Засега непознато машко лице, утрово околу 05:00 часот предидизвикало пожар пред еден од дуќаните од Старата прилепска чаршија.
Во пожарот е предизвикана материјална штета, при што целосно изгорела тезга, а опожарени се и дел од фрижидерите од соседниот дуќан.
За среќа лицето било забележано и настанот бил навремено пријавен, па била избегната поголема трагедија, односно опожарување на повеќе дуќани кои се од збиен тип во чаршијата.
Засега не е познато дали лицето е приведено и кои биле мотивите за подметнатиот пожар.

























