дома блог страница 2737

Археолошкиот локалитет Стибера кај Прилеп не добива ниту денар од државата: Археолозите велат дека за тоа е крив директорот на прилепскиот Завод и музеј

Втора година по ред еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија, Стибера кај Прилеп не добива ниту денар за истражувања од Министерството за култура. Раководителот на истражувањата Душко Темелкоски вели дека ова е скандалозно, а за тоа го обвинува директорот на прилепскиот Завод и Музеј, кој според него јавно изјавувал дека нема да ги поддржува проектите од археологија. Такво писмо според Темелкоски директорот упатил и до Министерството. Поддршка на Темелкоски му даваат и археолозите Оливера Богатиноска и Владимир Крстески – oбјави порталот “Инфо Компас”

„На Стибера е откриен објект кој едиинствен таков објект се наоѓа на земјиште во државен посед, единствен објект кој може да се конзервира, сите објекти кои ги истражувавме претходно веќе ги засипапавме под земја бидејќи се наоѓаат на приватно земјиште. И тој објект сега стои од тие две претходни кампањи отворен, недоистражен, го јади забот на времето, а директорот вели едноставно нема потреба од археологија“, вели Душко Темелкоски, археолог во Завод и Музеј Прилеп.

Директорот, Благоја Атанасоски, признава дека негов личен став е дека во овој момент тој дава предност на заштитата на спомениците на културата што биле над земјата отколку на археологијата. Но демантира дека тој побарал од Министерството да не даде пари за Стибера. Годинава локалитетите Алкомена, Стибера и црквата во Зрзе од нејасни причини ги немало ниту во одбиените, ниту во прифатените проекти. Затоа на археолозите им понудил тоа да се реши со пренамена на средства.

„Ние ќе зафатевме некои средства, ќе појдеа на терен, ќе го доистражеа тој дел што е проблематичен на Стибера и ќе го решевме проблемот. Ние имавме добиено средства за конзервација на тој дел. 80.000 денари имаме добиено за конзервација на тој дел ако се доистражеше. Ако јас сум бил против таму значи и тие средства немаше да ги добиеме“, истакна Благоја Атанасоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.

Негрижата на државата или влошените лични односи и годинава ќе ја остават македонската Помпеја оставена на забот на времето, а нашата историја закопана длабоко под земјата.

Видео прилогот на “Инфо Компас” погледнете го ТУКА

Од утре нема да има бесплатен јавен градски превоз во Прилеп

Јавниот Градски Превоз при ЈПзаПУП Прилеп во координација со Општина Прилеп ги информира сите корисници на јавниот градски превоз, дека од утре, четврток (12.03.2020 год), нема да важи бесплатниот превоз за ученици, исто така нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год).

Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.

Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки.

ХИТ ФОТО: Во недостаток на маски, еве како скопјани се заштитуваат од виpycoт

Светот кој е во паника овие денови презема најразлични мерки за справување против ширењето на kopoнавиpycoт.

Истите мерки ги презема и Македонија овие денови, а вчера беа затворени сите образовни институции во земјава во наредните 14 дена.

Додека во недостаток на маски во аптеките и антибактериски гелови граѓаните низ земјава и во Скопје речиси на секаков начин се снаоѓаат за да се заштитат од виpycoт, погледнете.

Фото: Фејсбук

Двајца прилепчани пpивeдени во Скопје за кpaжба во станови

Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево во Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против К.Т.(47) и З.Д.(46), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 355 000 денари – информираат од МВР.

Пријавените, на 09.03.2020 во два стана на бул.„Јане Сандански“ во Скопје насилно влегле во становите и одзеле пари и златен накит. По извршување на второто дело биле пресретнати од полициски службеници од Полициската станица Аеродром и почнале да бегаат, но набргу потоа биле пресретнати и лишени од слобода. Притоа, кај нив биле пронајдени украдените предмети и алатот, кој го носеле со себе, специјално изработен за насилно отварање на сеф брави.

Во разговор со полициски службеници, со присуство на Јавен обвинител, пријавените во целост ги признале делата.

(Видео) Погледнете како изгледа затвopoт во кој е преместен Роналдињо

Славниот бразилски фудбалер Роналдињо и неговиот брат Робер Асис и понатаму се наоѓаат во затвopoт во Парагвај.

Тие двајца се yaпсени пред една недела поради обид за влегување во државата со лажни пасоши.

Шпанска “Марка” денес објави снимки од затвopoт, кој биле направени за парагвајска телевизија, а во кој се наоѓа Роналдињо додека чека да биде ocyден.

Тој затвop е познат по kopyпција, па затвopeниците имаат можност, меѓу останатото, да конзумираат алkoxoл, користат мобилни телефони…

Снимките можете да ги видите ТУКА.

Атрактивната прилепчанка блеска во новиот видео спот за песната “Говорот на телото” (Видео)

Фолк пејачката Елена Велевска важи за една од најпродуктивните пејачки кај нас, секој свој нов проект го работи темелно, маркетиншки одлично, креативно и иновативно, па така беше и овој пат.

