дома блог страница 606

Известување од прилепските црковни храмови до верниците за престојниот празник Св. Архангел Михаил

За претстојната слава, на СВ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ, во хр. Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС) и во храмот Света Петка Точила лепчиња ќе се креваат преку целиот ден на 20.11.2024г.(среда) односно од 7:30 – 17.00 ч. И наредниот ден на 21.11.2024 г. (четврток) веднаш по завршувањето на Светата Божествена Литургија.

Лепчиња ќе се креваат во СРЕДА, на 20.11 и во:

-СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – од 07.00 до 17.00 часот.

-СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ГРЧКА) – од 15.30 до 17.00 часот.

-СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН (БОЛНИЦА) од 11.00 до 13.00 часот.

-СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА (ТИПСКИ) од 11.00 до 13.00 часот.

Како и на 21.11. утрото во СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА).

Нека светот Архангел Михаил се застапува за нас пред Господа, за да бидат примени нашите молитви и благодаренија. Напомош и за многу години на сите кои ја празнуваат оваа слава.

Поетско шлагерскиот перформанс “Пелагониска плетенка”, утревечер во фоајето на ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп

На 20 ноември 2024/ среда/ од 19.00 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи поетско шлагерскиот перформанс „Пелагониска плетенка“ при што ќе биде презентиран проектот „ПИЈАН СЛАВЕЈ“
(нова македонска шансона)

Пијан Славеј е музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата “Фолтин”, во чие срце е идејата да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век…… Пијан Славеј се сеанси на интимни посети крај диви маслини осамнати на брегот. Горчливо густа смола од винските мушички со деланки од бор облепени со каллив електро грув и еден нишан – поглед стрвен со излигавена и страствена мов од ракурсот на пијаниот Славеј. Страст што некогаш низ меланхолија и тага мами вечна љубовна тишина, и ако тлее нешто живо во неа – ќе пеам или само немо ќе љубам нешто што се’ уште не е мртво.”-  вели
Влатко Деловски.

************************************

Ќе настапат Бранислав Николов и актерот Игор Трпчески.

Бранислав Николов е музички перформер, автор и пејач во групата ФОЛТИН.

Како дел од групата, зад себе има десетина студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за Оскар “Медена Земја”, интернационално наградуваните “Исцелител”, “Со Љубов”, “Cash & Marry” и други. Со концертни настапи и театарски претстави гостувал во Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Русија, Црна Гора, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка.  За својата работа досега е повеќепати наградуван. 2018 г. одржал концерт со Македонската филхармонија.  Кон крајот на 2021 г. го оформува составот ПИЈАН СЛАВЕЈ, а настапува и самостојно како кантавтор.  Објавил четири поетски збирки (“Креветизам и хоризонтала” 2018, “Срчки” 2020, “Полиграф”, 2022 и “Јазик за двајца”, 2024).

*********************************************

Игор Трпчески

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владимир Милчин во 1997 година, а во 2005 година специјализира режија во Националната Академија за Театарска и Филмска уметност НАТФИЗ во Софија, Бугарија во класата на проф. Крикор Азарјан. Како актер има учествувано во преку 40 театарски претстави на матичната сцена и во неколку продукции како гостин во различни театри во Македонија. На сцената на театарот Војдан Чернодрински ги поставува претставите “Оркестар ТитаН” од Христо Бојчев, “Дневникот на Лудиот” од Гогољ, “Јас” од Илија Димоски, “Шаторо” од Петар Петрески, “Delirium tremens” од Благоја Ристески- Платнар. Добитник е на бројни награди меѓу кои се Гранд при на Лица без маски и Гранд при на ДАФ Кочани за Приказна за војникот од Шерл Ф. Рами, Најдобра претстава и Најдобра машка улога на интернационалниот фестивал АЛБА МОНО во Корча Албанија за претставата Delirium tremens. Од 2003 го регистрира Здружението на граѓани  Театарска Работилница и работи на повеќе детски, младински и аматерски претстави и проекти.

******************************

линкови од музиката на ПИЈАН СЛАВЕЈ


https://www.youtube.com/watch?v=VG1Y8qItMj0
https://www.youtube.com/watch?v=PL-0ypcWR6E
https://www.youtube.com/watch?v=JC9CUGnUtr0
https://www.youtube.com/watch?v=MjKKSujGdUE
https://www.youtube.com/watch?v=UD2VJnIi9fk

Николоски војува со Бугарите на сите полиња: Бугарија има план да направи од Македонија слепо црево на Балканот

Пруга кон Бугарија е во интерес за Македонија, но со изградба ќе продолжиме откако ќе се ревидираат сите недостатоци со посредство на Европската Унија, истакна вчеравечер во емисијата „Топ Тема” на ТВ Телма, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Како што рече министерот Николоски, проектот има три главни недостатоци меѓу кои цената, изводливоста и тунелското решение.

