дома блог страница 2733

(Видео) Само Кинезите понудија помош: Го победија виpycoт и испратија лекарски тим и опрема во Италија

Тим специјалисти, лекари, медицинска опрема и други резерви од Кина со авион пристигна во Италија.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека нивните медицински експерти се подготвени да ѝ помогнат на Италија, чиј здравствен систем е под голем притисок поради коронавирусот.

Шефот на италијанската дипломатија, Луиџи ди Мајо, најави дека во Италија ќе дојдат кинеските лекари кои се справија со првите случаи на коронавирусот во Вухан. Нивната намера е да помогнат во лекувањето на заболените пациенти во Италија, каде што се потврдени повеќе од 10.000 заразени.

„На нашите лекари не им треба никој да ги учи за нивната работа, но кинеските лекари беа првите што се соочија со овој вирус и тие можат да го споделат своето искуство со нас“, изјави министерот Ди Мајо за телевизијата РАИ.

Покрај човечката помош, од Кина пристигнаа и бројни респираторни апарати, заштитни маски, опрема и други медицински материјали.

Извор: “Denesen.mk”

(Видео) Градоначалникот Јованоски: “Немам никакви симптоми!”

“Претходниот викенд, односно од 6 до 8 март бев во Виена, а по моето враќање се пријавив во Центарот за јавно здравје како совесен граѓанин. Австрија не беше ставена ниту во изолација, ниту пак беше ризична земја. Апсолутно нема место за карантин, ниту пак имам некакви симптоми за да се пријавам на лекар за да правам некакви испитувања. Мерките кои се презедоа во државата се објавија на 9ти март”, изјави градоначалникот Илија Јованоски кои и самиот е лекар.

Австрија е сместена во земјите со среден ризик каде има 302 потврдени случаи, а 120 во последниве 24 часа. Градоначалникот не го следеше примерот на останатите политичари кои изминатиов период патуваа во странство, но по нивното враќање се изложија на самоизолација.

Периодот на инкубација – помеѓу заразувањето и појавата на какви било симптоми – трае до 14 дена, според Светската здравствена организација!

Видео: infokompas

Емотивно видео: Италијанците излегоа на балкони и заедно ја пееја државната химна

Во градот Неапол среде kpизата со кopoна виpycoт се случи сцена што го топи срцето. Освојува инспиративниот дух на Италијанците.

Италијанците ги живеат најтешките денови, но не дозволуваат тоа да влијае на нивниот дух.

Наместо со плач, тие kpизните мигови ги минуваат со песна. Иако се во домашен kapaнтин, не се предаваат и излезени на терасите пејат песни за да го подигнат расположението среде kpизата со кopoна виpycoт.

Видеата снимени во италијанскиот град Неапол станаа вирален хит.

Мицкоски предлага: Замрзнување на обврските на погодените компании кон државата за месец март и плаќање на каматите кон банките

Она што е неопходно и нужно во периодов е носење на сет на антикризни мерки за здравјето на граѓаните и помош за погоденото стопанство. Во текот на вчерашниот ден во консултација на тимот доктори и членови на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, како и економскиот тим изработивме и денес нудиме сет антикризни мерки за заштита на граѓаните и помош на бизнисот.

Ова го истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ ги предлагаме следниве економски антикризни мерки за месец март:

„Прво, предлагаме замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот.

Второ, замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот.

Трето, државата односно владата да преземе обврска за месец март да ги сторнира и плати каматите на граѓаните и стопанството кон банките и заемодавателите.

Четврто, државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот до висина од 50-тина проценти, знаете тоа се секторите кои што се најмногу погодени како што е туризмот, како што е угостителството, како што се текстилната индустрија, кожарската индустрија и останатите сектори.

И конечно последно, потребно е веднаш да се направи анализа на сето она кое што е погодено од новостанатата ситуација со корона вирусот и врз основа на таа анализа да се детектираат кои се економските оператори, компаниите кои што се погодени и веднаш на истите да им се помогне.

Ова е сетот мерки економски кои што ги предлагаме веднаш сега за месец март, веднаш по прогласување на состојба на криза од страна на владата“-порача Мицкоски.

Прилепчанец купил лозови, па ги изгребал после две недели и доби BMW X1 (Фото)

Инстант лоатријата Мини и Макси и понатаму продолжува да радува играчи со нови автомобили. Најновиот добитник на автомобил BMW X1 е Игор Стојчески од Прилеп.

Во салонот на М-Кар клучевите од својот нов автомобил ги доби од Марјана Станојковска и тимот на Државна лотарија.

Игор е верен играч на инстант лотаријата и за тоа за секоја пригода не пропушта да додели и Среќа Плус на своите најблиски. Патувајќи во Виница на свадбена свеченост, решил да ги израдува младоженците со пакет инстант лозови Мини и Макси.