Имено таа на публиката и го подари видеото за песната “Говорот на телото”, за кое сценариото сама го сработи со својот тим, а режисер е Бане Поповиќ.

Позитивните коментари, реакции не стивнуваат, а Велевска споделувајќи го видеото го напиша следното:

“Драги мои,

Сите знаеме дека добрата песна нема рок на трање, секоја песна има творци и кога е презентирана на широката јавност, но дали истата ќе остане да живее и ќе остави трага- нема правила. На многу песни им е посветено вниамие, но не станале хитови. Добар дел неправедно биле недоволно промовирани, но и после долги години се пеени, препејувани и обновувани. „Говорот на телото” од првиот ден го имаше внинамието, ама секогаш имав впечаток дека песната не го добила тоа што го заслужува секоја добра песна во ова модерно време на екранизација. Можеби и подобро е токму сега кога видео-записите кои, иако се направени од вистинските мајстори на својот занет, знаат да ја пренесат душата на песната низ подвижни слики… Не го следевме трендот на повторно снимање на песната бидејќи оргиналната верзија ја има душата која и после 17 години, ќе речат нескромно е, но навистина парира на денешната продукција. Единственото што недостасуваше за песнава да биде комплетна е видео-запис кој во моментов Ви го презентираме (да, множина, бидејќи цел тим стои зад ова парче), а воедно сме горди што токму „Говорот на телото” е првото вертикално видео за песна од Фолк етерот”.

Нам не ни преостанува ништо друго,сем да упатиме честитки и да и дадеме мотивација да продолжи понатаму со нови проекти.

Уживајте во продолжение:

ВМРО-ДПМНЕ ја проширува коалицијата- ова се новите коалициони партнери за „Обнова на Македонија“

ВМРО-ДПМНЕ денеска потпиша Договор за „Обнова на Македонија“ со Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Движење за национално движење на Турците, Демократската партија на Србите во Македонија, Демократската партија на Ромите, Демократски сили на Ромите, Македонска акција (МААК), Нова либерална партија, Партија на Власите од Македонија, Партија на обедините демократи на Македонија, Роми обединети во Македонија, Работничко земјоделска партија од Македонија, Социјалистичката партија на Македонија, Српска напредна странка, Странка на демократска акција на Македонија, Титови леви сили, Аднан Арсовски, Аднан Ќахил, Бајрам Берат и Салко Куч.

Денес имаме чест да ја претставиме најбројната победничка коалиција за „Обнова на Македонија“ која ќе настапи на претстојните парламентарни избори и ќе ја формира идната влада, ова денеска од потпишувањето на Договорот за „Обнова на Македонија“ го истакна Христијан Мицкоски.

-Ние се обединуваме околу заедничка платформа, вредности и принципи во кои веруваме, затоа што самото име на коалицијата кажува дека она што е неопходно во овој момент на нашата татковина е токму обновата. Како коалиција имаме одговорност пред нас самите за одговорно работење за постигнување на резултатите кои ќе донесат подобра иднина во државата, рече Мицкоски.

Тој додава дека идната победничка коалиција подразбира обединување околу идејата, целта и каузата каде врвниот интерес и иднината на Македонија.

-Ова е најбројната коалиција околу која се обединуваат Македонците, Турците, Бошнаците, Ромите, Србите, Власите, коалиција на работниците, средната класа, земјоделците, невработените, сиромашните и на оние кои што сакаат промена. Во име на ова обнова ги повикувам и Албанците, Еѓипјаните и сите останати да поддржат обнова која ќе значи повеќе економија, пари и инвестиции, рече Мицкоски.

Mизерија! Во 21 век низ кал до колена – прилепчани од овој дел на градот не можат да излезат од дома

Граѓани револтирано секојдневно реагираат на состојбата со улиците во Прилеп.

Најновите фотографии кои ги добивме се од улицата “Леце Котески”, наспроти фирмата “Зоди”.

Жителите од овој дел на градот велат дека на овој дел од улицата кал има дури и кога нема врнежи.

До минатата година постоел и отворен канал кој конечно бил затворен, но проблемот со улицата останал.

Погледнете со што секојдневно се соочуваат нашите сограѓани:

Maкедонскиот пејач одговори на сите закани кои ги добивал деновиве и предизвика лавина од реакции

(Фејсбук статус на естрадниот пејач, Спасен Сиљаноски)

“Незнаев дека мојата снимка од 20 секунди ке се рашири побрзо и од корона вирусот, а воедно ке внесе и огромна паника и страв кај “северномакедонците”, верувајте доколку знаев ке ја повторев таа строфа уште неколку пати со надеж дека ке ви биде еден голем кошмар на сите вие кои немате капацитет да ја сватите и прифатите вистината, а можеби ке се кандидирав за пратеник заедно со Миленко и Стефан Мицов. Па еве одлучив да ве просветлам со еден краток одговор на сите вас неуки кои пишувате коментари пораки и закани кај мене во inbox.

