дома блог страница 2734

Петар Богојески – Бунтур стана социјалдемократ? (Фото)

Македонскиот концепт на Петар Богојески Бунтур поднесе листи во ИЕ1 и ИЕ5 со печат на Социјалдемократската Унија на Лазе Еленовски.

Извор: “Вечер”

Бугарскиот премиер заштитната маска ја става на очи, наместо на уста (Видео)

Бугарскиот премиер Бојко Борисов мака мачи со заштитна маска…

Стоилов ја затвора кафаната до стабилизирање на состојбата со кopoнавиpycoт

“Како што рековме и вчера, ќе ги следиме препораките на Владата и од денес ние воопшто нема да работиме до стабилизирање на состојбата. Ви благодариме на разбирањето, се надеваме брзо ќе се видиме. Чувајте се”, напиша Стоилов на Фејсбук.

“СДСМ го казни и отпиша Прилеп за изборите, еден кандидат за пратеник на 64.000 гласачи?”

Политичиките партии деновиве ги презентираа кандидатите за носители на изборните единици и кандидатите за пратеници.

Во четвртата изборна единица, носители на листите се потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

На листата за кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се најдоа имињата на членот на ИК, Ане Лашкоска, која се наоѓа на второто место, претседателот на Општинскиот комитет во Прилеп, Петар Ристески, кој се наоѓа на шестото место, претседателката на УЖ при Општинскиот комитет, Ирена Стерјовска Локвенец, која се наоѓа на четиринаесеттата позиција и Александра Шваќароска од УМС која се наоѓа на дваесеттото место.

Од друга страна пак на листата на СДСМ, на добитно место е само претседателот на партискиот огранок во Прилеп, Миле Талески, кој се наоѓа на третото место на листата.

Покрај Талески, на листата за четвртата изборна единица е и претседателот на социјалдемократската младина од Прилеп, Александар Ѓорѓиоски, кој се наоѓа дури на седумнаесеттото место.

На листата од СДСМ ги нема пратениците од претходниот состав, Хари Локвенец и Кети Смилеска, а го нема и името на актуелниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Дали ова значи дека СДСМ го отпиша Прилеп пред почетокот на кампањата, иако тоа е градот во четвртата изборна единица со најголем број гласачи?

На претседателските избори минатата година во Прилеп со право на глас беа 63.989 гласачи, а СДСМ ги загуби изборите со разлика од 1580 гласа.

“Чував шест американски претседатели”: Поранешен агент на тајните служби реши да проговори

Поранешниот агент на тајните служби Радфорд Џонс (80) вели дека на само 23 години бил најмладиот агент кој некогаш бил именуван.

Тој во тоа време му бил доделен на претседателот Џон Ф. Кенеди и неговото семејство.

“Кога ќе те изберат за таква позиција толку млад е вистински xopop”, вели тој.

Истакна дека, кога бил избран да биде дел од тајната служба, имало само 300 агенти.

Во својата кариера Џонс ги штител претседателите – Кенеди, Линдон Џонсон, Ричард Никосн, Џоралд Форд, Џими Картер и Роналд Реган- и многу странски шефови на држави, вклучувајќи ја и кралицата Елизабета II.

Џонс не бил во Далас на 22 ноември 1963 година, за време на атeHтaтoт на Кенеди, бидејќи неговата жена била трудна, па ја заменил смената и останал во Вашингтон да го чува Џон Ф. Кенеди помладиот.

На прашањето дали има омилен претседател тој вели: “Не сакам да навлегувам во персонализација. Просто ги одделувате тие работи кога ја работите оваа работа. Јас ги штитам, тие ја водат земјата”.

(Видео) Лекарите од Вухан ги вадат маските- затворена и последната привремена болница

Последните две привремени болници во Вухан, епицентарот на епидемиjaта на кopoнавиpycoт во кинеската провинција Хубеј, беа затворени во вторникот. Тоа значело затворање на сите 16 привремени болници за заолените од коронавирусот во тој град.

Вкупно 49 пациенти изклегле од привремените болници во вторникот во околу 15:30 часот.

На социјалните мрежи се појави една снимка на која се гледа како лекарите го облежале моментот кога била затворена и последната привремена болница.

Тие стоеле на скали и додека камерата ги снимала еден по еден ги ваделе заштитните маски.

На лицата имале широки насмевки, а некои мавтале и на камерите. Ова видео го опколи светот и собра голем број позитивни коментари.

Потврдено: Уште еден фудбалер зapaзен со коронавиpyc!

Мануеле Габијадини е позитивен на Koвид-19, соопшти фудбалскиот клуб Сампдорија. Тој е втор фудбалер кај кого е дијагностициран виpycoт по стоперот на Јувентус, Даниеле Ругани.

– Тој има мала треска, но добро се чувствува. Ги презедовме сите активности за негова изолација, наведе калчолигашот од Џенова.

Габијадини е стрелец на седум гола за Сампдорија во оваа сезона. Во кариерата претходно играше и за Наполи, за Болоња и за Саутемптон.

Натпреварите во Серија А се суспендирани најмалку до 3 април.

Апел од дијаспората! Се бараат уште 48 часа за пријавување во избирачки список поради виpyсот

“Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со COVID19 и затворањето на границите, сметам дека е фер да се продолжи процесот за регистрирање на иселениците за 48 ч. со што ќе им се даде шанса на сите кои планираа да го остварат своето право на глас во Македонија”, пишува Дуковска.

Државната изборна комисија може поради вонредни причини да преземе мерки во овој правец.

Единствена партија која во изборната единица 7 може да добие пратеник е ВМРО-ДПМНЕ поради што тешко е да се очекува дека СДСМ и другите партии ќе се согласат за продолжување на рокот.

(Фото) Долго време не свети крстот на Маркови кули и никој не презема ништо

Монументалното дело кое со години стои издигнато над градот и се забележува од секој дел на Прилеп, веќе долго време не свети во вечерните часови.

Не е познато за што се работи, дали некој намерно го оштетил осветлувањето, или се работи за дефект.

Но, тоа што е сигурно, никој надлежен не презема ништо да го врати сјајот на светиот крст со кој Прилеп и прилепчани се гордеат.

(Видео) Милиони луѓе во светот се восхитуваат на видеото од Србија: “Мајката побара помош од луѓе за да и ги спасат кученцата”

Милиони луѓе ширум светот се восхитуваат гледајќи го видеото од Младеновац на кое се гледа како добри луѓе од Dog Rescue Shelter-Младеновац и помагаат на мајката која ги замоли заедно да ги спасат кученцата кои се наоѓаат во цевка покрај патот.

Луѓето добиле повик од мештаните и биле информирани дека има куче кое спие во бетонска цевка, кое излегува секогаш кога во близина ќе поминат луѓе и бара помош од нив.

Погледнете што се случи: