дома блог страница 1547

Рогозин се закани: “Сармат” нема да бара дозвола за прелет од кукавичките Бугари и Црногорци

Веста дека Бугарија, Македонија, Романија и Црна Гора му забранија на авионот на Сергеј Лавров да стигне до Белград ја налути Москва.

Додека ЕУ и НАТО ја поздравија одлуката на членките да му забранат прелет на Лавров, Рогозин објави ептен нервозна порака и се закани.

„Сармат нема да бара дозвола за прелет од кукавичките Бугари, одмаздољубивите луѓе во Романија и Црногорците кои ја предадоа нашата заедничка историја“, напиша поранешниот заменик премиер на Русија Рогозин.

Врие од кpиминал и дpoга: Во Битола апceње на три локации, пpиведени 6 лица

Полицискиот билтен врие од вести со приведени лица за дpoга од Битола

Во продолжение 3 евидентирани настани од вчерашниот ден:

-На 06.06.2022 од страна на полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола ги лишиле од слобода П.В.(24), С.С.(24), Н.П. (25), сите од Битола, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени 17 таблетки и грутчеста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 од Кривичниот законик.

-На 05.06.2022 од страна на полициски службеници од полициската станица Битола на ул.„Павел Шатев“ во Битола ги лишиле од слобода Б.И.(19) и В.У(34) од Битола, бидејќи кај нив е пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по чл. 215 од Кривичниот законик.

-На 05.06.2022 од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола го лишиле од слобода С.К.(34) од Ресен и Т.П. (32) од Битола, бидејќи кај нив е пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по чл. 215 од Кривичниот законик.

Евроамбасадорот Дејвид Гир во посета на Прилеп: Додели плакета за најзелена општина во Македонија (Фото)

Општина Прилеп денес ја доби наградата за најзелена општина во Република Македонија како дел од кампањата за промоција на Европскиот Зелен Договор, а доделена од амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ.

-Како градоначалник на најзелената општина, сакам да истакнам дека денес бевме горди домаќини на конференцијата „Најдобра пракса за управување со комунален отпад- затоа што немаме резервна планета“ организиран од проектот финансиран од ЕУ „ЕУ за општините“.

Ве уверувам дека ова за нас како општина, ќе претставува само дополнителен поттик во иднина да ги продолжиме добрите практики во оваа област.

Сигурен сум дека претставуваме, и цврсто стојам на ставот и заложбите дека и во иднина ќе претставуваме позитивен пример за многу други општини во Република Македонија да преземат конкретни и решителни чекори, со цел да постигнат уште подобри резултати од Прилеп, во сегментот на правилното третирање и управување со отпадот.
Oд вкупниот собран селектиран отпад, 60% селектираат сите македонски општини, додека 40% се селектира само во Општина Прилеп.

Уште еднаш сакам да упатам искрена благодарност до нашите сограѓани кои со години покажуваат зрели европски навики и вредности, до вработените во Јавното комунално претпријатие ,,Комуналец’’, за нивната беспоштедна работа, и секако до Делегацијата на ЕУ, која што ја награди Општина Прилеп за нашите заложби и добрите практики кои што ги воспоставивме во правилното третирање и управување со отпадот и во заштитата на животната средина – напиша градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески на ФБ после средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир.

Доделувањето на наградата беше извршено во рамките на конференцијата „Најдобра практика за управување со комунален отпад – затоа што немаме резервна планета” организирана во рамките на проектот ЕУ за општините финансиран од Европската Унија. Осум општини – Берово, Центар (Скопје), Кавадарци, Охрид, Пехчево, Прилеп, Тетово и Зелениково учествуваа на повикот презентирајќи ги своите водечки активности со кои придонесоа за подобра животна средина во 2021 година. Одборот за евалуација, составен од експерти од Делегацијата на ЕУ, Гоу Грин, Еко-свест и претставник на Јуроп Хаус ги стави Кавадарци и Прилеп во потесен избор за последователни теренски проверки за да ги проверат информациите презентирани во нивните апликации. Одборот за евалуација го препозна Прилеп како општина која најдобро ја покажа еколошката практика во областа на управувањето со отпадот во 2021 година.