Jaс Спасен Сиљаноски иако сум музички интерпретатор (со завршено високо образование за разлика од многу вас критичари со четврто одделение) сепак таа моја професија не ме лиши од слобода на говор слобода на мислење слобода на изразување и слобода на политичка определба бидеќи како и сите вас и јас сум граѓанин на Р.Македонија, и како таков моја граѓанска, етичка и пред се морална одговорност е и јас да придонесам во заштитата на мојата Мајка Македонија, (исто како да ти речам ти си хирург или земјоделец не се мешај во политика), а во конкретниов случај да ве заштитам вас од самите себеси кои упорно одите кон работ на бездната заслепени од непостоечка и лажна идеологија или можеби заслепени од омраза кон опонентот, некое тендерче или плата од 9 000 ден.

Е драги мои Спасен Сиљаноски за среќа не е сеуште слеп, ниту бил ниту ќе биде, но за вие да го видите она што јас го гледам треба да имате искуство од Менхетен па до Опера хаус, или од Толстој па до Достоевски…..не верувам.

Спасен Сиљаноски е припадник на нешто многу повеќе и поголемо од политичка партија, нешто многу свето, нешто кое што многу боли ако го изгубиш или ако ти го повредат, нешто за кое што треба огромна храброст да го споменеш, нешто старо колку Исус и Библијата…..тоа нешто се вика МАКЕДОНИЈА, да ви повторам МАКЕДОНИЈА !!!!!!! Ја познавате ли? сте учеле ли за неа? Ви збореле ли вашите родители за неа???? сигурен сум дека НЕ. епа драги и недраги мои, јас ја познавам лично таа Македонија, знам и колку вреди бидеќи слободата на таа МАКЕДОНИЈА која вие ја распродавате е платена со крв на дедоми 43 год, прадедоми 1914 и прапрадедоми 1903.

Секоја генерација од фамилија Сиљаноски давала данок во крв за таа МАКЕДОНИЈА за вие ебиветровци да ја продавате за едно е… работно место од 9000 ден.

Јас сум последен и најмал од лозата Сиљаноски така да саможртвата за Македонија мене ми е во генот, Македонија се брани со некролог во џеб како што би рекол Стефан Влахов Мицов.

-Јас не признавам никаква друга (придавка) освен и само МАКЕДОНИЈА

-Јас не признавам Тиранска платформа

-Јас не признавам преспански договор

-Јас не признавам бугарски договор

-Јас не прифаќам мигранти односно терористи од блискиот исток да имаат исти права со мене во држава сочувана со крвта на мојата лоза

-Јас не признавам за човек, човек кој се колне во својата фамилија, својата жица и ја трампа својата ќерка за остров….

-Јас не признавам кацарска судство, и луи витон торби

-Јас не прифаќам федерализација на МК

-Не признавам рекетари, и марихуана тендераши

Јас признавам достоинствена Македонија во која живеат луѓе со изградена национална свест, и на кој националниот интерес им е пред личниот (за тоа треба да земете пример од Албанците, тие знат како се сака нивната татковина)

Во моите 35 години немам ниту еден ден работен стаж, женет со две деца, без никакви државни примања од ниту една власт (за разлика од вас ДЕЦА НА КОМУНИЗМОТ – Миломир Марич) кои цел живот цицате од државна дојка…..и повторно со некролог во џеб за Македонија би го направиле вие тоа?????

Точно е, моментално сум во AU, благодарение на мојот музички потенцијал не на партија, дојден за да заработам за моето семејство, а не да ја продавам Државата за едно работно место како голем дел од вас неспособњаци….
Ааааа за песната????? не се секирајте, повторно ќе ја пејам, ќе пејам за секој ПРЕДАВНИК на својот народ како што се пее за предавниците во стотици песни низ историјата на МК !!! Мила Македонијо од нив страдаш ти, од своите изроди македонски !!!!

ЗА КРАЈ ….За оние фејсбук заканувачи….Спасен Сиљаноски сеуште шета со некролог во џеб, затоа ја прифаќам вашата пцовка или закана само лично лице во лице со мене.

п.с. Пуста да ти биде заев судбината, ти што сакаш да ни ја земеш татковина, и на нашите деца иднината

Kaмион за ѓубре “собра” 6 паркирани возила (Фото)

Без повредени, а шест оштетени автомобили се последиците од cooбpaќajна нecpeќа утрово во Тетово кога камион на комуналното претријатие yдpило во паркираните возила.

Според првичните информации од сведоци на настанот, најверојатно камионот удрил во возилата поради проблем со сопирачките.

-Во 9 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа со учество на камион управуван од Р.Ф (54) и шест паркирани патнички возила. Нема повредени, а голема материјална штета бележат паркираните возила. Извршен е увид за да се утврдат причините и деталите од незгодата, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Сообраќајката е случена во населбата Колтук каде камионот собирал смет.