дома блог страница 609

Одбележана 80 годишнината на битолскиот Народен театар (ФОТО)

Со изведбата на претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“, Народниот театар – Битола го одбележа 80 годишниот јубилеј на театарот. Во преполната сала, претставата и ансамблот беа поздравени со бурни и долги аплаузи. Пред премиерата беше презентирано историското катче на НТБ, изложбата на 100 плакати, постери, каталози на Христо Бојаџиев и Владо Ѓорески, посветени на претставите во НТБ.

На почетокот многубројната публика ја поздрави директорот на Битолскиот театар, Васко Мавровски.

„Одговорноста беше голема и сеуште трае, бидејќи ова беше само еден дел од настаните, не очекуваат уште многу премиери, уште многу работа, но сметам дека заедно со целиот колектив 69 вработени, завршивме голема работа, направивме римејк на претстава која се одиграла пред 80 години. Се работи за интегралната верзија на текстот, онаа која се играла пред 80 години. Ги имаме истите проблеми, само што живееме во некое друго време. Повторувањето 3 пати на истиот текст од тројца различни режисери е да не дозволиме да заборавиме дека тоа може повторно да се случи“.

Како што рече Мавровски, театарот го користеле како медиум во минатото.

„И ние како модерна театарска институција ги пренесуваме пораките преку театарот. Наше е да ги повикуваме и освестуваме луѓето во однос на оние клучни прашања, бидејќи во театарот не постои партија, кај нас театарот е на прво место. Идентитетот, јазикот, тоа е нешто што ние сме должни да го негуваме и ќе продолжиме на истиот начин“.

Меѓу присутните бројни претставници на другите македонски театри и вљубеници во театарската уметност. Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, со своја честитка.

„Би сакал да изразам огромна благодарност за сето она што Битолскиот театар го прави, посебно на генерациите кои продефилираа овде и на сите оние кои сега не се со нас, за се она што го подариле на градот, на државата. Се надевам дека уште многу јубилеи заедно ќе славиме и ќе се радуваме на вашите успеси, а ние сме тука како град, како локална самоуправа да го поддржиме во секое време, затоа што Битолскиот театар е нашиот културен амбасадор во светот“.

Јубилејот преку порака го честитаа и Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

„Со задоволство го чествуваме важниот датум на Народниот театар од Битола. Тој е една од најстарите и најпочитувани културни институции, надалеку позната по ширењето на духот на уметноста, не само дома во Битола, туку и на многу други престижни театарски сцени, на кои битолските актери и актерки изведоа маестрални претстави, добија бурни аплаузи и овации, се овенчаа со награди. Изминатите 80 години Битолскиот театар беше неуморен неимар и учесник во културниот и општествениот живот“, се вели во пораката на Силјановска Давкова.
„Битолскиот театар со својот квалитет потврди дека врвната уметност секогаш победува. Денес славејќи го минатото, гледаме во иднината.Уверен сум дека прославувајќи многу јубилеи, Битолскиот народен театар, со ангажираноста и со своите уметнички вредности, ќе остане пример за тоа како се создава и како се негува врвната театарска естетика“, истакнува Љутков.

Пред почетокот на изведбата беа поделени Плакети за допринос кон Битолскиот театар, на пензионираните театарски работници.
Претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“е составена од 3 дела во режија на Благој Мицевски, Софија Ристевска Петрушева, Јован Ристовски.

„Јас во театарот сум повеќе од 30 години, повеќето од актерите со кои работев на оваа претстава ги познавам од деца. Беше интересно да се работи со нив, да направиме еден проект кој јас го нареков мала рашомонијада, во смисла дека ја бараме вистината. Секоја вистина има повеќе вистини. Ние тројцата режисери се споивме да работиме еден текст со кој започна нашиот театар пред 80 години, да видиме како тоа ќе звучи денес. Чувствата после премиера се емотивни, јас сум еден од оние кој својот живот и кариера ги посвети на Битолскиот театар и своите најдобри дела ги направив токму тука“, рече Мицевски.

