дома блог страница 1546

MВР бара пpитвop: Еве каква казна му се заканyва на пејачот Ламбе Алабакоски

Против пејачот Ламбе Алабаковски кој е осомничен за пожарот во Центарот за култура „Иван Михаилов“ полицијата поднесе кривична пријава по член 288 став 1 од кривичниот законик.

Станува збор за кривично дело предизвикување општа опасност за кое е предвидена затворска казна

– Тој којшто со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејство или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години, стои во став 1 од членот 288 од Кривичниот законик.

Откако беше објавено името на Ламбе Алабаковски како сторител пожарот во бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов” во Битола, неколку познати адвокати доброволно се пријавија да го бранат на суд.

Адвокатот Драган Пешевски преку статус на Фејсбук објави дека тој и неговиот колега Јанаки Митровски јавно се пријавуваат бесплатно да го бранат пејачот Ламбе Алабаковски што наиде на позитивни реакции од нивните следбеници на социјалните мрежи, со оглед на тоа што, според извори, пејачот во полиција дал исказ дека „чинот го сторил од патриотски причини“.

Kpaј на една ера: Кире Лазаров стави крај на играчката кариера

Почитувани,

Моето долго и прекрасно патување дојде до самиот крај. Одлуката беше тешка да се донесе, но сепак очекувана. Тешка затоа што го работев тоа што го сакам, од срце, со многу страст и ентузијазам. На моја возраст не е нималку лесно да играш на високо ниво во клуб со големи амбиции и очекувања, и во лига чија национална репрезентација веќе две децении доминира во светот на ракометот.

Не сакав оваа одлука да ја соопштам многу порано, иако знаев дека е крај, дека е последна сезона. Сакав да бидам професионален и мотивиран, каков што бев во текот на целата моја кариера. Кога нешто работиш со голема љубов, можеш да поместиш граници.

Заминувам со гордо крената глава, играјќи за клубови-институции како Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Барселона, Нант. Клубови, градови и земји каде останував минимум пет години, што ја покажува обострано стекнатата доверба со луѓето со кои соработував. Довербата се стекнува со многу труд, посветеност, константност… Тоа посебно ме прави горд што не затворив врата во тие спортски институции. Почнувајќи од мојот матичен клуб, Овче Поле, преку Борец и Пелистер, полека, со правилни одлуки и цврсто на земја, без никакви илузии, зачекорив со Европа.

Многу титули, многу успеси и разочарувања, подеми и падови, победи и порази, ситуации каде некогаш не се гледал излез, но со многу верба, посветеност и чесност успевав да застанам на нозе и да продолжам понатаму.

Посебно ми е драго што, покрај обврските кон овие ракометни институции, наоѓав, време, желба и страст да бидам во служба на нашата национална репрезентација. 25 години и тринаесет големи натпреварувања со една мала земја, секогаш аутсајдер против големите, секогаш со голема верба дека Давид може против Голијат, играјќи дури и во петтата деценија од животот за својата земја, ми дава за право секого да погледнам во очи, дури и некогаш да не сум исполнил нечие очекување.

Јавно се заблагодарувам на моето семејство за поддршката целиот овој период.

Благодарност за моите блиски луѓе, кои не се многубројни, но не се ни малкубројни. Самите ќе се препознаат во овие зборови. Благодарност до сите фанови кои ги имав во голем број во текот на целата моја кариера, кои знаеја да препознаат тешки ситуации и дадат поддршка кога е најпотребно заедно да се радуваме, па дури и во болните порази, од кои заеднички излегувавме посилни.

Завршувањето на играчката кариера е само едно кратко довидување од ракометот. Мојот веќе новозапочнат предизвик е тренерскиот повик и верувам дека и тука заеднички ќе се радуваме, тагуваме и надградуваме, поместувајќи нови граници.

Моето мото кое пак ќе ме води ќе биде – СЕКОГАШ НА ПОБЕДА!

Интегрален текст од соопштението на Кирил Лазаров.

Адвокатите Пешевски и Митровски се пријавија бесплатно да го бранат Ламбе Алабаковски

По веста за приведување на пејачот Ламбе Алабаковски, како одговорен за пожарот на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, адвокатите Драган Пешевски и Јанаки Митровски јавно се пријавија за про боно одбрана на пејачот.

