дома блог страница 1454

После трансферот на Касемиро, Манчестер со 100 милиони тргнува по овој играч

Новинарот Санти Ауна објави дека Манчестер јунајтед ќе понуди 100 милиони евра за ангажман на Антони од Ајакс, Бразилецот треба да биде вториот голем трансфер по Касемиро од Реал Мадрид.

Касемиро е пред преселба на Олд Трафрод во зделка вредна околу 70 милиони евра, но „ѓаволите“ нема да застанат тука и сакаат да реализираат уште една трансфер бомба до крајот на преодниот рок.

Анатони од Ајакс е желбата на Ерик тен Хаг, клубот од Амстердам веќе одби предлог вреден 80 милиони евра, но Манчестер јунајтед не се откажува бидејќи Бразилецот сака да им се придружи.

Новинарот Санти Ауна објави дека „ѓаволите“ ќе понудат 100 милиони евра, односно 80 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 20 милиони евра во бонуси и овој предлог може да биде прифатен од Ајакс, шампионот на Холандија веќе мисли на ангажман на Хаким Зијеш.

Во меѓувреме, Антони денеска не тренираше со останатиот дел од тимот, одредени извори пишуваат дека Бразилецот на овој начин врши притисок за трансфер на Олд Трафорд.

Никогаш не сум зела пари: Нема да ја доживеам судбината на Катица Јанева

Суспендиранаата обвинителката Вилма Рускоска денеска ја поднесе жалбата за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Таа не сакаше да открие детали од истата, бидејќи, како што рече, со жалбата прво треба да се запознаат членовите на Советот.

-Со жалбата ги побивам наводите во решението. Не сум прашала за која кривична пријава се однесува суспензијата, но сметам дека се однесува на пријавата која Муареми ја поднесе против мене. Господинот Муареми направи парада нему му истече мандатот па поднесе оставка. Нема да ја доживеам судбината на Катица Јанева, сепак таму се докажа дека нештатат се правеле за пари.

Ова не го сметам за суспензија на Рускоска, туку за суспензија на правото и правдата. Без разлика што имаше соппштение дека предметите кои ги водев јас ќе продложат со ист интензитет, после ова мене што ми се случи не верувам дека било кој колега сериозно ќе продолжува да постапува по истите.

Во решението стои дека треба да ги предадам предметите на мојата замена, која е на одмор. Така да предметите не можев да ги распределам. А и таа не може да ги работи, зашто и против неа е поведена дисциплинска постапка. Станува збор за два предмети, рече Рускоска.

Неодамна на Галичката свадба, а сега Пендаровски “си го доби” и на ракометниот турнир во Струга (Видео)

Претседателот Стево Пендаоровски присуствуваше на ракометниот турнир во Струга. Тој го следеше мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Татран Прешов кој го добија битолчани.

На видеото кое беше објавено на социјалните мрежи се слуша коментарот кој го најавува присуството на претседателот, а после тоа следуваа свирежите на струшката публика.

Moментот кога Пендаровски беше исвиркан започнува од 32 минута во видеото во продолжение:

Прекрасна глетка: Голем број верници го исполнија црковниот храм Св. Преображение во Прилеп за денешниот празник (Фото галерија)

Православна црква и нејзините верници денеска го слават празникот посветен на Преображение Господово.
На Преображението, небото исто така трипати се преобразува во ноќта.

Во православието овој празник се вбројува меѓу 12-те големи Христови празници и е посветен на споменот на настанот на Христовото преображение на гората Тавор во Светата Земја (Израел), кога тој ги објави своите последователни страдања и слава.

Во црковниот храм Св. Преображение во Прилеп традиционално беше одбележана храмовата слава. Голем број верници го исполнија црковниот двор, запалија свеќа и се помолија за здравје. Народни верувања на овој празник.

Кај народот постои верување дека на овој празник се преобразува целата природа, дека од утре ноќите ќе станат студени и дека следниот ден го најавува претстојното доаѓање на есента. Како што се верува, од утре дефинитивно не треба да пливате во отворени води, реки и море.

На Преображение никогаш не треба да спиете преку ден, бидејќи кој спие тој ден ќе се преобрази, и ќе биде поспан и поспан цела година. Не е добро некој да плаче тој ден, ниту е добро луѓето да го поминат цел ден во кафеана – да не стане навика и да се изгубат и да се налутат. Но, она што мора да го направите утре е да пробате грозје за прв пат!

