дома блог страница 1457

И магнетчиња за на фрижидер донеси од Париз

Јас идниот месец одам во Париз каде со францускиот колега ќе потпишам договор за купување систем за ПВО одбрана – истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска во “Тема на денот” во дневникот на Сител ТВ.

Тенковите кои се дел од трите одлуки за донација на воена помош и вооружување за Украина се транспортирани и со нивната донација не се нарушува борбената готовност на нашата Армија, информира вечерва министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Таа, во Тема на денот на ТВ „Сител“, изјави дека Министерството досега од почетокот на агресијата врз Украина донесе три политички одлуки во Владата што се уште се класифицирани заради безбедносни прашања, меѓутоа многу скоро, на предлог на министерката ќе бидат декласифицирани и во соодветна форма ќе и биде соопштено на јавноста што точно е тоа што сме го донирале.

Петровска рече дека се работи за трета генерација неперспективна опрема, која за кусо време ќе требаше да биде предмет на уништување.

Појаснувајќи зошто се класифицирани, Петровска рече дека на почетокот сите земји кои донираа објавуваа транспарентно, но потоа следувала замолница тоа да не биде толку транспарентно поради безбедносни причини.

– Кога ќе ја донесете одлуката и кога ќе ја дадете содржината што се донирате потоа следи процесот на транспорт на таа опрема. И тоа се разбира може во вакви околности да претставува и безбедносен ризик. Тоа е единствената причина заради која што сметавме дека во тој момент, рече Петровска.

Министерката појаснувајќи зошто донацијата не влијае на нашата Армија, нагласи дека во процесот на пристапување на нашата држава во НАТО правени се многубројни планови во однос на тоа каква ќе биде структурата на нашата Армија, но и за тоа што значи борбена готовност на нашата Армија и каков вид на вооружување ние треба да поседуваме.

Во тие планови, како што додаде, е предвидено точно кои капацитети ние ќе ги развиваме и во таа насока се направени и сите останати планови за модернизација на Армијата, но и долгорочниот план за развој на одбранбените способности.

– Не треба да заборавиме дека откако сме земја членка на НАТО нашата безбедност ја делиме заедно со останатите земји членки и ние сме дел од колективниот систем на безбедност, заклучи Петровска.

Одговарајќи на прашање, Петровска најави дека ќе се набавуваат нови хеликоптери со западна патформа кои се мултифукционални и тоа е на линија на плановите за развој на одбранбените способности и капацитети на нашата Армија. Дополни дека освен оние шест оклопни возила кои беа испорачани во земјава, очекуваат испорака на уште 27 такви возила.

– Во поглед на набавката на сисемот за противвоздушна одбрана, договорот е веќе финализиран, јас на почетокот на септември ќе одам во Париз на еднодневна посета и каде заедно со министерот за одбрана на Франција ќе го потпишеме овој договор. Останатите договори се во понапредна фаза, рече Петровска.

Комедија, Владата до граѓаните: Туширајте се со малку вода, користете скали наместо лифт, загревајте се на сонце…

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции.

Мерките се однесуваат на домаќинставата, компаниите и државните институции, а ќе се применуваат од 1 септември 2022 до 31 март 2023 година.

МИА ги објавува во целост донесените препораки на Владата за заштеда на електрична енергија до 15 отсто.

Препораки за домаќинставата

-​Користете го бојлерот за подготовка на топла вода само кога таа ви е потребна и тоа по можност во ниска тарифа на електрична енергија (евтина струја), без притоа да се наруши квалитетот на живеење. Не го поставувајте термостатот на бојлерот за топла вода до максимум. Колку е температурата на водата повисока, толку е и топлинската загуба кон околината повисока.

-​Избегнувајте позиционирање (вклучување) на ладилникот на (нај)ниски ​температури.

-​Користете ги разумно грејните тела во вашиот дом.

-​Во текот на денот користете го што е можно повеќе сонцето за осветлување како и за загревање на просторот во грејната сезона, додека во текот на ноќта во грејна сезона спуштајте ги ролетните и завесите.

– Во текот на денот во летна сезона спуштајте ги ролетните и завесите.

-​Не ги блокирајте и не ги покривајте грејните тела со мебел или завеси. Ако грејното тело е покриено, тогаш тоа помалку емитира топлина и помалку ја затоплува просторијата.

-​Користете ја машината за миење садови секогаш полна на ниска тарифа на електрична енергија.

-​Машината за перење алишта користете ја секогаш кога е полна и во време на ниска тарифа на електрична енергија.

