дома блог страница 2739

(Видео) Турција нема ниту еден случај на кopoнавиpyc: Ова се мерките што ги презедоа

Виpycите не бираат националност. Меѓутоа, интересно е тоа што Турција до сега немала ниту еден случај на зapaзен со кopoнавиpyc, па многу луѓе се прашуваат како Турците успеваат во тоа.

Земја со околу 80 милиони луѓе тврди дека нема ниту еден потврден случај.

Во светот до сега се потврдени речиси 115.000 случаи на зapaзени и 4.000 cmpтни случаи. Виpycoт се прошири во 90 земји во светот.

Турскиот министер за здравство Гахретин Коца ја пофали владата за ефикасното спречување на виpycoт во земјата. Но, како успеа Турција да го направи тоа што многу други држави не успеаа.

“Сите кои се враќаат во Туција ги советуваме да одат во самоизолација на 14 дена. Хронично болните и оние над 50 години не би требало воопшто да излегуваат. Ако баш мораат, нека носат маска”, вели Коца кој тврди дека во земјата се тестирани 2.000 луѓе и дека сите се негативни на кopoна.

ФФМ бара одложување на мечот со Косово поради Пандев, Елмас и Несторовски

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе побара од УЕФА да се одложи мечот со Косово закажан за 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“, поради мерките што македонската влада ги презема денеска меѓу кои е одлуката за задолжителна самоизолација на сите што доаѓаат од високо ризичните подрачја во кои има многу заразени со коронавирусот.

Во моментов една од најризичните земји во светот е Италија, од каде што има дури тројца фудбалери кои треба да бидат во македонската селекција за клучниот дуел за пласман на ЕП 2020 .Станува збор за Горан Пандев (Џенова), Елиф Елмас (Наполи) и Илија Несторовски (Удинезе), кои при доаѓање во државата ќе мора да поминат во 14-дневен карантин, што значи дека дури и ако утре дојдат ќе треба без тренинг би требало да го дочекаат дуелот со Косово. Секое подоцнежно пристигнување, како што е и планирано, ќе значи дека нема да можат да настапат во дресот на националната селекција на пресметката со косовската репрезентација

Иста е ситуацијата и со Косовците, кои имаат петмина фудбалери кои настапуваа во Швајцарија, еден од Италија, па поради тоа веќе виси воопшто одигрувањето на овој меч, ама веројатно и на сите баражи, зашто со сличен проблем се соочуваат и останатите селекции. Според најавите, сите овие барања сега ќе треба итно да ги разгледа УЕФА, па нема да биде изненадување ако воопшто се одложи сè.

„Ние ќе побараме одложување на мечот со Косово, зашто веќе не се препораки, туку забрани. Имаме проблем со ‘Италијанците’, но и со Стефан Спировски од Израел, а исти проблеми имаат и Косовците, зашто фудбалерите од загрозени подрачја ќе мора да одат во самоизолација 14 дена“, вели Златко Андоновски, портпаролот на ФФМ.

Сериозен проблем има и младата репрезентација, која треба да го дочека Израел на 26 март, а потоа да гостува, а Израел веќе воведе забрана за сите што доаѓаат од високоризични подрачја да одат во карантин 14 дена.

„Чурлинов и Хајдари во таков случај зашто доаѓаат од ризични подрачја би морале да одат во карантин. Затоа ние ќе бараме одложувања“, посочува Андоновски.

Необична глетка во Италија: Најпрометните места низ земјата денеска празни, а улиците пусти

Во Рим и другите градови во Италија денес улиците се празни.

Италија стана „заштитна зона“ откако премиерот Конте рече дека мерките кои досега беа превземани за заштита од кopoнавиpycoт не се доволни.

Во државата е воведено ограничување на движењето на граѓаните, а премиерот се огаси и на Твитер.

„Идината на Италија е во наши раце. Ајде сите да го направиме својот дел, одрекуваји се од нешто за колективно добро“ напиша Конте.

Туристичките места, плоштадите и познатите кафулиња денес останаа празни.

Граѓаните беа предупредени да останат дома, а оние кои мораат на работа или им е потребна медицинска помош мора да потполнуваат образец и да го носат со себе, а за оние кои лажат следува и казна затвор.

Директорката на кожна клиника ќе биде разрешена денеска!

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека е донесена одлука денеска да се разреши директорката на Клиниката за кожни болести.

„Претседателката на ДКСК ми укажа дека кога има ваква итност може да се изврши веднаш. Денеска ќе биде направено тоа и ќе се назначи В.Д директор и покрај тоа што нема работен процес на клиниката за дерматовенерологија има работи кои течат тековно и некој треба административно да ги извршува“, рече министерот за здравство на денешната прес-конференција , Венко Филипче.

Кај неа вчера беше потврдена зараза со коронавирус, но таа не пријавила кај надлежните дека патувала во Италија, туку тоа го сториле нејзини колеги. Директорката пет дена заразена одела на работа, иако препораките се 14 дена самоизолација.

