дома блог страница 607

Ресторан во Неготино ќе подготви вечера за 300 сиромашни за Бадник

Ресторанот „Ја, Тате и Бате“ од Неготино реши да подготви вечера од гравче и риба за 300 сиромашни за Бадник.

Ресторанот е во сопственост на семејството Ганчеви, односно таткото Дуле работи со синовите Христијан и Блаже, објави „Tv Star – Телевизија Стар“.

„Подготвуваме оброк за социјалнозагрозени семејства, за деца со посебни потреби, кој сака може да дојде во гостилница или да ни се јави на телефон за да му доставиме храна до домот“, вели Дуле во разговор за „Tv Star – Телевизија Стар“.

Teпачка во угостителски објект во Ропотово

На 28.12.2024 во 21.00 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во с.Ропотово во угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со учество во тепачка помеѓу Р.Т.(25), М.Т.(31) и Б.И.(32), сите од с.Ропотово, при што си нанеле повреди.

По документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Eве какво време ќе имаме за новогодишната ноќ и во првиот ден од Новата година

За време на новогодишната ноќ 31 декември 2024 ноќта кон 1 јануари 2025, како и на првиот ден од новата 2025 година, односно на 1 јануари (среда) и официјално ќе имаме стабилно, суво, ведро и сончево време насекаде во Македонија, особено на повисоките населени места и на планините, како и на Скијачките центри, додека по котлините, особено оние котлини кои се наоѓаат во Повардарието ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови, па така во местата со магла и со ниска облачност температурата преку ден ќе остане пониска.

И во Скопскиот регион во истиот период ќе имаме ведро и сончево време. Ќе биде претежно тивко, па така особено во ниските предели од котлината ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови.

Што се однесува до температурите, наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека преку ден тие ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени. Токму ова ќе услови на планинските места и на скијачките центри снежната покривка постепено да се намалува.

Мицкоски за последната теренска анкета на ИПСОС направена за партијата: ВМРО-ДПМНЕ има 31%, СДС 8,5%, довербата на граѓаните не обврзува на резултати

„Ние како политичка партија генерално најмалку 2 пати, а некогаш и 3 пати месечно го мериме јавното мислење. Најмалку еднаш месечно телефонски го мериме тоа јавно мислење, нормално на стратифициран кредибилен пример користиме услуги на надворешни агенции. Најмалку еднаш месечно имаме и теренска анкета исто така стратифицирана за која исто така користиме надворешни услуги. Реално во декември месец кога би се споредил оној период од нова Влада можеби за нас е месец кога го имаме историски најсилниот пик како политичка партија“, истакна Премиерот на Република Македонија и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен Македонија повторно твоја.

Мицкоски потенцираше дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е повеќе од 3 пати.

„Последната теренска анкета која ја правеше за нас агенцијата ИПСОС, агенцијата со која имаме долгогодишен договор и оваа теренска анкета на агенцијата ИПСОС покажува навистина драматични разлики помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ се движи помеѓу 30-31%, СДСМ е помеѓу 8,5-9% отприлика таа е разликата и динамиката со која се формира разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ таа е повеќе од 3 пати, 30-31% наспроти 8,5-9% каде што се движи СДСМ и таа доверба од граѓаните тие нас не обврзува и таа треба да ја оправдаме“, заклучи Мицкоски.

ВНИМАВАЈТЕ! Во два дена два пожари во оџаци на куќи во Прилеп и Битола, за среќа нема повредени

-На 27.12.2024 во 09,22 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во куќа сопственост на К.М.(59) од Прилеп лоцирана на ул„Питу Гули”, настанал пожар во оџак при што истиот бил изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп. Од пожарот повредени лица нема, причинета била само материјална штета. Увидот го извршил ла увидната екипа на ОВР Прилеп.

-На 28.12.2024 во 09,35 часот во СВР Битола било пријавено дека во куќа на ул „Штипска” во Битола сопственост на Љ.Т.од Битола се запалил оџакот од неговиот дом. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Битола при што повредени лица нема причинета била само материјална штета. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Повторно апсење во Прилеп за петарди: Прилепчанец фатен со 3460 парчиња пиротехника

-На ден 28.12.2024 полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола со судска наредба извршиле претрес во домот на Б. Ш.(27) од Прилеп. При претресот пронајдени биле 3460 парчиња пиротехника.

По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Прилепчанец претепан од повеќе лица на улица “Беровска”

-На 28.12.2024 во 11.00часот во ОВР Прилеп Н. В.од Прилеп пријавил дека на ул.„Беровска” во Прилеп бил физички нападнат од повеќе лица кои му нанесле повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – стои во соопштението од СВР Битола.

Детскиот градски хор „Мали Ангели“ од Прилеп, и оваа година ги стопли срцата на публиката со прекрасен Новогодишен концерт (ВИДЕО)

Детскиот хор “Мали ангели” од Прилеп, го одржа својот годишен концерт, кој традиционално го подготвуваат пред крајот на секоја календарска година.

Концертот се одржа пред полна сала во киното “Мис Стон”, а дечињата уште еднаш ги воодушевија присутните со прекрасни изведби.

Целта на хорот Мали Ангели е да ја развива музичката култура кај децата во Припел и Македонија, да им отвори на најмладите од овој град нови хоризонти и да ги воведе во тајните на хорското пеење. Хорот функционира од 2009-та година, каде членуваат дечиња на возраст од 9 до 12 години.

Детскиот хор “Мали ангели” фукнционира под покровителство на наставничката по музичко образование Маја Џопа и Пеце Стоикоски.

Во продолжение мал дел од настапот на дечињата:

Полицијата уапси 70-годишник – Крадел во маркет во Прилеп

-На 28.12.2024 во 09.30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Методија Шаторов Шарло„ пред маркет го лишиле од слобода М.Ф.(70) од Битола бидејќи истиот бил фатен при извршување на кражба од маркет.

Украденото било вратено на сопственикот, а по документирање на настанот против М.Ф.ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Нова ГОЛЕМА акција утрово на полицијата: Претреси во Скопје, Битола, Неготино…

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство.

Надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка обезбеди наредби за претрес на повеќе локации во Скопје и други градови. Како што претходно објави КУРИР, МВР рано утринава прави претрес на повеќе локации во Скопје, Битола, Неготино, Дојран, Гевгелија.

Меѓу осомничените има и службени лица и еден странски државјанин. Претресите се спроведуваат од припадници на МВР, а за натамошниот тек на постапката и за конкретните дејствија за кои постојат сомненија дека ги сторило секое од инволвираните лица, обвинителството ќе информира по нивното завршување.

Според информациите до кои дојде КУРИР,  се сузбива криминална група која криумчарела и фалсифукувала скапи возила кои биле украдени во ЕУ, а се возат во Македонија.