дома блог страница 2736

(Видео) Три години власта вели “ќе го биде”, а провалијата на патот Прилеп-Градско се’ уште “стоо”

Заполшки мост кој се наоѓа на магистралниот пат Прилеп-Градско, на само неполн километар пред влезот во Прилеп, со години е буквално оставен на забот времето.

Металната ограда на мостот е урната и тој претставува вистинска опасност за возачите кои велат дека ова срамота од страна на државата.

Обвинуваат дека надлежните институции воопшто не се грижат за безбедноста на сообраќајот. Мостот наликува како на сцена од хорор филм.

Три години СДСМ е на власт и цели три години ги убедува прилепчани дека ќе се изгради експресниот пат Прилеп-Градско. Она што можат да го видат граѓаните е дека работата на патот одамна е закочена, па бараат барем оваа црна точка да се реши.

Прекината и НБА лигата: Еден од играчите на Јута Џез позитивен на коронавирус

Американската НБА лига доцна синоќа објави дека сите натпревари во наредните денови се одложени, откако беше потврдено дека еден од играчите на Јута Џез бил позитивен на коронавирус.

Резултатот дека еден од “џезерите” е позитивен на тестирањето беше објавен пред самиот почеток на натпреварот помеѓу Јута Џез и Оклахома Тандерс, а играчот кој е позитивен на вирусот не бил во арената.

После тоа беше одложен и натпреварот помеѓу Сакраменто Кингс и Њу Орлеанс Пеликанс.

Засега не е познато до кога натпреварите ќе бидат одложени.

Мицкоски: Битkaта за македонскиот ген е битka која што никогаш не завршува

-Во овие моменти ВМРО ДПМНЕ води убедливо. Но ова ќе биде тешка и голема битка. Не смее самоувереноста во победа да не удри во глава. Ниту пак славата. Секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е важен. Секој човек за ВМРО е важен. Сакаме да докажеме дека сме помудри за грешките од минатото, и не само тоа туку дека целосно го имаме обновено нашиот круг и нашите вредности. И ќе биде подобро, за тоа јас ве уверувам. Многумина не ме познаваат добро и сигурно имаат дилеми. Но знам дека Заев го знаете многу добро, а јас не сум таков. И фала на Бога што не сме исти, и таа разлика која на Македонија ќе и донесе надеж и обнова јас ве уверувам дека ќе биде подобро. Имаме и сила и знаење и мора да го дадеме максимумот. Мора да биде ова победа со огромна разлика. Да го убедиме народот во нашиот потенцијал и капацитет. Знаете, постојат моменти во кои едноставно мораш да се исправиш! Без разлика на се, без оглед на предизвиците и ризиците. Животот со свиткана кичма не е живот. Човекот е создаден како слободно битие. Да се биде исправен е природна положба на човекот. Понижувањата кои ни се наметнати не носат ништо добро. Ние заслужуваме достоинство! – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната Конвенција на која се претставени кандидатите за пратеници од редовите на оваа партија и нејзините коалициони партнери.

Мицкоски нагласи дека животот без правда е неправда.

Неправдата го разјадува ткивото, ги руши системите, го ослабува редот и поредокот. Македонците се борат за своите правдини! Правдата е во нашиот ген. И правдата е можна и остварлива, таа е на дофат – посочи лидерот на најголемата опозициона партија.

Тој вели дека луѓето на Македонија се добри луѓе, домаќини, еснафи, вредни и достоинствени. Колку повеќе удари примаме, толку посилни стануваме.

Секој понекогаш паѓа, но борбата е после ударот да станеш, да се исправиш. Искушенијата се дел од природното право, дел се и од Божјото. Исто и предизвиците. Ние сме свесни за тоа, и не бегаме од нив, ние смело им приоѓаме бидејќи сме сигурни во својата сила, во својот карактер, бидејќи знаеме како предизвиците да ги надминеме, и знаеме како да победуваме! Неуспехот за нас не е опција. Оваа генерација Македонци од сите вери и нации е горд наследник на илинденската и асномската епопеја – додаде Мицкоски.

Битката за македонскиот ген, вели Мицкоски, е битка која никогаш не завршува.

