Пејачот Спасен Силјаноски: “Ги повикувам сите колеги, музичари, автори…да излеземе заедно на пpoтecти за одбрана на Македонија”

Фејсбук статус на пејачот Спасен Силјаноски

-Ги повикувам сите мои колеги, пејачи, музичари, автори, продуценти, диџеи…. Сите оние кои имаат било каква врска со музика. Одвоете бареме еден ден во овие кризни и понижувачки моменти за нашата татковина, да излезиме заедно на мирни протести и да кажеме НЕ на ништожниот француски предлог. Кафе можеме да пиеме секој ден, но Македонија можеме да ја одбраниме единствено сега…..

Патриотизмот и љубовта кон нашата татковина треба да го покажеме со дела, а не само со песна. Сега е моментот да им покажеме на нашите деца дека ние сме Македонци и засекогаш така и ќе останеме. Зарем ќе се плашиме и ќе се срамиме да ја браниме нашата татковина, зарем не смееме и ние еднаш да сме горди на нашите дела и на нашата мајка Македонија.

Знам дека многу ќе не плукаат, ке не навредуваат, но бидете истрајни времето ќе покаже кој бил на вистинската страна. Направете вашите деца да бидат горди на вас и на вашата генерација. Бидеќи сега е моментот дали ќе не има или ќе не нема… Јас мислам дека не имало и ќе не ИМА.
Со почит драги колеги, Спасен Сиљаноски.

п.с. Запомнете нее срам да сте патриот и да си ја браните татковината, страм е да сте предавник… Ние не сакаме ништо туѓо, сакаме само да си го зачуваме она што е наше! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.