дома блог страница 1545

После 4 години повторно “Палачинкијада” во Прилеп (Фото)

Повторно „Палачинкијада“ во Прилеп. Утре на камената бина во 16:00 часот, крајот на учебната година во Прилеп ќе се одбележи со манифестацијата „Палачинкијада“ која што изминативе години не се одржуваше.

На настанот ќе биде присутен и градоначалникот Борче Јовчески кој на најдобрите ученици од основните училишта ќе им додели пофалници.

Во манифестацијата ќе бидат вклучени сите основни училишта и градинките во градот.

Последната “Палачинкијада” се одража во 2017 година.

Добро утро Македонијо! Ламбе Алабаковски – Песна за Христо Узунов (Видео)

Една прекрасна изведба на човекот кој ја крена цела Македонија на нозе. Ламбе Алабаковски ја пее песната “Моја родина” (Песна за Христо Узунов).

Добро утро Македонијо! Уживајте и имајте убав ден!

Совршено дрон видео: Се наполни “прилепско море”, прилепчани почнаа јака шема – кајаци, чамци, глисери во вештачкото езеро

Прилепското вештачко езеро е целосно наполнето со вода во пресрет на сезоната за наводнување. Но прилепчани се чини дека за прв пат почнаа езерото да го користат и за секаков друг вид на рекреација.

Често во водите на езерото можат да се забележат граѓани кои уживаат во возењето на глисери, веслањето кајак, чамец…

Една необична за прилепчани глетка која пак во иднина би можело да се развива уште повеќе. Една од идеите кои се појавуваат по социјалните мрежи е изградба на платформи на места кои се безбедни и отварање на кафулиња.

Да се надеваме дека ова омилено излетничко место за прилепчани се повеќе ќе расте и ќе се развива, а идеите ќе се редат и реализираат.

“Чувај не’ Боже” е новата песна на прилепчанецот Златко Петрески, а спотот е вистинско совршенство (Видео)

Златко Петрески има нова песна и спот. Најновото музичко дело е насловено како “Чувај не’ Боже” за кое текстот и музиката ги напиша токму Петрески.

Спотот е сниман во еден од најубавите манастири во прилепската околија, Св. Илија во село Дрен, а е дело на Фото студио “ДАНО”.

Прекрасните кадри со целиот раскош на ова свето место одлично се вклопуваат со музиката во песната, што со сигурност ќе и’ се допадне на публиката.

Уживајте во продолжение:

Годишниот концерт на музичкото училиште од Прилеп закажан на 13-ти јуни во понеделник

На 13-ти јуни во понеделник, учениците на ООМУ”Ордан Михајловски-Оцка” Прилеп заедно со своите наставници ќе го одржат традиционалниот Годишен концерт.

Овој концерт ќе биде одлично заокружување на успешната година која ја имаше музичкото училиште, а во програмата ќе земат учество и голем број ученици кои добиваа државни и меѓународни награди изминатите месеци.

Концертот ќе се одржи во Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп, а цената на картите е 100 денари. Картите може да се купат во училиштето.

Како до идеалнo тонирани мускули – Ова е решението (Видео)

Liveup Fit Stick на УСР е идеален реквизит за вежбање за вас доколку барате лесен, евтин и квалитетен производ за тонирање на мускулите.

Искористете ја можноста и нарачајте го по промотивна цена од 1.000денари. Испораката е за 2-3 дена во било кој дел од Македонија.

Во продолжение погледнете како функционира производот:

Tројца Македонци кандидати за советници во Пјаченца, меѓу нив и Стојан Маџов од партијата на Матео Салвини

Три кандидатури од Македонци за советници во Пјаченца ги прават локалните избори на 12 јуни интересни за многубројната македонска заедница во градот од северниот дел на Италија со околу 100 илјади жители – објави “Експрес.мк”

Стојан Маџов, Антони Петров и Гордана Ефремовска ќе „трчаат“ за едно од 32 места во Советот на Пјаченца, која поради големиот број македонски иселеници од Струмица и околината нагалено ја викаат „Струмиченца“.

Маџов е занаетчија, еден од основачите на црковната општина и активен во македонската заедница и во општествениот живот на Пјаченца. Тој е кандидат на партијата Лига на поранешниот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини, кој лично му даде поддршка позирајќи со македонско знаменце со Сонцето од Кутлеш.

Петров е сопственик на фабрика за обработка на железо и исто така еден од основачите на македонската црковна општина во Пјаченца. Ефремовска е дизајнер.

