Анастасија, Христина и Бобан од Прилеп имаат идеја што ги поврзува земјоделците и потрошувачите – Гласајте за да ја освојат титулата „Средношколец милионер“

Тројца талентирани средношколци од графичката струка при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ – Прилеп, Анастасија, Христина и Бобан, се натпреваруваат за најдобра бизнис-идеја на престижниот натпревар „Средношколец милионер“ со нивниот проект „Мое Агро“!

За каква идеја станува збор?

„Мое Агро“ е иновативна „фарма-до-трпеза“ (farm-to-plate) кујна која директно го решава проблемот со ниските откупни цени на овошјето и зеленчукот. Воедно, таа ја гарантира автентичноста на домашните месни и млечни производи за секој потрошувач да добие целокупно здрав и квалитетен оброк.

Сите состојки во нивната кујна се набавуваат директно од нашите земјоделци и фармери, со што се создава континуирана побарувачка и сигурна поддршка за нив дури и во периодите кога нивните производи не се сезонски достапни.

Овие млади умови од „Ричко“ покажуваат како креативноста и претприемништвото можат да помогнат на локалната економија. Сега им е потребна нашата поддршка за да стигнат до победата! Гласањето трае само неколку секунди, а секој глас е огромен ветер во грб.

Гласајте за „Мое Агро“ на следниот линк: https://idea-hunt-startup.lovable.app/vote/8bf051cd-9b17-400a-8dd2-8e17ef5eee45?fbclid=IwY2xjawVobN5leHRuA2FlbQIxMABwZG9mBWJyaWQRMVBtSzBIaDExNks5dlUzVVZzcnRjBmFwcF9pZBAyMjIwMzkxNzg4MjAwODkyAAEf727NbNUZ6k0RQEJ7fshIm9ouqEOuqRH4hrQgKPfUQ8rmBSNJbDo6Pp6fdBs_aem_s9173e1QX_zIRxzLFa0ttQ

Споделете ја објавата за да стигне до што повеќе прилепчани! Со среќа Анастасија, Христина и Бобан!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.