-Во однос на цената договорена e ревизија помеѓу македонската страна, бугарската страна и Европската Унија. Да видиме како се дошло до овие суми и кој тие суми така ги предвидувал. Многу е добро што во ревизијата ќе учествува и Европската Унија и тие ќе видат многу работи и ќе ги извадиме сите работи во јавноста. Друга работа, кај се видело тунел да се гради до половина? Да,ќе градиме пруга кон Бугарија, но не по овој проект. Македонија е единствена во моментов која има активности на коридорот 8 во железничкиот сообраќај”, истакна министерот Николоски и додаде:

„Компанијата која што го има проектирано третиот дел од пругата кон Бугарија е истата компанија која што не ја заврши штипската болница и со која што сега Република Македонија е на арбитража. Затоа е многу добро што од Европската Унија се согласија да се прави ревизија на цената и на проектот“, истакна министерот Николоски.

Во однос на прашањето зошто во бугарска страна нема активности на проектот за изградба на пругата, министерот потенцираше дека Бугарија работи на алтернатива на коридорот 10 и поставување на Македонија во незавидна положба.

-Бугарија има приоритет да работи на алтернатива на коридорот 10 и тоа е најголемата битка која што се случува позади сцената во моментов бидејќи коридор 10 во Јужна Европа е најисплатлив коридор. Бугарија прави огромни притисоци да изработи алтернатива на коридор 10, односно од Ниш, наместо пругата да се спушта надолу кон Скопје и кон Солун, истата да оди источно кон Босилеград, а потоа по реката Струма да се спушта низ Бугарија и после тоа да се поврзува со Солун. Тоа е битката што позади завесата се случува во моментов. Доколку оваа битка се реализира, Македонија ќе стане слепо црево на Балканот. И затоа се нервозни, затоа што ние им ја разбиваме таа стратегија, со тоа што ставаме фокус на коридор кој што е економски најисплатлив и кој што најприроден, во исто време го градиме и коридор 8, истакна министерот Николоски.

Приведени седуммина прилепчани – Се тепале на булевар во центарот на градот

-На 17.11.2024 во 04:15 часот на булеварот “Гоце Делчев” во Прилеп, поради нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.Т.(22), Р.К.(22), Н.Ц.(34), И.Т.(30), Б.Р.(23), Б.Т.(27) и Н.Т.(26) сите од Прилеп.

По документирање на настанот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци – информираат од ОВР Прилеп.

Кривична за прилепчанец: Си пазарел со туѓа картичка!

-СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Ц.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во периодот од 03.10.2024 до 04.10.2024 пријавениот извршил девет трансакции со платежна картичка во сопственост на О.Д., која на 03.10.2024 била пријавена за изгубена – информираат од СВР Битола.

Втора година по ред, храмот Св. Петка од Прилеп распишува БОЖИКЕН НАГРАДЕН КОНКУРС – Можат да учествуваат сите основци!

Храмот „Св. Преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ во нас. Точила, Прилеп, поттикнат од големиот интерес од минатата година, по втор пат го распишува БОЖИКНИОТ НАГРАДЕН КОНКУРС за литературна и ликовна уметност на кој право на учество имаат учениците од основните училишта во Општина Прилеп. Овој празничен конкурс е можност за сите основци од нашата општина да го изразат својот талент преку збор и боја, и да го почувствуваат Божикниот дух преку создавање.

ЦЕЛТА НА КОНКУРСОТ е приближување на празникот до срцата на децата, нивно обединување во радоста на Рождеството и да се промовираат важни вредности преку творештвото. Конкурсот носи и воспитно-образовен карактер, поттикнувајќи ги младите да се изразат преку уметност и да го развиваат својот креативен потенцијал.

ТЕМА: „Рождество Христово – Божикната радост во нашиот дом“

– Учесниците можат да творат за моментите поврзани со рождеството Христово или да го насочат вниманието кон семејните вредности и топлината на Божикните празници и да ја претстават радоста на Божикните моменти дома со своите најблиски.

