дома блог страница 610

Полицијата уапсила 18 “ноќни дами” на возраст од 24 до 26 години

На 04.07.2024 од 01 до 04 часот полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во ноќен клуб во тетовско Желино, со цел откривање на странски државјани со нерегулиран престој во подрачјето или злоупотреба на престојот.

При тоа биле затекнати и приведени 18 странски државјанки на возраст од 24 до 26 години и тоа: две од Србија, седум од Украина, 10 од Албанија, а приведено е и едно машко 46-годишно лице од Албанија, кои престојувале на подрачјето спротивно на целта, односно немале соодветна документација.

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе следат соодветни поднесоци.

Младиот Златан Гајтаноски од Прилеп, за 55 минути исплива од Горица до Охрид, и имаше одличен настап на Илинденскиот пливачки маратон

Во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ од Охрид, а под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално, на 2-ри август, се одржа 45-то издание на Илинденскиот пливачки маратон – Куп во далечинско пливање на патеката Горица-Охрид во должина од 2,5 километри.

Помеѓу 77 учесници од 12 клубови од Македонија, за прв пат на маратонот настапи и прилепчанецот Златан Гајтаноски, кој се натпреваруваше во категорија на пионери до 15 годишна возраст.

Нашиот прилепчанец маратонот го преплива за 55 минути и заврши на средината на ранг листата на пливачи кои успешно ја поминаа патеката.

Да му честитаме за успехот и да му посакаме уште поголеми успеси во иднина!

Мицкоски: Постојат индиции за епски криминал на СДСМ и ДУИ, злоупотребени милиони за пензии, во „Национални шуми“, РЕК Битола и ненормално 200% повисока цена за тендери

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Фокус“ истакна дека постојат индиции и докази за епски криминал и злоупотреби на големи суми пари, во повеќе институции од страна на минатата власт на СДСМ и ДУИ, за кој органите треба сериозно да истражат, бидејќи недостигаат пари, а на терен нема проекти и реализација.

„Ако вие имате недостаток од 5 милијарди денари, што е повеќе од 80 милиони евра, за да се исплатат редовни пензии, зборувам за редовни пензии, без оние 2 пати годишни усогласувања согласно законот, без покачувања. И, кога ќе видите во одредени други институции, каде се финансираат одредени проекти, кои беа од суштинско значење и важност за ДУИ пред се, но и за СДСМ, тогаш доаѓате до заклучок дека некој овде свесно го злоупотребил буџетот за да финансира проекти, преку кои постојат основани сомневања дека тие пари биле злоупотребени. На терен, не гледаме реализација и прогрес на тие проекти. Пред се мислам на проектите поврзани со изградбата на Коридор 8 и 10-Д“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека исто така и во „Национални шуми“ недостасуваат половина милијарда денари, значи над 8 милиони евра, средства направени за долгови, но ако се види дека фактурите се двојно, тројно поголеми од вообичаените, тогаш си го поставувате прашањето дека таму некој се обидел да злоупотреби.

Говорејќи за злоупотребите кои ги правела минатата власт, премиерот Мицкоски нагласи дека можеби разбирливо е на тендер да има 15, 20 проценти повисока цена, еве и 25 проценти, ама не 200 проценти, односно оцени дека тоа не е нормално.

„Ако правите проект од капитално значење, како што е пругата кон Бугарија, и ако тој проект ви завршува во мртва улица или на половина тунел, без да има извесност како понатаму би се развивал. И ако за тој проект треба да потрошите 560 милиони евра, од кои 360 милиони евра се пари на македонските даночни обврзници, а 200 милиони евра грант или пари на европските даночни обврзници, по принципот на Ред ФИДИК. А секој инженер кој работи со Ред или Црвен ФИДИК знае дека тој проект преку пенали може да порасне и до 750-800 милиони евра. Ако потрошите половина милијарда евра народни пари за 24 километри, 22 тунели да направите, да влезете во Крива Паланка и да урнете 20 куќи и 20 семејства да ги иселите, и да завршите во мртва улица, односно на половина тунел, не е нормално, потенцираше премиерот Мицкоски.

Во РЕК Битола, нагласи премиерот Мицкоски, дека само од една зделка разликата е 40 милиони евра.

„Во овој момент, можам да кажам дека само во РЕК Битола од втората половина на 2021 година заклучно со мај 2024 година се однесени отприлика 1 милион и 600 илјади тони јаглен. Бидејќи точно се знае од рудникот колку е транспортот, тоа е 8,5 евра по тон, колку во рудникот чини рудата, колку таа се продава во РЕК Битола… Само во овој период, само за оваа зделка доаѓам до фрапантен податок дека разликата е околу 40 милиони евра. Тоа е грабеж и не е етички. Ниту еден нормален и чесен бизнисмен не би се нафатил на таква зделка“, рече премиерот Мицкоски.

