Авто Контрол со превентивна акција во Прилеп: Подготвени ли се возилата за зимските услови?

Пред почетокот на законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, во Прилеп се реализираше превентивна сообраќајна активност со цел подигнување на свеста кај возачите за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови.

Акцијата ја организираше Авто Контрол, во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП), а се одвиваше на три локации во градот.

Во активноста беа вклучени контролорите на Авто Контрол, претставници на МВР, како и ученици од сообраќајната струка при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.

Контролорите на Авто Контрол вршеа мерење на длабочината на шарата на пневматиците кај возилата, со што возачите добиваа непосредна информација за состојбата на своите гуми и важноста од користење исправна и соодветна зимска опрема.

Истовремено, во централното градско подрачје, учениците делеа едукативни флаери со корисни совети и информации за побезбедно управување со возилата во зимски услови.

Преку ваквите превентивни активности, Авто Контрол продолжува да ја потврдува својата посветеност на сообраќајната безбедност, едукацијата на возачите и подигнувањето на сообраќајната култура.

Зимските услови носат дополнителни предизвици на патиштата, па затоа навремената проверка на возилото и соодветната зимска опрема се важен предуслов за безбедно патување.

Авто Контрол – партнер во безбедноста на патиштата!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.