дома блог страница 1342

Дpвокpaдец од прилепско Г. Коњари повpeдил полицaeц кој го aпceл

На 27.11.2022 околу 18.20 часот во с.Бела Црква, општина Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани го привеле Х.Т.(49) од с.Големо Коњари.

Тој бил затекнат како со патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки, превезувал бесправно исечени и нежигосани огревни дрва.

Дрвата и возилото биле одземени и дадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. При интервенцијата со повреда се здобил еден полициски службеник. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Наздравје: Русија забрани увоз на јаболка од Македонија

„Росселхознадзор“ од 1 декември воведува привремени ограничувања за испорака на сите растителни производи од Македонија во Русија во врска со откривањето на кафеава мермерна бубачка во јаболката од земјава. Ова се наведува во пораката на ресорот.

„Од 1 декември 2022 година, Роселхознадзор забранува увоз во Русија на растителни производи од Република Македонија и производи со потекло од оваа земја, но увезени под фитосанитарни сертификати од други држави. Мерките беа преземено поради идентификација на исклучително опасен, за Русија и земјите членки на Евроазиската економска унија инскет – кафеава мермерна бубачка (Halyomorpha halys) во јаболка увезени од Македонија“, се вели во извештајот.

Кафеавата мермерна бубачка е опасен штетник кој им се заканува на различни видови земјоделски производи, што може да доведе до намалување на приносите до 80 отсто од вредните култури, вклучително и житарките и овошјето, наведува агенцијата.

Штетата за руското земјоделство во зоната на потенцијална штетност на кафеавата мермерна бубачка може да биде и до 2 милијарди рубљи годишно, додава Росселхознадзор.

Има посебна симболика: Што значи кога сонувате дека летате?

Често се случува да сонуваме дека летаме. Тоа е сон што веќе го проучувале и Фројд и Јунг, сон кој води кон различни фасцинатни толкувања.

Меѓу најчестите соништа поврзани со летањето е оној во кој сонувачот се гледа себеси како лета. Чест е и кај децата и кај возрасните и има повеќе од едно значење. Заедничко толкување е чувството на леснотија, слобода и отсуство на бариери, спротивно на она што се случува во реалниот живот. Сепак, толкувањето на овој сон се менува според различните елементи што го карактеризираат.

Ако сонувате дека летате високо

Ако сонувате дека летате високо, можеби дури и во вселената, тоа значи дека на сонувачот не му недостасува амбиција и желба за успех. Тој, веројатно, има веќе поставени цели кои треба да ги исполни за кратко време и работи напорно за да го добие она што го сака. Сонот симболизира и емоционално одвојување од одредени ситуации во реалноста со цел подобро да се испланира професионален живот.

Високото летање во сон секогаш означува и желба за слобода или бегство. Затоа овој сон може да укаже и на преголема строгост кон себе.

Ако сонувавте дека летате високо, во реалноста треба да се запрашате и да размислите за тоа како го доживувате вашиот труд за да ги постигнете поставените цели. Дали работите напорно без да ги запоставите вашите најблиски или дали ризикувате премногу за да ја постигнете целта?

Ако сонувате дека летате ниско

Наспроти претходното толкување и значење, кога сонувате дека летате ниско, во реалноста треба да се запрашате што се случува со вашата самодоверба. Овој сон укажува на недоверба во вашите способности, несигурност и неизвесност за иднината.

Ако сонувате дека летате со некого

Ако во сон сонувачот се гледа себеси дека лета заедно со некого, тоа значи дека тој сака да изгради нешто со таа личност. Овој порив и потреба, по природа може да биде и сексуален и асексуален, а може да се однесува на партнерот на сонувачот или едноставно на личност која штотуку ја запознал или која веќе ја познава, а за која не знае дали чувствува привлечност кон неа, надвор од соништата.

Ако сонувате дека летате со авион или хеликоптер

Тоа укажува на желбата да избегаме од проблемите на удобен и брз начин. Често означува и желба да отпатуваме некаде или да се преселиме во непозната локација за да започнеме нова авантура што ќе ни го одвлече вниманието од навиките и рутината.

Ако сонувате дека паѓате додека летате

Значењето на паѓање додека летате е слично на она на сонот во кој летате близу до земјата. Тој сон е поврзан со недостаток на доверба во нечии вештини и способности, најчесто во своите, но значи и страв и недостиг на свест за тоа што сакаме да направиме во иднина. Во принцип, сонот во кој паѓате, исто така, укажува на чувство на вина и срам за нешто што сте го направиле и за кое зажаливте.

