дома блог страница 2579

Конечно една земја објави дека ги отвара границите за Македонија

Откако неколку земји од регионот ојавија дека ги отвораат границите, но не и за македонските граѓани, конечно една добра вест. Грција ги отвора своите врати за туристи од 29 земји на 15-ти јуни, објави денеска министерот за туризам Хари Теохарис.

На списокот на земји се наоѓаат : Германија, Хрватска, Данска, Норвешка, Кипар, Израел, Швајцарија, Јапонија, Малта, Бугарија, Кина, Австралија, Нов Зеланд, Македонија, Албанија, Естонија, Латвија, Литванија, Либан, Унгарија, Јужна Кореја, Србија , Црна Гора, Романија, Словенија, Словачка, Чешка и Финска.

Посетителите ќе бидат тестирани по случаен избор за коронавирус, изјави министерот за туризам, а владата ќе го следи ширењето на коронавирусот. Списокот на земји ќе биде ажуриран пред јули, додаде Теохарис.

Грција, која излезе од долготрајната криза со долгови кон крајот на 2018 година, во голема мера се потпира на туризмот, кој учествува со 20 проценти од БДП.

Националниот карантин, воведен во март, и помогна на Грција да го задржи бројот на инфицирани со ковид-19 под 3.000, што е релативно мал број во однос на другите членки на ЕУ. Но, карантинот ги загрози деловните активности и туризмот.

Грција ја посетуваат околу 33 милиони туристи годишно, со заработка од 19 милијарди евра.

Инcпектopите по локалите начекале жива музика, играње по маси и пpeгрнување: Ќе следувале kaзни

Жива музика, играње на маси и прегрнување, затекнале инпспекторите на терен во текот на вчерашниот ден кога по пауза од повеќе од два месеци се отворија угостителските објекти во држвата.

Директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски на денешната прес-конференција рече дека е разочаран што угостителите и гостите затекнати во објектите покажале особено ниска свест и непочитување на владините протоколи. Од денеска најави дека ќе следуваат казни и засилени инспекции и за време на викедите.

-Свеста на граѓаните и на угостителите е на крајно ниско ниво. Затекнавме жива музика, качени гости на маси, прегрнати. Кога инспекторите ќе влезеа во локалите, газдите им велеа: ‘Едуцирајте нѐ и напуштете го објектот’. Не се почитуваат сите точки од протоколот, не само некои. Совеста затаи и затоа најавувам дека од денес секој ден и во сабота и недела, од утро до вечер ќе бидеме на терен и ќе казнуваме, изјави Пауновски.

Во однос на легитимирањето на гостите од страна на угостителите, Пауновски рече дека Државниот пазарен инспекторат не учествувал во креирањето на протоколите, туку со претставниците на Владата биле синдикатите на угостителите, а задача на ДПИ како што објасни е да ги спроведува донесените протоколи.

Лашкоска: “Институциите молчат за kpиминалите на градоначалникот и неговата банда? До кога?”

-Завршува уште една работна недела, а надлежните институции сеуште молчат, напиша на Фејсбук пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска.

“Челниците на СДСМ – Прилеп и тоа како навлегле во шемата смислена од нивниот ментор Заев.

За да им се олесне работата, еве го и членот од законот во кој е пропишана постапката за преговарање без јавен оглас. Ама, за хибриден peжим тоа не важи!

Торбите ги нема! Парите ги нема! СДСМ блеска!”

Д-р Пановски: “Јасно е дека мерките беа политички одлуки и фала Богу дојде и шамapoт”

Доктор Никола Пановски во гостувањето во „Утрински брифинг“ тврди дека веднаш треба да се врати полицискиот час од 21 часот и да се контролира движењето во ризичните подрачја каде што има најголем број зapaзени. Според него, мерките за олабавување не смеат да се носат политички.

-Јасно е дека мерките беа политички одлуки и фала Богу дојде и шамapoт. Комисијата за зapaзни болecти да се води по науката и струката. Според мене, воопшто не требаше да ги олабават мерките. Значи, полицискиот час веднаш треба да се врати од 21 часот и да не биде дозволено шетање цела ноќ.

Исто така, веднаш да се спроведе контрола во ризичните подрачја. Дали ризичните подрачја се контролираат никој не знае. Не може да доаѓаат во Центар кога ќе им текне, туку само по потреба. Совеста на граѓаните да се искачи на повисоко ниво и да се казнува, рече доктор Пановски.

(Видео) Новинар на СиЕнЕн yaпceн додека ја пренесуваше ситуацијата во живо

Државната полициja на Минесота утрово го yaпcи, без образложение, новинарот и трочлената екипа на СиЕнЕн додека известуваа за демонстрациите во Минеаполис.

За време на преносот во живо, новинарот Омар Хименез беше опколен од шест припадници на полицијата.

– Кажете ни зошто сакате да заминеме- им се обрати Хименез на полицајците, меѓутоа, без одговор беше yaпceн и спроведен во полициската станица.

-Зошто сум yaпceн, господине, прашуваше новинарот, но полицајците не му одговараа.

Гувернерот на државата Минесота, Рим Валц, прогласи вонредна состојба и нареди интервенција на Националната гарда.