Сите се активисти и членови на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Пјаченца, но сите се на различни листи на овие локални избори.

За него само небото беше граница: Едноминутно видео за сите успеси на Кире Лазаров

Кире Лазаров денеска го официјализираше претходно најавениот крај на кариерата. Од Овче Поле, преку Борец и Пелистер, до Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Барса и Нант – секаде каде што играше Лазаров остави неизбришлива трага.

Лазаров има освоено 56 трофеи во неговата кариера. 18 пати бил национален првак, a националниот Куп го има освојувано дури 19 пати. Со Барса се искачи и на еворпскиот трон.

Македонецот е прв ракометар што станал најдобар стрелец на ЕП и СП. За македонската репрезентација одигра 236 натпревари и постигна 1728 гола. Со Македонија беше дел од 12 големи натпреварувања како играч и на едно како селектор.

Oдлична вест за нашинците во Германија: Во иднина многу полесно од толериран до постојан престој

Странците кои живеат во Германија пет и повеќе години врз основа на таканаречениот „дулдунг“ или толериран престој и кои се добро интегрирани во општеството, во иднина треба да добијат целосно уредено право на престој, најави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер.

Предлог-законот со измени во регулатива треба да биде изготвен пред летните одмори, а во него, според Фезер, ќе има олеснувања за квалификуваната работна сила меѓу имигрантите. Истовремено, со него ќе биде полесно протерувањето на оние кои го изгубиле правото на престој.

Германски „Шпигел“ објавува дека во земјата во моментов има повеќе од сто илјади лица кои пет или повеќе години живеат во Германија токму со толериран престој.

Тие лица немаат регулиран статус на престој, па оттаму не можат да ги остварат сите свои права, поради што се планира да им се олесни патот до виза за престој.

Во потрага по македонската реч, традиција и културa: Наставници од Прилеп на оригинален начин им го пренесуваат знаењето на учениците (Фото)

Сакајќи да остане запаметен меѓу младите генерации, со ученици од ООУ„Блаже Конески“ – Прилеп, вљубеници во добра книга, ние наставниците Горјан Василевски, Вера Искова, Виолета Христоска и Елена Ѓорѓиовска, организиравме т.н. настава во природа и посета на родната куќа и вечното почивалиште на Петре М. Андреевски на ден 27 Мај лето Господово 2022-ро.

Кога се помислува на поезија, на уметност од зборови, на љубов во нејзината најсилна форма, тогаш се помислува на вечниот и незаменлив Петре М. Андреевски, роден во с.Слоештица, Демирхисарско.

Оној кој знае да продре во сечие срце со остар нож премачкан со мелем, оној кој знае да ви ја погали душата со шлаканица, оној кој знае и невозможното заради љубовта кон Дениција да го направи возможно. Оној кој никогаш нема да можете да го избришете од книжевната историја ниту да го претворите во прашинка и да го избришете од полиците од библиотеките.

Секој негов збор, секоја мисла, секој стих е како пиреј и пак ќе никне, оти е врежан во нашето битие и е гордост која не смее да се заборави никогаш. Неговите стихови беа рецитирани на вечното почивалиште, но исто така се начна и историскиот и антрополошкиот момент во романот „Пиреј“.

Исто така ја посетивме и прочуената приватна библиотека АЛ-БИ сместена во недопрената природа во с. Бабино, основана во 1882 година, која содржи импозантени 20 000 наслови, број достоен за почит, кога се има предвид дека станува збор за приватна библиотека. Оваа библиотека е носител и на наградата „Крсте Петков Мисирков“.

Нотесите се полнеа со податоци за создавање на репортажа и патепис, а можеби, поттикнати од настанот и сознанијата што патем ги добија, во учениците успеавме да го посееме семето на творештвото, па од нашите ученици ќе произлезат идни поети, писатели, новинари, библиотекари …, во секој случај сигурни сме дека придонесовме во негувањето на нивната љубов кон македонската реч, традиција и култура.

Овој инспиративниот простор го искористивме за реализирање на творечка работилница. Колку што се впечатливи природата со Бабинска река и камената двокатница – татковина на книгата, патем многу оригинално, секој посетител добива и пасош за влез во татковината на книгата, исто толку впечатлив е сопственикот на оваа библиотека, почитуваниот Стево Степановски.

Од заедничката дружба се родија идеи за идна плодна соработка благодарение на љубезниот домаќин. Ја користиме оваа прилика да се заблагодариме на Стево Степановски за неговиот љубезен пречек.

Подготвила: Вера Искова