МВР се пофали: Пронајдовме “голф” кој беше yкpaден во Битола

На 18.08.2021 на ул.„Девејани“ во Битола, од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички полиција – Отсек за општ криминал пронајдено е одземено патничко возило “фолксваген голф”, со битолски регистарски ознаки, кое неколку часа претходно беше пријавено за одземено од ул.”Цане Василев” во Битола. Возилото е вратено на сопственикот С.Ж. (56) од Битола.

Ветер со брзина од над 100 км/ч корнеше кровови во Словенија (Видео)

Силно невреме вчера ја зафати Словенија. Локалните медиуми јавуваат дека во Љубљана ветерот бил со брзина од над 100 километри на час, а повеќе лица се повредени.

Словенската Н1 јавува дека пожарникарите имале 23 интервенции, а сите екипи биле на терен.

На една станбена зграда, силниот ветер го однел покривот. Штета имало во уште еден објект.

Познатиот италијански новинар пишува: Овие два клубови од Премиер лигата тргнаа по потписот на македонскиот дијамант

Премиерлигашите Манчестер јунајтед и Евертон се сериозно заинтересирани и сакаат да го ангажираат македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, тврди еден од најдобрите италијански новинари Џанлука Ди Марцио.

Според информациите од Островот, Манчестер јунајтед и Евертон посакуваат трансфер на Елмас пред крајот на летниот преоден рок. Сепак, продажбата на еден од најдобрите македонски фудбалери е можна само доколку пристигне примамлива понуда за Наполи.

Зијадин Села: Алијансата за Албанците бара техничка влада

Алијанса за Албанците бара да има техничка влада, потврди претседателот на партијата Зијадин Села, откако потпретседателот Арбен Таравари преку социјалните мрежи вчера побара формирање на таква извршна власт за надминување на состојбите во државата. Според партискиот лидер, постојат повеќе аргументи зошто треба да се формира нова техничка влада за да ја води државата.

– Сегашната Влада предводена од Димитар Ковачевски нема легитимитет, затоа што тој не е избран на избори. ДУИ нема легитимитет затоа што ветуваше прв премиер Албанец, но тоа не го исполни. Тука се и проблемите со уставните измени, процесот на водење на државата на преговорите со Европската Унија, нефункционалноста на државата поради корупцијата и многу други работи, порача Зијадин Села од Тетово.

Партијата на Села во Тетово со отворање на нови канцеларии во центарот на градот ја заврши кампањата за вонредните избори за Совет на Тетово, што ќе се одржат во сабота.

– Со овие избори се праќа порака, не се гласа само за Тетово, како општина, зошто Тетово има и други причини, Тетово е повеќе од град, Тетово е наш центар, во кој земаат сила политичките процеси. Тетово во сабота на 20 август има во рака, да даде сила на политичките промени, да и даде сила на Алијансата за Албанците зошто само така може да се постигне тоа што сите Албанци го очекуваат, на наредните парламентарни избори, демократија, слобода, на Албанците, ние сме подготвени, порача Села.

Денеска е Преображение Господово: За многу години и напомош!

Православна црква и нејзините верници денеска го слават празникот посветен на Преображение Господово.

На Преображението, небото исто така трипати се преобразува во ноќта.

Во православието овој празник се вбројува меѓу 12-те големи Христови празници и е посветен на споменот на настанот на Христовото преображение на гората Тавор во Светата Земја (Израел), кога тој ги објави своите последователни страдања и слава.

Како што известуваат тројцата евангелисти, Христос со неколку свои ученици се повлекол да се помолат на гората Тавор. Во еден момент тој се преобрази, блескаше како сонце, а до него се појавија старозаветните пророци Мојсеј и Илија. Од небесата дојде чист глас „ова е мојот сакан син, од кого сум задоволен, слушај го“.

„Тогаш Мојсеј и Илија им се јавија на Христа и на апостолите и зборуваа со Господа за неговата смрт во Ерусалим“, пишува во верските книги.

Празнична трпеза богата со вино и риба

Преображението секогаш паѓа за време на постот Богородица. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. Денеска на крајот од светата литургија се осветува грозје. Се дели и на гробиштата за упокојување на душите на починатите. Црковните служби се служат седум дена, при што се пеат песни посветени на овој евангелски настан.