„Ми беше чест да режирам јубилеј на еден сериозен театар. Разликата тогаш и сега е во тоа што луѓето делеле една идеологија тогаш, а денес некоја друга. Затоа делот кој го режирав е посензитивен, политички ангажиран театар и она што мене ме интересира секогаш е вистината, она што го премолчуваме па и векови наназад. Овој народ најчесто е цензуриран, така што направив еден вид пародија и еден врисок на се она што ни се случува на политички план. После 80 години ние сеуште ја живееме истата историја, под многубројни влијанија. Мислам дека сме во фаза на освестување на народот да се одлучиме на свесно ниво да признаеме што не знаеме, и така можеме да станеме подобри да го градиме на свесно ниво идентитетот“,ни изјави Ристовски.

Софија Ристевска Петрушева додавде дека единствено што е важно за секој човек е честа, моралот, лојалноста и солидарноста, а никој на крај не го почитува предавникот.

Авторката и драматург Билјана Крајчевска истакна дека оваа едночинка од пред 80 години, го претставува политичкиот театар кој работи на самосвеста, претстава која го означува почетокот на културолошкиот, театарски идентитет на нашата земја.

„Чест и задоволство беше да се работи на овој текст, но пред се одговорност да се биде дел од јубилејот, бидејќи сето она што се случило во овие 80 години, треба да не освести дека треба го сочуваме тоа богатство кое сме го стекнале изминатите години, достојно да го сочуваме, Битолскиот театар. Текстот за прв пат бил изведен во партизанските одреди, во партизанската културна единица во Егејска Македонија во с.Робово, пред првата и втората бригада, а по ослободувањето се игра во Битола за прв пат претстава на македонски јазик во институција. Тука е и мојата лична приказна која ми даде уште повеќе мотив бидејќи потекнувам од Егејска Македонија. Ова сето го зборувам дека ние не треба да бегаме од сопствените приказни“.

Јубилејот на Битолскиот театар, се одбележа токму со текстот од првата претстава која се одиграла на македонски јазик во слободна Македонија, на 14 ноември, 1944 година, кога беше одиграна едночинката „Ѓоре Магаревски“ или „Петтоимениот Ѓоре“ од Владо Малески, во режија на Димче Стефановски. Во првото театарско јадро на овој град тогаш беа Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски,Славче Матевски, Георги Карев, Јован Бејко.На сцената во јубилјната претстава настапија актерки и актери од сите генерации, вклучувајќи ги и пензионираните. Во три кратки едночинки улогата на Ѓоре ја играат актерите од НТБ, Марјан Ѓоргиевски кај режисерот Благој Мицевски, Александар Димитровски кај Софија Ристевска, и Никола Пројчевски кај Јован Ристовски.

„Работевме во три екипи и цело време се трудевме да бидеме едно, како што доликува на прослава за 80 години на овој театар. Се обидов на мој препознатлив начин да го пренесам мојот лик. Според мене историјата не ни се повторува, нас во континуитет ни се случува“, рече Никола Пројчевски.

Еден од актерите во претставата сподели со нас што за него е Битолскиот театар.

„Ми беше носталгично, се вратив назад во времето на првата претстава која ја гледав во Битолскиот театар, 1981, на мои 5 години, кога сфатив дека сакам да бидам дел од оваа професија. Во 1997 беше моето деби на професионална сцена, потоа беше монодрамата „Најпосле крај“ и многу моменти кои ме потсетија на мојата поврзаност изминативе години со Битолскиот театар“, рече Александар Копања.

За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, Андреј Папаз Ѓоргиевски, светло мајстор Игор Мицевски, Горан Петровски, тон мајстор Александар Димовски, шминка Стефанија Илиевски, видеооператор Владимир Переловски, автор на плакат Сашо Илковски, инспициент Димитар Михајловски. Со основањето на НУ Народен театар – Битола во 1944 година, почна процесот на основање на другите театри во земјава – во Скопје, Прилеп, Велес и во други македонски градови. Низ годините Битолскиот театар стана бренд кој со гордост ги негува македонскиот јазик и култура, претставувајќи ги насекаде во светот. Прославувањето продолжи во Свечената сала на Офицерскиот дом.

НА РАДОСТА И НЕМА КРАЈ: 51-годишна жена во Македонија забремени со близнаци

Убави вести секојдневно се шират од битолската болница „Плодност“.

ФОТО/илустрација

Благодарение на врвниот тим во специјалната болница по гинекологија и акушерство, 51-годишна жена успеа да забремени со близнаци.

