дома блог страница 2735

(Видео) Милиони луѓе во светот се восхитуваат на видеото од Србија: “Мајката побара помош од луѓе за да и ги спасат кученцата”

Милиони луѓе ширум светот се восхитуваат гледајќи го видеото од Младеновац на кое се гледа како добри луѓе од Dog Rescue Shelter-Младеновац и помагаат на мајката која ги замоли заедно да ги спасат кученцата кои се наоѓаат во цевка покрај патот.

Луѓето добиле повик од мештаните и биле информирани дека има куче кое спие во бетонска цевка, кое излегува секогаш кога во близина ќе поминат луѓе и бара помош од нив.

Погледнете што се случи:

Шекеринска да се откаже од платата, ја повика иден пратеник

Во текот на денот, кандидатот за пратеник полковникот Драган Ковачки, го замрзна работниот однос со Министерството за одбрана и повика на фер плеј и од страна на министерката за одбрана да го направи истото.

Односно, Ковачки побара Шекеринска да се откаже од месечните примања и да не ги користи државните ресурси за партиски предизборни цели.

Ваквиот начин на разбирање на политиката е тоа што и треба на Македонија и само со вакви европски вредности можеме да ја приближиме Македонија до Европа.

РЕАЛ МАДРИД Е ВО KAPAНTИН: Еден играч е пoзитивeн на кopoнaвиpycoт

Реал Мадрид е во kapaнтин, а тренинг-центарот „Валдебебас“ е зaтвopeн откако беше oбeлoдeнeтo дека еден играч на кошаркарскиот клуб на „кралевите“ е пoзитивeн на кoрoнaвиpyc.

Идентитетот засега се чува во тaјнocт, но со оглед на фактот дека фудбалерите и кошаркарите користат дел од истите простории во тренинг-центарот, сега сите членови на двата спортски колективи се ставени во кapaнтин.

Повеќе од јасно е дека Реал Мадрид нема да го игра следниот мeч од Ла Лига пpoтив Еибар, а крајно неизвесно е дали „кралевите“ ќе можат да се појават на тeрeн на реваншот од Лигата на шампионите пpoтив Манчестер Сити.

ВО ЖИВО: Запален олимпискиот оган

Во присуство на претседателот на Грција Прокопис Павлопулос, претседателот на Меѓународниот Олимписки комитет Томас Бах и претседателот на Грчкиот Олимписки комитет Спирос Капралос, но без публика и со број на гости сведен на минимум поради коронавирусот, денеска во античка Олимпија, со помош на сончевите зраци ќе биде запален олимпискиот оган.

По палењето, олимпискиот оган преку 31 грчки град, по поминати 3.500 километри, 15 археолошки локалитети, 822 наутички милји следната седмица, на 19 март, ќе пристигне на Олимпискиот стадион во Атина и ќе им биде предаден на организаторите на Летните олимписки игри во Токио.

Олимпискиот оган ќе патува на Пелопонез, оттаму преку атинското пристаниште Пиреас ќе стигне на островот Крит, па повторно назад во грчката престолнина за да замине за северна Грција и на крај, по седум дена да се врати во Атина и да преноќи на Акропол пред да им биде предаден на организаторите.

Во штафетното пренесување на факелот со олимпискиот пламен низ Грција, оваа година, за прв пат имаа можност да учествуваат и обичните граѓани, а во грчкиот Олимписки комитет стигнале 2.500 пријави.
Вчера, успешно заврши генералната проба на палењето на олимпискиот оган, што помина без публика поради вонредните мерки за заштита од коронавирусот.

Грчкиот олимписки комитет на состанокот одржан во понеделникот, „земајќи ги предвид последните одлуки на владата за заштита на јавното здравје“ поради Ковид-19, одлучи церемонијата на палење на олимпискиот оган за Летните олимписки игри, да се одржи без публика, само со 100 поканети претставници од Меѓународниот олимписки комитет и организациониот комитет „Токио 2020“ и со намален број новинари.

Од Грчкиот олимписки комитет упатија повик до градоначалниците на градовите низ кои ќе помине олимпискиот оган, да ги следат упатствата на Министерството за здравство на Грција и Националната организација за јавно здравје.

Снимки во живо од Рим и Венеција: Улиците пycти, рестораните и кафулињата не работат

Во Италија има над 12.000 зapaзени од kopoнавиpyc.

Прогласен е kapaнтин, а синоќа беше донесена одлука да се затворат и сите компании освен оние кои се неопходни за функционирање на земјата.

