дома блог страница 1453

Силно невреме го зафати регионот: Силен ветер, грмотевици и град со големина на орев

Обилните врнежи, грмотевици и град со големина на орев оштетија домови, автомобили и патишта низ цела Србија, додека молњите предизвикаа шумски пожари.

Во Србија пристигна долгоочекуваното заладување, но невремето пропратено со силни ветрови, обилни врнежи, град и удари од гром вчера предизвика хаос во целата земја. Метеоролозите најавуваат дека следните пет дена ќе биде нестабилно време, со врнежи од дожд, град, грмежи и засилен ветер.

Имено, жителите на северна и централна Србија вчера беа сведоци на катастрофални сцени од невреме, кои ретко се гледаат, а на социјалните мрежи споделија речиси апокалиптични слики и видеа.

Победа го скрши малерот и даде гол, ама прими четири

Со натпреварот Македонија Ѓорче Петров и Победа започна третото коло во Првата македонска фудбалска лига.

После поразите од Струга и Тиквеш во првите две кола, фудбалските вљубеници во Прилеп очекуваа повеќе од Победа на денешниот дуел во Ѓорче Петров.

Меѓутоа, црвено-белите го забележаа и третиот пораз на гостувањето кај популарните “лавови” со 4:1.

Ѓорчепетровци поведоа со 1:0 со погодокот на Емини уште во 6-та минута, а Победа израмни преку Мазари во 17-та.

И кога се чинеше дека црвено-белите се најмалку рамноправен противник, следуваа нови два погодоци во мрежата на Тофилоски. Најпрво во 34-та минута стрелаше прецизно Стојковски, а четири минути подоца втор погодок постигна Емини.

Во вториот дел победашите немаа сили да се вратат во натпреварот, па примија уште еден гол во 79-та минута, кога прецизен беше Колумбиецот Мена Перез.

Победа и во наредните две кола гостува во Скопје, прво кај Шкупи, а потоа кај Скопје.

Невреме го зафати Прилеп: Откронат кров од зграда на улица “Димо Наредникот” (Фото)

Краткотрајно невреме проследено со силен ветер, пороен дожд и грмежи попладнево го зафати Прилеп, при што наместа предизвика штети.

Граѓани сведочат дека невремето откорнало дел од кров од зграда на ул. “Димо Наредникот”, при што оштетени биле и неколку канделабри.

Од УХМР најавуваат врнежите од дожд да продолжат и во текот на вечерните часови.

САД ќе ги хранат гладните во светот: Ќе купеле 160.000 тони жито од Украина

САД во следните недели ќе купат 160.000 тони жито од Украина за гладните во светот, изјави извршниот директор на Светската програма на ОН за храна, Дејвид Бизли.

Тој додаде дека таа пратка е една од неколкуте што Агенцијата на ОН ги планира и е шестпати поголема од првата пратка украинско жито организирана од ОН од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Бисли истакна дека ОН проценуваат дека 22 милиони луѓе во светот гладуваат и дека ситуацијата е особено тешка во Рогот на Африка.

Брод со околу 25.000 тони жито од Украина е на пат кон Африка и се очекува да пристигне во Џибути на крајот на август, од каде житото ќе биде транспортирано по копно до северна Етиопија.

Светската програма за храна на ОН минатата година купи од Украина половина од житото потребно за да нахрани 130 милиони гладни луѓе во светот.

Сите пpaтеници ќе бидат тecтиpaни на дpoга

Чилеанските пратеници во следните неколку дена по случаен избор ќе бидат тестирани на дрога.

Тестирањето ќе се спроведе откако минатиот месец беше усвоен предлогот тоа да биде задолжително, и покрај критиките од некои парламентарци.
Чилеанските пратеници во следните неколку дена по случаен избор ќе бидат тестирани на дрога.

Тестирањето ќе се спроведе откако минатиот месец беше усвоен предлогот тоа да биде задолжително, и покрај критиките од некои парламентарци.

Првите 78 чилеански пратеници ќе бидат тестирани по случаен избор следната недела. Мерката е со цел да се подобри транспарентноста на работата на Парламентот.

Во усвоениот предлог е наведено дека сите пратеници ќе треба да се тестираат два пати во текот на секој четиригодишен мандат, а сите позитивни резултати ќе бидат објавени.
Првите 78 чилеански пратеници ќе бидат тестирани по случаен избор следната недела. Мерката е со цел да се подобри транспарентноста на работата на Парламентот.

Во усвоениот предлог е наведено дека сите пратеници ќе треба да се тестираат два пати во текот на секој четиригодишен мандат, а сите позитивни резултати ќе бидат објавени.

Нашиот Столе го запре и Еспањол: Рајо победи, а Димитриевски и оваа недела ја зачува мрежата празна

Една недела откако во првото коло гостуваа на „Ноу Камп“, каде што извлекоа 0:0 реми против Барселона благодарение на Столе Димитриевски, Рајо Валјекано повторно ја посетија каталонската престолнина, за гостување кај Еспањол, во кое успеаја да стигнат до 2:0 гостинска победа.