-​Исклучувајте ги светилките во просториите во период кога подолго време ​не престојувате во нив.

-​Исклучувајте го компјутерот по завршувањето на работата со него.

-​Исклучувајте ги полначите за батерии од приклучниците (лап-топ, мобилни телефони).

-​Гответе во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата

– Заменете ги старите сијалици (со вжарено влакно) со компактни флуoресцентни сијалици или други соодветни со ознака за повисока класа на енергетска ефикасност.

-​Редовно менувајте ги филтрите на уредите за греење и на клима уредите во вашиот дом.

-​Користете енергетски ефикасни (CFL, LED) сијалици.

-​Поставете туш со малo протекување на вода во вашите купатила.

-​Изолирајте го таванот во вашиот дом и подобрете ја изолацијата на надворешните ѕидови.

-​Изолирајте ги добро прозорците и надворешната врата во вашиот дом или заменете ги со нови кои имаат подобри карактеристики во однос на пренос на топлина (низок коефициент на топлопроводливост).

-​Намалете го навлегувањето на надворешниот воздух во објектот (процепи, пукнатини итн).

-При купувањето на нов производ преферирајте тој да биде со највисока класа на енергетска ефикасност (A+++, A++, А+, А). Уредот со повисока класа на енергетска ефикасност троши многу помалку енергија, а со тоа и пари во однос на уред кој што е означен со пониска класа на енергетска ефикасност.

– ​Исклучете го декоративното осветлување на фасадите на приватните објекти.

– ​Не користете осветлување на внатрешните простории кога има доволно дневна светлина.

-​Во сезона на ладење подесете ја температуратата на климатизерите не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени.

– ​Доколку е возможно инсталирајте колекторски системи за загревање на вода.

– Користете скали наместо лифт доколку е соодветно за да се намали потрошувачката на енергија,

– Користете го клима уредот кога навистина е потребен и температурата прилагодете ја на разумно ниво.

– Кратко и интензивно проветрувајте ги просториите

-Доколку имате финансиски средства на располагање, подобрете ја енергетската ефикасност преку промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирајте во фотоволтаични системи.

– Полнење на батериите на електричните тротинети во ниска тарифа на електрична енергија (евтина струја).

2. ​Препораки за бизнис заедницата

– Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите објекти

– ​Да не се користи осветлување во внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога има доволно дневна светлина.

– ​Греење и ладење: во пр оизводните објекти, хали и канцеларии во сезона на ладење температурата на климатизерите да се подесува не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени

– Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата со него.

– Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици.

– Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории.

– При градба на нови градежни објекти или реконструкција на стари да се инсталира топлинска пумпа како високоефикасен систем за греење, ладење па дури и за подготовка на топла вода.

-Доколку компанијата има потреба од санитарна топла вода, да се инсталираат сончеви колектори за подготовка на санитарна топла вода.

– Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот.

– Да се инсталираат интелигентни системи за управување во електромоторните погони.

– Да се применуваат нови технологии во подобрување на енергетските перформанси на индустриските постројки.

– Да се инсталира систем за управување со енергија во деловниот објект, како и во самиот технолошки процес.

Задолженија за јавните институции (Министерства, Агенции, органи на државна управа) и државни претпријатија

3.1 Задолженија за раководните лица во јавните институции и државните претпријатија

Заради настанатите состојби поврзани со енормниот пораст на цената на електричната енергија на регионалните пазари и недостатокот на сопствено производство на електрична енергија потребно е во периодот од 1 септември 2022 година до 31 март 2023 година, сите раководни лица на јавните институции на централно ниво а превземат соодветни мерки за да се намали потрошувачката на електрична и топлниска енергија за 15% споредено о истиот период од 2021/2022 година. За да може да се спроведе штедењето потребно е сите раководни лица во јавните институции да ги превземат сите неопходни мерки за организирање на процесот на работа во соодветни услови со примена на задолжителните мерки и тоа:

– Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици

– Да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина

– Во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени

– Јавните институции, во рамките на буџетите, да инсталираат колекторски системи за загревање на вода, доколку тоа е разумно и исплатливо.

– Јавните институции да целосно да го исклучат осветлувањето во излозите во период после работно време.

– Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици.

– Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории.

– Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот.

– Да се инсталираат интелигентни системи за управување со потрошувачката на енерегија.

– доколку има финансиски средства на располагање да се размисли да се инвестираат во подобрување на енергетската ефикасност во смисла промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирање во фотоволтаични системи.

