Инвестмент монитор: Како Македонија ги надминува своите можности кога станува збор за привлекување странски директни инвестиции

Македонија има импресивни резултати според Индексот на перформанси на странски директни инвестиции (СДИ) за 2022 година на Инвестмент монитор, глобална мрежа од комерцијални веб страници, која има над 55 милиони корисници од светот на индустријата, раководни лица, лидери, креатори на мислења и инфлуенсери.

Индексот го споредува бруто домашниот производ во однос на странските директни инвестиции и податокот до кој се стигнало е спектакуларен за Македонија, која со оценка од 11,5 добила 11 пати повеќе со оглед на влезните гринфилд странски директни инвестиции (СДИ), во споредба со она што може да се очекува имајќи го предвид нејзиното ниво на БДП.

Во резултатите од индексот, Германија, се посочува, е водечка земја извор за СДИ во Северна Македонија во 2021 година, инвестирајќи во четири проекти. Три од четирите проекти за СДИ направени од компании со седиште во Германија беа во автомобилскиот сектор, додека четвртата беше инвестиција за обновливи извори на енергија.
Во однос на типовите на проекти, речиси 90 отсто од инвестициите на Македонија потекнуваат од нови проекти за СДИ, додека останатите 10 проценти се од инвестиции за проширување. Околу 79 отсто од СДИ во Македонија во 2021 година беа нови проекти, што покажува дека земјата е значително над глобалниот просек кога станува збор за привлекување гринфилд СДИ.

На прашањето како Македонија ја зголеми својата привлечност за странските инвеститори, авторот на текстот посочува дека земјата стана членка на НАТО од март 2020 година, што претставува атмосфера на стабилност што може да ја зголеми привлечноста на една земја до странските инвеститори. Полска, Унгарија и Чешка беа сведоци на значителни зголемувања на странските инвестиции по пристапувањето во НАТО, корисна последица на која Северна Македонија несомнено ќе се обиде да се угледа.

Внатрешните странски директни инвестиции во Македонија забележаа мал пад во 2020 година, при што бројот на проекти се намали од шест во 2019 година на четири, што во голема мера се припишува на пандемијата „Ковид-19“. Сепак, 28-те проекти кои земјата ги донесе во 2021 година покажале спектакуларно враќање во форма.

Со седум проекти, обновливите извори на енергија беа водечки сектор за влезни СДИ за Македонија во 2021 година. Ова претставува нагло зголемување од единствениот проект забележан во 2020 година (а ниту еден не беше забележан во 2019 година). Од седумте проекти за обновлива енергија регистрирани во 2021 година, пет беа во фотоволтаична сончева енергија, а другите два беа инвестиции на копнена енергија од ветер.

Секторот за автомобили и софтвер и ИТ-услуги се рангирани заедно на второто место, секој со шест инвестиции. Ова значи дека првите три сектори учествувале со 68 проценти од сите влезни странски директни за Македонија во 2021 година, додека преостанатиот удел на пазарот го сочинуваа седум други сектори, вклучувајќи пластика, логистика и електроника.

Владата, исто така, најави амбициозни иницијативи за помош на економскиот раст во обид да ги задржи и поттикне инвестициите во земјата. Во октомври 2021 година, Владата го усвои Планот за забрзување на растот за 2022-2026 година, кој, според Министерството за финансии, „ќе резултира со годишен раст на БДП од 5 отсто, 12 милијарди евра нови инвестиции во јавниот и приватниот сектор, 156.000 нови работни места , фискална консолидација и стабилен јавен долг.

Македонија можеби е мала земја, но има бројни предности да им понуди на меѓународните инвеститори и ако продолжи да ги промовира поволниот корпоративен данок од 10 проценти, ниските трошоци и за земјиштето и за работната сила, квалификувана работна сила и постојан раст на БДП, тогаш нема причина зошто ѕвездата на Македонија за СДИ не треба да продолжи да свети, заклучува авторот на анализата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.