Реал останува на врвот најскап клуб во светот: Ливерпул скокна две места

На списокот на највредни фудбалски клубови за 2020 година нема промени.

Реал останува на првото место со вредност од 3,4 милијарди евра.

На второто место е Манчестер Јунајтед со 3,3 милијарди евра, пред Барселона со 3,1 милијарди и Баерн Минхен со 2,8 милијарди евра.

Сегашните европски шампиони, екипата на Ливерпул се искачи за 2 места и сега е на 5-то место со вредност од 2,6 милијарди евра. Во Топ 10 се и Манчестер Сити, Челзи, Тотенхем, ПСЖ и Арсенал.

Во меѓувреме, се забележува доминација на екипи од англиската Премиер лига, која има 6 клуба меѓу 10-те највредни екипи во светот на фудбалот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.