– Се задолжуваат сите институции на централно ниво од редот на своите вработени да опоределат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија, согласно наведените препораки, применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено после завршување на работното време, со цел намалување на потрошувачката за 15 % споредено со истиот месец од минатата година.

– Се задолжуваат јавните институции, Министерствата, Агенциите,државните претпријатија и сите други органи на државна управа на централно ниво, кои повеќе од 90 дена се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот со електрична енергија во краен случај, во најкус можен рок да извршат избор на снабдувач со електрична енергија на отворениот пазар.

3.2 Однесување на вработените во јавните институции и државните претпријатија

– Користење на скали наместо лифт, доколку е соодветно, за да се намали потрошувачката на енергија,

– Кратко и интензивно проветрување на просториите – во зима проветрување пред да се напушти канцеларијата, а во лето рано наутро кога воздухот надвор е свеж.

– Исклучување на светилките кога се напушта просторијата или може да се користи дневна светлина.

– Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што е неопходно.

– Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата.

4. Препораки за општините и градот Скопје

4.1 Препораки за раководните лица во општините и градот Скопје и јавните претпријатија на општинско ниво

– Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици

– Да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина

– Во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени

– Општините и градот Скопје, во рамките на буџетите, да инсталираат колекторски системи за загревање на вода, доколку тоа е разумно и исплатливо.

– Општините и градот Скопје целосно да го исклучат осветлувањето во излозите во период после работно време.

– Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици.

– Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории.

– Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот.

– Да се инсталираат интелигентни системи за управување со потрошувачката на енерегија.

– Доколку има финансиски средства на располагање да се размисли да се инвестираат во подобрување на енергетската ефикасност во смисла промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирање во фотоволтаични системи.

– Од редот на своите вработени да опоределат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија, согласно наведените препораки, применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено после завршување на работното време, со цел намалување на потрошувачката за 15 % споредено со истиот месец од минатата година.

4.2 Препораки за однесување на вработените во општините и градот Скопје и јавните претпријатија на општинско ниво

– Користење на скали наместо лифт, доколку е соодветно, за да се намали потрошувачката на енергија,

– Кратко и интензивно проветрување на просториите – во зима проветрување пред да се напушти канцеларијата, а во лето рано наутро кога воздухот надвор е свеж.

– Исклучување на светилките кога се напушта просторијата или може да се користи дневна светлина.

– Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што е неопходно.

– Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата.

4.3 Препораки за јавното осветлување во општините и градот Скопје

Општините и градот Скопје да направат распоред, така што на половина од улиците и булеварите го исклучуваат јавното осветлување, наизменично, преку еден ден; или

5. Препорака за ЈП Патишта

Се препорачува на ЈП Патишта веднаш да отпочне со намалување на осветлувањето поставено на државните патишта до минимален сигурносен обем на осветлување на улици, плоштади и други објекти во земјава која ги опфаќа државните патишта.

Xaoc во Неготино: Heвpeме кopнеше кpoвови, уништени автомобили (Видео)

Големо невреме го зафати Неготино денеска од 16.00 до 16.30 часот. Пожарникарите се веќе на терен и интервенираат.

Граѓаните почнале да ги пријавуваат штетите, а на социјалните мрежи веќе се појавија првите снимки од хаосот во градот после големото невреме.

На истите може да се забележат турнати кровови и големи материјални штети. Жителите бараат помош на ул.”Пиринска”, напоменувајќи дека штетите биле огромни.

Општина Битола започна да ги отстранува дивите гаражи – 85% од граѓаните гледаат позитивно на оваа одлука

Општина Битола ги носи своите програми за работа во согласност со потребите на жителите на општината, кои доаѓаат како резултат на нивни барања, општински анализи од страна на стручни лица во општинските одделенија и приоритети посочени од месните заедници. Една од применуваните алатки при донесувањето на клучни одлуки е испитувањето на јавното мислење, спроведено по пат на анкети – велат во денешното соопштение од општина Битола.

По направеното испитување на јавното мислење, во однос на дивите гаражи во градот, на прашањето дали Ви пречат дивите гаражи, 85 % од анкетираните се изјасниле со да, а 15 % со не. Граѓаните беа запрашани и дали просторот од дивите гаражи треба да биде уреден за паркирање, на што 75 % се изјасниле со да, а 25 % со не.

По сондирањето на јавното мислење, во мај оваа година, беше донесена Одлука на Совет за изведување на градежни работи за рушење на постоечки објекти, со која просторот зад зградата кај поранешен ЈАТ од околу 1500 метри ќе биде преуреден.

