дома блог страница 2738

(Видео) Ги згpoзи сите во јавниот превоз – ги стави прстите во уста, па се допре за држачот

Додека сите земји работат на тоа да се запре ширењето на виpycoт, а лекарите и надлежните постојано ги известуваат граѓаните на кои правила треба да се придржуваат, има и такви кои не обрнуваат внимание на тие правила.

На социјалните мрежи се појави видео кое е снимено во метро во Брисел.

На снимката се гледа момче кое стои во воз и носи маска за лице. Во еден момент тој ја спушта маската, става прсти во уста и потоа се фаќа за шипката во метрото.

Видеото ја згpoзи јавноста, а многумина искоментираа дека ваквото однесување е непримерно и неодговорно.

Дурловски со моќно обраќање откако беше избран за носител на изборната единица 5 на ВМРО-ДПМНЕ (Видео)

Игор Дурловски, откако беше избран за носител во ИЕ5 на ВМРО-ДПМНЕ, тој веднаш се фати за работа. Вечерва објави видео обраќање на неговиот фејсбук профил, тој над видеото со краток текст напиша:

Ја изразувам својата благодарност до Претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за укажаната чест и одговорност, како натпapтиcки кандидат да бидам носител на листа во Избopна единица бр.5. Македонија cлободна ќе живee. Секогаш и засекогаш, напиша Дурловски каде го објави и видео обраќањето во продолжение:

Вреди да се прочита: Свештеник од Прилеп пишува – “Причестувањето не може да биде причина за пренесување на болecти”

(Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески од Прилеп)

КОВИД-19 И ЧУДОТО СО ЛАЖИЧКАТА

Со ширењето на Ковид-19, во некои медиуми, претпоставувам и во меѓусебните разговори, се отвори прашањето дали верниците треба да се причестуваат на Светата Литургија, со оглед на фактот дека причестувањето се врши со една иста лажичка, пракса востановена во Црквата уште од VII век, од Светиот Путир во кој се наоѓаат вистинските тело и крв Христови во вид на леб и вино.

Со разбирање за стравот и загриженоста и без никого да осудувам, ќе речам дека причестувањето од „Чашата на животот“, не може да биде причина или извор на болести. Јас, како човек, го разбирам стравот кој се темели на науката, односно микробиологијата или вирусологијата, но како свештеник ќе речам дека, сепак, меѓу стравот и науката се „истопорува“ Бог и нашата вера.

Да, во моето 13-14 годишно искуство како свештеник и ѓакон, сум видел ситуации во кои верниците, поради причестувањето со една лажичка реагирале, коментирале, пристапувале со одбивност, гадење, се обидувале некако да не ја допрат лажичката со усните и т.н., но ниту еднаш не сум бил сведок некој да се пожали дека се разболил по причестувањето.

Впрочем, веќе четиринаесет години, јас сум тој што на крајот од Литургијата, ја употребува (зашто ништо од причесната не смее да остане во св. Путир) причесната, откако верниците ќе се причестат со едната и иста лажичка. А често ми се случувало тоа да го направам, откако ќе се причестат стотина и повеќе верници. Но, никогаш не сум се разболел и тоа претставува своевидно чудо. Чудо кое се случува на секоја Литургија, зашто според логиката и науката, би требало да бидам најболен или често болен. Но, фала Му на Бога, јас сум здрав „сведок“ дека причестувањето со една лажичка не е и не може да биде причина за распространување на болести или во случајов, корона вирусот!

(Видео) Шпанскиот Сенат затворен поради кopoнавиpycoт: Членството на Македонија во НАТО ќе се пролонгира

Шпанскиот Сенат, откако тоа го стори и Конгресот ги суспендираше сите предвидени активности во наредните седум дена. Причина за оваа одлука е заштита од коронавирусот, кој беше откриен кај генералниот секретар на ултра-десничарската партија Вокс, кој инаку е член на Конгресот – објави 360 степени.

Првата потпретседателка на Сенатот, Кристина Нарбона вчера објави дека сите закажани пленарни седници и состаноци на работните тела ќе бидат одложени, без да прецизира кога ќе бидат презакажани.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Над 95 % нови имиња на листитe на ВМРО-ДПМНЕ, ова се сите кандидати за пратеници

Курир ексклузивно ги дознава имињата на сите кандидати за пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ се микс помеѓу докажани политичари без црна дамка и нови лица во политиката докажани професионалци во својата сфера на работа. Реакциите на јавноста се одлични и позитивни откако и официјално беа објавени кандидатите и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ.

Носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица еден е професорката Гордана Силјановска Давкова, почитуван професор на правниот факултет Јустиниан Први при Универзитетот Свети Кирил и Методи која одлично беше прифатена и како претседателски кандидат.

