дома блог страница 2580

Феноменалниот доктор Вело Марковски со само едно прашање до Венко Филипче

По изјавите на министерот за здравство Венко Филипче дека коронавирусот ќе се врател на есен, контра став изнесе инфектологот Вело Марковски.

Марковски за ТВ 21 вели дека никој не може да каже дали вирусот ќе се врати повторно на есен атие кои тврдат такво нешто треба да објаснат од каде го знаат тоа.

Тој вели дека вирусот може да се врати, но може да биде како и претходно или како изминативе години кога 10 или 30% од населението се заразува со коронавирус, но поминува како обична настинка.

Реалниот број на заразени со коронавирус може да биде 10 пати поголем од официјалниот број, додава Марковски , бидејќи многу случаи поминуваат и без симптоми.

Специјалист лекар од Прилеп: “Филипче го изигра чочекот”

Се уште се сме под имресии на првата трансплантација на срце во Македонија. Честитики до сите што учествува во овој процес, се разбира до кардиохирузите како најголеми ентузијасти затоа што од нула стигнаа до врвот. Трансплантацијата на органи е највисоко достигнување во медицината, а срцевета и белодробна транслантација најгоре во скалата.

Пишува: Доктор Кире ЈОНОСКИ

Но, дури министерот Филипче се фали со успехот како тој да направил нешто, да се потсетиме дека проектот државна кардиохирргија е дело на ВМРО- ДПМНЕ. Исто како што и проектот детска кардиохирургија беше дело на ВМРО-ДПМНЕ, а Филипче и СДСМ место да го унапредат, да изградат нови простории тие го упропастија, го продадоа на Жан Митрев, за да подоцна целосно згасне.

Додека ВМРО-ДПМНЕ има визија за државна кардиохирургија, СДСМ има визија за уништување на клиники, додека ВМРО-ДПМНЕ има визија за изградба на клинички центар, тие имаат визија за паркинг, додека некој има визија за реформа на брзата помош, некој сака да ја продаде.

Проектите во здравството се долгорочни и нивните успеси стасуваат по многу години. Треба да се состоват многу коцки за да се дојде до целта. Но, најважното што беше за унапредување на докторите е нивната едукација во светските центри која беше пракса во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и идењенто на светски еминентни доктори во Македонија. Сето ова СДСМ го укина нарекувајќи го здравствен туризам, а тој здравствен туризам го донесе овај успех на кој чекаа многу генерации. Се забранија едукациите и специјализациите во развиените држави и во овие три години ни еден доктор или друг здравствен работник не е појден на усовршување.

Како во иднина да очекуваме вакви успеси? Кој проект го имаат смислено или реализирано за подобро здравство во овие 3 години? Колку имате реализирано од програмата за живот? Најверојатно ве бива само за играње чочек на проектитет од ВМРО ДПМНЕ!!!

Дуплирај ја уплатата со 100% бонусот на Mozzart!

Спортските обложувалници Mozzart подготвија неодолива акција за своите играчи, а се однесува на онлајн обложувањето кое од неодамна започна да се приредува и кај нас. Од Mozzart одлучија да ги изненадат своите корисници со фантастичен 100% бонус до 10.000 денари!

Сите регистрирани и ново регистрирани корисници на www.mozzartbet.mk кои ќе извршат уплата на депозит имаат право на бонусот “100% бонус до 10.000 денари” кој може да се искористи само еднаш, односно само за првиот следен депозит, сметајќи од 26.05.2020.

Како до 100% бонус до 10.000 денари? 

  1. Регистрирај се на www.mozzartbet.mk
  2. Уплати средства на корисничка сметка
  3. Одиграј тикети во обложување во живо, чија вредност на уплатата учестува со 20% или Одиграј еден или повеќе класични спортски тикети со најмалку 4 натпревари со минимална поединечна квота по натпревар 1.35 чија вредност на уплатата учестува со 100%.
  4. Оствари право на 100% БОНУС – „Сврти“ го уплатениот депозит 4 пати и бонусот 100% се пренесува на твојата корисничка сметка.

На пример, ако извршите уплата на депозит од 1.000 денари, вие имате право на бонус до 1.000 денари. Бонусот ќе биде префрлен на вашата корисничка сметка доколку ги исполните условите, т.е. одиграте тикет или повеќе тикети со најмалку 4 натпревари со минимална поединечна квота 1.35 и вкупна вредност на уплата од 4.000 денари за класични тикети од спортско обложување или одиграте тикети во обложување Во живо со вкупна вредност на уплата од 20.000 денари.

За сите уплати на депозит над 10.000 денари, маскималниот можен бонус е 10.000 денари. Во ослободувањето на бонусот средствата, вредноста на уплатата за класичното спортско обложување учествува со 100%. За тикетите уплатени во обложување во живо, вредноста на уплатата учествува со 20%.

