дома блог страница 1459

Бугарско знаме на споменикот од Гоце Делчев во Градски парк во Скопје (Фото)

„Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува на фејсбук страницата на бугарската фондација. Активисти на таканаречената фондација „Македонија“ поставија бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Покрај овој споменик, тие најавија дека од денеска до 21 август ќе имаат нови активности во Македонија, меѓу другото и да „исчистат неколку споменици“.

Претседателот на фондацијата Виктор Стојанов на 11 август за бугарските медиуми даде изјава дека му бил забранет влезот во Македонија кога со „членови на фондацијата се спремале да исчистат споменик кој општината не го одржува соодветно“.

Стојанов на својот фејсбук-профил редовно информира за активностите на фондацијата на територијата на Македонија. Тој сега повикува и други лица да му се приклучат затоа што деновиве планира и нови акции кои ќе ја шират нивната кауза.

„Фондацијата Македонија бара доброволци кои можат да патуваат во Македонија од 15 до 18 август. За 19, 20 и 21 август планираме неколку иницијативи и неколку наши групи ќе патуваат во Македонија“. „Ех, Скопје, Скопје. Уште ништо не си видел“. Ова се дел од пораките на фејсбук страницата на Фондација Македонија.

Оваа фондација пред неколку месеци се пофали дека низ Скопје залепи 10.000 налепниците на кои пишувало дека сме биле еден народ со Бугарите.

Внимавајте како возите, полициjaта пpaви пapтал: Само во еден ден казнети 801 возач за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (14.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 801 возач.

Од нив 69 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 494 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 307 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Проблеми и за родителите и за децата: Учебниците ќе доцнат на стартот од школската година?

Наставните програми се готови, но учебниците ќе доцнат во првите месеци од учебната година.

-На анонимниот конкурс дел од ракописите се избрани, но има и такви кои се со забелешки од рецензентските комисии и треба да претрпат одредени измени/дополнувања. Откако авторот/авторите ќе ги имплементираат, повторно ракописот со измените се враќа кај рецензентите заради констатирање на измената. Така што, при евентуално пролонгирање на постапките и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето преку подготвени соодветни материјали, додека не ги добијат новите учебници, велат од Министерството за образование.

Во меѓувреме, во тек е и постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците, а на 12 август беа отворени пристигнатите понуди.

Од ВМРО-ДПМНЕ го потсетуваат министерот за образование Јетон Шаќири на законската обврска учениците на 1 септември да добијат учебници.

Основците и средношколците во земјава годинава се враќаат на училиште од 1 септември, иако имаше идеја учебната година да стартува 10 дена подоцна, односно на 12-ти септември, потврди за Мета.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој најавува дека оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во тој случај ќе трае до 20 јуни.

-За оваа идеја дискутиравме заради тоа што, во некои од нашите земји во регионот како на пример Албанија, Хрватска, учебната година не започнува на 1 септември како кај нас, туку подоцна. Јас би сакал да се помести стартот, размислувам за тоа, иако треба да видиме како ќе се усогласиме со СОНК, синдикатите, како и останатите институции кои се врзани со датуми, на пример, Државниот испитен центар кој е врзан со рокови заради мноштво полагања, меѓу кои и полагањето државна матура. Инаку сметам дека идејата за пролонгирање на учебната година е добра – вели Шаќири.

Денеска нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.

Согласно последната одлука на РКЕ, цените на бензините и екстра лесното масло за домаќинство се намалија за два денари.

Цените на дизел горивото и мазутот останаа непроменети.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 88,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,786 (денари/килограм)

Избегната тепачка: Конте и Тухел за малку ќе се разменеа yдapи по натпреварт Челси-Тотенхем (Видео)

Тренерите на Челзи и Тотенхем, Антонио Конте и Томас Тухел за малку ќе се степаа на натпреварот од 2. коло на Премиер лигата.

Првиот судир меѓу тренерите дојде откако играчот од средниот ред на Тотенхем Спарс, Емил Хојбјерг го израмни резултататот на 1:1. Конте притрча блиску до Тухел и почна да слави, по што Германецот го оттурна Италијанецот. Двајцата тренери добија опомена од судијата.