Иконата на Преображение често се среќава на иконостаси. Го прикажува Христос на планината, опкружен со светлина, со соговорниците Илија и Мојсеј, додека тројцата апостоли Петар, Јаков и Јован лежат на земја во страв.

Народни верувања на овој празник.

Кај народот постои верување дека на овој празник се преобразува целата природа, дека од утре ноќите ќе станат студени и дека следниот ден го најавува претстојното доаѓање на есента.

Како што се верува, од утре дефинитивно не треба да пливате во отворени води, реки и море.

На Преображение никогаш не треба да спиете преку ден, бидејќи кој спие тој ден ќе се преобрази, и ќе биде поспан и поспан цела година. Не е добро некој да плаче тој ден, ниту е добро луѓето да го поминат цел ден во кафеана – да не стане навика и да се изгубат и да се налутат. Но, она што мора да го направите утре е да пробате грозје за прв пат!

Некои семејства го слават Преображение.

Празникот Преображение на Исток се празнува уште од седмиот век. Западната црква ја внела во својот календар дури во 1457 година, во чест на победата на христијанската војска над Турците кај Белград.

Имено, Јанош Хуњади, кај нас познат како Јанко од Сибиња, унгарски магнат, заедно со фрањевецот Иван Капистрано ги спречиле Турците со војска да продрат на север. И двајцата починаа набргу по победата, првиот во Земун, вториот во Илок.

30 години АРМ честитаме со објава за еден легендарен лик од Прилеп кој ја заслужува сета почит (Фото)

Едно големо браво и поклон до земја за ваквите луѓе

Случајно на Фејсбук наидовме на еден интересен статус од Игор Јакимовски, македонски маратонец Игор Јакимовски и офицер во АРМ, кој сподели искуство од средбата со поранешниот артилериски механичар во ЈНА и АРМ од Прилеп, Иле Наумовски, со кого се запознал на денешното одбележување на јубилејот 30 години постоење на Армијата на Република Македонија.

-Ова е човекот по кој највеќе ќе се сеќавам на јубилејот 30 години АРМ. Пензионерот Иле Наумовски од Прилеп, кој работел како цивилно лице во служба на ЈНА и АРМ на должност артилериски механичар.

По завршувањето на централната манифестација во касарната Илинден по повод одбележување на нашиот голем јубилеј сосема случајно го забележав како стои сам под сенка на излезот од касарната. Претпоставив дека бил гостин на свеченоста и дека треба да замине дома.

Го поздравив и го прашав да не му треба помош ?! Ме праша за превоз до главната железничка станица доколку јас се движам во твој правец.

Му реков дека како лојален граѓанин на нашата Армија и гостин на свеченоста ќе ми биде особена чест да го превезам до било каде.Тргнавме заедно и ми кажа неколку емотивни работи за нашата заедничка институција за која цел живот сме врзани во срце и душа.

Работел најпрво во ЈНА па потоа во АРМ како цивилно лице на должност артилериски механичар. По пензионирањето бил горд на својата АРМ и продолжил да ја сака како своја светост.

Иако живеел скромно и имал деца со завршени факултети, но без работен ангажман, одвоил средства од својот скромна пензија за да си ја испочитува својата АРМ и да дојде со воз од Прилеп до Скопје за да присуствува на главната свеченост во касарната Илинден.

Возот му бил за враќање во Прилеп во 14.00 часот и ми се заблагодари што го превезов на време за да се врати дома.
Јас му се заблагодарив за неговата лојалност и пред се почит кон својата Армија. Му реков дека тоа е најмалку нешто што јас или бил кој мој колега може да го направи за неговата големина како човек. Моето прво заминување во Прилеп ќе биде во целост посветено за дедо Иле и се надевам дека тоа ќе биде наскоро.

Нека му пренесат поздрав од мене оние кои ќе го препознаат од Прилеп и со Господ напред да го видам побргу. РЕСПЕКТ ГОСПОДИНЕ НАУМОВСКИ – пишува во својот Фејсбук статус Јакимовски.

Наумовски иначе е почитуван и познат помеѓу своите сограѓани во Прилеп, а оваа наша објава е со цел да се заблагодариме на сите луѓе како него кои животот и кариерата ги посветиле на Армијата на Република Македонија.

Нека е честит јубилејот – 30 години АРМ!