дома блог страница 608

(ФОТО) Колку кучиња “стражари” има ова училиште во Прилеп? Проблемот станува алармантен!

И додека од Јавното комунално претпријатие “Комуналец” Прилеп се расправаат со поединци и со јавноста, дали купиле гуми за моторни возила во вредност од 5 милиони денари, или во вредност од 1 милион, проблемот со кучињата скитници почнува да зазема алармантни размери.

Цели глутници кучиња се шетаат речиси низ сите прилепски населби. Граѓаните стравуваат за својата и безбедноста на своите најмали, а од фотографиите кои ги добиваме од наши читатели се гледа дека кучиња скитници врие и во училишните дворови.

Да се разбереме! Кучињата се невини суштества кои не по своја вина талкаат наоколу во потрага по храна… Крајно време е некој силно да се заземе околку овој проблем, како во интерес на овие невини животни, така и во интерес на безбедноста на граѓаните.

Апсење во Прилеп: Доцна синоќа полициски службеници во автомобилот кај млад прилепчанец пронашле мархуана

-На 17.11.2024 во 02.45 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Ј.(24) од Прилеп затоа што при преглед во неговото патничко возило „сеат” со прилепски регистарски ознаки била пронајдена марихуана.

По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.

Советничката за која НОБ траеше само 3 недели, сега излезе со прес за градинката во “Точила” (ВИДЕО)

Советничката во Советот на општина Прилеп од редовите на СДСМ, Ивона Кузмановиќ, која во јавноста стана позната по прочитаната прес конференција дека Народноослободителната борба траела од 11. Октомври 1944 до 3. Ноември истата година…, денеска излеза со прес за новоизградената градинка во населбата “Точила” во Прилеп и жестоко се обиде да ги нападне локалните власти.

-Ова е недовршената детска градинка во прилепската населба Точила. Ја крстија „Бајка“. И’ дадоа име, а требаше да и’ дадат живот.
По „заслуга“ на неспособната локална власт и градоначалникот Борче Јовчески, кои ниту после 3 години не успеаја да ја стават во функција, за прилепчани “бајката“ прерасна во кошмар. Особено за оние родители кои се уморија чекајќи нивните деца да бидат згрижени во градинката.
Во својата изборна програма, Борче Јовчески и ДПМНЕ ветија изградба на детски градинки за 500 деца и експресно пуштање во употреба на градинката наследена од претходната локална власт на СДСМ. Ниту градинка изградија, ниту изградената ја пуштија
– вели Кузмановиќ.

Прекрасна атмосфера во Офицерски во Битола: Со знамиња и транспаренти, битолчани навиваа за Ана и Алексеј (Фото галерија)

Во организација на основното училиште „Даме Груев“ и со поддршка на општина Битола, во Кристалната сала на Офицерскиот дом синоќа голема
поддршка добија македонските претставници на детската Евровизија, Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски.

Со знамиња, транспаренти и други навивачки реквизити, битолчани, меѓу кои и градоначалникот Тони Коњановски, како и професорите и учениците од основното училиште „Даме Груев“, каде што учат нашите евровизиски претставници, со громогласен аплауз и овации го дочекаа и испратија
настапот на Ана и Андреј, на детската Евровизија, која се одржа во шпанскиот град Мадрид.

За прв пат од одржувањето на детската Евровизија, имаме битолски претсавници, кои одлично не’ претставија во Мадрид, со својот сценски
настап и музичка изведба на песната „Маратон“.

Градоначалникот Тони Коњановски, пред заминувањето во Шпанија, ги прими во својот кабинет Ана и Алексеј и изрази задоволство што овогодишните претставници се токму две млади лица од нашиот град, кои ја претставуваат Македонија и Битола, при што им посака успех и желба за што поголем пласман на овој настан.

Kaко да се родени во Македонија! Колумбијци и Венецуелци ја пејат “Јовано Јованке” – велат дека македонската музика е ремек дело на историја и култура (ВИДЕО)

Jaнко Пенафорт oд Колумбија и неговиот колумбиско-венецуелски бенд се вљубиле во македонската музика и фолклор и ја направија Фејсбук страната “Колумбиец пее на македонски”.

Уште со првото видео, каде ја маестрално ја изведуваат “Јовано Јованке”, ги собраа симпатиите од Македонците ширум светот и добија илјадници позитивни кометари и споделувања.

За тоа како се заљубил во македонскиот мелос, Јанко вели:

“Како музичар од Колумбија, мислев дека сум слушнал сè. Ритми, мелодии, приказни што ги раскажува музиката, но потоа ја открив македонската музика. И да ви кажам, тоа е нешто што никогаш досега не сум го слушнал.

Еве зошто толку ме фасцинира:

1️⃣ Спој на култури: Растејќи во Колумбија, сум навикнат на мешавина од звуци – но македонската музика? Тоа е ремек-дело на историја и култура. Од словенското срце до влијанијата на Отоманската Империја и понатаму, секоја песна е како патување низ времето.

