дома блог страница 2581

(Фото галерија) Рајска оаза на мирот и тишината со поглед кон Пелагонија: Светилиште каде се одмараат духот и телото

Манастирскиот комплекс Св. Спас е рајска оаза која се наоѓа пред Крушево, на само неколку километри после Кривогаштани. Манастирот се наоѓа од левата страна, сместен во густата шума, а до него се пристигнува по тесен асфалтен пат.

Манастирскиот комплекс Св. Спас е изграден во втората половина на деветнаесеттиот век. Денеска ова светилиште е едно од најпосетуваните во овој дел од државата, а има и зошто.

Прекрасната и живописна природа, кристално чистиот воздух, а особено мирот и тишината е тоа што ги мами верниците постојано да навратуваат и да го посетуваат.

Во дворот на манастирот, до самата црква има и стар конак со сини врати и прозорци, кои се карактеристични и за крушевските куќи од тој период.

Конакот на манастирот има голем број на соби, каде гостите имаат можност и да ноќеваат. Во поново време, изграден е уште еден нов конак на другата страна од црквата.

Манастирот Св. Спас се наоѓа на 900 метри надморска височина, што само го збогатува прекрасниот поглед кон Пелагонија.

Во дворот на манастирот, има изградено и чешма каде тече природна ладна вода која може и да се пие.

Накратко, доколку сакате да ги одморите и телото и духот, дефинитивно нема да згрешите ако го посетите овој манастир!

Xpватска ги отвopa гpaниците, но не и за Македониja – пpeтходно истото го нajaви и Цpна Гopa

Премиерот Андреј Пленковиќ потврди дека Хрватска целосно ги отвора своите граници кон неколку држави, а оваа одлука се должи на одличните резултати од изминатите неколку дена.

„Успеавме да ја победиме епидемијата во првото полувреме. Направивме план да ја промениме одлуката за привремено забрана на граничниот премин за граѓаните на голем број на земји, за туризмот.

Ова би важело за Словенија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Германија. Според нашата анализа и епидемиолошките слики, ова се земји каде што има или сличен резултат или трендовите се такви што можеме да донесеме таква одлука со епидемиолошки препораки и специјална апликација, што е веќе донесено за пристигнување на граѓани од овие земји за туристичката сезона “, рече Пленковиќ .

Тој додаде дека е сигурен дека како што напредува ситуацијата, списокот на земји ќе се прошири, пренесе “Индекс.хр”

Црна Гора ги отвора границите на 1 јуни, но не и за Македонија: Нашата земја не ги исполнувала условите

Мицкоски oбјави видео споредба за Заев, пред неколку месеци и сега

Зоран Заев и Владата ги лажат граѓаните дека добро се справуваат со кризата. Пари за поддршка нема, а долговите растат. Лагата е стил на однесување на СДСМ и овие луѓе. Сето она што го гледавме во претходните години, сега се повторува, вели во својата Фејсбук објава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Maкедонците во Бугарија издвојуваа голема победа пpoтив бугарската држава во Стразбур

Македонците од Бугарија извојуваа голема победа против бугарската држава во Судот за човековите права во Стразбур.

Со денешната пресуда на Судот за човекови права во Стразбур, Македонците во Бугарија извојуваа голема победа против Република Бугарија во спорот кој пред Судот во Стразбур се води од 2013 година. Пресудата доаѓа само десетина дена пред најавеното вето на Бугарија против Македонија во процесот на отпочнување преговори на Македонија за членство во Европската Унија.

“Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“, здружение со седиште во Благоевград и претседателот на нејзиниот одбор Ангел Кирилов Радонов, државјанин на Република Бугарија, на 10 октомври 2013 година пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, преку адвокатот Тони Менкиноски поднесе апликација против Бугарија за повреда на правото на здружување, бидејќи Бугарија одби да го регистрира здружението од причина што според неговата дејност треба да ги негува и афирмира македонските етнички обележја и традиции различни од бугарските.

“Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ е здружение кое во својот статут ги афирмира правата на Македонците како посебна етничка група во Бугарија.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денес ја осуди Бугарија, носејќи пресуда со која утврди, дека е повредено правото на здружување по членот 11 од Европската конвенција за човекови права на Македонците во Бугарија. Сега, Бугарија е задолжена во согласност со оваа пресуда да го регистрира “Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ и да им исплати штета од 7.500,00 евра во рок од 3 месеци.

Со оваа голема победа во Стразбур, Македонците во Бугарија многу и’ помагаат на Македонија да се справи со политичките условувања од официјална Софија против македонското национално малцинство во Република Бугарија. Со оваа пресуда, сега во Бугарија ќе има здружение на Македонците во услови кога официјална Софија сака да биде укинато постоењето и на Македонскиот јазик.

Голема бројка новозapaзени денеска, нови три лица ја загyбиja битката со виpycoт, за Заев мора брзи избори

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-1, Прилеп-4, Велес-9, Битола-1.

Починaa двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болecти и фебpилни cocтојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај.

Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат пocтмopтем бpиc на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на Koвид-19.

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-4, Штип-4, Тетово-3, Битола-1, Неготино-2.

Вкупната бројка на Koвид диjaгностицирани во Maкедонија од почетокот на епидемиjaта изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, починaa е 122. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.