-Др.Гордана Силјановска – Давкова важи за еден од најреномираните професори по уставно право и политички систем. Зборува повеќе јазици, има предавано на повеќе светски универзитети.Силјановска беше и министер во периодот 1992-1994 година, еден од членовите на Уставната комисија на Собранието на Р.Македонија, експет на Женевската група за заштита на човековите права и слободи, експерт на Обединетите Нации. Таа е редовен професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ.

Во изборната единица број 1, Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:

1. д-р Гордана Сиљаноска Давкова од Центар,
2. д-р Тимчо Муцунски од Центар,
3. д-р Синиша Стојановски од Аеродром,
4. м-р Бети Стаменковска Трајковска од Кисела Вода,
5. коалиција,
6. коалиција,
7. д-р Велика Стојкова Серафимовска од Центар,
8. Тони Јаревски од Карпош,
9. Сафет Бишевац од Студеничани,
10. Весна Марковска од Аеродром,
11. Игор Никовски од Кисела Вода,
12. Ружица Николовска од Карпош,
13. Коалиција,
14. Влатко Мојсовски од Македонски Брод,
15. Јасмина Паметковска од Сопиште,
16. Мартин Стојановски од Сарај,
17. Филип Ѓорѓиев од Центар,
18. Тамара Михајловска од Аеродром,
19. Сергеј Попов од Центар и
20. Бисера Златеска од Македонски Брод.

Носител на изборната листа во изборната единица број два на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски млад политичар без ниту една црна дамка во својата кариера, напротив со низа на успеси како министер за транспорт и врски во претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, човек кој важи дека има огромна поддршка од страна на партиската база.

-Владо Мисајловски е поранешен министер за транспорт и врски на Република Македонија, функцијата ја извршува од 13 мај 2015 година до 1 јуни 2017 година. Мисајловски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во период од 2011 до 2013 година. Мисајловски ги извршувал и функциите: Државен секретар во Министерството за надворешни работи, Државен секретар во Министерството за транспорт и врски и директор на ЈП Државни патишта.

Во изборната единица број 2, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:

1. Владо Мисајловски од Ѓорче Петров,
2. д-р Рашела Мизрахи од Карпош,
3. Бране Петрушевски од Куманово,
4. коалиција,
5. Жаклина Пешевска од Гази Баба,
6. Дарко Костовски од Бутел,
7. Бојан Стојановски од Ѓорче Петров,
8. Зоран Коцевски од Гази Баба,
9. Емилија Ангелова од Чаир,
10. Кети Димковска од Куманово,
11. коалиција,
12. Зоран Бајовски од Чучер Сандево,
13. Ерџан Демири од Шуто Оризари,
14. Дијана Илиевска од Гази Баба,
15. Мартин Стефановски од Старо Нагоричане,
16. Игор Атанасовски од Гази Баба,
17. Борче Илиевски од Бутел,
18. Искра Крстевска од Чаир,
19. Наташа Манкиновска од Ѓорче Петров и
20. Тихомир Алексовски од Куманово.

Во третата изборна единица борбата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе водат двајцата генерални секретари на партиите. Игор Јанушев ќе е носителот на ВМРО-ДПМНЕ во тројка. Јанушев има огромно политичко искуство со оглед на неговите години и ужива голема поддршка од партиската база.

-Игор Јанушев е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година. Во периодот од 2000 до 2005 година е Секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Велес. Од 2005 станува член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, позиција која ја задржува се до 2009 година. Во 2017 година е избран за член на Комисијата за градежништво, урбанизам и транспорт. Јанушев дипломира на Правниот факултет во Скопје, во 2006 година. Член е на регионалните изборни штабови за ИЕ 4 за изборите во 2008, 2009, 2011, 2014 и 2016 година. Потсекретар на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2017 година е за Општинските комитети Штип, Пробиштип, Лозово, Карбинци и Илинден. Во период од 2015 до 2017 година ја извршува функцијата директор на ЈСП – Скопје, пред тоа работи во Министерството за Транспорт и врски.

Во изборната единица број 3, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:

1. Игор Јанушев од Велес,
2. Иван Јорданов од Штип,
3. Благица Ласовска од Свети Николе,
4. д-р Иванка Василевска од Скопје,
5. коалиција,
6. Игор Здравковски од Велес,
7. Миле Лефков од Кочани,
8. Никола Мицевски од Штип,
9. Даниела Христова од Виница,
10. Марија Петрушевска од Петровец,
11. Драган Ковачки од Делчево,
12. Јохан Тарчуловски од Скопје,
13. Весна Ничева од Штип,
14. Анри Андоновски од Крива Паланка,
15. д-р Марјан Миленковски од Пробиштип,
16. Цветанка Каракашева од Пехчево,
17. Верче Мицевска од Илинден,
18. Христина Смилевска од Делчево,
19. Киро Нацков од Градско и
20. Лидија Анакиева од Зрновци.

