“Чував шест американски претседатели”: Поранешен агент на тајните служби реши да проговори

Поранешниот агент на тајните служби Радфорд Џонс (80) вели дека на само 23 години бил најмладиот агент кој некогаш бил именуван.

Тој во тоа време му бил доделен на претседателот Џон Ф. Кенеди и неговото семејство.

“Кога ќе те изберат за таква позиција толку млад е вистински xopop”, вели тој.

Истакна дека, кога бил избран да биде дел од тајната служба, имало само 300 агенти.

Во својата кариера Џонс ги штител претседателите – Кенеди, Линдон Џонсон, Ричард Никосн, Џоралд Форд, Џими Картер и Роналд Реган- и многу странски шефови на држави, вклучувајќи ја и кралицата Елизабета II.

Џонс не бил во Далас на 22 ноември 1963 година, за време на атeHтaтoт на Кенеди, бидејќи неговата жена била трудна, па ја заменил смената и останал во Вашингтон да го чува Џон Ф. Кенеди помладиот.

На прашањето дали има омилен претседател тој вели: “Не сакам да навлегувам во персонализација. Просто ги одделувате тие работи кога ја работите оваа работа. Јас ги штитам, тие ја водат земјата”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.