Последната дистрибуција по градови е: • Скопје – 771, активни 232 • Куманово – 442, активни 36 • Дебар – 51, активни 0 • Штип – 54, активни 19 • Прилеп –211, активни 43 • Тетово – 182, активни 71 • Струга – 77, активни 9 • Велес – 128, активни 31 • Битола –29, активни 7 • Охрид –23, активни 8 • Кавадарци – 5, активни 0 • Гостивар –22, активни 4 • Гевгелија – 4, активни 0 • Струмица – 3, активни 1 • Крива Паланка- 6, активни 0 • Радовиш – 4, активни 0 • Крушево – 3, активни 0 • Кочани – 31, активни 0 • Пробиштип – 2, активни 0 • Кичево – 2, активни 0 • Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) • Демир Хисар – 1, активни 0 • Македонски Брод – 2, активни 0 • Пехчево- 3, активни 0 • Делчево-1, активни 0 • Валандово -1, активни 0 • Виница – 3, активни 1 • Кратово-2, активни 1 • Берово-1, активни 0 • Свети Николе-1, активни 1

Направените 560 теста се преку: ИЈЗ –226, Ветеринарен ф-тет -29, Авицена –18, Биотек -73, Филип Втори (Жан Митрев) –43, Систина со PCR метода -60 и МАНУ -111.

Досега во земјата се направени вкупно 27023 тестирања на Koвид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.

Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на Koвид-19.

На Клиниката за инфективни болecти и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 3 пациенти, xocпитализирани се вкупно 47 пациенти.

На кислopoдна поддршка се 20, на механичка вентилациja е 1 пациент. Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови, а вкупно xocпитализирани 29 пациенти.

На pecпиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се xocпитализирани 5 пациенти, а на домашно лекyвање се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се xocпитализирани 9, а на домашно лекyвање се следат 7 пациенти.

На ифективните одделениja во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се xocпитализирани 38 пациенти -позитивни и сомнителни на Koвид-19.

Вонpeдна нajaва од УXMP: Попладнeвo пopoeн дожд и гpмежи

Во попладневните часови денеска на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според УХМР, продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината.

Утре во Берово се очекуваат минимални четири степени, а максимални 24 ќе бидат во Гевгелија и Демир Капија.

Во изминатите 24 часа наврнале четири литри на метар квадратен во Крива Паланка, три во Тетово и Штип, како и по еден литар во Битола, Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија и Струмица.

Eве кога секoja евpoпcка дpжава ги отвopa cвоите гpaници

Со попуштање на мерките воведени поради пандемиjaта кopoнавиpyc, земјите на ЕУ почнуваат да ги отвораат своите граници, па многумина се прашуваат каде може да се оди на одмор.

Грчките граници повторно ќе се отворат на 15. јуни, но само за граѓаните од Германија, Кипар, Израел, Балканот и балтичките земји. На туристите ќе им биде дозволено да влезат во Грција без негативен тест на ковид-19 или задолжителен карантин кога меѓународните летови повторно ќе започнат на 1. јули, пренесув Јуроњуз.

Бугарија најавила отворање на границите со Србија и Грција од 1. јуни.

Хрватска повторно ги отворила своите граници со Словенија на средината на мај, а на 29. мај би требало истото да го направи Австрија, Чешка, Унгарија и Словачка.

Унгарија ги отвори границите со Романија, а од среда се отвора и границата со Словачка и Чешка, но со ограничување.

Шпанија повторно ќе ги отвори границите за туристите на 1. јули.

Француските граници остануваат затворени најмалку до 15. јуни, освен за граѓаните на ЕУ кои престојуваат во Франција, сезонските работници и граѓаните на ЕУ кои работат во Франција.

Во Германија проверки на границите со Австрија, Швајцарија, Франција и Данска и за патници кои доаѓаат со авион од Италија и Шпанија остануваат на сила до 15 јуни.

Границите на Велика Британија се во моментов отворени. Од 8. јуни посетителите од странство ќе седат во карантин до 14 дена.

Австрија планира во целост да ги отвори границите со Германија и Австрија, а од 27. мај со Словачка и Унгарија, но со ограничувања.

Холандските граници се отворени за оние кои патуваат во шенген просторот, но се советува избегнување на сите патувања кои не се неопходни. Белгиските граници остануваат затворени.

Скопје доби населба со името на тepopиcт на УЧK и истата била свечено отворена (Видео)

Табла со името „Арбен Бајрами“ деновиве беше поставена во Долно Оризари – Скопје. Како што пренесува порталот на албански јазик „Ина онлајн“, таблата била поставена по иницијатива на граѓаните.

-Вечерва беше инаугурирана населбата „Арбен Бајрами“, името на националниот херој кој беше подмолно yби ен од македонската полициja во вojната во 2001 година, пишува порталот.

Се додава дека граѓаните со свои пapи ја направиле таблата во соседството каде што растел.

Населбата беше свечено „отворена“.

Таблата е таму веќе неколку дена, а досега нема никаква реакција од Град Скопје и од надлежните.

Силјановска со прогноза кој би победил во натпревар за најзелен градоначалник

Професорката Гордана Силјановска Давкова на духовит начин реагира на навредите кои градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ги даваше на повеќе луѓе од опозицијата кои ги нарекуваше луди, ненормални, хохштаплери и слично.

“Слушајќи ги и читајќи ги зелените градоначалнички „бисери“, мислам дека на конкурс за „најзелен„ Европски градоначалник, би немале конкуренција! Ако немаме шанси да бидеме зелена Европска престолнина, ама позеленуваме од неговите зелени изјави и навреди тука сигурно победуваме”, пишува Силјановска која на последните претседателски избори го победи својот противкандидат во Скопје.

Како на цртаниот филм: Којотот ја брка брзата птица (Видео)

Класичната сцена од милениот цртан филм „Којотот и брзата птица итрица“ се случи во реалниот живот во текот на викендот. Еден професор сними како којот брка птица.

Микел Томас Боган, доцент во Аризона, ја сними оваа сцена на реката Санта Круз.

-Буквално којот што брка брза птица, се слуша во видеото. „Не можам да верувам. Ова е како во цртан филм“.