Носител во четворка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе потпретседателот на партијата, Александар Николовски. Николовски од сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ има најголемо искуство во политиката, важи за еден од мостовите на партиајта за меѓународна соработка, а во својата долгогодишна политичка кариера нема ниту еден скандал зад себе.

-Александар Николоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во повеќе мандати. Николоски е претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во период од 2004 до 2008 година. Во период од 2004 до 2013 е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на оваа функција повторно е избран во 2017 година. Николоски во 2009 година станува член на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, а во 2014 година е избран за прв потпретседател на Мониторинг комитетот при Советот на Европа. Тој е именуван за меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година.

Во изборната единица број 4, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:

1. Александар Николовски од Охрид,
2. Ане Лашкоска од Прилеп,
3. Дајанчо Ефтимов од Василево,
4. Ели Панова од Струмица,
5. Зоран Јованчев од Каварадци,
6. Петар Ристески од Прилеп,
7. Здравко Трајанов од Радовиш,
8. Ангелина Петкова од Гевгелија,
9. Златко Пенков од Неготино,
10. Јадранка Поцкова од Струмица,
11. коалиција,
12. коалиција,
13. Дејан Бошков од Валандово,
14. Ирена Стерјоска Локвенец од Прилеп,
15. Слободан Ивановски од Кавадарци,
16. Димитар Лазаревски од Могила,
17. Катерина Мојсоска од Кривогаштани,
18. Златко Темелковски од Кукуречани,
19. Владимир Ристов од Струмица и
20. Александра Свајќароска од Прилеп.

Носител во петката ќе оперскиот пеач Игор Дурловски. Човек кој зад себе има 10-тици меѓународни признанија од областа на оперската музика и е обожуван од народот, но и почитуван од своите колеги. По потекло тој е од Битола, па токму поради оваа причина тој е носител во петка која што важи за една од најнесигурните изборни единици, односно изборна единица која го дава победникот на изборите.

-Игор Дурловски (роден 1977 во Битола) е македонски оперски пејач. Студирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска, се усовршувал во Камерното Студио на Оливера Милјаковиќ во Виена. Биографијата на Игор Дурловски бележи и концернти изведби на грандиозни дела како Бетовеновата Деветта симфонија, Моцартовиот Реквием, Вердиевиот и Моцартовиот Реквием, 14-та Симфонија на Шостакович, Радомировиот Псалтир на Димитрије Бужаровски, ораториумот Клименту од Властимир Николовски, Симфонијата Зима од Ристо Аврамовски и други. Забележливи се и неговите гостувања на реномираниот фестивали Охридско лето. Тој е познат во оперските куќи меѓу кои: Wiener Cammeroper, Wiener Concert House, Оперската куќа во Мунстер, Националната опера и театар во Сараево, Хрватскиот Народен Театар во Загреб, Осиек и Риека, Тиранската Опера, Битолската Опера и други. Соработувал со Wienna Residence Orchestra, Источно-западниот симфониски оркестар, Белградската филхармонија, Софиската филхармонија, Ансамблот за современа музика „Алеа“. Во моментов живее во Германија а до 2004 година се усовршува кај своевремено најпознатиот светски бас Бугаринот Николај Ѓауров.

Во изборната единица број 5, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:

1. Игор Дурловски од Битола,
2. Антонио Милошоски од Кичево,
3. д-р Силвана Ангелевска од Битола,
4. д-р Кирил Пецаков од Охрид,
5. Јован Јаулески од Струга,
6. Олга Лозановска од Битола,
7. Ѓорѓија Сајковски од Кичево,
8. Лидија Петкоска од Охрид,
9. Мирче Аџиовски од Струга,
10. Грација Бакрачевска од Охрид,
11. Бајрам Требишки од Маврово-Ростуше,
12. Бобан Бојковски од Битола,
13. Билјана Проеска од Крушево,
14. Тасин Ибраим,
15. Никола Најденовски од Демир Хисар,
16. Олгица Божиновска од Кичево,
17. Ѓорѓи Влајкиновски од Вевчани,
18. Алмедин Шаиновски од Дебар,
19. Жанета Савевска од Ресен и
20. Сандра Пејковска од Демир Хисар.

Дафина Стојановска, досегашна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде носител на листата во изборната единица шест. Таа по потекло е од Гостивар, а по професија е медицински работник, односно стоматолог почитуван од своите сограѓани. Таа важеше за еден од најгласните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во актуелниот пратенички состав, секогаш спремна за арументирана дебата во медиумите, но и од собраниската говорница.