Ако сонувате дека паѓате во море, значи затворање во себе по еден момент на среќа кој сега ви изгледа дамнешен. Водата означува емоции кои сте ги доживеале претходно. Не е изненадувачки што овој сон е типичен за некој кој се вљубува и сè уште е несигурен за своите чувства.

„Тоа беше ужасна ноќ“: Вил Смит конечно проговори за инцидентот на “Оскарите”

Откако извесно време остана подалеку од очите на јавноста, Вил Смит се појави во „Шоуто на Тревор Ноа“ заради промоција на својата нова историска драма „Еманципација“ (Emancipation). Во емисијата, меѓу другото, тој проговори и за инцидентот на „Оскарите“ кога Вил му удри шлаканица на Крис Рок на сцената.

-Тоа беше ужасна ноќ, како што може и да си замислите. Има многу нијанси и сложеност во тоа. Но, на крајот, едноставно се изгубив. И сам минував низ нешто таа вечер. Не дека тоа го оправдува моето однесување… Имаше многу нешта. Тоа беше „мало момче кое го гледа татко сѝ како ја тепа мајка му“… Сѐ тоа прекина во тој миг. Тоа не е она што сакам да бидам!, изјави оскаровецот.

Смит се потсети и на една анегдота по „Оскарите“…

-Мојот внук има само девет години. Тој е најслаткото мало момче. Дојдовме дома. Тој остана буден до доцна да го види својот вујко Вил. Седиме во мојата кујна, го држам в скут, па држејќи го „Оскаров“ ме прашува: Зошто го удри тој човек, вујко?“, раскажува глумецот.

Тој се кае за немилиот настан, но се надева дека тој нема да влијае на успехот на неговиот нов филм.

-Целосно ќе разбирам ако некој не е подготвен (да го погледне филмот, б.п.). Апсолутно би го почитувал тоа и нека не биде подготвен. Но, мојата најголема грижа е мојот тим… Луѓето ги завршија најдобрите работи во целата моја кариера и се надевам дека моите постапки нема да ја казнат екипава, нагласи Смит.

Прикажувањата на филмот требаше да почнат во мај годинава, но беа одложени поради случката на „Оскарите“. Филмот ќе се појави во американските кина оваа недела, а ќе биде достапен и на стрим-платформта „Епл ТВ плус“ почнувајќи од 9 декември.

Тешка cooбpaќajка на патот Прилеп-Градско: Се cyдpиja “лада нива” и камион

На 28.11.2022 во 18.20 часот Полициската станица Прилеп било пријавено дека на патот Градско-Прилеп се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „лада нива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(53) од с.Бузалково, велешко, и товарно возило „даф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.С.(53) од Битола.

Во нecpeќата возачот Т.Р. се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Градската болница во Прилеп.

Извршен бил yвид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од МВР.

Следната недела ќе уживаме во неработен ден – рекордни 10 продолжени викенди во 2023

Согласно Законот за празниците на Република Македонија, идниот месец ќе има еден неработен ден.

Неработен ден за сите граѓани ќе биде 8 декември (четврток). На овој ден се чествува споменот за Св. Климент Охридски, најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј.

РЕКОРДНИ 10 ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2023: Ова се сите неработни денови за идната година

Јануари (2 продолжени викенди)

Во јануари имаме продолжен викенд за Нова Година. 1 јануари е недела но неработен ќе биде понеделникот, односно 2 јануари.

За Божиќ баш немаме среќа бидејќи празникот се паѓа во сабота. Но, Бадник е во петок па ќе имаме еден подолг викенд.

Во јануари има уште еден празник, а тоа е Богојавление (Водици) кој се празнува на 19 јануари во четврток.

Април (подолг Велигденски одмор и продолжен викенд за Бајрам)

Во април оваа година ни е Велигден. Празникот се паѓа на 16 април. Како и секоја година, неработни ќе бидат 4 дена околу овој празник, во кои е вклучен и еден викенд. Нема да се работи 14 април кога е Велики Петок а по викендот неработен ќе биде и вториот ден на Велигден, односно 17 април, понеделник.

Во овој месец неработен за сите граѓани е и 21 април кога се празнува Рамазан Бајрам. Денот се паѓа во петок што значи дека ќе имаме продолжен викенд.

Вкупен награден фонд од 420.000денари – Ова се деталите за турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2022” во Прилеп

Под покровителство на општина Прилеп како покровител и во организација на Здружението за спортови “Марков Град 2022” Прилеп, оваа година по три години пауза ќе се одржи традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола”.

-Ни претставува особена чест официјално да го најавиме годинешното издание на традиционалнот турнир во мал фудбал „СВ. НИКОЛА“ 2022. Турнирот ќе започне на 10 декември и ќе трае до 25-ти. Локацијата на одржување на овој турнир ќе биде во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски“ – стои во настанот на ФБ.

