дома блог страница 611

Исчезната е 14-годишната Клара од населба Илинден: Семејството моли за помош!

На социјалните мрежи се споделува апел за пронаоѓање на млада девојка со име Клара.

Како што се наведува во написот кој масовно се шири на социјалните мрежи, Клара излегла вчера во 18 часот во населба Илинден а на себе носи црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно сиви патики.

Апелот е објавен од Ивана Тасевска, која ги повикува сите ако ја забележат да се јават во најблиската полициска станица.

Министерството за внатрешни работи потврди дека вчера попладне исчезнала 14-годишна девојка од скопската населба Илинден. Исчезнувањето го пријавила нејзината мајка.

„На 02.08.2024 околу 23.45 часот И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје пријавила дека на 02.08.2024 околу 18 часот нејзината малолетна ќерка К.Р. (14) се оддалечила од домот. К.Р. имала здравствени проблеми, а причина за оддалечувањето била претходна расправија помеѓу К.Р. и И.Р.. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

“Заветна” ечеше на Мечкин Камен – Маестрална изведба од грлата на Игор Дурловски и Андријана Јаневска (ВИДЕО)

Неофицијалната химна на Македонците ечеше на Мечкин Камен. „Заветна“ никогаш не звучела помакедонски од грлата на Игор Дурловски и Андријана Јаневска.

ВИДЕО ЗА УЖИВАЊЕ! Битола – најличното чупе на Македонија!

Една прекрасна ИЛИНДЕНСКА разгледница од ноќниот амбиент на Широк Сокак во Битола. Уживајте:

Ги прашаа нашите млади: “Дали поддржувате хомосапиенс?” – Eве што одговорија (ВИДЕО)

Па не е ни чудно со оглед на кое “дереџе” ни дојде образовниот систем во државата…

Мицкоски од Мечкин камен повика на единство: Да изградиме посилна држава на еднакви граѓани

Имаме економска визија за развиена дражава. Доаѓа нова ера на развој и на нови работни места. Ова е само почетокот на нашата економска преродба, а најдоброто допрва доаѓа. Нашата цел е да создадеме стабилна и просперитетна економија која ќе им овозможи на сите наши граѓани подобар живот и сигурна иднина, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

-Сакам да им се обратам на младите. Младите се нашата иднина. Тие се нашата надеж и нашата сила. Вложуваме во нивното образование и во нивниот развој за да ги подготвиме за предизвиците на иднината. Младите се тие што ќе ја водат државата напред, а ние сме тука да ги поддржиме на секој чекор од нивниот пат. Им порачувам на младите: не плашете се од предизвиците, бидејќи вие сте тие што ќе ја градите иднината, тие кои мора да го негувате, браните и да се борите за заедничко единството.

-Заедно се боревме во Илинден и заедно ќе ја изградиме новата и силна Македонија. Нашата сила е во нашата различност и нашето единство. Само заедно можеме да изградиме аеднички светилник во темнината. Илинден е нашата заедничка инспирација и нашиот најголем потсетник дека секоја генерација има своја борба. Како што нашите предци се бореа за слобода и правда, така и ние денес заедно се бориме за нашите идеали. Ова е нашата заклетва дека никогаш нема да се откажеме, дека секогаш ќе се бориме за нашата татковина, за нашите деца и за нашата заедничка иднина, рече Мицкоски.

Премиерот порача: „Нашата сила е во нашето единство и заедништво. Без разлика на различностите, сите ние сме дел од една поголема“.

-Ова е повик за солидарност за да изградиме посилна држава на еднакви граѓани. Во оваа смисла, од тука, на славниот Мечкин камен повикувам на единство и со нашите политички противници. Да ја имаме пред нас големата слика на развиена и европска држава. Држава која е обединета независно од нашите политички разлики. Да зборуваме во еден глас! Да се бориме заедно и да освојуваме големи врвови и да победуваме заедно! Борбата трае е повеќе од слоган. Со оваа порака ние го славиме Илинден и се потсетуваме на нашата одговорност да ја продолжиме борбата за подобра и поправедна земја. Борбата трае и ние сме тука да ја продолжиме. Нека секој збор, секоја акција и секој сон за подобра иднина бидат нашата борба. Нека нашата борба трае, како што траеше и во времето на нашите предци, рече Мицкоски.

Тој го цитираше Винстон Черчил: „Крајот на една ера значи почеток на нова. Најдоброто нешто што можеме да го направиме е да ја прифатиме промената со надеж и да се стремиме кон подобра иднина.“

-Нека е вечен споменот за Илинден. Бог да ја благослови Македонија, порача премиерот.

На Мечкин Камен почна да доаѓа народ од сите краишта на Македонија! Следете ја во живо централна манифестација!