-Ja и Janaki Mitrovski јавно се пријавуваме за pro bono одбрана на Ламбе!!! Нека разберат клетите фашисти!!!, пишува адвокатот Пешевски на својот фејсбук профил.

Слободен печат: Уапceн Ламбе Алабаковски – Пејачот ја потпали вратата од клубот на Бугарите!?

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предмалку на својот Фејсбук профил соопшти дека е фатен сторителот кој ја потпали влезната врата на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола.

-Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото. Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!, објави министерот Спасовски.

Целата статија можете да ја пројадете на Слободен Печат.

Oхриѓанец со стап влегол в казино да ги тепа вpaботените

21-годишен охриѓанец го нapyшил јавниот peд и миp во казино на ул. “Македонски Просветители” и yпатил закани кон вpaботените.

На 06.06.2022г. во 05:50ч., полициски службеници од СВР Охрид е лишен од cлобода М.Р. (21) од Охрид.

Тој претходно во казино на булеварот “Македонски Просветители” во Охрид, го нapyшил јавниот ред и мир со агресивно однесување и закани со дрвен предмет кон вработните.

Тој е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид. 

Вашингтон: НАТО ќе ја брани Македонија од руските закани

Коментирајќи ги руските осуди и закани по откажувањето на посетата на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на Белград, портпаролот на Стејт Департментот, Нед Прајс, рече дека Бугарија, Црна Гора и Северна Македонија „како суверени држави донеле суверени одлуки за нивниот воздушен простор, што ја одразува решеноста на Европа да ја повика Русија одговорна за неоправданата инвазија на Украина, која е без причина“.

На прашањето како САД и НАТО ќе ги заштитат трите земји кои го затворија воздушниот простор од руските закани, Прајс одговорил:

„Сите три земји се членки на НАТО, а посветеноста на членот 5 во однос на сите три е обврзувачка. Вчера ја одбележавме петтата годишнина од членството на Црна Гора во НАТО, а втората годишнина од членството на Северна Македонија во март“, изјавил Прајс.

Бектеши се закани: Одредени компании вештачки ги зголeмија цените, доколку не ги вратат во нормала тогаш…

Одредени трговци драстично ги зголемија цените на основните прехранбени производи кои претходно со одлука на Владата имаа замрзнати маржи и намалено ДДВ. Овие трговци имаат монопол на пазарот за одредени производи и по завршување на мерките цените се зголемија за 50 до 70 проценти, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во емисијата 24 Анализа.

„Не помина ниту една недела каде одредени производи се зголемија, но тоа е само во делот на тестенините и на некои други производи. Кај маслото за јадење и други производи вратен е само процентот од делот на ДДВ. Ќе донесеме заклучок за сите инспекторати да излезат на терен и да проверат дали цените вештачки се зголемени. Има одредени компаниии кои вештачки ги зголемиле цените над 50% па дури и до 70% со цел да ја искористат ситуацијата на грбот да граѓаните. Не сакаат да се откажат од ниту еден процент во делот на профитот“ кажа министерот Бектеши.

Министерот кажа дека заедно со надлежните институции, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи се анализираат податоците со цените.
“Доколку овие трговци сами не ги вратат цените со нормални маржи тогаш повторно ќе донесеме непопуларни мерки, се со цел да го заштитите стандардот на граѓаните“ кажа министерот и потенцираше дека до крајот на неделата во координација со Коморите, трговците и производителите ќе се донесе одлука дали и какви мерки ќе бидат донесени.

Во координација со сите Стопански комори беше донесена одлука мерката за замрзнување на цените на производите да не се продолжи после 1 јуни, за да се остави пазарот сам да ги одреди цените.Но, доколку утврдиме дека има злоупотреби и манипулации тогаш ќе реагираме веднаш“ кажа Бектеши и потенцираше дека Ребалансот на буџетот е веќе во собраниска процедура, штом ќе биде донесен ќе креираме нови мерки согласно потребите и на граѓаните за да се зибегнат големи ценовни шокови.

В петок неработен ден: Од труд и социјала го честитаат празникот

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 10 јуни (петок) 2022 година, Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.

Вучиќ за летот на Лавров: “Ваква хистерија одамна не сум видел“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека не е изненаден што нема да се реализира посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и дека не видел таква хистерија и организиран напад на мала земја како Србија долго време.