Котизацијата за сениорските екипи изнесува 8.000 денари, додека за пионерите од генерација 2008 до генерација 2014 изнесува 3.000 денари.

Награди: 1. место – 240.000 денари 2. место – 120.000 денари 3. место – 60.000 денари

Рок за пријавување на екипите: 01.12 – 07.12.2022 / Контакт: 078/308-988; 076/203-201

Претседателката на Судски совет си даде ocтавка: Мојот избор за претседател не одговараше на група од судската – бизнис елита

Павлина Црвенковска поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет.

Оставката ја поднесе пред почетокот на денешната 421 седница на Советот.

– Поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на Судски совет. За причините ќе бидете информирани преку соопштение, изјави Црвенковска на почетокот на денешната седница.

Заменик претседателот на Судскиот совет Селим Адеми, рече дека не бил запознаен со оваа одлука и ја прекина седницата.

Веднаш потоа во соопштение до медиумите, Црвенковска извести дека поднесува оставка од позицијата претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

– Веднаш по мојот избор на функцијата започна медиумска хајка со крајна цел да дадам оставка затоа што мојот избор за претседател не одговараше на група од судската – бизнис елита. До ден денешен хајката не престана преку пласирање лажни информации до новинари, а во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешните процеси во Советот, кои се од клучно значење за успешно завршени задачи и за функционирањето на судството, наведува таа во оставката.

Како што наведува Црвенковска, станало жално што, како што вели, „наместо да се посветиме заеднички на активностите и реформите и да ја унапредиме состојбата во судството, некому стана поважно како да ме нападне и како да им наштети на проектите“.

-Последен пример со лажно брифирање на новинарите беше околу тоа дека е моја незаконската одлука за избор на член во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, иако јас ниту го предложив, ниту го гласав членот на Судскиот совет, Зоран Герасимоски. Се надевам дека идниот претседател ќе биде подобен за оваа судско – бизнис елита. Благодарна сум на оние колеги кои покажуваа почит и ме подржуваа во намерите нешто да промениме, но сепак Советот како колективно тело одлучува по која патека ќе се движи судството, наведува Црвенковска во оставката.

Црвенковска останува член на Судскиот совет.

Месна индустрија: Ако се укинат давачките на увозните суровини поевтинување на производите за над 10 отсто

Преработувачите на месо, како одговор на кризата и намалената куповна моќ на потрошувачите, најавуваат акција „Домашни квалитетни евтини месни производи достапни за секој наш граѓанин“.

Ова е договорено на работниот состанок што го организира Групацијата за преработка на месо и производи од месо во Стопанската комора на Северна Македонија.

Месната индустрија уште еднаш апелира Владата да ги укине давачките на увозните суровини кои не се произведуваат во државата, мерка која, како што потсетува, беше активна до јуни 2022 година. Во таков случај, веднаш може да дојде до поевтинување на месните преработки и за над 10 проценти.

Како што објаснуваат за МИА од Стопанската комора, месната индустрија не бара субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување. Србија, нагласуваат, има осум отсто давачка, другите земји немаат царина на замрзнато месо, а државава има 18 до 35 проценти во зависност од тарифниот број.

-Ја поздравуваме одлуката на Владата за фиксна цена на струјата и истовремено бараме да ги укине давачките на увозните суровини кои не се произведуваат во државата, мерка која беше активна до јуни 2022 година. Целта за намалување на цените е заедничка – и на Владата и на граѓаните и на индустријата. Сите ќе бидат задоволни доколку намалувањето на цените на месните преработки бидe што поголемo, на пример над 10 проценти, што може да се случи веднаш ако се донесе одлука за ослободување од плаќање на царината на одредени тарифи на суровина за крајна употреба за овој кризен период, а за трајно решение да се прифати Предлог-законoт кој е доставен до Министерството за финансии и Владата, велат од Комората.

Важно соопштение до верниците од прилепските црковни храмови за празникот Пресвета Богородица – Пречиста

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА – ПРЕЧИСТА

Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ.

За претстојната слава, ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА – ПРЕЧИСТА, во храмот Свети Кирил и Методиј ( ПАРАКЛИС)лепчиња ќе се пејат ВО САБОТА (03.12.2022г.) во периодот од 7:30 – 17:00 часот, додека во храмот Св. Петка лебчиња ќе се пејат исто така, од 7:30-17:00 ЧАСОТ.

Честита слава на сите кои ја чествуваат ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА – ПРЕЧИСТА како закрилница на нивните домови т. е. домашна слава!

Нека ни е за многу години и на помош!