2️⃣ Ритми што ја движат душата: Првиот пат кога ги слушнав тие 7/8 и 9/8 ритми, не можев да останам мирен. Тоа е ритам што зборува со твоите коски. Игра, длабок е, и го чувствуваш во градите – како срцев удар.

3️⃣ Емоција во секоја нота: Она што најмногу ме погоди беше суровата емоција во мелодиите. Без разлика дали се работи за љубов, загуба или копнеж, овие песни ти го допираат срцето на начин што е универзален. Без разлика од каде си, го чувствуваш тоа.

4️⃣ Инструменти што раскажуваат приказна: Звукот на гајдата, кавалот и тапанот е нешто што никогаш досега не сум го слушнал. Како секој инструмент да носи со себе илјадагодишни приказни. А гласовите? Моќни, душевни – го чувствуваш духот на Македонија во секоја нота.

5️⃣ Музика што ги спојува луѓето: Во Колумбија, музиката е заедница, славење. И го најдов истиот дух во Македонија. Од свадби до фестивали, музиката е срцето на секое собирање, спојувајќи ги луѓето во радост. Толку е слично на нашите прослави.

6️⃣ Прекрасна разновидност: Сакам како македонската музика ја прегрнува својата богата разновидност. Ги слушаш различните влијанија – од словенските традиции до звуците на албанската и ромската заедница. Тоа е прекрасен одраз на душата на земјата.

Порано рација имаше за алкoxoл, сега за дpoга: Уапсени 12 млади луѓе во Скопје, меѓу нив и прилепчанец со таблети

-По преземени мерки и активности на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во периодот од 23.20 часот на 15.11.2024 до 03.50 часот на 16.11.2024 лишиле од слобода 12 лица. Б.П.(29) од Скопје бил лишен затоа што кај него биле пронајдени таблети, кај Б.Ј.Р.(21) од Скопје била пронајдена бела грутчеста материја, кај А.С.(21) од Битола, а со живеалиште во Скопје, била пронајдена бела прашкаста материја, кај С.Т.(23) од Битола, а со живеалиште во Скопје, била пронајдена таблета, кај Н.Н.(28) од Куманово бела прашкаста материја, кај А.С.(24) од Прилеп таблети, кај Д.М.(20) од Битола грутчеста материја, кај О.С(30) од Битола прашкаста материја, кај М.К.(23) од Битола бела грутчеста материја, кај И.К.(21) од Велес таблета, кај К.Л.(31) од Скопје таблети и кај Д.Р.К.(24) од Тетово била пронајдена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – информираат од МВР.

Најново во Прилеп! Музичкото училиште “Матрикс” воведува програма и музичко образование за најмалите! Пријавувањата се во тек!

Во нови современи простории, лоцирани на улица “Партизанска” бр. 16, музичкото училиште “Матрикс” од Прилеп ја продолжува својата мисија за градење на бројни музички таленти. Во нивните училници досега блеснале голем број инструменталисти и одлични вокали, а сега поради големиот интерес, “Матрикс” воведува нова насока наменета за најмалите – МАТRIX KIDS.

Станува збор за група каде можат да се пијават дечиња од 4 до 7-годишна возраст, а ќе изучуваат теорија на музика, солфеж и хорско пеење. Низ тајните и убавините на музичките ноти ќе ги води Викторија Георгиоска, дипломиран соло пејач на Музичката академија во Скопје.

Наставата е предвидено да се одвива во групи по пет деца, програмата е забавна и освен што вашите најмали ќе научат многу за музичките правци, ќе започнат да го развиваат својот музички талент и сигурно да чекорат кон музичките скалила.

Целта е да се создаде модерен детски хор кој ќе настапува и ќе го претставува Прилеп на бројни манифестации и концерти.

Побрзајте, бројот е ограничен на три групи. Овозможете им на вашите најмали најсовремени услови за музички раст, развој и секако одлична забава и другарување.

Пријавувањата се во тек на телефонскиот број: 078278541 или во порака на ФЕЈСБУК СТРАНАТА НА УЧИЛИШТЕТО МАТРИКС: https://www.facebook.com/matrixmuzickouciliste

Започна најголемиот таблаџиски турнир досега во Прилеп – Вредни награди за најдобрите! (Фото галерија)

Денеска и утре, во едно од омилените места на младите во центарот на Прилеп, Coffee My Place (Бизнис центар – приземје) се одржува голем турнир во табла.

Денеска се играат натпреварите во групи, а турнирот започна во 11 часот. Утре исто со почеток од 11 часот ќе се играат шеснаесетфиналните, па четвртфиналните и полуфиналните натпревари, и на крај секако големото финале.

