Полициjaта и родители во заедничка paциja низ битолските локали и паркови: Кај едно лице пpoнајдена мapиxyaна (Фото)

На 08.07.2022 во временскиот интервал од 22.00 до 01.00 часот, во рамки на превентивната активност на СВР Битола „Безбедно лето“, патроли составени од полициски службеници од Отсекот за превенција во содејство со Одделението за полиција и криминалистичка полиција и родители, педагошки служби од училиштата и преставници од советот за малолетничко престапништво од Општина Битола извршија обиколка и посета на угостителски објекти, училишни дворови, паркови и друг јавен простор каде има присуство на малолетници во ноќните часови, односно простор кој се користи за ноќна забава на малолетници. Оваа активност е со цел родителите да се запознаат со ризиците на кои се изложени нивните деца при злоупотреба на алкохол, дрога и цигари.

За време на контролата извршени се легитимирање на лица, прегледи кај младата популација, при што едно лице е лишено од слобода, бидејќи при преглед кај него беше пронајдена марихуана. Имено, во Градскиот парк е приведен Н.Х.(22) и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Овие контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се превенираат ризиците од девијантни појави кај младата популација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.