дома блог страница 1341

Стомнароски: Прва класа тутун се откупува за 300 денари килограм, просечната цена е 261 денар

Според досегашната динамика на откупот на тутунот, до средината на јануари би требало да биде откупена целата количина на тутунопроизводителите, изјави денеска за Агротим Менде Стомнароски, претседателот на Сојузот на земјоделски здруженија.

Тој вели дека 65% од динамиката се реализира и тутунарите се задоволни од постигнатата цена од 261 денар за килограм тутун.

-Прва класа тутун се откупува за 300 денари, втора класа за 240 денари, трета за 180 денари. Годинава имаме одличен квалитет на тутун, прва или втора класа, имаме производители кои сакаат да постигнат квалитет, така што досега претежно имаме прва и втора класа на тутун – вели Стомнароски.

Стомнароски истакнува дека годинава нема манипулации со тутунот и тоа што успеале да постигнат 261 денар просечна цена го смета за солиден успех бидејќи во последните 3 години просечната цена на откупот на тутунот била 192 денари за килограм.

-Цената никогаш нема да биде доволна, тоа е сигурно бидејќи се работи за тешка работа, трошоците се зголемени, има голема зависност и од временските услови, но токму затоа и ја постигнавме оваа цена, со добра волја и од откупувачите и од Министерство и од наша страна – истакнува Стомнароски.

За да се стигне до оваа сума, многу влијале и лошите проценки од минатите три години и проблемите со откупот на вишокот на тутунот, но има пак повеќе склучени договори за производство и се очекува за наредната година тие уште повеќе да се зголемат. Годинешната просечна цена ќе ги мотивира тутунарите повеќе да произведуваат.

-На социјалните мрежи ќе прочитате секакви коментари. Некој кој живее во Германија кажува како оди откупот на тутунот во Прилеп. Друг пак од друга земја му враќа. 261 денар за килограм тутун е просечна цена, постигнат е добар квалитет и според тоа очекуваме наредната година повторно да биде цената зголемена за да има повеќе договори и поголемо производство – изјави Стомнароски.

Тој порача дека за наредната реколта цената уште повеќе би требало да биде зголемена за да има повеќе интерес за производство и уште повеќе склучени договори со тутунарите.

Emigration.. devastation..

emigration.. devastation..
фотографија Шлакески Маринко

„ТРИ ПИСМА“ (2018) – Шлакески Маринко (извадок)

ЕМА:

Дванаесет години..
(ја остава ташната и клучевите на масата која е на средина од собата;
полека чекори наоколу, повремено нежно допирајќи ги предметите околу неа и
сликите на ѕидот)
Зошто доаѓам овде.. Доаѓам, гледам, чекорам по истите соби и заминувам..

(оди до прозорецот, ги трга дрвените капаци настрана)

Истиот поглед..

(го затвора прозорецот враќајќи ги дрвените капаци назад)

Истите ѕидови.. истите слики.. Барем онолку колку што јас умеам да забележувам.. Овде како секогаш да е есен.. или нешто меѓу есен и студ. Но никогаш зима. Зимата има боја.. бела.. Студот е сив.. сив и студен.. како оваа соба овде. А јас доаѓам.. како по некаков инстинкт.. како некој сезонски вид кој патува илјадници километри и во точно одредено време повторно се враќа назад.. дома. Оди, се враќа, а не знае зошто.. но оди. Целиот свој живот. Или е тоа само можеби моја вообразена сугестија со која и давам какво такво значење на мојата самотија, на ова мое лудило на кое сé уште не можам да му најдам вистински збор. И пак доаѓам..

Ученичката од прилепската гимназија Магдалена Ристеска освои злато на државното првенство во стрелаштво

На 25.11.2022 во стрелиштето – „Р Е К“ Битола се одржа државно првенство во стрелаштво.

Натпреварот беше организиран од Стрелачката федерација на Македонија и Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а учествуваа ученици од основните и средните училишта.

Во голема конкуренција во категоријата средни училишта – женски, ученичката од од IV година од СОУ “Мирче Ацев” Прилеп, Магдалена Ристеска, освои прво место – златен медал, во дисциплината воздушна пушка.

Честитки за Магдалена и желби за уште поголеми успеси во иднина!

Како кралица во црвено: Соња Тарчуловска по 10 години се врати на сцената, со песна напишана од нејзината ќерка (Видео)

По 10 годишна пауза, фолк пејачката Соња Тарчуловска тукушто го објави новиот спот за песната “Со црвено“, чиј текст го потпишува нејзината ќерка Мелани, која исто така влезе во музичките води.

Аранжманот за песната е дело на Дејан Момироски, а спотот е дело на Томато продукција. Покрај текстот, нејзината ќерка Мелани заедно со Сара Пројковска се бек вокали.

Се работи за одлична композиција која со сигурност ќе и’ се допадне на широката публика. Слушнете и ужиавајте во продолжение:

Рекордна добивка од половина милион евра – Вечерва падна СЕДУМКАТА на Лото

Вечерва се падна рекордната Лото добивка од 32.921. 304 денари или околу 500.000 евра на извлекувањето на среќните броеви на Канал 5 Телевизија.

Добитната комбинација е 2,10,11, 12,24, 36,37 , а лото ливчето било уплатено во објект „Детелинка“ во Кичево.