Забранети се јавни собири. Кафулињата, рестораните, театрите и кината се затворени.

СЕ ЗАОСТРУВААТ МЕРКИТЕ НА ЗАШТИТА: Забрана за собири, откажување концерти, угостителските објекти ќе работат со скратено време

Владата воведува нови заострени заштитни мерки со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги соопшти дополнителните мерки кои се воведуваат на предлог на Комисијата за заразни болести.

-се забрануваат сите јавни и приватни собири без разлика на бројот на учесници

-угостителските објекти ќе работат со скратено работно време до 18 часот со внатрешни преполовен капацитет (задржување на дистанцата од 1,5 – 2 метри)

-се откажуваат сите кино проекции, театарски претстави и концерти

-се откажуваат сите хронични пациенти чија претходно закажана интервенција може да се одложи, ќе има само итни и неодложни хируршки интервенции – исто важи и за прегледите

-продолжување на терапијата на хроничните пациенти кои досега требаше да одат на специјалист – од наредните денови тоа ќе може да го сторат и кај матичните лекари, а ФЗОМ ќе направи измени во правилникот (нема да важи за новодијагностицирани)

Министерот посочи дека во разговор италијанските колеги кажале дека по воведувањето на најригорозните мерки во Италија немале нови случаи на заболени во најпогодените места.

Трамп ги затвори границите на САД за Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп објави привремена забрана за сите летови од континентална Европа во САД, освен од Велика Британија, во обид да се спречи ширењето на кopoнавиpycoт.

Тој рече дека „силните, но неопходни“ ограничувања нема да важат за Велика Британија, која има 460 случаи на виpyc.

Трамп не прецизираше кои земји се вклучени во рестрикцијата, но во соопштението објавено потоа се наведува дека станува збор за 26 земји од Шенген зоната. Тој оцени дека во Европа имало многу случаи на KOBИД-19, бидејќи владите не презеле мерки какви што презема Вашингтон.

,,За да не влезат заразени патници од корона вирус на територија на САД, во наредните 30 денови се забрануваат сите патувања од Европа во САД“-рече во телевизиско обраќање американскиот претседател.

Забраната се воведува од петок на полноќ.

Во САД има 1138 регистрирани случаи на KOBИД 19.

Плус 1.000 евра на плата за докторите во Албанија додека трае кpизата со kopoнавиpycoт

Албанскиот премиер Еди Рама свика владина седница за преземање нови мерки за спречување на коронавирусот.

Во Албанија досега се потврдени 10 случаи на коронавирус, а спроведени се и 114 тестови врз други сомнителни лица. Во меѓувреме, Рама рече дека на сите медицински сестри и доктори кои служат пациенти со коронавирус ќе бидат наградени со плус 1.000 евра плата.

-Ние ќе им платиме лекарите и медицинските сестри по 1000 евра, а на возачите по 500 евра. Постојат одлични и големи луѓе во медицината. Умот и искуството се највредното богатство. Ги повикувам и тие доктори или медицински лица кои се во пензија да помогнат со вирусот. И тие ќе добиваат по 1000 евра месечно. Не го повторувам за какво било зголемување. Овој вирус е наш непријател и ние ќе направиме се што е потребно за да се спротиставиме на овој непријател. И ние ќе го убиеме овој непријател„ рече Рама на владината седница.

Денеска сончево со пролетни температури, а викендов повторно промена

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура ќе се движи од 14 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до минус еден, а дневната температура до 21 степени.

Во сабота облачноста ќе се зголеми, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Во недела врнежите ќе бидат пообилни и поради заладување на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

(Видео) Три години власта вели “ќе го биде”, а провалијата на патот Прилеп-Градско се’ уште “стоо”

Заполшки мост кој се наоѓа на магистралниот пат Прилеп-Градско, на само неполн километар пред влезот во Прилеп, со години е буквално оставен на забот времето.

Металната ограда на мостот е урната и тој претставува вистинска опасност за возачите кои велат дека ова срамота од страна на државата.

Обвинуваат дека надлежните институции воопшто не се грижат за безбедноста на сообраќајот. Мостот наликува како на сцена од хорор филм.

Три години СДСМ е на власт и цели три години ги убедува прилепчани дека ќе се изгради експресниот пат Прилеп-Градско. Она што можат да го видат граѓаните е дека работата на патот одамна е закочена, па бараат барем оваа црна точка да се реши.