-Дафина Стојаноска е пратеник во Собранието на Република Македонија од 2014 година. Стојаноска е дипломиран стоматолог и работела како матичен стоматолог во родниот град во период од 2001 до 2008 година, од 2008 до 2016 година е вработена во ФЗОМ во Гостивар. Стојаноска е секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во период од 2012 до 2015 година, претседател е на ОИШ во Гостивар за предвремените парламентарни избори во 2016 година. Во 2015 година е избрана за член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ функција која ја извршува до 2017 година, повторно е избрана за член на ИК во 2018 година. Таа говори англиски, француски, албански и српски.

Во изборната единица број 6, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:

1. Дафина Стојаноска од Гостивар,
2. Александар Велјановски од Тетово,
3. Фуркан Чако од Гостивар,
4. Стојан Тодоровски од Брвеница,
5. Јасминка Богдановска од Теарце
6. коалиција,
7. Анита Бошковска Јовановска од Тетово,
8. Милан Јовановски од Гостивар,
9. Никола Крстовски од Јегуновце,
10. Верица Зафировска од Теарце,
11. Бране Стојчевски од Брвеница,
12. Станислав Бојчевски од Тетово,
13. Татјана Каранфиловска од Гостивар,
14. Татјана Стојановска од Јегуновце,
15. Александар Гиновски од Теарце,
16. Стојан Стрезовски од Гостивар,
17. Валентина Стефановска од Тетово,
18. Костадин Гогов од Тетово,
19. Маја Зафировска од Брвеница и
20. Билјана Тошевска од Јегуновце.

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе одржи прес конференција:

ВМРО-ДПМНЕ со три кандидати за пратеници од Прилеп

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги објави носителите на изборните единици и кандидатските листи за пратеници.

Во четвртата изборна единица каде припаѓа и Прилеп, носител е партискиот потпретседател Александар Николовски, а веднаш по него на второто место е членот на ИК од Прилеп, Ане Лашкоска.

На шестата позиција е претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, а претседателката на Унијата на жени од Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец, се наоѓа на четиринаесеттата позиција.

ВМРО-ДПМНЕ со најдобриот тим досега оди на убедлива победа, ова се носителите на листи

ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со многу нови лица на кандидатските листи за пратеници кои ќе ги предводат носители кои за прв пат ќе ја имаат предводничката палка на овие избори, пишува Макпрес.

Дури двајца од носителите за прв пат во историјата на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат натпартиски кадри, тоа се професорката од Правниот Факултет Гордана Силјановска Давкова и светски познатиот уметник оперскиот пејач Игор Дурловски.

Силјановска ќе ја предводи првата изборна единица, додека Дурловски ќе оди во 5-тата изборна единица каде убедливо води на анкетите пред сите други.

Во третата изборна единица ќе настапи генералниот секретар Игор Јанушев, додека во 4-тата изборна единица од граѓаните довербата ќе ја побара потпретседателот Александар Николоски кој ќе се соочи со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Во втората изборна единица листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ја предводи потпретседателот Владо Мисајловски, додека во 6тата единица ќе настапи за прва членот на Извршниот Комитет гостиварчанката Дафина Стојановска која е доктор по професија. Две жени ќе бидат носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на партијата Христијан Мицкоски ќе биде шпицен кандидат, мандатар за состав на новата влада.

Синот на Доналд Трамп: Време е да ги вратиме нашите војници од Косово дома

Синот на Доналд Трамп на својот Твитер профил напиша дека е време Америка да ги повлече своите 650 војници од Косово.

Засега не е познато дали САД планираат затворање на Кампот Бодстил кој е главната воена база на САД на Балканот.

(Видео) Турција нема ниту еден случај на кopoнавиpyc: Ова се мерките што ги презедоа

Виpycите не бираат националност. Меѓутоа, интересно е тоа што Турција до сега немала ниту еден случај на зapaзен со кopoнавиpyc, па многу луѓе се прашуваат како Турците успеваат во тоа.

Земја со околу 80 милиони луѓе тврди дека нема ниту еден потврден случај.

Во светот до сега се потврдени речиси 115.000 случаи на зapaзени и 4.000 cmpтни случаи. Виpycoт се прошири во 90 земји во светот.

Турскиот министер за здравство Гахретин Коца ја пофали владата за ефикасното спречување на виpycoт во земјата. Но, како успеа Турција да го направи тоа што многу други држави не успеаа.

“Сите кои се враќаат во Туција ги советуваме да одат во самоизолација на 14 дена. Хронично болните и оние над 50 години не би требало воопшто да излегуваат. Ако баш мораат, нека носат маска”, вели Коца кој тврди дека во земјата се тестирани 2.000 луѓе и дека сите се негативни на кopoна.