По две неуспешни инвитро постапки, среќната трудница доби позитивен тест за бременост и за неколку месеци ќе може да се радува на две мали чеда.

Еве ја целосната објава од болницата:

На 51 година, постигната близначка бременост.

Продолжуваат успешните ИВФ приказни!

Со програмата на донирани јајни клети, остварена е близнача бременост кај 51 годишна пациентка, која е во брак 4 години.

Претходно, пациентката имаше две неуспешни ИВФ.

Овој пат, ембрините се инкубирани во Тајм Лапс инкубатор, единствен кај нас во Македонија, кој овозможува оптимални услови за раст и развој на емброните.

Ракометарите на РК Прилеп на секои 78 секунди примаа по еден гол – Дебакл на гостувањето кај шампионот во Битола

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер на свој терен без проблеми, синоќа во рамките од 11. коло во Супер лигата, триумфираше над Прилеп со 46:24.

За пелистерци ова беше 9-ти сезонски триумф во домашниот шампионат и загревање за важниот натпревар против Фредериција во Лигата на шампионите, а гостите од Прилеп го претрпеа шестиот сезонски пораз.

Избраниците на Божидар Мојсов имаа солидно прво полувреме, па иако на самиот старт пелистерци направија серија од 4:0, кон средината на првото полувреме Прилеп имаше само -2 гола разлика (13:11).

Тука шампионот се разбуди и до крајот на натпреварот не дозволи Прилеп одново резултатски да се доближи, за конечни 22 гола разлика.

Во наредното коло Прилеп гостува кај Пролет, а потоа на свој терен го дочекува Куманово.

Koнцерт кој долго ќе се памети! Октетот “Прилеп” пред преполна сала одбележа 30-годишно музичко творештво (ФОТО/ВИДЕО)

Тие се можеби број еден музички репрезент на Прилеп во изминатите 30 години, а синоќа тој голем јубилеј го просалавија со традиционален годишен концерт пред преполна сала во Центарот за култура “Марко Цепенков”.

Да, Oктетот “Прилеп”, синоќа приреди уживање со староградска музика на задоволство на прилепчани, кои и стари и млади уживаа од прва до последна минута.

Ќе биде ова концерт за паметење за кој долго ќе се зборува, а покрај членовите на октетот, јубилејот со свои настапи го збогатија и гостите: одличните вокали на Викторија Георгиоска, Белинда Ристеска и победникот од балканското шоу “Никогаш не е доцна”, Сашо Башески.

Беше уживање да се види една поинква сцена, со амбиент кој одговара на староградската музика која ја негува овој состав. Со оркестар во живо, со еден збор перфекција и доказ колку овој музички состав заслужува поголема афирмација и поддршка од надлежните институции.

Слушнете само мал дел од синоќешната атмосфера во “Марко Цепенков”:

Продавницата за готвени јадења на “Ана Марија Фуд” слави 5 години постоење! Ќе го нахранат половина Прилеп по багателна цена!

Прилепските мајстори за храна од “Ана Марија Фуд” – бренд на градот под Марковите Кули кој постои повеќе од 20 години, денеска одбележуваат еден друг убав јубилеј – 5 години постоење на продавницата за готвени јадења, па по тој повод приредија изненадување за своите ценети потрошувачи.

Само денеска цените на порциите по 109 ДЕНАРИ! Цена за саботен ручек без мана, што ќе ве натера уште истиов момент да станете и да се упатите на добро познатата локација – ул. “Мице Козар” бр.91Б.

А што подготвија од “Ана Марија” за овој јубилеј…. што ли не! Царска трпеза….Тука е превкусната телешка чорба, па телешки гулаш, јанија, бегова тава, селско месо, свинско печење, ребро во фурна, сарми….

Наша препорака е да не чекате пладе, туку веднаш да си фатите ред!

Наздравје ручек!

Важно известување до сите жители на општина Кривогаштани!

Jaвното претпријатие “Пелагонија” од Кривогаштани, ги известува сите жители на населените места во оваа општина, дека поради честите дефекти на водоводната мрежа и неможноста водата да се хлорира соодветно, истата е неисправна за пиење и потребно е да се преварува 10 минути пред да се употребува.

