Оваа европска држава ќе им ги покрива трошоците за одмор на посетителите кои ќе се зapaзат со Koвид-19

Владата на Кипар одлучи да им ги покрива трошоците на туристите кои ќе се зapaзат со кopoнавиpyc за време на нивниот престој во државата. Оваа информација беше споделена откако државата соопшти дека наскоро ќе ги отвори аеродромите и ќе ја започне туристичката сезона.

Од Владата соопштија дека аеродромите се отвараат на 9 јуни.

– Трошоците кои ќе ги имаат туристите кои ќе се зapaзат со Koвид-19 за време на нивниот престој во државата ќе бидат покриени од страна на државата. Истото се однесува и за трошоците на членовите од семејството кои ги придружуваат, трошоците на министерствата за надворешни работи и транспортот на лицата.

Владата ќе ги покрие и трошоците кои се однесуваат на сместувањето, храната, пијалоците и медицинската нега на туристите кои ќе се зapaзат со виpycoт.

Кипар ќе има “Koвид-19 болница” со 100 кревети само за посетители кои ќе бидат позитивни, а бројот на кревети ќе се зголемува доколку е потребно. Исто така, околу 500 соби на кapaнтинските-хотели ќе се употребуваат само за најблиските контакти на позитивните туристи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.