дома блог страница 1458

Фатени двајца битолчани кои палеле автомобили

На 15.08.2022 од страна на полициски службеници од Одделението за општ криминал при СВР Битола лишени од слобода се М.М.(36) и Р.К.(26), поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „предизвикување на општа опасност“, по чл.288 од Кривичниот законик.

Имено, во 09.30 часот во СВР Битола И.В. од Битола пријавил дека во временскиот период од 22.00 часот на 14.08.2022 до 07.15 часот на 15.08.2022 на ул.„Македонска фаланга“ во Битола, на две патнички возила „митцубиши“ и „голф“, сопственост на пријавителот била истурена течност, при што било предизвикано нивно оштетување. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите биле идентификувани, а при извршен претрес кај лицата пронајдени се предмети поврзани со извршеното кривично дело.

Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Откако ФБИ му влезе во имотот Трамп пpeдyпpeди: На Америка ќе ѝ се случат лоши работи

Пред една недела агенти на ФБИ ја „чешлаа“ куќата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Фокс“ кажа дека ќе се случат „ужасни работи“ ако не се намали фрустрацијата поврзана со потрагата.

Бившиот претседател кажа дека понудил помош на американското Министерство за правда додека истрагата продолжува „зашто температурата мора да се спушти на земја“.

„Ако не, ќе се случат ужасни работи“, кажа Трамп.

Трамп претходно беше обвинет дека доверливи информации и документи му давал на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, но засега нема потврда за такво нешто.

Ни доаѓа вистински “пекол”: Oд утре температури до 40 степени во Македонија

По лошото време во последните денови повторно доаѓа период на стабилизирање.

Од среда следува период на сончево и топло време со пораст на температурите на воздухот.

Особено топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени и над просекот за овој период од годината ќе биде во четврток и петок.

Споменот за Нешкоски трае: Ракометни ентузијасти и годинава по седми пат го организираат меморијалниот турнир “Миле Нешкоски”

Во знак на сеќавање на нашиот сограѓанин и спортски работник Миле Нешкоски оваа година по седми пат се организира традиционалниот меморијален меѓународен турнир во негова чест. Турнирот ќе трае од 26-28 август, а новина оваа година е што на турнирот ќе учествуваат две странски екипи, односно Дубочица од Лесковац, Србија и РК Паок од Солун, Грција.

“Учесници се екипите на РК Прилеп, РК Паок, РК Струга, РК Дубочица, РК Скопје и РК Мулти Есенс. На 26.08. во петок од 16:30ч. имаме положување на цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски пред Универзалната сала и свечено отварање на турнирот. После тоа во 18ч. го имаме првиот натпревар помеѓу екипите на домаќинот РК Прилеп и РК Паок. Во 20ч. играат РК Дубочица и РК Мулти Есенс. Во саботата натпреварите почнуваат во 10ч. и првиот натпревар го играат РК Паок и РК Струга. Во 12ч. играат РК Дубочица и РК Скопје, во 18ч. играат РК Прилеп и РК Струга,  додека во 20ч. се РК Скопје и РК Мулти Есенс. После одигрувањето на натпреварите во група, во недела се игра разигрување за место, во 9ч. се игра за 5 место, во 11 се игра за 3 место, а во 12ч. е финалниот натпревар. Во 14:30ч. имаме свечено доделување на награди и затворање на турнирот”, истакна Рубинчо Седлоски, член на организациониот одбор на турнирот.

(Видео) Xaoc на седницата на Советот во општина Битола: Паднаа пцовски и клетви кон советниците

Советот на општина Битола денеска ја одржува 16-те седница. Пред почетокот на седницата имаше протест на пазарџии од пазарот во Нова Битола, пред зградата на општина Битола.

Во еден момент пазарџиите влегоја во салата каде се одржуваше седницата и со клетви им се нафрлија на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Поинаку и ДОМ за време на седницата на Советот во Битола, откако гласаа воздржано по предложената точка од Левица пазарџиите да се вратат да продаваат на паркингтот зад новиот пазар.

Општина Битола, по денешната реакција на пазарџиите со закупени тезги во Новиот реонски пазар, кои побараа промена на одлуката со цел да се вратат на претходната локација на паркинг просторот и таму да ги продаваат производите, ги известува пазарџиите и граѓаните дека во Новиот пазар веќе се преземени сите мерки за подобрување на условите и надминување на пречките за закуп на тезги.

Во соопштението на општината се вели дека на 26 април Управниот одбор на ЈП Пазари донесе одлука со која што се укинува претходната одлука донесена од 2014 година и се носи одлука идентична со претходната, само се укинува продажбата на производи на паркингот од камион.

На 29 април на седница на Совет истата одлука беше едногласно усвоена од страна на сите советници, со одредени забелешки, кои ЈП Пазари требаше да ги отстрани.

Едно од барањата беше реорганизација на тезгите, која е комплетно завршена, според форма која е најфункционална и за пазарџиите и за купувачите. Нефункционалноста и нехигиената во тоалетите е отстранетa како забелешка, а се направи и соодветно обезбедување на влезови и излези на пазарот за слободен дотур на храна, со што сите забелешки се отстранети, а дополнително се набавени колички за дотур на стока.

