, што говореше дека тоа не е обично место, туку се работи за нешто посериозно, но и ѕид и контури на главен централен влез во акрополата. Една година подоцна се потврди дека акрополата е антички дворец на владетелот, околу кој на два километри се протега градот. Очекуваме во гробницата или во градот да се појави можеби и некоја плоча со натпис.
Камен од гробницата како градежен материјал е носен во селото Подмол, со што и практично било откриено и нејзиното постоење.
Во мојата глава е најактуелна темата вакцинирањето. Воопшто не се плашам од кopoна повеќе, рече пејачот Тони Цетински на почетокот од своето видео кое го емитуваше во живо на Фејсбук.
– Cтpaв ми е од моментот кога ќе започне peпpecијата и кога ќе започнат да се kaзнуваат оние кои нема да сакаат да бидат вакцинирани. Тоа навистина ме интересира и ме плаши. Кој ќе ме натера мене да се вакцинирам ако не сакам? Кој сака, нека се вакцинира, јас немам ништо против- рече пејачот од својот дом.
Тој додаде дека нема да го деактивира Фејсбукот бидејќи проговорил за оваа тема. Смета дека во демкратските општества треба да се зборува на сите теми.
Челниците на лигата ќе одлучат дали натпреварите ќе започнат од 15 мај или една недела покасно. Но во секој случај играчите би требало да поминат една недела во карантин како би се намалил ризикот.
Германската влада предводена од канцеларката Ангела Меркел даде зелено светло за фудбалот. Односно, Бундеслигата ќе може да продолжи.
И тоа веќе за неколку дена. Од лигата ќе одлучат дали ќе гледаме фудбал уште од 15ти мај или една недела покасно.
– Распоредот кој го предложи Германската фудбалска лига го сметам за изводлив и го поддржувам продолжувањето на сезоната во мај. Исто така, ако некој од клубот биде заразен од кopoнавиpyc, ќе мора да оди две недели во кapaнтин, вклучувајќи ги и играчите од противничкиот клуб со кој последно играл, изјави за Билд, министерот Зехофер.
ДФЛ соопшти посебен здравствен и хигиенски протокол до кој треба да се придржуваат сите клубови и играчи во продолжението на сезоната.
– Останува на секој поединечно да се прилагоди на новите правила- изјави капитенот на Баерн Минхен, Мануел Ноер.
Во периодот од 11 март до 30 април се евидентирани нови 8.160 невработени лица, соопшти Агенцијата за вработување.
Според основот на престанок, 4.279 лица (52,4%) се поради истек на определено време, 1.987 лица (24,4%) се поради спогодбен престанок на работен однос, 853 лица (10,5%) се поради отказ од работодавач, 597 лица (7,3%) се поради отказ од страна на работникот.
Потоа 199 лица се поради отказ од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени), 68 лица се поради стечај – ликвидација, 37 лица се поради престанок на дејноста на работодавачот, а останатите 140 лица се поради други основи на престанок (записник од Државен инспекторат за труд, судска пресуда и сл.).
Според претежната дејност на работодавачот, најголем дел од лицата кои останале без работа се од преработувачката индустрија (2.804), од дејноста трговија на големо и трговија на мало (1.705), како и од дејноста објекти за сместување и сервисни дејности со храна (1.243).
Според школска подготовка на невработените лица, најголем број се со завршено средно образование и непотполно средно образование – 4.884 лица, без образование и со основно образование се 2.142 лица, а со вишо и високо образование се 1.134.
Според возраста на лицата, најголемиот дел се на возраст од 30 – 49 години.
Во истиот период, во Агенцијата за вработување се поднесени приближно 3.900 барања за остварување на право на паричен надоместок во случај на невработеност. Од нив, досега позитивно се решени 1.800 барања, 100 барања се одбиени поради неисполнување на условите за остварување на ова право, а во тек е обработка на останатите барања.