При тоа од продажното место во Виница ВИ ВАРДАР купил 8 лоза за младоженците и два лоза за себе. Своите лозови ги оставил во џебот на палтото и заминал на свадбата. Дури после две седмици му текнало дека во џебот му останале лозовите не изгребани, а веднаш потоа следело и изненадувањето со трите симболи на BMW X1 кои му го донесоа новиот автомобил.

За потсетување, инстант лотаријата Мини и Макси нуди многу парични добивки, 5 автомобили Mini One и 10 автомобили BMW X1. Не пропуштајте ја шансата за Мини инвестиција да дојдете до Макси добивка.

Стојаноска до Милески: “Ве очекував со блуза РЕКЕТ во студиово, тоа е белег на мандатот ваш”

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ носителката на изборната единица 6 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска зборуваше за тоа кој ќе биде главниот таргет на ВМРО-ДПМНЕ кој нивниот опонент при што таа го потенцираше следново:

-Главниот таргет ќе биде Рекет. Рекетот е она што ќе остане обележије на изминатово владеење. Јас очекувам оваа вечер Милески да се појави со маичка Рекет како на времето со маичките од СЈО. Рекет е она што го одбележа владеењето на СДСМ и коалицијата. Рекет, криминал, корупција.
Стојаноска во своето гостување посочи дека посакува позитивна кампања при што укажа дека на ВМРО-ДПМНЕ таргет се сите граѓани на Република Македонија i сите националности, од сите етнички заедници.

-Сметам дека и претходно ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власта сите проекти, сите реализирани капитални инвестиции се однесуваа за сите граѓани на Република Македонија. Според мене најдобро нешто што ќе го понудиме е 0% данок за граѓаните. Таргет се целата популација, ќе понудиме и возрасни, пензионери и млади и невработени и социјала и здравство. Ќе понудиме пакет за секој, но пакет кој што навистина ќе биде реализиран во текот на нашиот мандат, додаде Стојаноска.

Директорот на прилепската болница до вработените: Штедете на заштитни маски, нема доволно

Маски речиси да нема во аптеките, па граѓаните шетаат и бараат за да купат за себе. Ова е навистина голем проблем, но состојбата низ болниците е тоа што навистина најмногу загрижува.

Имено, директорот на болницата во Прилеп, Драги Богојески, ги тера вработените да штедат кога користат маски поради економично работење на болницата.

„Директорот на општата болница „Борка Талески“ во Прилеп ги известува вработените дека поради недостаток на медицински маски и неможноста од нивна набавка на пазарот, како и потребата од економично работење, се задолжуваат сите вработени здравствени работници да штедат при употреба на медицински маски“-пишува во јавно истакнатото соопштение.

Aвтомобил yдpил во скеле во Прилеп, па од скелето паднал градежен работник и завршил на болница

На 12.03.2020 во 10.50 часот било пријавено дека на ул.„Поп Аврамија“ во Прилеп, товарно возило „пежо боксер“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(46) од Прилеп, при разминување со непознато возило со десниот ретровизор yдpил во дрвена необележана талпа од скеле, која била надвор од оградниот sид, по што од скелето пaднaл градежниот работник Т.Т.(67) од Прилеп.

Во нe3годата Т.Т. се здобил со тешки телecни повpeди по што бил пренeceн во Општата болница Прилеп за укажување на лекаpcка помош.

Извршен бил yвид на местото на нacтанот од Jaвен обвинител и yвидна екипа од Полициcката станица Прилеп.

Др. Ненад Лазаров: “Со вакво однесување за 2 недели ќе бидеме бетер од Италија!” (Фото)

Докторот Ненад Лазаров од Асоцијаци на млади лекари во периодов е доста активен на социјалните мрежи по повод ситуацијата со Корона вирусот.

„Со вакво однесување за 2 недели ќе бидеме бетер од Италија! Марш дома сите, дали сте нормални?“, напиша тој на својот Фејсбук профил и објави фотографија од преполно скопско кафуле.

Тачи до Заев: Тетово не е Струмица, туку е Албанија

-Не сум кариерист, на 33 години бев крал во Македонија, но мрачни сили ме оштетија, порача лидерот на ДПА Мендух Тачи од вечерашната конвенција на кандидатите за пратеници на ДПА за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.

Впечатливо е дека на говорницата на која се обрати Тачи беше испишано „Мендух Тачи за вицепремиер“. Тачи ова барање го постави како услов за предизборна коалиција со СДСМ.

Тој упати и порака до лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој изјави дека коалицијата СДСМ и Беса ќе победи и во Тетово:

– Тетово не е Струмица, туку е Албанија – рече Тачи.

За носител на Првата изборна единица на конвенцијата е промовиран Ниметула Демири. Поранешниот пратеник Орхан Ибраими е носител во „двојката“. Сами Рушиди е носител во Третата изборна единица, додека „петката“ ќе ја предводи Васфи Доко.

Лидерот на партијата Мендух Тачи е носител на Шестата изборна единица.