Во рамки на посетата „ЕУ со ТЕБЕ” на Прилеп евроамбасадорот Гир ја посетија и Пречистителната станица – инвестиција од ЕУ вредна осум милиони евра која го подобрува квалитетот на водата, како и квалитетот на животот на прилепчани од 2019 година. Подоцна, амбасадорот Гир и градоначалникот Јовчески го посетија и Прилепското езеро, чиј статус на спортско-рекреативен комплекс во хармонија со природата беше подобрен со поддршка од ЕУ вредна 0,47 милиони евра.

Kaтаклизма: За 3 месеци од Македонија си заминале над 214.000 работоспособни луѓе

Или државната статистика лаже заради несовесно работење или за неполна година од Македонија се иселиле, избегале 220.000 луѓе, истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Според извештајот за пазар на трудот, активно население, за првото тромесечие 2022 година, на која што има табела за вкупно работоспособно население, за четвртиот квартал минатата година, октомври – ноември – декември, запишани се 1.681.863 работоспособни во Македонија. За првиот квартал годинава, јануари – февруари – март, запишани се 1.467.349 луѓе! Тоа значи дека за неполна половина година, односно три месеци, Македонија загубила точно 214.514 работоспособни луѓе! Работна сила! Според статистика – од активно население, последниот квартал лани имало 937.482 лица коишто се водат за активни, односно 795.276 вработени. Веќе до март годинава, 811.197 активни, од коишто 691.498 вработени. Или 103.778 помалку вработени! Но, не расте бројот на невработените. Од 142.206 невработени до крајот на 2021 година, веќе до април има 119.699. Или 22.507 помалку. Вкупно 126.285 вработени или невработени, како што ги посочуваат „активно население“, рече тој.

Стоилковски сумираб дека за само три месеци, еден квартал, според статистика Македонија загубила, од неа избегале 214.514 работоспособни луѓе.

„Од нив 103.778 напуштиле работа. 22.507 коишто барале работа, како и 88.229 работоспособни луѓе коишто немале работа, а според СДСМ и ДУИ не барале работа!

Ова почитувани е загуба за само три месеци, ова е загуба со СДСМ и ДУИ. Ова е погром, ова е насилно прогонување, егзодус, на работоспособно население.

Ова е резултат на политичката манипулација само и само за гола власт, резултат на партизација, на криминалот, на корупцијата од власта. Додека СДСМ и ДУИ слават, над 214 илјади избегале од државата пред се заради економски причини! Ова е јасен показател за економската катастрофа и лагите од СДСМ и ДУИ, лагите за блескање, економски раст и лагите намалување на невработеноста.

Почитувани, премногу е! Придружете се на протест за промени, 18 јуни, во 20 часот пред Владата“ – повика Стоилковски!

Машала: Регулаторна донесе нова одлука, горивата од полноќ повторно поскапувaaт

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,30 % .

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,868 ден/кг и сега ќе изнесува 55,508 ден/кг.

Од 7.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 110,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 112,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 102,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм)

Борел: “Русија е виновна за недостигот на жито”

Поради војната против Украина, Русија е директно одговорна за недостигот во меѓународната трговија со жито, изјави шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, јавуваат агенциите.

„Сегашната руска блокада на украинските пристаништа го спречува извозот на тони житни култури, како пченка и пченица, кои во моментов се заглавени во Украина, еден од најголемите светски производители“, објави Борел на Твитер, според светските медиуми.

„Русија е директно одговорна за сите недостатоци во меѓународната трговија со жито и наместо да ја запре својата агресија, таа активно се обидува да ја префрли одговорноста на меѓународните санкции. Ова е дезинформација“, додаде Борел.

Посочува дека блокот ќе продолжи да се солидаризира со земјите во решавањето на последиците од војната.

„Рускиот претседател Владимир Путин треба да стави крај на војната против Украина. Територијалниот интегритет на Украина мора да се врати“ ,посочи Борел и додаде дека тоа е во интерес на целиот свет.

