дома блог страница 1340

Се реализира најавата Мицкоски: Советот на општина Прилеп ја намали цената на водата

“Она што за мене е многу значајно во преговорите со владата успеавме да издејствуваме водоводните претпријатија и оние кои што стопанисуваат со пречистителните станици со канализациите во општините добијат повластена цена на струјата на електричната енергија. Тоа важи овде во општина Прилеп и можам да најавам дека веќе во декември советот тука до мене е и претседателот ќе донесат одлука за враќање на старата цена на водата, она кое што советот и градоначалникот го земаа како обврска овде во Прилеп да откако ќе биде корегирана цената на електричната енергија се врати старата цена за вода на прилепчани”, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при неговата посета на Прилеп на почетокот од ноември.

Најавата на Мицкоски вчера се оствари на седницата на Советот на општина Прилеп.

Советниците донесоа одлука со која од 1. декември граѓаните на општина Прилеп, почнувајќи од декемвриската сметка ќе плаќаат иста цена услугите од ЈКП Водовод и канализација, како и претходно.

Паднаа цените на лебот и месото

Намалување на цените се забележува кај околу 50-ина производи, и тоа дел од свежото свинско месо и дел од пилешкиот асортиман.

Некои од производителите сè уште ги немаат добиено договорите за субвенционирана струја. Старите резерви мора да се продаваат по стари цени.

Во дел од продавниците почнаа да се менуваат цените на основните прехранбени производи, додека кај некои сè уште нема ниту еден поевтин артикл, освен оние што се на акција.

Намалување на цените може да се забележи кај месото, кај лебот, но за најголем дел од производителите треба да се чекаат новите пратки со коригирани цени, затоа што производите на рафтовите се од залихите каде што производните цени се формирани со поскапа струја.

Производите што секојдневно се испорачуваат, како, на пример, лебот, како што можеше да се забележи во продавниците, во најголем дел сè уште е по старите цени, но како што најави претседателот на Агрокомората на ССК Горан Ѓорѓиевски, кој е и сопственик на „Специјал“, од вчера е достапен леб и по 32 денари. Најголемиот производител на леб „Жито лукс“ сè уште ги нема коригирано цените.

Две приjaви за физички напади во Прилеп во изминатите 48 часа

Две пријави за физички напади во Прилеп – Извадоци од полицискиот билтен на МВР

Na 30.11.2022 во ОВР Прилеп, Б.Т. (33) од Прилеп пријавил дека на ул. “Орде Тодороски-Шемко” во Прилеп бил физички нападнат од Б.Н.

На 01.12.2022 во ОВР Прилеп, 39-годишна жена од Прилеп пријавила дека била физички нападната од Ф.А. со кого живеела во вонбрачна заедница.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.

Повторно светна штитот со сонцето од Кутлеш на споменикот на Александар Македонски во Прилеп (ФОТО)

Деновиве целосно се изгланца споменикот на Александар Македонски на плоштадот “Александрија” во Прилеп. Сега споменикот одново свети како кога беше поставен во 2006 година.

Прилеп таа година беше првиот град во земјава каде беше поставен споменик на големиот македонски војсководец Александар Македонски.

Во таа 2006-та година, честа да го откријат споменикот ја имаа донаторот Ѓорѓија -Џорџ Атанасоски и тогашниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески. На свеченото откривање на споменикот беше присутен и Никола Груевски, тогашен премиер на Владата на Република Македонија со своите соработници, како и голем број други видни личности од општествено-политичкиот, научниот и културниот живот на Македонија.

Во чест на подигнувањето на споменикот градоначалникот Марјан Ристески, меѓу другото рече: „Градот под Марковите кули, од овој момент е и градот на Александар Македонски. За овој великан, изминативе години, како историска личност, човек и војсководец се напишани многу текстови, снимени се многу филмови, се дебатирало безброј пати, но само донаторот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски и Прилеп направија нешто што ќе биде незаборавно грандиозен споменик на Александар Македонски.

Со склучувањето на Преспанскиот договор помеѓу Македонија и Грција, ние се обврзавме и дека Александар е „историска фигура од античката Хеленска историја и цивилизација и дел од светското културно-историско наследство“.

Властите во два наврати го тестираа трпението на прилепчани поставувајќи табли на кои пишуваше:

“Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство”, но истите кратко издржаа.

Тука порано имаше детски џагор, а денеска овој објект во Прилеп е дувло на наркозависници (Фото галерија)

Поранешната детска градинка која се наоѓа во склоп на Тутунскиот Комбинат во Прилеп, денеска е вистинска руина и дувло каде во ноќните часови се собираат наркозависници.

Прилепчани постојано апелираат надлежните да направат нешто со локацијата, или просторот да се обезбеди, или објектот да се реновира и одново да стане детска градинка.

На седница на Советот на општина Прилеп во август 2018 година, беше донесена одлука за подигање на банкарска гаранција за ставање под закуп на објектот од Тутунски Комбинат, за истиот одново да стане градинка. Но, од тоа не стана ништо.

Има причина зошто сите ги сакаат oвие луѓе: Родените во ДЕКЕМВРИ се посебни поради повеќе нешта

Декември е студен месец, но родените во овој месец се топли и весели личности.

Сепак, некогаш на патот им се испречува сопствената гордост па знаат да избувнат. Имаат потреба постојано да бидат во движење и не можат да мируваат на едно место.