Изведба од која лазат мopници по телото: Слушнете ја „Не плачи мајко, не жали“ во изведба на младата Јована Богдановска (Видео)

Тие што ја сакаат и ја чуствуваат Македонија како своја татковина, безразлика каде во моментов се наоѓаат на планетата Земја, сигурни сме дека ги лазат морници по целото тело кога го слушаат музичкото ремек-дело кое беше промовирано пред неколку дена со наслов „Не плачи мајко, не жали“.

Младата Јована Богдановска (16) од тетовско Брвеница е интерпретаторот на оваа стара македонска патриотска песна, која особено беше актуелна во 2001 година, а се разбира и наназад низ годините.

Не само што талентираната Јована ја изведува оваа песна, туку таа е носечки изведувач на музичкиот проект „МАКЕДОНИУМ“ на кој продуцент е Темелко Андреев, а на кој ќе се најдат најубавите македонски патриотски песни.
Мора да се истакне дека овој проект кој е од големо значење за зачувување на духот и љубовта кон татковината, ќе заврши со концертна промоција до крајот на 2024 година.

„Искуството да бидам дел од еден ваков проект, од едно „РЕМЕК-ДЕЛО“ за мене претставува големо задоволство. Среќна сум што овој проект буди љубов и надеж за нашата прубава земја Македонија. Искуството беше преубаво пред се затоа што имав можност да работам со големи професионалци, а потоа и затоа што направивме нешто што ќе остане за навек. Најголем впечаток ми остави идејата и замислата која ја има продуцентот Темелко, затоа што кој и да го погледно спотот кој и да ја слушне песната не останува рамнодушен“ – вели младата Богдановска.

Како настанала идејата и како Јована е избрана да биде токму дел од овој голем проект, открива продуцентот Темелко…

„Пред два месеци на социјалните мрежи објавив јавен повик до сите артисти кои сакаат да творат песни со патриотска содржина да ми испратат снимки, а мегу нив беше и Јована. Да бидам искрен, не очекував буквално ништо посебно од 15 годишно девојче, но само што ја слушнав нејзината снимка, уште во првите 3 секунди го најдов тоа што го барав со години, како боја на глас и експресија… Имаше душа, имаше нешто повеќе од тонови, едноставно Јована е родена за ова. Уште одма почнав со оркестрација и разработување на песната, Јована ја изведе феноменално, буквално снимањето траеше 15 минути. Кога ја завршив песната и видов какво дело родивме се решив да направам и видео на сериозно високо ниво соодветно на песната“ – открива продуценетот Темелко и вели дека ова е само почеток. Допрва следуваат проекти од ваков карактер, акои се дел од музичкиот проект „МАКЕДОНИУМ“.

За песната беше снимен и прекрасен видеоспот во кој учествува професионална актерска екипа која допринесе да ја доловат суштината и пораката на стиховите во песната.

Инаку кратко по објавувањето на „Не плачи мајко, не жали“ на адреса на Јована веќе пристигнуваат покани за настапи, а она што веќе со сигурност може да се потврди е турнејата закажана за 2023 година во март во Австралија, но за тоа наскоро ќе бидат објавени повеќе детали.

Во студиото на продуцентот Темелко веќе привршува и новата песна, а едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека на младата Јована и се смешка блескава музичка кариера.

Фатени тpoјца кpaдци од Битола: Kpaделе во отпад

На 28.11.2022 на ул.„Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.В.(42), Х.М.(23) и Ѓ.М.(34) од Битола.

Тие се сомничат дека извршиле кражба во отпад во Битола, при што одзеле повеќе предмети, а С.В. бил баран и со потерница за издржување затворска казна за сторени повеќе кривични дела „кражба“ на подрачјето на Битола.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната, а останатите две лица билњ задржани во полициска станица.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Кој ќе го добие прилепскиот Градски базен по оваа одлука на Влада?

Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија го раскина договорот со фирмата “МАРКОВИ КУЛИ” oд Прилеп која под закуп го имаше Градскиот базен.

Одлуката помина незабележано од јавноста, а е донесена на седница на Управниот одбор на ова претпријатие која се одржала на 15.08.2022година.

Засега не е познато кој ќе стопанисува во иднина со комплексот Градски базен во иднина.

Погледнете ја peaкциjaта на обвинетите кога слушнаа дека добивaaт по 18 години затвop (Видео)

Основниот кривичен суд Скопје денеска ги огласи за виновни обвинетите во случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

На обвинетите Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска им беше изречена казна затвор од по 18 години, додека, на обвинетиот Андреј Костовски 16 години за сторено кривично дело „убиство“.

Во продолжение може да ги погледнете нивните реакции за време на изрекување на казните.

ИЗВОР: “Прес24”

Битолчани во Дизелдорф играа како во своја сала (Фото/Видео)

На дуелот од четвртото коло на групата Д на Европската лига на ЕХФ Еурофарм Пелистер играше како на домашен терен во Битола.

На натпреварот против Мотор Запорожје, кој своите натпревари ги игра во Германија, стотина македонски навивачи ја загреаја атмосферата со голем број знамиња.

Еден дел од трибините на “Кастело Арената” беше целосно обоен со црвено-жолти бои, како битолчани да играа на домашен терен.

Пелистерци на гостувањето кај Мотор Запорожје во Дизелдорф одиграа солиден натпревар и на крај заслужено славеа со 30-33.