Следете во живо: Прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче

Како што веќе претходно медиумите објавија Комисијата за заразни болести веќе донела одлука за затворање на основните, средните училишта, градинките и факултетите од утре во наредните 14 дена.

Оваа одлука потврдена и на Владата се очекува во овие моменти да ја потврдат министрите за здравство и образование.

Koмората не можела да и’ ја одземе лиценцата на зapaзената докторка, можеле само да ја опоменат

Директорка на Универзитетската клиника за дерматологија Нина Цаца Биљановска, која е заразена со коронавирус, не ги испочитува протоколите на Министерството за здравство за заштита од коронавирус.

Сепак, таа и натаму ќе има лиценца за работа, бидејќи Лекарската комора вели дека не може да ѝ ја одземе.

Како што информираат од Комората, во Законот за здравствена заштита не е наведено како треба да постапат доколку медицинско лице свесно го загрозува здравјето на останатите.

Лиценцата на докторката може да биде одземена само доколку наложи судот, велат од Лекарската комора, бидејќи загрозувањето на туѓото здравје подлежи на казна согласно Кривичниот законик.

За јавната опомена на директорката Биљановска ќе одлучува комисијата при Лекарската комора во текот на утрешниот ден.

-Лекарската комора како професионална организација смета дека треба да ги информира докторите во врска со коронавирусот. Тоа го направивме преку нашата веб-страница каде ги објавивме препораките на СЗО, како и упатствата за здравствените работници и упатствата во случај на сомневање од постоење на коронавирус, посочија од Лекарската комора.

Неофицијално: Од утре во наредните 14 дена се затвораат сите училишта, градинки и факултетите во Македонија! (ФОТО)

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести неофицијално комисијата и Владата донеле одлуки во врска со коронавирусот во Македонија.

При тоа заклучено е од утре до 24 март да се затворат сите училишта и градинки.

-Комисијата за заразни болести ги заострува мерките и ги упатува сите основни, средни и високо образовни институции како и детските градинки да запрат со одвивање на наставно- воспитниот процес во тек на наредните 14 дена.

-Се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на РМ, а спортските настани да се одвиваат без публика.

Инаку оваа мерка се очекува министерот за здравство да ја потврди на прес-конференција во 14 часот во Владата на Македонија.

Коалицијата СДСМ-БЕСА веќе се соочува со проблеми: Претседателот на БЕСА во Тетово си даде оставка

Претседателот на огранокот на БЕСА во Тетово, Газменд Алиу, поднесе неотповиклива оставка од партијата. Вели дека причина за тоа е дека е разочаран и незадоволен од партиската одлука за коалиција со СДСМ.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение.

-Драги семејство, пријатели и пријатели,… Јас се приклучив на Движењето Беса во 2014 година, како движење чиешто повикување беше на идеали и патриотизам. Со моето срце и душа дадовме придонес, голем и мал, го искористивме целото семејство, социјалниот капацитет да го подигнеме ова движење кое беше надеж на Албанците во земјата! Но, што се случи! Сето ова беше обичен трик, ракета борба и неконтролиран рефлекс за задоволување на гладта и апетитот кон клан. Sadално е што го искористивме светиот збор БЕСА, ја злоупотребивме религијата и нацијата трчајќи во коалиција на интереси со СДСМ, во која поединци од партиското раководство беа безусловно затворени и кршејќи ги сите партиски принципи и обврски. Ве известувам дека давам неотповиклива оставка од функцијата претседател на огранокот на движењето Беса во Тетово и од денес сите мои активности во оваа партија ќе престанат. Се надевам и верувам дека истото ќе го сторат и многу чесни активисти кои несомнено работеа напорно во текот на овие години со голема верба и посветеност, но се чувствуваа неизмерно разочарани од неодамнешните постапки на тесен партиски клик! И, конечно, да ти кажам, ти посакувам цел мој придонес и секој вистински активист за овие 5 години! Со најголема искреност, ги прашувам # ПРЕГЛЕДИ на сите што ме поддржуваа без никакво двоумење или сомнеж за време на ова патување! Со почит Газменд Алиу.

(Фото) Жална македонска слика: Реката Треска со тони пластика

Вчера реката Лепенец, а денеска и Треска…

Имено како што објави вчера “Курир”, истото се случува и денес кај реката Треска, тони со пластични шишиња собрани, а властите ништо не превземаат.

Шишињата го отежнуваат течението на реката, надлежните долг период не превземале ништо за да го решат овој проблем.

(Фото) Искршена двојазичната табла на Фондот за здравство во Прилеп

Koрисниците на социјалните мрежи објавија дека утрово била искршена двојазичната табла на филијалата од Фондот за здравствено осигурување во Прилеп.

Претходно беше искршена и таблата на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.