Соопштението е објавено на Фејсбук страната на општина Кривогаштани и засега не е познато до кога ќе траат ваквите мерки на претпазливост.

Планирале ресторан со кабаре во централната зграда на пошти: Николоски секојдневно ги разобличува злоделата на претходната власт!

Претходното раководство на Македонски Пошти планирале да го издадат објектот на централната зграда за ресторан со кабаре, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по денешната посета на седиштето на ЗЕЛС. Наспроти ова, планот на актуелната влада и Министерството за транспорт предводено од Николоски е тоа да биде мултимедијален и културен центар.

Во однос на злоупотребите кои ги констатираше Државниот завод за ревизија во минатогодишното работење на Македонски пошти и платите кои енормно си ги покачиле директорите на претпријатието, додека вработените не земале ни плати, вицепремеирот изјави дека ова не е ништо ново нити изненадувачко.

-Добро е што ова го слушнавме и од ДЗС. Очекувам Јавното обвинителство да реагира, да влезе и да утврди одговорност за сите оние кои работеле несовесно и незакоснки, посочи Николоски.

-Пошта беше еден од моите први предизвиици како министер за транспорт, вели Николоски, по чие доаѓање вработените, конечно, почнаа редовно да земаат плата. Најави и дека поради утврдените слабости во моментот се работи на реорганизација на дел јавните претпријатија, како и дека минатото раководство и Влада имале за цел да ја уништат Македонски Пошти, по цена на неколку нови приватни компании кои би се занимавале со овој поштенски бизнис.

Со изложба на дела од колонијата “Дрен 2024” и со концерт на “ФИА ТРИО”, достојно одбележани 45 години постоење на ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп (ФОТО/ВИДЕО)

Синоќа, 14.11.2024 г. во ликовниот салон /фоаје/ од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворена изложба на дела од ликовната колонија Дрен 2024.На изложбата се претставени 30 дела од уметници од земјава и од странство кои твореа на 16 – та колонија „Марко Цепенков – Дрен 2024“ што се одржа од 8 до 13 август 2024 г.

М-р Каролина Мицевска, советник зa односи со јавноста во Центарот, на отворањето на изложбата посочи дека ликовната колонија Дрен, ни испраќа светлост во длабочината на нашите срца, што и е целта на самите уметници, кои годинава учествувајќи на колонијата, со многу љубов создадоа спонтани дела, кои ќе останат во трајна сопственост на Центарот за култура „Марко Цепенков“, на Прилеп, Македонија.

Отворајќи ја изложбата м-р Викторија Димеска, историчар на уметност истакна дека на 16 -то издание на меѓународната ликовна колонија Дрен 2024 , учествуваа бројни уметници со моќен креативен потенцијал и особен сензибилитет, со посебни карактеристични артистички пориви и јасни уметнички визии и дека во суштина, се воочуваат неколку стилски правци : фотораеализам, надреализам, симболизам, енформел, асоцијативни апстракции и геометриска апстракција.

Посетителите ќе можат да ги видат делата од Петја Ѓеоргиева од Бугарија, Небојша Станков, Среќко Здравковиќ, Јована Ѓуриќ, Немања Вучковиќ, Милица Алимпиќ Илиќ од Србија, Радица Лелова Докузовска, Александар Таневски, Светлана Попова, Суарта Луфи, Ангел Коруновски, Валентина Стеваноска и Слободан Милошески од Македонија и прилепчаните Тони Чатлески, Марјан Стојаноски, Столе Дурланов и Никола Димески, Колонијата се реализираше со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам.

Со отворањето на изложбата и концерт на ФИА ТРИО, ЦК „Марко Цепенков“ одбележа 45 години од своето формирање.

Се засадуваат 1.500 дрвца за подобрување на квалитетот на воздухот во Битола (ФОТО)

Како значаен чекор за зголемување на урбаните зелени површини и намалување на загадувањето на воздухот, во партнерство помеѓу Општина Битола и проектот „ЕУ за чист воздух“ во Битола се садат 1,500 внимателно избрани видови дрвја. Финансиран од Европската Унија и имплементиран од УНОПС во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, проектот преку акцијата за садење дрвја има за цел да го намали загадувањето и да создаде поздраво опкружување за локалните заедници. Заедничката иницијатива за садење, ја нагласува посветеноста на Битола кон одржлив урбан развој, а е усогласена и со еколошките цели на државата.