Мечот не започна најдобро за гостите, откако Флоријан Лежон доби втор жолт картон по само 16 минути игра, но рамнотежата набргу беше воспоставена откако и Серхи Гомез од Еспањол доби црвен картон во 30. минута од мечот. Десет минути подоцна Иси Палазон ги донесе Рајо во водство, за победата да биде потврдена во 59. минута преку Пате Сис.

Со победата, Рајо се искачуваат на првото место на табелата, бидејќи се единствен клуб кој има одиграно два меча во новиот шампионат покрај Еспањол.

Денеска промовирани 590 нови полициски службеници

Од денес во ваши раце ќе биде сигурноста и безбедноста на целата заедница, во ваши раце ќе биде зачувувањето на мирот во земјата и спокојниот живот на граѓаните. Без разлика на родовата, етничката или верска припадност, Вие носите иста униформа, дел сте од истата институција и заеднички ќе се борите против заедничкиот непријател на нашата заедничка држава, а тоа е криминалот, порача денеска претседателот Стево Пендаровски на промоцијата на 590 нови полициски службеници – генерација 2021-2022 година, која се одржа во Центарот за обука на МВР во Идризово.

-Припадниците на Министерството за внатрешни работи се гарант за јавниот рeд и мир, за нашата безбедност и сигурност. Во изминатите три децении изградивме високо професионална полиција во чии редови се најдобрите и најподготвените, кои професионално, достоинствено и со личен интегритет ги извршуваат своите задачи, секогаш ставајќи се на располагање на граѓаните и нивните потреби, истакна Пендаровски.

На новите полицајци им порача дека граѓаните токму во нив гледаат мотивирани, посветени професионалци кои одговорно и доследно ќе ги извршуваат своите задолженија, ќе ѝ служат на својата земја и ќе го штитат животот и имотот на своите сограѓани.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новите полициски службеници кои денеска дадоа свечена изјава им честиташе за успехот и нагласи дека оваа генерација полицајци го има остварено најдобриот резултат во последните 10 години.

– Поминавте една година на патеката што ви овозможи да направите, би рекол, еден мал увид во тоа што значи да се биде полициски службеник. Имавте можност да си ги тестирате границите, да ги надминете своите и очекувањата на другите. Да увидите дека полициската професија се соочува со секојдневни предизвици на кои треба веднаш да се одговори, но и носи огромно задоволство со секој постигнат резултат како сервис на граѓаните, со секоја успешна реализација како гарант на безбедноста, истакна Спасовски.

Потсетувајќи се на неодамнешните насилни протести го потенцираше значењето на полициската професија за безбедноста на институциите, граѓаните и државата.

– Полициските службеници кои беа на браникот на државните институции, меѓу кои, за жал, имаше и повредени, најпластично ја демонстрираа непоколебливоста, подготвеноста, храброста и жртвата за заштита на државата и за гарантирање на безбедноста на граѓаните, нагласи министерот Спасовски.

Потенцираше дека успешното функционирање на безбедносниот систем е основа за функционирање на правната држава.

– Токму затоа наш врвен приоритет беше создавањето модерна, опремена, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција, која на законит, стручен, транспарентен и одговорен начин ќе одговори на работните задачи. За остварување на тој наш приоритет многу работи направивме, а резултатите, меѓу другото се видливи во сите 75 реконструирани објекти на МВР ширум државата, во кои имплементиравме и мерки за енергетска ефикасност. Покрај ова, инвестиравме над 10 милиони евра во нови униформи за секоја организациона единица, истакна Спасовски.

На промоцијата се обрати и помошник министерот на Центарот за обука, Сузе Трајковска, која посочи дека обуката се состоела од теоретска настава и ситуациони вежби и од практичен дел.

Информираше дека од вкупно пријавените 625 кандидати, обуката успешно ја завршиле 590 кандидати, од кои 487 машки и 103 женски со среден успех на генерација од 523 бодови од можни 600.

На церемонијата беа доделени плакети за 18 најдобри кандидати од оваа генерација, а за најдобар од генерацијата 2021/2022 беше прогласен Стефан Митаноски, на кого му беше доделена свечена плакета од претседателот на државата.

Црна Гора: Падна владата на Дритан Абазовиќ! “Не cpyши фирма која швepцyва цигapи”

Пратениците во црногорскиот Парламент доцна синоќа и изгласаа недоверба на Владата предводена од Дритан Абазовиќ, по поднесената иницијатива од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ.

Владата на Абазовиќ ќе биде во технички мандат до избор на нов кабинет или до нови парламентарни избори.

За иницијативата гласаа гласаа 51 од вкупно 81 пратеник, од кои 50 беа „за“, а еден против.

Пред гласањето, дел од опозицијата се обиде да се договори со Абазовиќ за реконструкција на Владата, по што во извршната власт би влегле сите политички партии во парламентот, освен оние кои поднесоа иницијатива за разрешување.

