дома блог страница 1452

(Видео) Ќерката на рускиот идеолог Александар Дугин ликвидирана во Москва

Ќерката на ултранационалистичкиот руски идеолог Александар Дугин, за кој се верува дека има силно влијание врз рускиот претседател Владимир Путин, загина во експлозија на автомобил во предградието на Москва, соопшти рускиот Истражен комитет, пренесуваат денеска светските медиуми. Иако многумина се сомневаат дека цел на атентатот бил Дугин, овие наводи се уште не се официјално потврдени, но е покрената опсежна истрага за овој настан.

„Експлозивната направа која наводно била поставена во автомобилот експлодирала додека возела и автомобилот се запалил. Возачот починал на лице место. Утврден е идентитетот на починатиот: се работи за новинарката и политиколог Дарија Дугина“, се наведува во извештајот на Истражниот комитет.

Руските медиуми пишуваат за хронологијата на вечерта во која се случи страшната експлозија. Дугин во саботата во 18 часот одржа предавање на тема „Традиции и историја“ на фестивалот во село Захарово. Неговата ќерка била таму како почесен гостин. Подоцна, во 21:25 часот, Дарија влегла во автомобилот и го напуштила фестивалот. Татко и ја следел, пренесува Известија.

Автомобилот во кој се наоѓала излетал во 21:35 часот на автопатот Можајска, по што одекнала силна ekcплозија кај селото Болши Вјаземи.

Прилепскиот диџеј Дарио Сајо го промовираше своето најново музичко дело, кое го поддржа легендарниот светски диџеј Макс Вангели

Прилепскиот диџеј Дарио Сајо, кој сега живее и работи во Сиднеј, Австралија, објави ново музичко дело со наслов “House Butches”.

Песната е издадена на 19.08.2022 од страна на реномираната продуцентска куќа “NoFace” Records, предводена од легендарниот и светски познат диџеј и продуцент Макс Вангели, кој го поддржа ова дело.

Песната е достапна на повеќе водечки дигитални платформи (Spotify, Beatport, Apple Music…)

Најавена е голема промоција од страна на “NoFace” Records, а нумерата веќе доби голема поддршка од голем број артисти.

Во продолжение и линк до најновото музичко достигнување на Диџеј Сајо: https://open.spotify.com/track/28febcPrAmrK4zbnJy3ARv?si=wERhczomSYqkN8GtblN2bA&nd=1&fbclid=IwAR1xcI12gMNc4GXjDLDB_iW6Xn4Z1ZkLGzoXLDD00yMec66g6ZrL2KGDM-A

Во Црна Гора се одржува натпревар во излежување: Двајца се борат за главната награда, седуммина се откажаа

Натпреварот во излежување, кој ја прави Црна Гора единствена во Европа, се организираше по 11. пат во етно селото „Монтенегро“ во Брезна во Пива, а од девет натпреварувачи од Никшиќ, Подгорица, Даниловград и Белград, двајца сè уште се борат за парична награда од 350 евра, пишува подгоричкиот весник Вијести.

Натпреварувачите порачаа дека се надеваат дека ќе го соборат минатогодишниот рекорд на Подгоричанката Дубравка Алексиќ, која стана по 117 часа лежење, а битката за титулата најголем денгубец сега ја водат Жарко Пејановиќ од Подгорица и Вук Кољеншиќ од Даниловград, откако вчера, на првиот натпреварувачки ден, седуммина се откажаа.

Натпреварувачите спиеле под крошна на стогодишен јавор, но преку ден морале да одат во колиба поради дождот, било соопштено синоќа за „Вијести“.

Дозволено е јадење и пиење, читање книги, лаптоп, телефон – сè освен станување. Одење во тоалет е дозволено на секои осум часа. Првата награда е 350 евра, додека вкупната вредност на утешните награди е околу 500 евра. Првонаградениот добива и рафтинг, викенд во етно село, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и уште многу награди од спонзори.

Пратеникот од власта Рамчиловиќ откако си ја вработи сопругата, се пофали дека и синот станал полицаец (ФОТО)

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ кој гласаше ЗА уставни измени, откако си ја вработи сопругата во МВР, сега се пофали дека и неговиот син станал полцаец – објави “КУРИР”.

Од тука, се поставува прашањето дали вработувањата доаѓаат како награда за гласањето за уставните измени?! Јавноста има потврден одговор на ова прашање!