Учесниците ќе се натпреваруваат во две категории: литературна и ликовна уметност, поделени по одделенија:

– I категорија: Од 1-во до 5-то одделение
– II категорија: Од 6-то до 9-то одделение

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО:

– ЛИТЕРАТУРНА КАТЕГОРИЈА – Пријавените можат да создадат проза или поезија (само една творба) до две страници во А4 формат, со фонт 12.
– ЛИКОВНА КАТЕГОРИЈА – Пријавените можат да подготват цртеж на блок бр. 4 или 5.
Конкурсот трае од 18 ноември до 18 декември 2024. Творбите треба да бидат потпишани со име, презиме, училиште, одделение, име на менторот (ако има), адреса на живеење и контакт телефон. Творбитете треба да се достават ИСКЛУЧИВО ВО ХРАМОТ.
ОЦЕНУВАЊЕ И НАГРАДИ:

Творбите ќе ги оцени стручно жири во состав:

– Блага Тутеска, наставник по македонски јазик во пензија и поетеса
– Павлинче Чочкова, наставник по македонски јазик во пензија
– М-р Александар Џинго, професор по ликовно образование
– Елена Димоска, наставник по ликовно образование
– Протоереј Љупче Петрески, старешина на храм Св. Петка

Во секоја поткатегорија ќе бидат избрани победници на прво, второ и трето место.

СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

На Бадник, по утринската богослужба (11:00 ч), ќе се одржи свеченото прогласување и доделување на наградите, пропратено со духовна и културно-уметничка програма. Сите учесници со нивните ментори ќе добијат пофалници и награди, а првонаградените ќе добијат дипломи и предметни или парични награди. На платото пред храмот ќе бидат изложени сите дела, а победниците во литературната категорија ќе ги прочитаат своите творби пред присутните.

Организаторот, храм „Св. Петка“, го задржува правото да објави дел или сите творби на својата фејсбук страница: Храм Света Петка Прилеп, како и фотографии од доделувањето на наградите на Бадник.

Со овој конкурс се надеваме дека ќе го поттикнеме развојот на креативните способности кај младите, негувајќи ја љубовта кон литературата и ликовната уметност, и со тоа ќе придонесеме кон градење на вредности кои ќе ги следат и во иднина.

Се радуваме на вашето учество и ве охрабруваме да го изразите вашиот творечки дух! Божикната радост нека биде вашата инспирација!
Бог нека ве благослови и инспирира!

Со почит,

В.д. старешина на храм Св. Петка
Протоереј Љупче Петрески

Одличен потег на пратеничката Кузманоска: Во прв ред со донација за предвремено родените бебиња (ФОТО)

17-ти Ноември е светски ден на предвреме родените бебиња. Во оваа група спаѓаат сите новороденчиња пред полна 37ма гестациска недела.

Ова е сериозен број на исклучително мали по старост пациенти, но и екстремно незрели пациенти, бебиња од 23 гестациска недела па нагоре. Според статистиката, околу 13 милиони бебиња во светот се раѓаат предвреме. За да се намали таа бројка, клучен е пристапот на квалитетна нега во сите здравствени установи. Оваа година тоа е и една од главните теми на светско ниво.

Во градската болница “Борка Талески” во Прилеп, и денеска традиционално се одржа хуманитарен настан. Сите собрани средства секоја година се донираат во одделот за неонатологија, а и оваа година голем број граѓани донираа средства на настанот.

Тука беа и членките на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, предводени од пратеничката Билјана Кузманоска, кои со свој прилог го поддржаа овој хуманитарен настан.

-Заедно со членките на Унија на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ – Прилеп и оваа година ја прифативме иницијативата на мајките на предвремено родени деца и со хуманитарна акција го одбележавме Светскиот ден на предвремено родени деца. Собраните парични средства ќе бидат искористени на неонатолошкиот оддел при ЈЗУ Општа Болница „Борка Талески“ Прилеп за подобрување на условите и обезбедување на апарати кои ќе бидат од корист при нега на предвремено родени бебиња. Соочувањето со мало новороденче во животот е големо изненадување, но и најголема среќа за секое семејство. Нам ни ѐ важна среќата на секое семејство во Македонија, а посебна грижа, поддршка и разбирање упатуваме кон семејствата на предвремено родени деца. Испраќаме апел и охрабрување до сите хумани граѓани, здруженија и бизнис секторот да ја поддржат оваа иницијатива и да ја покажат својата хуманост – напиша Кузманоска на својот Фејсубк профил.

(ФОТО) Со хуманитарен настан, во прилепската болница одбележан Светскиот ден на предвреме родените бебиња: Годишно на светско ниво 13 милиони бебиња се раѓаат предвреме! (ФОТО)

17-ти Ноември е Светски ден на предвреме родените бебиња. Во оваа група спаѓаат сите новороденчиња пред полна 37ма гестациска недела.