„Дрвјата се претходно избрани од стручни лица од проектот, во соработка со вработените ЈП Комуналец во Битола, а исто така, избрани се и локациите, кои што се од посебно значење за жителите на општина Битола. Проектот, финансиран од Европската Унија и имплементиран од УНОПС во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе даде директен придонес кон намалувањето на еден од најгорливите проблеми за локалното население, а тоа е загадувањето на воздухот, како еколошки здравствен проблем број еден, кај нас и во ЕУ.

Една од заложбите на локалната самоуправа, на која посветено работиме, е да обезбедиме подобра и поквалитетна животна средина за сегашните и за идните генерации. Со проектот „ЕУ за чист воздух“ ќе бидат опфатени големи делови од населбите во Нова Битола, паркот кај Довлеџик, Градскиот парк, влезот во Битола од страната на Прилеп итн. Бројот на садниците ќе даде голем придонес во нашата заложба за поквалитетен воздух, за што сме благодарни до донаторите за реализацијата на овој проект, бидејќи 1500 садници се навистина голема и респектабилна бројка, која докажано ќе даде свој придонес за помало загадување на воздухот во градот. Со предвидената динамика на засадување, до средината на декември, ќе бидат засадени сите количини на претходно одредените локации, во соработка со вработените во ЈП Комуналец, кои го подготвуваат теренот и ги реализираат засадувањата“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, за време на денешната акција, во рамките на која дрвја засадија и Амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер и амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер.

Загадувањето на воздухот е значајно еколошко и јавно-здравствено прашање во земјата, во која се забележани едни од највисоките нивоа на честички PM10 и PM2.5 во Европа. Садењето на 1,500 дрвја во Битола значително ќе помогне во намалување на загадувачките супстанции, ќе произведува кислород и ќе ги разладува урбаните средини – придобивки кои директно ја поддржуваат јавната здравствена заштита и благосостојбата на заедницата. Оваа иницијатива, исто така, ги поддржува пошироките цели за зајакнување на отпорноста кон климатските промени, промовирање на биолошката разновидност и збогатување на екологијата на градот.

„Со секое дрво што го садиме, правиме конкретни чекори кон намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“, изјави Марко Вујачиќ, раководител на Програмата на УНОПС во Северна Македонија. „Проектот ЕУ за чист воздух е дел од поголема наша посветеност за постигнување трајни еколошки подобрувања, обезбедувајќи почист воздух и поздрави заедници денес и за иднината.“

На денешниот настан за садење дрвја во Градскиот парк во Битола, му претходеше потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Општина Битола и УНОПС. Меморандумот ги дефинира рамките за соработка, која, покрај садењето на 1,500 дрвја во 2024 година, вклучува и активности за намалување на загадувањето на воздухот од системите за греење на четири јавни објекти преку нивно поврзување со Системот за централно греење во Битола, заменувајќи го греењето на нафта со почисти извори на греење и значително намалувајќи ги емисиите на загадувачи на воздухот.

Проектот ЕУ за чист воздух, со буџет од 10 милиони евра, работи на намалување на штетните емисии преку низа иницијативи за подобрување на квалитетот на воздухот во Битола, Скопје, Тетово и Куманово. Овие активности вклучуваат модернизација на системите за јавно греење, воведување на еколошки јавен транспорт, подобрување на системите за мониторинг на квалитетот на воздухот и проширување на урбаните зелени површини.

Комуналец ги “пострижи” кружните текови (ФОТО)

Комуналните работници вршат естетско кроење и на зимзелените и грмушкасти украсни растенија засадени на кружниот тек кај поштата. Реакциите на граѓаните минувачи се поделени. Некои негодуваат зошто се кастрат зимзелените растенија кога биле украс на кружните текови. Други го оправдуваат естетското кроење од безбедносни причини во сообраќајот – информираа од Јавното комунално претпријатие “Комуналец” Прилеп.

-Работата со кастрење продолжува на кружниот тек кај поранешен Солидност – стои во соопштението од ЈКП “Комуналец”.