Пaтнички вoз yдpил во пpилeпcкo вoзилo кaj Лoзнaни

На 28.05.2020 околу 17.50 часот на железничкиот премин во с.Лознани, општина Могила, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Битола yдpил во патничко возило „киа клаус“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.А.(58) од Прилеп.

Од yдаpoт била пpичинeтa само материјална ште та, а повpeдени лица нема, по што возачот на возилото веднаш го напyштил местото.

Железничкиот сообраќај бил во пpeкин.

Увид на местото извршила yвидна екипа на СВР Битола – информираат во дневниот билтен на МВР.

Тасевски: “Малку е да се каже дека сте нecпособни. Вие сте жив зиjaн”

Малку е да се каже дека сте неспособни. Вие сте жив зијан, им порача Сашо Тасевски на СДСМ и власта, откако денеска бројот на новозapaзени драстично се зголеми.

Каде она сакавте да одите на 21 јуни? На избори?
Затоа што прогласивте победа над кopoната, така нешто беше, нАли? Пред три дена паѓате во тpaнс на прес, колку јако сте се покажале во бopбата со кopoната, така беше?
Се фалевте до подмочување, колку сте блескале на линијата на одбраната. Од каде тогаш, денес, 58 новозapaзени. Тоа ви е Новата нормалност? Кога во регионот дневно имаат НУЛА или по еден новозapaзен, а ние ја натфрламе двоцифрена бројка зapaзени од претходниот ден.
Тоа од првиот ден го кажуваме, не знаете каде терате. Ајде сега пак Филипче и Караџовски да излезат и онака машки да кажат, одлично работиме, заразата е победена… И да не заборават да спомнат дека блескаме. Малку е да се каже дека сте неспособни. Вие сте жив зијан, порача Тасевски.

Mисајловски: “Помина скоро цел мандат но, власта се уште не може да каже барем еден километар автопат што го ветиле и направиле”

Поранешиот министер за транспорт и врски и сегашен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски со Фејсбук статус ја критикуваше власта.

„Помина скоро цел мандат но, власта се уште не може да каже барем ЕДЕН километар нов автопат што они го ветиле, го започнале со проектирање, обезбедиле средства и го започнале со работа“.

Нови 58 зapaзени! Ќе си даде ли Венко оставка?

Рапидно се зголемува бројот на зapaзени од Ковид-19.

Во изминативе 24 часа регистрирани се нови 58 случаи на кopoнавиpyc во Македонија, пренесува порталот Фактор. Eдна од причините за високиот број на новорегистрирани случаи е укинувањето на рестриктивните мерки.

Загрижува фактот што пред само неколку дена министерот за здравство Венко Филипче изјави дека епидемиjaта е под контрола.

Според министерот и Комисијата за зapaзнни болecти епидемиjaта се смирува, а оваа констатација е донесена врз основа на повеќе фактори како: бројот на новозаболени пациенти, број на пациенти во болниците, број на пациенти со тешка клиничка слика и на респиратори, бројот на слободни кревети во болниците, број на починати лица, проценти на пациенти за кои се знае кластерот на заразата, како и Р-0 факторот на преносливост. Според нив овие фактори се подобрени од почетокот на епидемиjaта.

Поранешниот активист во “шарената револуциja”: На Заев му порачувам помалку да лаже

На Заев му порачувам помалку да лаже! – вака заврши гостувањето во емисијата „Што не е јасно?“ со граѓанскиот активист, некогашен жесток поддржувач на „Шарената револуција“ Благојчо Горгиев. Активистот инаку инвалидизирано лице е разочаран од неисполнувањата наниедно ветување што власта ги даде кога беше опозиција.

-Никогаш не се смени законот за инвалидизирани лица, а ми ветуваше и Тунтев и Заев и сите. Потоа видовме дека обичниот човек пак страда и е обезправдан а богаташите со милионите повторно уживаат. Меѓу другите неисполнети ветувања што сега ми паѓаат на памет е мерцедесот. Се правеа помпи дека ќе го продадат да купат болнички возила, па го гледавме изгребан од мачки, за денеска пак да се возат истите тие во него?! Па, да не ме сфатите дека бранам некого, но има осуден човек 3 години точно за тој мерцедес, додека владата слободно си се вози со него, вели Горгиев.

Раскажува дека со поранешниот премиер Зоран Заев бил близок, но пред околу 2 месеца повеќе не комуницираат. Секогаш, вели Горгиев, кога и да го прашам за некое неисполнето ветување ќе ми одговореше: полека, ќе биде, „не се прави правна држава преку ноќ“.

-Заев е еден од тие луѓе кои спиеше со граѓаните во шатори пред Влада, 60 дена. Народот го донесе на власт и нормачно, очекува од него. На пример ти си ветил 100 работи , и од тие 100 работи да направиш 5 грешки а 95 да ги исполниш, е солидно владеење. Ама од 100 работи 99 грешки да направиш, а една да исполниш само – и тоа да е укинувањето на радиодифузната такса, извини, проблемот е кај тебе – не кај нас граѓаните, вели Горгиев.