дома блог страница 612

ВНИМАВАЈТЕ што им давате за најмалите! АХВ пронајде новогодишни пакетчиња со производи со поминат рок!

Минатата недела се спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња при што кај две се најдени производи со изминат рок, како и со краток рок на траење, до 12.2024 година, соопшти Агенција за храна и ветеринарство (АХВ).

Спортед АХВ, констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење.

На операторите кај кои се утврдени неусогласености, наредено им е повлекување на пакетчињата од промет и нивно уништување, за констатираните неправилности се издадени решенија за отстранување на неусогласеностите, а изречени се и соодветни прекршочни пријави.

-Нашите инспектори минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување новогодишни пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни пакетчиња. Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно означување на пакетчиња кај 4 оператори. Кај 3 вида пакетчиња е констатирано дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги содржи новогодишното пакетче, поради што е наредено нивно повлекување од промет, наведува од Агенција за храна и ветеринарство.

Здравко Чолиќ за Нова година ќе добие 120.000 евра, Цеца 20.000 помалку

Најголемите балкански звезди одамна ги закажаа настапите за Нова Година.Црна Гора е хит дестинација каде се очекуваат рекорден број туристи во хотелите и плоштадите.Хонорарите на пејачите се движат од шест цифри, нормално во евра, додека „тезга“ под 20.000 евра нема.

Рекордер е Здравко Чолиќ кој за настапот во Тиват ќе добие 120.000 евра. Втора по сумата е Цеца Ражнатовиќ која во Херцег Нови ќе добие рамно 100.000 евра.

Пица бар “Академи” ја донесе празничната атмосфера во Прилеп преку хуманитарен Новогодишен базар

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, за прв пат во Прилеп, Пица бар ACADEMY организира хуманитарен базар.

Во летната бавча се сместени прекрасно декорирани тезги, а на нив ќе најдете вкусни колачи, греано вино, чај, толо чоколадо…

Базарот започна вчера, а ќе трае и денеска. Сите кои сакаат да ја почувствуваат новогодишната атмосфера во ACADEMY настанот можат да го посетат од 17 до 21часот.

Собраните средства од настанот ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Еден убав настан кој ја носи празничната магија во нашиот град! Секоја чест за тимот на ACADEMY, секогаш уникатни и посебни!

Слики кои сакате да ги избришете од меморијата: Вака се променуваше Прилеп во едно време (ВИДЕО)

Да се потсетиме и веднаш да заборавиме како изгледал центарот на градот, парковите, зеленилото, булеварите…

Македонија добива нов скијачки центар – Се бројат деновите за отворање! (ВИДЕО)

По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите за отворање на скијачкиот центар, напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на својот профил на „Фејсбук“.

Тој додаде дека во моментот се работи на подготовки за ски-патеката со сите придружни елементи за сите возрасти.

„Скијачкиот центар ‘Михајлово’ за сите љубители на зимските спортови“, стои во неговата објава.

Во коментарите под видеото од ратракот граѓаните бараат доживотен мандат за Јанчев.

(Фото галерија) Со максимални 7 од 7, по втор пат стигнаа до шампионскиот пехар во Прилеп – Заврши 12-то издание на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2024”

По 17-дневна и возбудлива фудбалска претстава, заврши дванаесеттото издание на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2024” во Прилеп. Во големото финале се сретнаа екипите на Гостилница “Кај Џек” од Скопје и “АСП ПАК” од Охрид.

Резултатот повеќе од убедлив за скопјани, 5:1, што беше седма победа на исто толку одиграни натпревари на турнирот. Екипата на Гостилница “Кај Џек” по втор пат го освојува Светиниколскиот турнир во Прилеп, претходно на пехарот се радуваа до 2022година.

Во натпреварот за трето место играа прилепските екипи “Хајф кафе/Теа Андреа” и “Давид Коруноски”, натпревар кој заврши со резултат 2:1.

За најдобар играч на турнирот беше избран Марио Благоевски од Гостилница “Кај Џек”, признанието за најдобар голман го доби Антонио Столевски од “Хајв кафе/Теа Андреа”, додека пак најдобар стрелец беше Андреј Јаневски од победничката екипа на турнирот.

Нова одлука: Бензините по стара цена, дизелот поскапува

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,46%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.12.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.

Малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.12.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.12.2024 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 70,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,058 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 16.12.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 45,823 ден/кг.

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 71,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 45,823 (денари/килограм).

Тие се бренд за детска облека во Прилеп, а нивната новогодишна колекција е нешто посебно! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Во Старата прилепска чаршија на цветната улица, се најдува бутикот BABY BOOM, едно од најубавите катчиња каде ќе најдете се’ за вашите најмали.

Квалитетна облека изработена од убедливо најквалитетни материјали, облека во која вашите дечиња ќе се чувствуваат удобно, заштитено и што е најважно топло во овие зимски денови.

Во BABY BOOM ќе најдете најголем избор на секаква облека, за различни возрасти, од елегантна, до секојдневни удобни тренерки, елеци и зимски вентијаги, буквално се’ што му треба на вашето малечко.

Нивната новогодишна понуда на облека е посебна, умот да ви зајде, секакви бои, дезени, моделчиња кое од кое поубави. Не случајно BABY BOOM е број еден избор за голем број родители кои знаат што е најдобро за нивните најмали.

Со еден збор BABY BOOM е бренд на прилепската чаршија кога станува збор за детска облека!

Погледнете ја фото галеријата во продолжение и уверете се зошто е така:

НОВ ХОРОР ВО ПРИЛЕП: Фрлил екcплозивна направа пред куќа

-На 22.12.2024 во 20.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 19.30 часот на ул.„Поп Аврамија” во Прилеп било забележано едно лице како фрла експлозивна направа, при што настанала експлозија пред куќа и патничко моторно возило „пежо 207″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.Л.(21) од Прилеп.

Нема повредени лица.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од МВР.

СЕКОЈА ЧЕСТ! АВТОКОНТРОЛ донесе радост за дечињата од посебните паралелки во ООУ “Климент Охридски” Прилеп (Фото галерија)

Компанијата “АВТОКОНТРОЛ” од Прилеп по којзнае кој пат ја покажа својата општествена одговорност, овојпат донирајќи 55 комплетчиња со капчиња, шалчиња и ракавици за децата од посебните паралелки во ООУ “Климет Охридски”.

– Денеска компанијата “Автоконтрол” ја демонстрираше својата општествена одговорност и хуманост со својата донација, верувајќи во моќта на образованието за сите деца, без разлика на нивните предизвици. Вашата поддршка е светло за иднината на децата со посебни образовни потреби, овозможувајќи им да го остварат својот потенцијал и да изградат самодоверба во своите способности. Благодарение на фирмите како вас, тие добиваат шанса да се развиваат и да се издигнат во подобри личности – напишаа од училиштето на социјалните мрежи.

Подароците ги врачи Генералната менаџерка на компанијата, Даниела Перканоска, која притоа на дечињата им посака Среќна Нова година, исполнета со радост, успеси и многу насмевки.

-Секој ваш сон заслужува да се оствари, секој ваш труд заслужува аплауз. Нека срцата ви бидат исполнети со љубов, а деновите со светлина и топлина, истакна Перканоска.