Според проценките на ОН, најмалку 4.183 цивили се убиени, а 5.014 се ранети во Украина од почетокот на војната со Русија, а се верува дека реалната бројка е многу поголема, пишуваат медиумите.

Фатен 17-годишен paзбojник од Битола: Со ocтap пpeдмет одзел накит од свој сограѓанин

Полициcки cлyжбеници од Отсекот за општ кpиминал при СВР Битола извpшиле cлyжбен разговор со 17-годишник, пopaди ocновано coмнение дека на 28.12.2021 на ул.„Мордо Нахмијас Лазо“ во Битола со закана со ocтap пpeдмет од Љ.Н.(20) од Битола му одзел личен накит.

Лицето во целост го признало и појаснило кривичното дело, дел од украдениот накит е пронајден кај него и ќе биде вратен на сопственикот, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава – информираат од МВР.

Да им помогнеме да го минат месецот: Германците се пожалија – не знаат како да врзат крај со крај

Многу Германци се почесто бараат попусти или се откажуваат од купување поради високите цени, а голем дел од потрошувачите се плашат дека нема да можат да врзат крај со крај, објави порталот Вработување.мк.

Повеќе од една четвртина (27 отсто) од учесниците во анкетата на ИФХ се „многу исплашени“ дека парите што ги имаат нема да им бидат доволни. Со оглед на тоа што ваква анкета е спроведена за прв пат, нема компаративни податоци.

Кај испитаниците од домаќинства со приходи помали од 2.000 евра месечно, а од нив учествувале 300, тој процент е дури 48 отсто, покажува истражувањето нарачано од Здружението на трговски друштва ХДЕ.

Од сите испитаници, 29 отсто рекле дека имаат „мал страв“ дека нема да врзат крај со крај со парите што ги имаат.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Променливо време со пороен дожд нѐ очекува цела недела

Метеоролозите за денеска најавуваат променливо облачно време. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со појава на грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 33 степени. Во Скопје слично време, со дожд и грмотевици и максимална дневна температура до 30 степени.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во текот на оваа работна седмица под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. И во Скопската Котлина ќе има честа појава на нестабилност, а повремено ќе има услови да биде и во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Македонија и Бугарија го затворија небото за рускиот министер Лавров, па се јави Захарова

Земјите што ја опкружуваат Србија го затворија небото за авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, со што затворија уште еден канал за комуникација, изјави портпаролката на Министерството Марија Захаровa, нагласувајќи дека Москва не е таа што ја прави новата „железна завеса“, туку дека Европа е таа што ја опкружува Русија.

Захарова за италијанскиот телевизиски канал „Ла7“ изјави дека земјите што ја опкружуваат Србија го затвориле каналот за комуникација, не дозволувајќи прелетување на авионот на Сергеј Лавров, кој се подготвувал да ја посети Србија, пренесуваат медиумите во регионот.

„Руската делегација требаше да пристигне во Белград на разговори. жЗемјите членки на Европската унија и НАТО го затворија воздушниот простор, затворија уште еден канал за комуникација“, рече таа, нагласувајќи дека Русија нема намера да ја крева „железната завеса“, туку дека тоа го прави Европската Унија, пренесува Спутник.

„Железните завеси нема да бидат, на крајот на краиштата, од наша страна, не треба да се грижите. ЕУ е таа што ја штити Русија. Вашите грешки се во тоа што сте премногу себични, што мислите дека сте во центарот на светот, дека освен вас нема други народи на светот. Немате морално право некого да научите нешто“, рече Захарова.

Ројтерс во неделата навечер, цитирајќи го Интерфакс, објави дека посетата на Лавров на Србија е откажана откако земјите околу Србија го затвориле својот воздушен простор за неговиот авион.

Извор од руското Министерство за надворешни работи го потврдил пишувањето на српските медиуми во кои се наведува дека Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора го затвориле својот воздушен простор за авионот што требаше да го пренесе Лавров во Белград.