Но, опозициската Демократска Црна Гора на поранешниот претседател на Собранието Алекса Бечиќ, која има девет пратеници во парламентот, не ја прифати таа покана, туку нејзини претставници се изјаснија за уривање на Владата.

Благодарение на нивните гласови, падна и втората црногорска влада во помалку од две години по парламентарните избори на кои опозицијата по 30 години ја отстрани од власт Демократската партија на социјалистот Мило Ѓукановиќ.

На почетокот на февруари беше сменета владата предводена од Здравко Кривокапиќ, близок до Српската православна црква, а оваа на Абазовиќ беше избрана на крајот на април, откако 46 од вкупно 81 пратеник во црногорското собрание и дадоа доверба.

Црногорскиот премиер Абазовиќ претходно изјави дека зад иницијативата за негово разрешување и медиумските напади врз него стои градежниот концерн Бемакс, компанија за која тврди дека се занимава со шверц на цигари.

Абазовиќ рече дека челниците на компанијата Бемакс, која претходно се поврзуваше со поединци од Демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ, се сопственици на големата пратка цигари што беше запленета во црногорското пристаниште Бар во мај.

– Спорно е што, според оперативните податоци, најголем дел од стоката во пристаништето Бар е сопственост на Бемакс или луѓе поврзани со нив. Така се финансираат медиумските кампањи и оттогаш почна војната со премиерот, изјави Абазовиќ.

Тој рече дека неговите ставови за шверцот со цигари, кои ги изнесе во Собранието, се директно поврзани со убиствата на главниот уредник на црногорскиот весник „Дан“ Душко Јовановиќ и поранешниот сопственик на хрватскиот неделник „Национал“ Иво Пуканиќ.

– Ова што го зборувам за шверцот на цигари е поврзано со убиството на Душко Јовановиќ. А луѓето кои имаат врска со убиството на Душко Јовановиќ и понатаму се главни. Истото ова има врска и со убиството на Иво Пуканиќ, рече Абазовиќ.

Душко Јовановиќ беше убиен во 2004 година, а неговиот весник „Дан“ пренесуваше фељтон од загрепски Национал, кој пишуваше за вмешаноста на црногорската влада во шверцот на цигари. Иво Пуканиќ беше убиен во 2008 година во Загреб.

Црногорската полиција, неодамна, во две големи акции во пристаништето Бар, заплени поголема количина цигари, чија вредност се проценува на 21 милион евра.

За време на долгогодишното владеење на ДПС на Ѓукановиќ, компанијата Бемакс честопати добиваше на јавните тендери за извршување на јавни работи вредни милиони евра.

Пратениците од редовите на ДПС велат дека тврдењата на Абазовиќ се невистинити.

Предлогот за гласање недоверба на Владата беше инициран од претставници на Демократската партија на социјалистите на Ѓукановиќ и СДП, која го формираше владејачкото мнозинство заедно со Обединетата реформска акција (УРА) на Абазовиќ и просрпската СНП.

Иако во образложението на иницијативата се наведува дека Владата не ги исполнила приоритетните задачи за да го интензивира процесот на евроинтеграција на Црна Гора, главната причина е потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква на почетокот на август. Тврдат дека овој документ ја фаворизира СПЦ пред другите верски заедници, дека не е во согласност со Уставот и законите на Црна Гора, дека со преамбулата се фалсификува црногорската историја и дека сопственоста на црковните објекти во Црна Гора официјално ја пренесува на СПЦ.

Владата на Абазовиќ беше избрана на 28 април, а заедно со неговото движење УРА и просрпската СНП, во неа влегоа СДП и малцинските партии на Хрватите, Бошњаците и Албанците, додека претставниците на ДПС на Ѓукановиќ ја поддржаа, но не учествуваа во неа.

На почетокот на август, Абазовиќ ненајавено го потпиша Основниот договор со патријархот на СПЦ Порфириј во Подгорица, по што ја изгубил поддршката од повеќето партии кои дотогаш беа на негова страна.

Величенствена глетка: Влатко Миладиноски собра еден куп народ на Преображение во Гостивар (Видео)

Денешниот голем христијански празник Св. Преображение, вечерва со голема семакедонска прослава се празнува во истоимениот манастир во Гостивар.

Една величенствена глетка од стотици и стотици Македонци како играат оро на убава македонска песна. Уживајте во продолжение:

Денеска апceње во Прилеп: Фатен кpиминалец кој се бapaл за извршени тешки кpaжби, нacилcтва и paзбojништва

На 19.08.2022 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола, Одделение за криминалистичка полиција Битола, Полициска станица Битола, во координација со Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода Б.Н.(29) од Штип.

За него била распишана потерница по наредба од Основен суд Штип со која се бара за издржување на казна затвор за извршени повеќе тешки кражби, насилства и разбојништва во повеќе градови во период од три години.

Тој бил приведен во полициска станица Битола за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.