Ние знаеме што е жртва, дека таа нема степен, и дека завршува со чест и со име! Битката за македонскиот ген е битка која што никогаш не завршува. Ние сме свесни за наметнатата реалност која воопшто не е пријатна, но исто така сме свесни дека нашата генерација ја доби важната историска улога да биде чувар на македонскиот оган. За огнот да гори, за идејата да живее, за Македонија да се зборува, и тоа да се зборува гласно. Ние знаеме дека треба да ја пренесеме идејата за Македонија на нашите ќерки и синови, исто како што нам ни ја пренеле нашите татковци и мајки. Македонија е бесконечност, линија со подеми а некогаш и со падови, но на крај секогаш со победи. И сега повторно мириса на победа! – нагласи Мицкоски.

Носителите и пратениците ќе останат во Парламентот, нема да избегаат во извршната власт

ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе оди со својата најдобра понуда, со многу нови луѓе и нова генерација која ќе донесе промени кон подобро. ВМРО-ДПМНЕ за само неколку години освен тоа што ја научи лекцијата од минатото, ќе донесеме обнова и тоа со многу нови луѓе. Ова не е битка само на ВМРО против власта, туку на целиот народ против Заев и оние во раководството на СДСМ, најави претседателот на партијата Христијан Мицкоски на вечерашната конвенција во Македонската филхармонија, пренесува Република.

Мицкоски најпрво се осврна на двајцата натпартски носители на пратеничките листи – професорката Силјановска Давкова и оперскиот пејач Игор Дурловски.

“Професорката Гордана Силјановска Давкова и светскиот маестро Игор Дурловски се луѓе со кредибилитет, чест и образ. Овие луѓе се признати во светот и во своите животи имаат се што би можеле да посакаат едни успешни професионалци, но ја немаат слободата и ја имаат загриженоста дека вака повеќе не може. За нив не е проблем да живеат во било кој дел од светот, ама пустото, каменот тежи највеќе дома и се решија да се борат против неправдите, против неспособноста и против газењето на вредностите. И кога го гледам нивниот мотив, сфаќам колку погрешно се движат работите во земјата и колку мора побрзо да се променат. Дафина Стојановска и Владо Мисајловски се луѓе со кредибилитет, угледни во својата средина, луѓе работници, со чест и углед и знам дека најдобро ќе ја шират нашата мисла и визија. А Игор Јанушев и Александар Николоски се луѓе кои знаат во каква битка влегуваат, одлучни и искрени и нивната победа ќе значи победа над неправдите, но отпочнување на битка за европеизација на Македонија”, рече Мицкоски.

Тој им се обрати на носителите на листите, но и на сите кандидати за пратеници.

“Сите вие што сте зад мене и што заедно ќе настапиме на овие избори најдобро знаете какви критериуми барам и колку е важно да го почитувате моралниот кодекс за кој зборувам на сите мои настапи. Внимавајте утре ќе треба да се води земјата и прекршувањето на тие правила ќе значи изневерување на мојата доверба и довербата од народот која не смее да се злоупотреби поради неодговорност на поединци и знаете дека јас тоа нема да го толерирам. Бидете гласот на народот, разумот и промените кои и се потребни на нашата земја. Носителите и пратениците ќе останат во Парламентот, таму каде што добиле доверба од народот. Ние не ставаме луѓе кои после ќе избегаат во извршната власт. Тоа е наш концепт”.

Извор: republika.mk

Тетрис локална самоуправа (Фото)

Како се крпат улици во Прилеп…

Фотографиите се од кружниот тек кај Прилепско поле (Стерна).

Министерот за образование: Школската година не мора да заврши на 10 јуни

Училишната година не мора да заврши на 10 јуни, истакна на денешната прес-конференција Арбер Адеми, член на Демократската унија за интеграција и воедно министер за образование и наука, во врска со владините мерки да се прекине наставата на 14 дена заради коронавирусот.

– Во основното образование имаме нов Закон за основно образование каде што е предвидено колку наставни денови треба да има училишната година. Исто така е предвидено јасно, кристално, чисто и концизно што треба да направат надлежните институции кога имаме прекин на наставата поради епидемија и вонредни состојби. Имаме две опции. Училишната година не мора да заврши на 10 јуни. Втората опција е подготвување на скратени наставни програми. Пред да се определиме за која било опција треба да се измени и дополни годишниот календар за организирање на настава. Така што образовните институции ќе бидат благовремени известени од нашата страна. Ова изменување и дополнување на календарот може да се направи и сега и по 14 дена, зависно со какви ситуации и состојби ќе се соочиме, рече Адеми.