„Не сум изненаден. Реков пред неколку дена дека очекувам компликации. Од ден на ден ја следевме ситуацијата во обид да се смени рутата на се’ повеќето земји кои забранија прелетување на авионот на рускиот министер. Секако, треба да го изразите своето незадоволство од обидот да се забранат разговорите“, изјави Вучиќ за РТС.

Тој посочи дека не станува збор за добивање и губење политички поени.

Според него, имало безброј разговори во кои од Србија било побарано да го откаже гостопримството на рускиот министер за надворешни работи.

„Мораме да ја спасиме нашата земја. Погледнете ги сите од опкружувањето, нивните медиуми… Голем број странски новинари дојдоа во нашата земја за да направат фотографии од Лавров и Вучиќ“, рече Вучиќ и праша што е тоа погрешно што го направила Србија.

Тој праша како на некои луѓе од Европската унија им било дозволено да го посетат рускиот претседател Владимир Путин.

Вучиќ повтори дека Србија го осудува упадот на руската армија во Украина, но дека Русија е традиционален пријател на земјата.

„Кого ставивме во сенка, кому направивме нешто лошо или само нашето одбивање да бидеме дел од глутницата е нешто што предизвикува нечија главоболка“, истакна претседателот на Србија.

Вучиќ претходно денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација Александар Боцан-Карченко кој го информираше за причините за откажување на посетата на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не доаѓа во Белград откако Бугарија, Македонија и Црна Гора му забранија прелет со неговиот авион.

Ќе дојде ли и кај нас: Во Англија започнува тестирање на моделот работна недела со четири работни дена

Повеќе од 3.300 работници во 70 компании во Обединетото Кралство, почнувајќи од мали локални бизниси до големи финансиски фирми, денеска почнуваат со четиридневна работна недела без намалување на платите, како дел од најголемото тестирање на новиот работен модел во светот.

Пилот-проектот ќе трае шест месеци, организиран од друштвото „4 дена во неделата Глобал“, а во партнерство со тинк-тенк групата Autonomi, Кампањата 4 дена во неделата и истражувачи од Универзитетот Кембриџ, Универзитетот Оксфорд и Бостонскиот колеџ, пишува Гардијан.

Истражувањето се заснова на шема од 100: 80: 100 – 100 проценти од платите за 80 проценти од работното време, во замена за задолжително одржување на 100 проценти продуктивност.

Џо О’Конор, извршен директор на непрофитната група „4 дена во неделата Глобал“, вели дека Обединетото Кралство е предводник на четиридневната работна недела.

„Како што излегуваме од пандемијата, се повеќе компании препознаваат дека квалитетот на животот е нова граница што ја дели конкуренцијата и дека работата со скратено работно време е фокусирана на резултати, алатка која им дава конкурентна предност“, рече тој.

Меѓу оние кои учествуваат во ова тестирање се компании кои обезбедуваат образование, советување на работното место, домување, нега на кожа, регрутирање градежни работници, храна и пијалоци и услуги за дигитален маркетинг….

Истражувачите ќе работат со секоја организација која учествува во проектот за да го измерат влијанието на скратената работна недела врз продуктивноста на бизнисот и благосостојбата на нејзините вработени, како и влијанието врз животната средина и родовата еднаквост.

Тестирањето на четиридневната работна недела, со поддршка на владите, треба да започне подоцна оваа година во Шпанија и Шкотска.

Џулиет Скор, професорка по социологија на Бостонскиот колеџ и главен истражувач на пилот-проектот, го опишува потфатот како „историски експеримент“.

„Ќе анализираме како реагираат вработените на дополнителниот слободен ден, во однос на стресот и исцрпеноста на работа, нивното задоволство од работата и животот, здравјето, спиењето, користењето електрична енергија, патувањето и многу други аспекти од животот“, објаснува таа.

Се додава дека четиридневната работна недела генерално се смета за политика на тројни бенефиции, помагање на вработените, компаниите и климата.

Ед Сиел, извршен директор на Черити банка, е горд што ова е една од првите банки во Обединетото Кралство што прифати четиридневна работна недела.

„Ние сме шампиони во однос на флексибилната работа долго време… За Черити банка, преминот кон четиридневна недела е природен следен чекор“, рече тој.