За најдобрите следуваат вредни награди:

ПРВО МЕСТО – 10.000 денари

ВТОРО МЕСТО – 5.000 денари

ТРЕТО МЕСТО – 3.000 денари

Додека за сите четвртфиналисти, организаторите подготвија ваучери од спонзорите на турнирот: Прилепска пиварница, Витаминка, пицерија Академи, Паренцо, Нептун, ЈК Травел, Porchella, бутик Аполо, теретана PROFESSIONAL и продавница за играчки Тргачо.

Натпреварите се играат на 5 добиени поени, а фрлањето на заровите е од чаша.

Доктор на науки што животот го посветува на учениците: Краток документарен филм за една од најомилените просветни работници во Прилеп

Повеќе од две децении во образование, инспиративен професор по англиски јазик, учениците ја обожаваат, а англискиот јазик им станува втор мајчин јазик. Девет години менаџер на ООУ “Блаже Конески”, образована институција која во тие години доживеа вистинска ренесанса. Еден од ретките доктори на науки по англиски јазик од нашиот град, жена која постојано се надоградува и вложува макотрпен труд во што и да работи.

Toa e Mарија Дулеска, една од омилените професорки од Прилеп, чии методи на работа, идеи, професионалност и умешност, заслужуваат внимание од највисоките институции и можат да се искорист за подобрување на целиот образовен систем кај нас.

Со еден збор Дулеска е одличен педагог, а со својата креативност, непосредност и желен пристап да го пренесе знаењето на учениците, остварува резултати со кои ретко кој наставник и професор може да се пофали. За неа подеднакво се важни и учениците во селска и учениците во градска средина.

Во продукција на “ФОТО БЕЏО”, a во чест на нејзините покојни родители, Д-р Марија Дулеска, неодамна сними и краток документарен филм за својот досегашен животен и професионален пат. Едно убаво 12-минутно видео кое веруваме дека ќе го изгледате од почеток до крај.

Мицкоски најави две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека очекува до крајот на месецот да има две нови инвестиции.

Едната, како што појасни, ќе биде проширување на веќе постоен погон, а другата ќе биде сосема нова инвестиција. Двете инвестициите ќе бидат во вредност до 50 милиони евра и ќе обезбедат до 500 нови работни места.

-Преговараме и очекувам до крајот на овој месец да имаме две инвестиции. Едната ќе биде проширување на веќе постојан погон, а другата ќе биде сосема нова инвестиција, кои ќе обезбедат до 500 нови работни места. Очекувам овој месец тие две да ги завршиме, а веќе во декември ќе имаме најмалку уште две, но и почеток на една нова инвестиција, поточно ставање на камен темелник, изјави денеска Мицкоски во одговор на новинарско прашање, за време на поставувањето на камен темелник за надградба на ООУ „Ацо Шопов“ во Бутел.

Тој рече дека инвестициите ќе бидат во секторот градежништво и автомобилската индустрија.

На новинарско прашање во врска со средбата што се одржала оваа недела со потенцијален партнер за инвестиција во когенеративна гасна постројка, и дали станува збор за грчката компанија „Митилинеос“, Мицкоски одговори дека не е вклучена оваа грчка компанија, туку станува збор за сосема нов концепт и посочи дека има три компании кои се сериозно заинтересирани за вложување во ваков тип на енергетска инфраструктура на когенеративни производни капацитети.

-Ние жестоко ја критикувавме грчката „Митилинеос“, затоа што ценевме дека е штетна таа инвестиција и дека нема да донесе добро за македонските граѓани. Сега би било непристојно шест месеци потоа, само затоа што сега сме Влада да го смениме мислењето. Јас така не функционирам. Може да се случи да се поместиме доколку добиеме во меѓувреме аргументи, но не само што не добиваме аргументи, туку убедени сме дека тоа е штетна инвестиција и не е одговор на потребата на скопјани, но и генерално на државата, рече Мицкоски.

Тој напомена дека имаме три компании кои се сериозно заинтересирани за вложување во ваков тип на енергетска инфраструктура когенеративни производни капацитети и нормално, и со сите се преговара, за да се види кои се најдобрите услови. Но, нагласи, тоа нема да биде ништо надвор од актуелните програми за поддршка на инвестициите, нема да биде инвестиција со која ќе биде загарантиран откупот или по принцип, туку ќе биде на основа на правилата на пазарот. Мицкоски додаде дека ќе биде инвестиција која ќе користи зелена енергија.

-Секако, ќе биде инвестиција која што ќе користи зелена енергија, бидејќи се обврзавме со планот за раст дека ќе овозможиме производите што ќе се извезуваат во Европската Унија, да имаат зелено брендирање дека се произведени од зелена енергија. Ние последни почнавме како Влада, споредено со другите пет земји од Западен Балкан, први ќе ја добиеме првата транша, бидејќи најквалитетно и први си ја завршивме домашната задача во овие четири месеци. Последни почнавме, први ја добиваме и сме многу понапред во сите други процеси од другите пет земји. Имаме амбициозен план и сакаме да го реализираме, додаде Мицкоски.