Родени учители и лидери

Тие кон другите луѓе се однесуваат како учители. Ги исправаат кога не се во право и им помагаат да научат различни работи. Секогаш го гледаат најдоброто во другите и веруваат дека имаат голем потенцијал. Ако добијат шанса да бидат менаџери, секогаш се однесуваат најдобро во таа ситуација.

Емотивни оптимисти

Тие се емотивни и друштвени, а таа комбинација резултира со посветеност кон другите. Креативни се и полни со идеи и секогаш ги мотивираат другите да го гледаат најдоброто во се и да веруваат во среќата.

Искрени се

Тие се најискрените личности на планетата. Никогаш не би направиле погрешен потег, ако треба да лажат или да бидат неискрени кон другите. Се водат од сопствените уверувања и никогаш не би повредиле некого со намера.

Љубезни личности

Тие се грижливи и љубезни личности. Потребно им е повеќе време за да го освоите нивното големо срце, но штом го направите тоа, тие би отишле на крајот на светот за вас.

Наоѓаат радост во мали нешта

Ја наоѓаат среќата во мали нешта, како семејството, пријателите, љубовта и насмевката. Тие живеат во моментот и ја користат секоја секунда.

Тивки и мистериозни

Тие не се гласни личности и не сакаат да зборуваат за своите чувства, освен ако не ги прашате за тоа. Сакаат да ги задржат работите за себе отколку да се отворат кон другите.

Премиерот Ковачевски соопшти: Ќе поевтинат влошките

Во рамки на мерките за даночни реформи, како и за праведност на даночниот систем во земајва, премиерот Димитар Ковачевски на денешната пресконференција, меѓу другото најави и намалување на даночното оптоварување на производите за менструална хигиена за жените.

Тој истакна дека со измените кои се планираат за даноците за следната година, ќе има намалување на ДДВ-то на производи за менструална хигиена од 18 на 5 проценти „за да придонесеме за поголема достапност на овие производи до сите жени“.

Премиерот појаснуваше дека во текот на изминтите три години нашата економија поминува низ најголемите предизвици како и другите земји поради кризите. Тој исто така посочи дека е донесен план за фискалана консолидација, истакнувајќи дека наплатата на даноците како процент од БДП е под процентот на земјите на регионот, и далеку под просекот на разивените земји.

– Клучна карактеристика на новиот даночен систем е праведноста. Со восоставување на праведенданочен систем ќе делуваме и ќе ја темелиме реформата која ја планираме. Целиот концепт е поделен во четри категории. Првата група се данок на добива, данок на додадена вредно… каде ќе се прошири даночната база, а таргетирани се и даночните ослободувањеа. Планот е да се изедначат даночните обврзници, без оглед на дејнсота – кажа премиерот.

Недела останува неработен ден – иницијативата на Стопанска комора падна на Уставен

Недела останува неработен ден. Иницијативата на Стопанската комора со која бараше да се укинат одредбите од законоите за работни односи и за трговија падна на Уставен.

Шестмина наспроти еден судија бил денешниот исход од гласањето што значи дека нема да се поведе постапка.

Иницијативата на Стопанска комора беше поднесена во јануари. Според нив одредбите со кои недела стана неработен ден освен за дејностите со исклучок, се спротивни на слободата и пазарот на претприемништво. Дел од судиите на расправата пред еден месец беа на став дека треба да се отфрли иницијативата, а само еден судија кој најави и издвоено мислење сметаше дека законската измена е спротивна на уставот.

„Апсолутно не може да се доведе во прашање дека со оспорениот Закон се повредуваат уставните одредби. Со оваа иницијатива се индивидуализира и конкретизира едно право кое со Уставот се гарантира. Кога станува збор за права што Уставот ги гарантира тие добиваат на значење“,-Осман Кадриу, Уставен судија.

„Сметам дека начинот на кој законодавецот сака да ја постигне оваа цел е уставно проблематична. Дел од наводите во иницијативата се основани. Остава простор за различни толкувања. Како се утврдува кои се тие технолошки процеси, кој го цени тоа.“-Дарко Костадиновски, Уставен судија.

Судиите денеска гласаа за иницијативата, бидејќи во септември немаа мнозинство за одлука.Уставниот суд сега има седуммина судии со изборот на Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева, но за една недела ќе остане со еден помалку со пензионирањето на судијката Вангелина Маркудова. Изборот на Љубомир Јовески останува заглавен во собранието а уште еден судија треба да дојде на предлог на Судскиот Совет.

Големо намалување на цената на дизелот од полноќ

Дизелот ќе поевтини за 2 денари по литар, цената на останатите горива останува непроменета, одлучила денеска Регулаторната комисија за енергетика, пренесе Гориво.мк.

Според новата цена која ќе почне да важи од полноќ, литар дизел ќе се продава за 84,5 денари. Со тоа, таа се изедначува со цената на бензинот, додека 98 октанскиот бензин ќе чини 86,5 денари по литар.

Последен пат, дизелот имал цена на ова ниво во април годинава.

Teшка cooбpaќajка на ул. “4-Ноември” во Битола: Автомобил yдpил во жена

На 30.11.2022 во 17.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„4 Ноември“ во Битола, патничко возило „нисан“ со грчки национални ознаки, управувано од Г.К.(37) од с.Јанковец, ресенско, удрило во В.Ф.(57) од Битола.

Во нecpeќата, В.Ф. се здобила со тешка телecна повpeда, констатирана во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извpшила екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.