Обложувањето на mozzartbet.mk е лесно и едноставно, во само неколку чекори: Регистрација на налог на www.mozzartbet.mk и уплата на средства преку е-banking или директно на шалтер во банка/пошта. За обложување на сајтот на Mozzart Bet не е потребно играчите да поседуваат клуб картички или некои други посебни услови. Доволна е само регистрација на сајтот и играчите веднаш можат да ја започнат играта.

 Прочитајте повеќе за акцијата на овој линк.

Реал останува на врвот најскап клуб во светот: Ливерпул скокна две места

На списокот на највредни фудбалски клубови за 2020 година нема промени.

Реал останува на првото место со вредност од 3,4 милијарди евра.

На второто место е Манчестер Јунајтед со 3,3 милијарди евра, пред Барселона со 3,1 милијарди и Баерн Минхен со 2,8 милијарди евра.

Сегашните европски шампиони, екипата на Ливерпул се искачи за 2 места и сега е на 5-то место со вредност од 2,6 милијарди евра. Во Топ 10 се и Манчестер Сити, Челзи, Тотенхем, ПСЖ и Арсенал.

Во меѓувреме, се забележува доминација на екипи од англиската Премиер лига, која има 6 клуба меѓу 10-те највредни екипи во светот на фудбалот.

(Видео) Блиска средба на пливач со морски пpeдатop

На социјалните мрежи се појави видео од Шпанија на кое се гледа како аjkyла долга шест метри кружи околу пливач во бизина на брегот.

Очевидците тврдат дека во близина на брегот на Малага, ајкула долга шест метри максимално му се приближила на еден од пливачите.

Ајкулата не го нaпaднa пливачот. Кружеше околу него, а потоа се оддалечи.

Ова е македонскиот адвокат кој “ги доби” Бугарите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Македонците од Бугарија извојуваа голема победа против бугарската држава во Судот за човековите права во Стразбур.

Со денешната пресуда на Судот за човекови права во Стразбур, Македонците во Бугарија извојуваа голема победа против Република Бугарија во спорот кој пред Судот во Стразбур се води од 2013 година. Пресудата доаѓа само десетина дена пред најавеното вето на Бугарија против Македонија во процесот на отпочнување преговори на Македонија за членство во Европската Унија, пренесува ПресингТВ.

„Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“, здружение со седиште во Благоевград и претседателот на нејзиниот одбор Ангел Кирилов Радонов, државјанин на Република Бугарија, на 10 октомври 2013 година пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, преку адвокатот Тони Менкиноски поднесе апликација против Бугарија за повреда на правото на здружување, бидејќи Бугарија одби да го регистрира здружението од причина што според неговата дејност треба да ги негува и афирмира македонските етнички обележја и традиции различни од бугарските.

„Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ е здружение кое во својот статут ги афирмира правата на Македонците како посебна етничка група во Бугарија.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денес ја осуди Бугарија, носејќи пресуда со која утврди, дека е повредено правото на здружување по членот 11 од Европската конвенција за човекови права на Македонците во Бугарија. Сега, Бугарија е задолжена во согласност со оваа пресуда да го регистрира „Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ и да им исплати штета од 7.500,00 евра во рок од 3 месеци.

Со оваа голема победа во Стразбур, Македонците во Бугарија многу и’ помагаат на Македонија да се справи со политичките условувања од официјална Софија против македонското национално малцинство во Република Бугарија. Со оваа пресуда, сега во Бугарија ќе има здружение на Македонците во услови кога официјална Софија сака да биде укинато постоењето и на македонскиот јазик.

Оваа европска држава ќе им ги покрива трошоците за одмор на посетителите кои ќе се зapaзат со Koвид-19

Владата на Кипар одлучи да им ги покрива трошоците на туристите кои ќе се зapaзат со кopoнавиpyc за време на нивниот престој во државата. Оваа информација беше споделена откако државата соопшти дека наскоро ќе ги отвори аеродромите и ќе ја започне туристичката сезона.

Од Владата соопштија дека аеродромите се отвараат на 9 јуни.

– Трошоците кои ќе ги имаат туристите кои ќе се зapaзат со Koвид-19 за време на нивниот престој во државата ќе бидат покриени од страна на државата. Истото се однесува и за трошоците на членовите од семејството кои ги придружуваат, трошоците на министерствата за надворешни работи и транспортот на лицата.

Владата ќе ги покрие и трошоците кои се однесуваат на сместувањето, храната, пијалоците и медицинската нега на туристите кои ќе се зapaзат со виpycoт.