Вториот конфликт се случи по натпреварот. Ракувањето на тренерот заврши така што Тухел не му ја пушти раката на Конте, туку почна да ја извртува, покажувајќи му на колегата да гледа во очи.

Откако тренерите уште еднаш се пресметаа, мораше да ги раздели стручниот штаб и играчите на двата тима.

Напуштајќи го теренот, Конте се скара со капитенот на „сините“ Цезар Аспиликуета. Подоцна, главниот судија на натпреварот Ентони Тејлор ги исклучи двајцата тренери.

Натпреварот заврши нерешено – 2:2.

(Видео) На Плетвар се вози на англиски начин?

Револт кај патниците кои патуваат кон Прилеп, бидејќи сообраќајот не е добро регулиран. Поставени се семафори на две места кои ретко кој ги почитува, со што се прави животозагрозувачка ситуација.

Дали тајмерот не е усогласен на двете ленти, или пак возачите кои слегуваат по Плетвар поминуваат на црвено, тоа треба да го утврди сообраќајната полиција…

(Видео) Куриозитет, стадионот “Гоце Делчев” остана без линии среде утакмица

Комична ситуација се случи денеска на натпреварот од второто коло во Првата лига помеѓу Победа и Тиквеш, на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, кога дождот во второто полувреме ги избриша линиите на теренот, па натпреварот мораше да биде прекинат за одново да се обележат.

Победа за жал одново загуби. Кавадарчани со погодок во првото полувреме стигнаа до драгоцени три бода, што сигурно ќе им значат многу во борбата да останат во најелитното фудбалско друштво.

Пожap во хала за откуп на земјоделски производи помеѓу селата Крушеани и Обршани

Вчера вечерта околу 20:15ч. избyвнал пожap во хала за откуп на земјоделски производи на патот помеѓу селата Крушеани и Обршани.

Од ТППЕ Прилеп испратено е 1ПП возило со 3 пожарникари и 1ПП возило и 3 пожарникари од ТППЕ Кривогаштани.

Пожapoт за брзо време бил ставен под контрола и било спречено негово ширење.

Полни раце работа за полициjaта и инспекторите синоќа во Прилеп: Фатена дpoга, непријавени работници, неиздавање фискални и пиjaни возачи

Вчеравечер (13/14.08 2022), согласно планот „Безбедно лето 2022“ од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за униформирана полиција, СВР Битола-ОВР Прилеп во содејство со Управата за јавни приходи, Државниот трудов инспекторат и Државниот пазарен инспекторат беше извршена акциска контрола на подрачјето на Прилеп, со која беа опфатени повеќе угостителски објекти.

При контролите од слобода се лишени М.Г.(18) и И.М.Т.(28), бидејќи при преглед кај М.Г. била пронајдена и одземена марихуана, а кај И.М.Т. прашкаста материја.

Во угостителскиот објект на ул. „Орде Тутески“ во Прилеп во 00.40 часот биле затекнати и приведени двајца малолетници од Прилеп, кои биле предадени на родителите против кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во угостителските објекти констатирани се и низа неправилности од страна на инспекторатите: неиздавање фискални сметки, непријавени работници, немање дозвола за работа на тераси во објектите и друго, за што ќе бидат изречени глоби.

Во текот на изминатата вечер беше спроведена и акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се шест возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, шест за возење без возачка дозвола, еден за измината важност на возачката дозвола и еден за возење без дозвола.

При контролата констатирани се и четири останати прекршоци, а на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Карчески асистира и Победа губи на полувреме

После 12 години Победа денеска игра прволигашки фудбал на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп.

Гостува лутиот ривал од Кавадарци, екипата на Тиквеш, која со погодок во 45-та минута поведе со 0:1 на полуврмето.

Асистент за погодокот беше Даниел Карчески, прилепчанецот кој минатата година играше во редовите на ФК Победа.

Прилепчани имаат силна поддршка од трибините и сите очекуваат позитивен резултат од денешниот натпревар.