По бруталниот напад врз девојката од Охрид, која беше претепана и оставена без свест на улица пред маркет, се огласи и претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова.
Преку објава на социјалните мрежи, Зајкова побара итна реакција од надлежните институции и одговорност за сите лица кои, според наводите што се појавија во јавноста, биле вклучени во настаните по нападот.
Таа повика случајот да не биде заштитен поради семејни, политички или функционерски врски на осомничениот, посочувајќи дека станува збор за особено сериозно насилство врз жена.
„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање…. Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се! Девојката можеше да заврши како следна жртва на фемицид!“, напиша Зајкова.
Нејзината реакција доаѓа по вознемирувачкиот случај во Охрид, во кој 31-годишен маж беше приведен по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.
Случајот предизвика бројни реакции во јавноста, а од институциите се очекува целосно расветлување на околностите и утврдување на евентуалната одговорност на сите инволвирани лица.
























