Трамп ги затвори границите на САД за Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп објави привремена забрана за сите летови од континентална Европа во САД, освен од Велика Британија, во обид да се спречи ширењето на кopoнавиpycoт.

Тој рече дека „силните, но неопходни“ ограничувања нема да важат за Велика Британија, која има 460 случаи на виpyc.

Трамп не прецизираше кои земји се вклучени во рестрикцијата, но во соопштението објавено потоа се наведува дека станува збор за 26 земји од Шенген зоната. Тој оцени дека во Европа имало многу случаи на KOBИД-19, бидејќи владите не презеле мерки какви што презема Вашингтон.

,,За да не влезат заразени патници од корона вирус на територија на САД, во наредните 30 денови се забрануваат сите патувања од Европа во САД“-рече во телевизиско обраќање американскиот претседател.

Забраната се воведува од петок на полноќ.

Во САД има 1138 регистрирани случаи на KOBИД 19.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.