Адеми посочи дека за средните училишта наставата може да се организира за време на викенди или со скратени програми.

Тој апелира до општините и до самите раководства на училиштата да организираат дезинфекција на образовните институции, конкретно на основните и средните училишта.

Заменик министерот за здравство Арменд Аслани упати апел до сите граѓани кои доаѓаат од ризичните реони при премин на граничните премини да даваат точни информации за да се избегни ширење на коронавирусот.

Официјално: Битолскиот бомбapдep има нов клуб во Германија

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски си пронајде нов клуб и потпиша тригодишен договор со Хановер, во која ќе добие поважна улога, отколку таа што ја имаше во Магдебург, каде што не доби преголема шанса.

Кузмановски кажа дека се радува на новиот предизвик во бундеслигашкиот клуб, па се надева на нови успеси во следната сезона.

Македонскиот ракометар претходно во кариерата играше за Пелистер, Металург, Еурофарм Работник и германски Магдебург.

Нова прес конференција на министерот за здравство: Две нови лица се позитивни, а донесени се и нови мерки

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека од 12-те пациенти кои денеска беа тестирани, кај двајца од нив резултатите се позитивни на корона вирус.

„Од сите испитани пациенти денеска – двајца се позитивни на корона вирусот. Тоа се двајца луѓе од Дебар, кои биле во непосреден контакт со тројцата претходно хоспитализирани. Биле комшии и имале чести контакти. Сите други нивни роднини кои живеат во истата куќа се негативни, но ќе продолжат да бидат во изолација и во домашно лекување. Нивната здравствена состојба дозволува да бидат на домашно лекување и да не бидат хоспитализирани“, потенцираше министерот Филипче.

Во продолжение на оваа прес-конференција, министерот Филипче ги презентираше дополнителните заклучоци, мерки и препораки од 16-тата седница на Владата која што се одржа непосредно пред конференцијата за медиумите и која ги донесе по препораките од состанокот на Комисијата за заразни болести што се одржа денеска во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Во продолжение ви ги пренесуваме сите дополнителни заклучоци, мерки и препораки од 16-тата седница на Владата:

1. Се утврдуваат следните категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:

Хронични респираторни заболувања;
Тешки кардиоваскуларни заболувања;
Дијабет – ТИП1;
Малигни заболувања; и
Имуно-компромитирачки состојби.
Согласно ова, се задолжува Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, да подготват и да достават листа со дијагнози во врска со горенаведените здравствени состојби.

2. Сите вработени лица од здравствениот сектор да не користат годишни одмори, платени и неплатени отсуства, за време на овој период.

3. Се задолжува Институтот за јавно здравје да подготви текст/порака за пишаните и електронските медиуми во однос на почитување на препораките против COVID-19, и да биде доставена до Министерството за здравство, за понатамошно процесуирање и објавување.

4. Се задолжува Министерството за здравство, телефонскиот број на АЛО ДОКТОРЕ од флаерот да го пренамени во call-центар со зголемен капацитет кој ќе дава одговори/информации во врска со болеста COVID-19 (корона вирус).

5. Се препорачува на ЈП Македонска радио – телевизија, редовно, на дневна основа, преку телевизиските канали, како и Собранискиот канал да ги објавуваат сите заклучоци, мерки и препораки усвоени од Владата на Република Северна Македонија за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), како и прес-конференциите на оваа тема.

6. Се укажува на АД МИА – Скопје, редовно, на дневна основа да ги објавува сите заклучоци, мерки и препораки усвоени од Владата на Република Северна Македонија за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), како и прес-конференциите на оваа тема.

7. Се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица во овие институции и фирми кои користат оправдано отсуство согласно донесените заклучоци, мерки и препораки на Владата, до надлежните организациони единици за човечки ресурси во нивните институции да побараат од овие лица да достават доказ/потврда за основот на користење на ова оправдано отсуство, (потврда издадена од детската градинка или уплатница за платен надомест за престој во детска градинка, копија од патна исправа за возраста на детето или копија од извод од матична книга на родени, потврда за редовен ученик од образовните институции или копија од свидетелство).

8. Се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица во овие институции и фирми кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот.
Овој заклучок се однесува и на самохраните родители.

Дополнително, децата кои не посетуваат детска градинка или не се вклучени институционално во воспитно – образовниот процес, родителите на овие деца не се ослободени од работа и извршување на работни активности.