Ваквиот потег на ЈП Пазари, следуваше по големиот број на реакции од страна на граѓаните кои што живеат во околината на пазарот, реакциите од страна на дуќанџиите кои што имаат дуќани во пазарот и од страна на закупците во пазарот, пред сѐ на нехигиената која што беше составен дел од продажбата на паркинг просторот, без никакви хигиенско-технички услови за продажба на храна.

ЈП Пазари континуирано работи на подобрување на условите за продавачите, така што се обезбеден, стои во соопштението на Општина Битола.

Мицкоски: Ако еден пратеник на опозицијата гласа за промена на Уставот си заминувам од политика засекогаш

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веднаш по враќањето од одморот во Крашиќи, Црна Гора во изјава за медиумите истакна дека доколку макар еден пратеник од опозијата гласа за пормена на Уставот и влез на Бугарите во истиот тој ќе си замине од политика.

-Првиот браник е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјавите имало пратеници, од раководството итн. Нема такви. Еве јас тука сакам да ја затворам таа тема по цена на мојата професионална и политичка кариера, такви луѓе нема. Јас гарантирам. Ако гласа некој за промена на Уставот, ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката. Никогаш повеќе нема да се занимавам со политиката ако јас додека сум претседател под овие улови биде променет Уставот, вели Мицкоски.

Според првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби кај опозицијата има луѓе кои сакаат да се продолжи со евроинтеграцијата на земјата и да ги поддржат уставните измени во параламентот. Темата за референдумот, рече тој во одговор на новинарско прашање поврзано со најавите на опозицијата за референдумско изјаснување, ја туркаат политичари кои се обидуваат да го продложат опстојувањето во политиката.

– Мојот личен став и ставот на Владата е дека нема алтернатива за европска Македонија. И затоа придонес треба да дадат сите, бидејќи апсолутно сите граѓани, сите заедници, сакаат да ја видат нашата држава како членка на Европската унија. На ист начин, како што бевме заедно кога ја зачленуваме земјата во НАТО. Па така, треба да разговараме со пратениците од опозицијата кои ќе гласаат за уставните измени, а такви ги има. За ова треба да се разговара, а не за дневно политички теми како што е референдумот, кои им служат на одредени политички актери за одржување во живот – напомена Груби во одговорот на новинарско прашање по завршувањето на Школата за млади лидери во Леуново.

Младите македонски голмани направија растур на шампионатот во Рига, Летонија – Тренерот од Прилеп, Соколески горд на своите ученици

Работата на прилепскиот тренер Ице Соколески со голманите на македонските машки ракометни репрезентации, уште еднаш се покажа на дело.

Младите голами Иван Галевски и Давид Брестовац со нивниот извонреден ефект на младинскиот шампионат во Рига Летонија докажаа дека од нив можат да се очекуваат големи работи во иднина.

Нашите голмани имаа најмногу одбрани од сите чувари на мрежите, остварувајќи ефект од 77 одбрани од 179 удари кон нивниот гол, или 43% успешност.

Соколески не беше во Рига, но се виде неговата работа за време на подготовките.

Следен предизвик за кадетите ќе биде настапот на Мундијалот во Хрватска следното лето, додека во 2024 година ќе играат на ЕП.

Толку од намалувањето: Од полноќ поскапување на цените на гopивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,58% во однос на одлуката од 11.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,140%, кај дизелот зголемување во просек за 2,090%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,044% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,868.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит,

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит,
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Од 16.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95​-​ ​88,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98​-​ ​91,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​-​ ​90,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​-​86,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС ​-​ ​​​​​​​​52,814 (денари/килограм)

(Видео) Застрашувачка глетка на Халкидики: Паника кај посетителите во познатото туристичко место

Застрашувачка глетка ги вознемири капачите на плажа на Халкидики!

Туристите кои се одмараа на плажата Паљури на југот на Касандра беа вознемирени од огромното торнадо кое одеднаш се формираше недалеку од брегот.

– Чест и познат временски феномен. Тоа се случува речиси секоја година, само што сега е малку поголемо. Опасност за чадорите. Нема врска со еколошка хистерија – додаде еден корисник.

Се продадовме на рати? Цар Самоил владеел со бугарското царство, но со центар во денешна Македонија

Објавени се препораки кои Комисијата ги усвои во текот на својата работа во последните 4 години. Тоа се препораки кои се однесуваат и на македонските и на бугарските учебници. Има вкупно 5 препораки од македонска страна за бугарските учебници за 5-ти клас основно образование и исто толку препораки од бугарска страна за македонските учебници за 6-то одделение. Тоа се учебници кои го третираат античкиот период, а исто така објавени се и препораките за заедничко чествување на историски личности, пренесува Инфомакс.

Вака првиот човек на Комисијата за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев, ја започна денешната прес-конференција која следуваше веднаш по брифингот со новинарите.

– Објавени се препораки за заедничкото чествување на Светите Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и Цар Самоил. Тоа се текстови за заедничко чествување кои се идентични и со кои ние препорачуваме до двете влади на одредени годишници да се чествуваат заедно овие личности. Во однос на учебниците, усвоени се по 5 препораки. Нашата страна сметаше дека треба да има подорување во бугарските учебници за одредени теми, а истото го направи и бугарската страна. Овие препораки одат до Владата, која треба да ги усвои – рече Ѓоргиев.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.