Кипар ќе има “Koвид-19 болница” со 100 кревети само за посетители кои ќе бидат позитивни, а бројот на кревети ќе се зголемува доколку е потребно. Исто така, околу 500 соби на кapaнтинските-хотели ќе се употребуваат само за најблиските контакти на позитивните туристи.

Ристески: “Плетвар доби гребен асфалт во 21 век, наместо експресен пат”

Наместо продолжување на изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, Владата преку Министерството за транспорт и врски го рехабилитира веќе постоечкиот пат. Најавениот нов тендер за изградба на патот кој требаше да значи живот за Пелагонија, сеуште го нема

На ова реагираше екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој на Фејсбук напиша:

“Прилепчани, битолчани и цела Пелагонија наместо денес да возат по нов експресен пат Прилеп-Градско по европски стандарди, со оваа Влада добија гребен асфалт на постоечкиот пат (нормално пред избори)… Ај на здравје… Господ на помош да ни е пак треба да се молиме при секое одење и враќање од Скопје на превојот Плетвар!”

Сметките повисоки 60%, 287.000 евра за партиски вработени, а го чекаме новиот затворен базент?

Најавениот “нов живот” на СДСМ за време на парламентарните избори во 2016 и локалните во 2017 година, додесе еден куп чуда за Прилеп и прилепчани. Еве неколку моменти од изминатите 3 години на власт кои деновиве се актуелни во Прилеп.

СДСМ има целосна власт во градот херој, а сето тоа е резултат на мегаломанските ветувања во предизборниот период, што резултираше со голема доверба на граѓаните дека многу работи ќе се променат на подбро.

Едно од главните ветувања со кои актуелниот градоначалник Илија Јованоски дојде на власт, беше ветувањето за намалување на сметките за вода за 20%.

Но, наместо исполнување на ветувањето, прилепчани од март минатата година плаќаат за 60% повисоки сметки за вода. Тоа се должи на воведувањето на дополнителни 17,35 денари за секој потрошен метар кубен вода, поради работата на пречиститечната станица.

Со пречистителната станица од минатата година стопанисува ЈКП „Водовод и канализација“, а властите ова покачување го правдаа како вина на претходната локална власт, иако токму нивниот градоначалник ветуваше за 20% пониски сметки за вода за прилепчани.

Со новите цени за потрошени 15 метри кубни вода во месецот, сметката за вода во Прилеп изнесува 800 денари, за потрошени 25 метри кубни прилепчани плаќаат 1345 денари, а за 30 кубни метри 1607 денари месечно.

Овие цени на сметките за вода се вистинска ноќна мора за прилепчани и со сигурност ќе се одразат врз довербата на граѓаните во престојното изборно соочување.

За време на пандемија се трошеа пари за партиски вработувања?

Пред извесно време, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник, Петар Ристески, на прес конференција посочи дека во време на вонредна состојба и пандемија, ЈКП Водовод и канализација склучило договор за времени вработувања во вредност од 17.700.000 денари, или 287.805 евра.

Целосната изјава на Ристески проследете ја во продолжение:

Општината одново му се “запна” на ветениот затворен базен

Изградбата на здравствено-рекреативен центар со покриен базен, кој требаше да се реализира во спортската сала “Mакедонија”, беше исто така едно од големите ветувања на градоначалникот Илија Јованоски.

Mинатата година Јованоски истакна дека проектот нема да се реализира на првичната локација, туку дека ќе се гради во населбата “Точила”. Досега немаше ниту проект, ниту започнување на работите.

Пред повеќе од еден месец од општината поставија табла на локацијата каде треба да отпочнат со градба.

На локацијата каде наводно ќе се гради, поставена е табла со известување до граѓаните да не отпочнуваат со земјоделски работи, на парцелата која е во сопственост на “СРМ”.

Го посетивме “градилиштето” и забележавме дека таму сеуште нема никаква механизација, ниту пак се изведуваат некакви работи.

Општината и градоначалникот сеуште немаат објавено како ќе изгледа проектот, колку време ќе траат градежните активности и колкава ќе биде неговата вредност.

(Видео) Тајсон мета на потсмев откако се “избрука” во рингот

Мајк Тајсон синоќа се појави во рингот и повторно беше гостин меѓу борачите на AEW федерацијата.

“Челичниот Мајк” по десет години се соочи со Крис Џерих, човекот кој во 2010 година го одглуми неговиот нокаут. Во рингот веднаш започна нивната “пресметка”.

Секако ова беше само сценарио, но сите говорат за она што се случи пред започнувањето на двобојот.

Легендарниот боксер имаше големи проблеми со кинењето на маицата, па корисниците на социјалните мрежи не ја пропуштија можноста да се пошегуваат на негова сметка.