9. Се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица во овие институции и фирми кои користат оправдано отсуство согласно донесените заклучоци, мерки и препораки на Владата, до надлежните организациони единици за човечки ресурси во нивните институции да достават своја лична писмена изјава под морална, материјална и кривична одговорност дека во секое време ќе бидат достапни на работодавачот за вршење на службени работни задачи и обврски од својот дом, преку комуникација со електронска пошта, или пак, во текот на денот во итни ситуации да бидат и физички на своето работно место, во период од два до три часа (образец Изјава доставен во прилог на овој заклучок).

10. Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на граничните премини при излез од Република Северна Македонија, особено контролата на автобускиот превоз и дестинацијата.

11. Сите воспитно – образовни институции да воведат ротационо дежурство, со цел издавање на потребните потврди и останати документи.

12. Да се прекине со работата на библиотеките, студентските и ученичките домови на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена, а вработените лица во овие институции да бидат ослободени од работа во овој период.

13. Вработените лица во Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови да се изземат од сите заклучоци, мерки и препораки на Владата.

14. Се задолжува Министерството за внатрешни работи во текот на денешниот ден да објави соопштение во кое ќе се наведе дека ќе се преземат соодветни мерки за сите оние лица кои преку социјалните медиуми објавуваат дезинформации (невистини) на оваа тема, како и за медиумите кои ги пренесуваат овие информации.

15. Економските ресори на Владата будно ја следат состојбата во економијата и стопанството преку домашните економски и финансиски институции, Светската банка и други и врз основа на направените анализи доколку е потребно ќе се пристапи кон воведување на соодветни мерки.

16. Повторно се упатува препораката до приватниот сектор во однос на сите донесени заклучоци, мерки и препораки од Владата за моменталната ситуација.

17. Се задолжува Министерството за здравство, преку центрите за јавно здравје и во соработка со единиците на локалната самоуправа да изврши дезинфекција на сите детски градинки и училишта на територијата на Република Северна Македонија.

18. Се задолжува Секторот за односи со јавност на Владата овие заклучоци, мерки и препораки веднаш да ги објави на веб страницата на Владата и истите да ги достави до сите пишани и електронски медиуми, со цел редовно информирање на граѓаните. Редовното информирање на оваа тема ќе се врши преку Секторот за односи со јавност на Владата.

(Видео) Градоначалникот на Бари не можеше да ги задржи coлзите: Жали затоа што градот е целосно празен

Градоначалникот на Бари, Антонио Декаро, не можеше да ги задржи солзите за време на неговото вклучување во живо на социјалната мрежа Фејсбук.

-Направивме се’, многу се жртвувавме за да донесеме живот на овој град, да донесеме туристи… Но, сигурен сум дека ќе успееме, ќе успееме, мора да сме самоуверени, вели Декаро.

Видеото можете да го видите ТУКА.

Додека Македонија стагнира, Србија растура со странски инвестиции: Нова фабрика започнува со производство

Швајцарската компанија Регент, која се занимава со производство на електрично осветлување, го започнува производството во Свилајнац, Србија во април, пренесува pressingtv.

Регент изнајмил објект од повеќе од 1.000 м2, каде ќе започне со производство, додека во исто време се гради фабрика за компанијата, која ќе опфати околу 6.000 м2 во првата фаза и уште 6.000 м2 во втората фаза, соопшти општинската администрација.

Вкупната вредност на инвестицијата е околу осум милиони евра.

Новиот инвеститор ќе вработи 130 работници во Свилајнац, а договорот за започнување со производство го потпиша градоначалникот на Свилајнац Предраг Милановиќ во Базел, пренесуваат српските медиуми.

„Процесот на донесување одлуки беше долг и детален, ние се решивме за Србија. Разгледавме неколку опции, меѓу кои и Чачак и некои други градови на југот на Србија, но на крајот имавме голема поддршка од општина Свилајнац и затоа решивме да ја градиме нашата фабрика таму “, рече Јорг Стајмер, главен оперативен директор на Регент. “Со нетрпение очекуваме да ја развиваме нашата нова фабрика во Свилајнац. Она што ни треба е високо квалификувана работна сила и затоа решивме да бидеме дел од системот за двојно образование, со кој имаме одлично искуство во Швајцарија”, рече генералниот директор на Регент, Кристоф Плацер.

Извор: pressingtv.mk