Прилепчанец преживеал хорор: Во движење му се запалило возилото, му изгореле пари и други предмети

На 03.08.2024 во 06.38 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Св.Наум Охридски” во Прилеп се запалило во движење патничко моторно возило марка „ голф” со прилепски регистарски ознаки, сопственост и управувано од Д.Т.(47) од Прилеп.

При тоа изгореле и лични предмети и пари на пријавителот. Од пожарот зафатено и оштетено било и патничко моторно возило марка „ сузуки” без регистарски ознаки, сопственост на М.М.(40) од Прилеп.

Пожарот е локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Повредени лица нема – информираат од СВР Битола.

Храмот Параклис ги повикува верниците: На 8. август, Акатист, Вечерна богослужба и петтолебие пред светите мошти на Св. Климент Охридски

На 08.08. (четврток), кога се празнува Св. Kлимент Охридски, во храмот Св. Кирил и Методиј во Прилеп, ќе се чита Акатист и Вечерна богослужба кон Светиот Климент Охридски пред неговите свети мошти.

Веднаш по Акатистот и Вечерната богослужба ќе се освети и петтолебие. Храмот ги повикува сите верници да присуствуваат на литургијата и да принесат петтолебија за здравје и спасение за себе и своите ближни.

Нека е за многу години!

Младите македонски кошаркари ја прегазија Бугарија

Македонската jуниорската кошаркарска репрезентација на Европското Првенство (ЕП) Б-дивизија ја победи и Бугарија со 92-68 и така ќе игра во финалето во Скопје, а истовремено обезбеди пласман и место во А-дивизијата.

Кошаркарските јуниори водеа од почетокот до крајот на оваа средба,се одигра еден перфектен натпревар за да на крајот се дојде до убедлива победа.

Со оваа победа, Македонија покрај што се пласира во финалето, обезбеди место и во елитната дивизија во следното издание на еврошампионатот.

Луканоски со 20 поени и 16 скока беше прв стрелец, зад него беше Трајанов, кој исто имаше дабл-дабл, но од 17 поени и 11 скока. Јаничиќ беше стрелец на 17 поени. Финалето на ЕП Б-дивизија е закажано за денеска во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток од 21:00 часот.

Грозна слика! Купишта ѓубре кај старите градски гробишта во Прилеп (Фото)

Фотографиите се од улицата “Блаже Иваноски” во Прилеп, веднаш до старите градски гробишта…. Купишта најразличен отпад… Една грда слика за која жителите од оваа улица велат дека не е од сега, туку подолго време прво вработените од Комуналец, а потоа и несовесни граѓани ја направиле заедно.

“Македониумот” во Крушево одбележа 50 години откако е пуштен за посетители – Дело е на прилепчанецот Јордан Грабулоски и неговата сопруга Искра Грабул

На Илинден пред 50 години, 2 Август 1974 год, на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание, официјално е пуштен за посетители монументалниот споменик „Македониум“.

Споменикот, кој се смета за еден од десетте најинспиративни дела на бруталистичката архитектура во светот, е создаден од страна на уметниците Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска, додека четирите витражи се дело на Борко Лазески, а дел од комплексот изработил и Петар Мазев.

Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава. Нека ни е честит Илинден!

ДОБРА ВЕСТ! Најдена 14-годишната Клара

14-годишната девојка Клара Т. која исчезна вчера вечер во населбата Илинден е најдена, потврди за Телма нејизната мајка Ивана Т.

Девојчето било најдено кај Транспортниот центар во Скопје. Центарот бил една од двете локации (покрај Градскиот парк) каде се одвиваше засилена полициска потрага бидејќи преку скриен телефонски број мајката добила известување дека девојчето по семејната караница со автобус 63 заминало од Илинден во центарот на Скопје. На мајката и било посочено дека девојчето ќе преспие на отворено или на Железничката станица во Скопје или во Градскиот парк.

Полицајците и блиските роднини и пријатели на Клара од претпладнево ги пребарувале двете локации, а кај Железничката станица (Транспортен центар) е најдена девојката во добра и стабилна здравствена состојба.

СТРАШНО! Во кој правец ни оди општеството…. Во едно деноноќие три жени од Прилеп и Битола пријавиле семејно насилство!

Извадоци од полицискиот билтен на МВР

-На 02.08.2024 во 07.12 часот, во СВР Битола 35-годишна битолчанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот поранешен вереник Х.Ј.од Битола.

-На 02.08.2024 во 22.45 часот, во ОВР Прилеп 54-годишна прилепчанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.И.со кого истата живеела одвоено.

-На 02.08.2024 во 11.15 часот, во ОВР Прилеп 38-годишна прилепчанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг М.М.и истата изјавила дека подолг период наназад пријавениот вршел семејно насилство врз пријавителката.

Oд СВР Битола велат дека се работи на расчистување на сите настани.