Сопругата на пратеникот Рамчиловиќ веќе неколку години работи во Министерството за внатрешни работа, т.е. во Секторот за внатрешни работи како самостоен советник во писарница, што според систематизацијата на МВР, работното место на Мерсида Рамчиловиќ е релативно висока позиција во писарницата.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Пpeдизвикала пожap на тepacaта од плинcка боца, па иcтата ја фpлила врз две пapкиpaни возила

Жителка на Дебар откако со плинска боца предизвикала пожар на балконот, истата ја фрлила преку балкон по што биле опожарени два автомобила.

– Вчера во 11:20 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека Б.Б.(70) од Дебар, поради невнимателно ракување со плинска боца, предизвикала пожар на балконот од станот лоциран на улица во градот „8 септември“ а потоа, боцата ја исфрлила на паркинг простор пред зградата, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Притоа, биле опожарени патнички возила „Опел Корса“ и „Мерцедес“. Интервенирала Територијалната противпожарна единица, а увид на местото извршиле полициски екипи.

Teшка cooбpaќajка на патот Охрид-Битола: Ce cyдpиja охридски “туран” и “кавасаки” со битолски таблици

На 20.08.2022 во 13.30 часот било пpиjaвено дека на магистралниот пат Охрид-Битола на влезот за с.Куратица се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко моторно возило “туран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(67) од Охрид, и мотоцикл “кавасаки“ со битолски регистарски ознаки, управуван од К.О.(31) од Битола.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил мотоциклистот, а со телecни повpeди се здобила С.Д.(22) од Битола конcтатирани во болницата “Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил yвид од увидна екипа од СВР Охрид – информираат од МВР.

Need for Speed низ улиците на Скопје: Одземени 6 возила кои се спремале за трка (Фото галерија)

На 20.08.2022 околу 21.40 часот на ул. Бојмија во Скопје полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје одзедоа шест возила, поради учество во т.н. диви трки.

Возилата ќе бидат однесени во Станица за технички преглед каде ќе им биде извршен вонреден технички преглед и против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи и во наредниот период продолжува со мерките и активностите со цел да се обезбеди побезбеден сообраќај.

Тешко на народецот: Невремето направи пycтош на тyтyнот во Прилеп и прилепско

Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и силен ветер попладнево го погоди прилепскиот и Пелагонискиот регион.

Земјоделците веќе објавуваат за големи штети врз земјоделските култури во околината на Прилеп, а штети има и во долненскиот регион.

За штети предизвикани врз тутунските насади пишуваат и земјоделци од регионот на Крушево.

Koвачевски прогласи победа во Центар Жупа, каде на денешните избори имаше само еден кандидат

Граѓаните во Центар Жупа потврдија дека знаат кој е вистинскиот правец, знаат дека државата треба да оди напред, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, по завршување на вонредните избори за градоначалник на општината, на кои победи единствениот пријавен кандидат на коалицискиот партнер на СДСМ, Турската демократската партија Аријан Ибраим.

“Сите деструктивни сили кои работеа да не успеат изборите се соочија со пораз“, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во Центар Жупа.

Услов за успех на денешните избори во Центар Жупа беше одѕив на гласачите од една третина. Според информациите на ДИК, до 18.30 часот во оваа општина на гласање излегле 46,3 отсто.

Пycтош во Велес и велешко, а во прилепско Тополчани регистриран yдap од ветер со брзина од 150км/ч

Центарот за управување со кризи информира

– На подрачјето на РЦУК – Велес, во општина Чашка, од невремето во с.Мартолци има доста направено штети.
Од ЈКП Тополка има испратено екипи на терен за расчистување на местото викано Долги Рид, имало и паднати бандери за кои се задолжени ЕВН за нивно расчистување. За оваа настаната ситуација е известен и директорот на ЕВН.

Од невремето има направено неколку штети од кои се паднато дрво на главната улица над населба Тунел, на која интервенирале 2 пожарникари со 1ПП возило, дрвото е отстрането. Исто така има пријавено паднат дел од кров на ул.Живко Фирфов истиот е расчистен од страна на ТППЕ Велес со 1 возило и 3 пожарникари. Екипите се на терен со цел да се санираат штетите.

Паднато дрво врз кола, интервенирано е од страна на ЈКП Дервен, при што дрвото е тргнато и ќе се направи увид и записник од страна на СВР Велес.

– На подрачјето на РЦУК – Скопје, имало обилни и силни врнежи на дожд, при што се направени штети како: паднати дрва, кровови од куќи, кабли од струја и дрво врз патничко возило. За сите овие настани известени се Град Скопје, општините и другите релевантни институции.

Претходно од ЦУК информираа и за нестабилност во Пелагонија, каде е забележана и појава на град. На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани беше региструран удар на ветер од 150 км/час – стои во соопштението од Центарот за управување со кризи.