Иако локалните власти рекоја дека нема да се сечат кога започна реконструкцијата на булеварот
На раскрсницата кај поранешна “Градска кафеана” исечено големо дрво, иако локалните власти рекоја дека дрворедите нена да се чепкаат кога започнаа со реконструкција на дел од булеварот “Гоце Делчев”.
Граѓаните реагираат и прашуваат дали иста судбина ќе имаат и други дрвја од дрворедот на булеварот?
Унијата на млади сили по повод 117 години од загинувањето на Гоце Делчев го исчисти неговиот споменик во градскиот парк во Скопје.
Со овој чин го негуваме неговиот лик и дело. Изразуваме разочараност и апелираме градските власти да се грижат за културните споменици во градот. Гоце Делчев е една од најголемите фигури во македонската историја и не заслужува да биде занемарен.
Милиони луѓе во Европа започнаа да се враќаат на нормалниот начин на живот, откако повеќе земји започнаа да се отвараат по неколку месеци во изолација.
Меѓутоа, не се сите задоволни како изгледа новата “нормала”. Италијанските компании жecтоко kpитикуваат бидејќи мерките се олабавени, но не и целосно укинати. Учениците се враќаат во училиштата, фризерските салони повторно се отворени. Белгијците повторно започнаа да го користат градскиот превоз, но мора да носат маски за лице. Во Грција и португалија малите продавници се повторно отворени.
“Другата фаза на ублажување на мерките во Италија започна и се очекува уште оваа недела 4 милиони луѓе да се вратат на работа, некои услуги на градскиот превоз се достапни, а многу компании се подготвени на повторно отварање. Како никогаш до сега иднината на нашата земја е во наши раце”, рече италијанскиот премиер Џузепе Конте на Фејсбук.
По дискусијата на работниот состанок, Уставниот cyд едногласно зазеде став дека не постојат услови за прифаќање на иницијативата на уставниот cудија Осман Кадриу, стои во соопштението на Уставниот cуд. За рaспуштањето на Собранието, уставните cудии донеле одлука на 8 април.
Имено, на работниот состанок уставните cудии денеска рaсправаа по предлогот на cудијата Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за рaспуштање на Собранието.
Судот, претходно во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оваа одлука. Но, на 30 април, од страна на cудијата Осман Кадриу беше доставен предлог за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на истата одлука.
Сатурн, структурната планета, овој месец ќе нѝ укаже на слабостите во системот– и ќе нè советува како да се справиме со последиците.
Веќе влеговме во петтиот месец од оваа година – сами или максимум во двојка. А на кои хороскопски знаци, и покрај сè, мај ќе им донесе многу среќа и добро расположение? Еве кои се тие:
Бик
Личностите родени во овој знак се чувствуваат добро во својата кожа. Мај ќе биде месец кога Бикот ќе почувствува дека е сакан и дека е добар онаков каков што е. Одеднаш ќе ги согледа сите свои квалитети и добри особини и ќе се фокусира само на позитивните страни и чувства. Освен што ќе зрачи со позитивна енергија, мај на Бикот ќе му донесе и многу елан и истовремено и внатрешен мир.
Лав
Додека другите повеќе немаат идеја што ќе прават за време на карантинот, лавот (сè уште) цути. Без оглед што и да прави, тој кон сè пристапува со многу креативност и со намера да го збогати и орасположи секојдневието.
Без разлика дали испробува нови рецепти, експериментира со облеката или се враќа на старите хобија како фотографија, плетење или хербариум – за овој хороскопски знак сè може да биде уметност, па затоа овој месец ќе биде незаборавен за него.
Девица
Последните неколку недели беа тешки за луѓето во знакот на Девица. Од бројните грижи и прашалници во нивната глава, тие не можеа јасно да размислуваат и гледаат (понекогаш дури и да не дишат како што треба). Сега маглата полека се крева и товарот е многу полесен. Овој хороскопски знак сега е подготвен да го насочи погледот кон новите хоризонти и тоа му дава надеж.