Со низа свечености и манифестации под слоганот „Борбата трае“ денеска ќе биде одбележана 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Централната манифестација за одбележување на Илинден – Денот на Републиката ќе се одржи во Крушево на Гумење и на месноста Мечкин Камен, каде ќе има обраќање премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен.

На Мечкин Камен веќе почна да се собира народ од сите краишта на Македонија. Во продолжение следете ја во живо централната манифестација од одбележувањето на Денот на Републиката, Илинден – под слоганот „Борбата трае“:

Нека е вечна cлавата на бopците за cлобода и дpжавнocт! Честит Илинден Македониjo!

Илинден е денот кога го празнуваме непокорот и ја славиме победата, но истовремено им оддаваме и почит на сите оние кои без разлика на нивната вера, припадност и убедување го дадоа животот за слободна и независна Република Македонија.

Денес со гордост се сеќаваме на делата на Илинденците од двете славни епопеи од 1903 и од 1944 година. Нашиот народ на ден Илинден, 1903-та година го запали огнот во срцата на сите оние кои мечтаеа за слободна држава и преку пожртвуваност, храброст и љубов кон Македонија, тргнаа во беспоштедна борба за вечниот стремеж за конечно ослободување, се вели во честитката од соопштение.

Огнот не престана да гори и во време на Народно ослободителната и антифашистичка борба, така што на 2-ри август 1944 година се оствари вековниот сон за сопствена државност на Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински.

Борбата на еден народ е процес, тоа е континуитет, тоа е чувство што треба да го има секој од нас. Илинден е денот кога си припомнуваме за сите оние кои ги дадоа своите животи за слободата.

Си спомнуваме на Гоце, на Даме, на Питу на Сандански и го превземаме нивниот завет. Тие ни оставија аманет како треба да се сака, да се гради и да се чува нашата татковина.

Нивниот пример е обврска за секоја идна генерација бесусловно да ја води својата борба, борба за напредна и поуспешна Македонија.

Нивниот сон за слободна и независна Македонија денес е реалност, а наша должност е тој нивен сон да продолжи. Нека е честит и вековит Илинден! Нека е вечно делото на двата Илиндени 1903 и 1944 година! Нека е вечна славата на борците за слобода и државност! Нека е вечна нашата таковина Македонија

Св Илија – Kлyчapoт на небото и заповедник на гpмотевиците: Честит именден Илија, Илко, Илинка, Илина, Илчо…

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јули. Денеска е Св. пророк Илија-Илинден.

Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици и е Пророк кој пaли и гaси на небото и земјата.

Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…

Бидејќи во народното верување Св. Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици, очигледно е дека врз св. Илија се пренесени многу елементи на врховниот пагански бог на Словените, громовникот Перун.

Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, св. Илија трчал со кочијата по облаци, за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе yдpел со камчето, огон силен излегувало и кај ќе yдрело ќе расипело и ќе yбиело. Ламјaта од страв кај ќе и се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет.“ И во Кумановско Свети Илија се држи како празник и не се работи од страв да не биjат гpомови по полето, луѓето и стоката и сл.

Блазе им на тие родители кои го воспитале! Најмладиот илинденски коњаник Давид, го прослави роденденот и солзи извикa: “За кого, за Македонија” (ВИДЕО)

Срце да ти растрепери! Браво бе дете и за тебе и за твоите родители кои те воспитале!

Давид е член на илинденската коњаница од КЈК “Букефал”, а својот роденден го прослави денеска на пат за славно Крушево во село Долно Дивјаци.

Среќен роденден Давид!

Внимавајте! Повеќе ниту на тротоар не сте безбедни! Турнати електрични столбови и семафори во Прилеп (ФОТО)

-ДОЈДЕ ВРЕМЕ ДА НЕ СМЕ БЕЗБЕДИ НИ НА УЛИЦА НИ НА ТРОТОАР. ОВИЕ ОД БКРС НОЌЕ РАБОТАТ ИЛИ САМО ПРЕКУ ДЕН?! ЈАС ДО СЕГА НЕМАМ СЛУШНАТО ДЕКА НЕКОЈ ВОЗЕЛ, ПОТОЧНО ,,ДИВЕЕЛ,, ПОД ДЕЈСТВО НА ДРОГА. ЕДИНСТВЕНО КАКО НА ,,ФОТОКОПИР,, СЕ СООПШТУВА: СЕ ВОЗЕЛО ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ!? – пишува на Фејсбук новинарот од Прилеп Зоран Момировски, кој објави фотографии од турнат електричен столби и сообраќаен знак пред спортската сала “Македонија”.

Пред неколку дена семафор беше турнат на мостот “Табана”…