По донесувањето на одлуката, општинскиот инспекторат ги презеде потребните мерки и ги извести станарите за постапките кои ќе следуваат, со што се завршени потребните законски процедури за почеток на отстранувањето на гаражите зад зградата кај поранешен ЈАТ.

Општина Битола, заедно со ЈП за паркирање, на оваа локација ќе понудат соодветно прифатливо решение за станарите, кои ќе можат да ги паркираат своите возила, но на уреден урбан простор, каков што доликува на централното градско подрачје.

Интересите на граѓаните треба да бидат земени во предвид, но тоа мора да бидат интереси и на останатите жители во насока на правилен развој на градот, а не само на мал број привилегирани лица кои гравитираат околу посочената локација.

Рускоска е суспендирана! Кој и зошто го направил ова?

Шефицата на обвинителстовото за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија. Русковска е суспендирана откако против неа, како и обвинителките Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева, беше покрената дисциплинска постапка, поради претресот во финансиската полиција.

„Да времено сум отстранета од работно место“, потврдува таа за ТВ21.

Суспензијата на Русковска доаѓа откако државниот обвинител Љубомир Јовески наложи ревизија на предметот која таа го водеше против шефот на Финансиската полиција Арафат Муареми за рекетирање бизнисмени.

Со суспензијата Русковска нема да може да го продолжи предметот против функционерот на СДСМ.

Фатени двајца битолчани кои yкpaле чанта со пapи и картички од возило, па трошеле и од картичките

Денеска (16.08.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола, лишени се од слобода М.Б.(27) и Н.П.(34), постапувајќи по пријава од 02.30 часот од страна на 46-годишен државјанин на БиХ, со привремен престој во Битола, според која на 15.08.2022 околу 21.30 часот од неговото возило му била одземена машка чанта со пари, документи, банкарски картички, од кои во неколку наврати биле повлечени пари, со што му била предизвикана материјална штета во висина од 30.000 денари.

Лицата се приведени во полициска станица, кај нив се најдени одземените предмети и вратени на пријавителот, а во координација со Јавен обвинител на лицата ќе им биде поднесен поднесок во врска со член 235 и 251 од Кривичниот законик.

Македонија воведува мерки за штедење на cтpyja, еве што опфаќаат

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции.

Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, мерките ќе стапат во сила од 1 септември годинава, а ќе важат до 31 март 2023 година.

-Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите, истакна Бектеши.

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се принтаат само потребните материјали, да се заменат прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од препораките за државните институции.

Детали за мерките на прес-конференцијата во Владата се очекува да соопшти и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Математиката на министерот Алити: Во државните институции ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци

Според методологијата која си ја усогласил министерот за информатичко општество и администрација (МИОА) Адмирим Алити, отсега во државните институции ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци.

Иако според бројките од последниот попис, Албанците се 24,3 отсто од резидентното население. До бројката од 31,54 отсто министерот си дошол додавајќи ги во пресметката бројките од нерезидентното население од последниот попис и плус си додал уште два отсто од 7-те отсто административно попишани. Алити е министер од јануари годинава, кога неговата партија Алтернатива влезе во владејачката коалиција.

Ваквата пресметка е спротивна на Законот за вработените во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението на територијата на Републиката Македонија.

„Во институциите на јавниот сектор кои се основани од страна на централната власт а кои дејноста, односно надлежноста ја вршат на централно ниво и/или преку подрачните единици или други организациски единици на локално ниво, како основ за распределба на бројот на планираните нови вработувања по припадност на заедница, се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Македонија за територијата на цела Република Македонија“, гласи став 4 од членот 20-а на законот.

Затоа помалку шетање

Рече еднаш еден мудрец….

ж

Затоа деца, помалку шетање, а повеќе учење!

Внимавајте: Водата од овие чешми во прилепско не е за пиење

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Веселчани – јавна чешма сред село – водоводна мрежа, л.в.с Алинци – Петрески Киро – водоводна мрежа, л.в.с. Воково – Мијаноски М. – водоводна мрежа, село Прилепец јавна чешма – водоводна мрежа, с. Волково – крајпатна чешма Св.Спас – водоводна мрежа, Плетвар – крајпатна чешма Че – водоводна мрежа, локален водоснабдителен систем Ореовец – јавна чешма сред село – водоводна мрежа и л.в.с. Плетвар – јавна чешма – водоводна мрежа не одговара за употреба.

Исто така Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Загорани – јавна чешма сред село – водоводна мрежа и л.в.с. Лагово – Петрески Тоде – водоводна мрежа одговара за употреба.