Ова е сериозен број на исклучително мали по старост пациенти, но и екстремно незрели пациенти, бебиња од 23 гестациска недела па нагоре. Според статистиката, околу 13 милиони бебиња во светот се раѓаат предвреме. За да се намали таа бројка, клучен е пристапот на квалитетна нега во сите здравствени установи. Оваа година тоа е и една од главните теми на светско ниво.

Во градската болница “Борка Талески” во Прилеп, и денеска традиционално се одржа хуманитарен настан. Сите собрани средства секоја година се донираат во одделот за неонатологија, а и оваа година голем број граѓани донираа средства на настанот.

-За нас како здравствена установа, најважно ни е да работиме на намалувањето на овие бројки преку превенција од предвемено породување (намалување на ризик факторите кои доведуваат до него, редовно и навремено следење на бремените жени и нивна едукација).
Прематуритетот е водечка причина за смртност на децата во рана возраст а дел од преживеаните деца се борат со последиците до крајот на својот живот. Нашата установа прифаќа новороденчиња со полна 34-та гестациска недела и со гордост можеме да кажеме дека досега успешно се справуваме со предизвиците за спасување и на помали новороденчиња. Наша цел и мотив е да создадеме што подобри услови и квалитетна нега на сите новороденчиња следејќи ги светските трендови и најновиот мастер план на Министерството за здравство за регионализација на перинаталната здравствена заштита
– напишаа од прилепската болница на социјалните мрежи.

Телиња од прилепско Витолиште нелегално се превезувале кон Дебар – животните немале соодветни документи

Од страна на граничната полиција на Република Северна Македонија на влез на градот Дебар при редовна контрола на товарно патничко возило со скопски регистарски ознаки утврдено е дека се врши нелегален превоз/транспорт на животни без соодветни документи за движење на животните (искористени сертификати за движење на животните од истото одгледувалиште), со валидни пасоши за животните.

При извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на официјален ветеринар од подрачна единица на Агенција за храна и ветеринарство ( АХВ) од Дебар, констатирано е дека се работи за превоз на 17 говеда (телиња) на старост од 8 до 10 месеци, со потекло од одгледувалишта во село Витолиште, општина Прилеп.

Од страна на официјалниот ветеринар животните се одземени и предадени се на понатамошно постапување од страна на Агенцијата за одземен имот. Во текот на денешниот ден од страна на официјален ветеринар ќе биде постапено согласно надлежностите од Законот за ветеринарно здравство и Законот за идентификација и регистрација на животните. Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со бескомпромисната борба против корупцијата и справување со сите незаконски дејствија од минатото.

Раскол во ЛДП – членството бара промена на Зајкова?

Не стивнуваат поделбите во Либерално-демократската партија (ЛДП). Иницијативниот партиски одбор, кој бара смена на претседателката Моника Зајкова, реагира на нејзината изјава дека ЛДП се стреми да биде власт, а не кокета.

Од иницијативниот одбор на ЛДП нејзините изјави ги оценија како небулозни коментирајќи дека непринципиелната политика на раководството на ЛДП и Моника Зајкова оди до таму што, наместо почитување на интересот и желбата на граѓаните, единствено со што се занимаваат е остварување на желбите и интересите на раководството на ЛДП.

„Изборната волја на граѓаните беше јасно кажана на последните избори на кои Зајкова како коносител на листа доби црвен картон од граѓаните за нејзините погрешни политики. И наместо да понесе одговорност за изборниот пораз, таа без срам објавува желби да била дел од власта. Дволичната политика на раководството е веќе осудена од членството и од широката јавност. Очигледно на политичката сцена се најде достојна замена за Амди Бајрам и неговата парола ‘Кој е на власт, ја сум со вас’“, велат од иницијативниот одбор на ЛДП.

Оттука, бараат раководството на ЛДП да престане со додворување на власта и да ја прифати опозициската улога што им ја доверија граѓаните.

Зајкова,вчера, во интервју во дневникот на МТВ изјави дека ЛДП во парламентот дејствува независно и дејствувала независно и во минатиот парламентарен состав бранејќи ја својата либерално-демократска политика, но и идеја.

„ЛДП не кокетира со власта како и секоја политичка партија, ЛДП се стреми да биде власт, а не да биде кокета“, изјави Зајкова.

Иницијативниот одбор за себе вели дека претставува големо мнозинство од две третини од општинските организации и бара смена на претседателката. Зајкова, пак, тврди дека се работи за политички непознати поединци разочарани дека ги губат државните привилегии, кои немаат никакво мнозинство во партијата.

ЛДП на последните парламентарни избори настапи во коалиција со СДСМ.