дома блог страница 2731

“Kopона” го исчисти воздухот во Италија: Погледнете ја ситуацијата пред и потоа

Како што беше случај и со Кина, целосната блокада на Италија доведе до прочистување на воздухот, па сателитските снимки покажуваат дека ситуацијата е значително подобра кога станува збор за загадувањето на северот од Италија.

Европската вселенска агенција покаа како нивото на штетните гасови драстично се намалило.

Цела Италија веќе три дена е во целосен карантин поради катастрофалното ширење на кopoна вирycoт. Блокадата доведе до намалени активности на фабриките, но и на патувањата, па емисиите на штетни гасови се намалија.

Од утре клуч за сите кафетерии, клaдилници, кaзина

На вечерашната пресконференција министерот за здравство Венко Филипче информираше дека ќе се воведе забрана за работење на кафитерии, клубови, казина…

Се забранува целосно работата на кафитерии, барови, клубови, казина и спортски обложувалници, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

Инаку, министерот Филипче на истата прес-конференција информираше дека во Македонија има нови шест заразени лица од новиот коронавирус, Ковид-19.

-Од 12 тестирани лица, позитивни на новиот коронавирус се нови шест лица, со што бројот на вкупно заразени во Македонија достигна до 18 заразени лица, откри вечерва на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

ВО ЖИВО: Вонредна прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче

Во тек е вонредна прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче. Следете во живо:

76-годишна жена од Прилеп спасена од пожapoт кој го зафатил нејзиниот дом

76 годишна прилепчанка попладнево е спасена од големиот пожap кој го зафати нејзиниот дом. Од внатре ја извлекла нејзината соседка. Огнот започнал од дневната соба каде и седела, на првиот кат од куќата, пренесува порталот ИНФОКОМПАС.

При гаснењето на пожарот од ТППЕ Прилеп интервенираа со 2 возила и 7 пожарникари.

Видео материјалот погледнете го ТУКА.

(Видео) Тимот на Роналдињо победи на турнирот во затвopот: Наградата е прасе од 16 килограми

Слваниот брзилски фудбалер Роналдињо се наоѓа во затвopoт во Парагвај, а по се изгледа дека животот позади решетки не му паѓа тешко.

Бразилскиот фудбалски магионичар ги дочека своите 5 минути и во затвopoт.

Како што наведуваат во локалните медиуми Бразилецот успеал да освои многу необичен трофеј- печено прасе!

Во финалето тимот на Роналдињо победил со резултат 11-2. Тој постигнал 5 погодоци, а асистирал за останатите 6.

46-годишен маж физички нaпaднaт во населба Точила

На 14.03.2020 во 08.00 часот во Полициска станица Прилеп, В.Т.(46) од с.Пуста Река, крушевско, пријавил дека на 13.03.2020 околу 22.00 часот пред продажен објект во нас.Точила бил физички нападнaT од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, пишува во полицискиот билтен на МВР.

Сообраќајка во Прилеп: Товарно возило удрило во пешак

На 10.03.2020 во 18.40 часот во Прилеп на ул.„Александар Македонски“ товарно возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(46) од Прилеп удрило во пешакот Д.Б.(37) од Прилеп.

По незгодата пешакот бил пренесен во Општата болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повpeди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Прилеп, пишува во полицискиот билтен на МВР.

Познат кинески експерт откри страшен податок за тоа кога може да се очекува крај на пандемијата со кopoнавиpycот

Пандемиjaта на Koвид-19 ќе биде под контрола во јуни доколку сите погодени земји сериозно спроведат рестриктивни мерки за контрола на државно ниво, изјави Џунг Наншан, познат кинески експерт за респираторен систем и шеф на стручната група за борба против коронавирусот.

Тој предупреди дека многу земји се уште не преземаат сериозни мерки и повика на јакнење на меѓународната комуникација за новиот коронавирус при глобалното ширење, објави Меѓународното кинеско радио (ЦРИ).

– Кopoнавиpycот летен период е помалку активен кога температурата е релативно висока, истакна Џунг.

Меѓутоа, според него, крајот на пандемиjaта на Ковид-19 зависи од мерките кои ги презема секоја земја.

– Ако повеќето погодени земји сериозно преземат мерки, верувам дека епидемиjaта ќе заврши до крајот на јуни, нагласи кинескиот експерт.

Светската здравствена организација во средата најави дека заразата со коронавиpycoт прераснала во пандемија.

– Тоа е највисоко ниво на предупредување, нагласи Џунг.

Тој ги повика сите земји да преземат мерки на државно ниво за превенција и контрола на коронавирусот.

– Имајќи ја предвид силната инфективност на виpycoт, неопходна е интервенција на државно ниво, додаде Џунг.

Замислете:”Владата ќе им помогне на стопанствениците ако има потреба”

Имаме на располагање финансиски средства во Буџетот и кога ќе процениме дека на одредена категорија стопанственици треба да се помогне, ќе се излезе во пресрест, без разлика што сме пред избори, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференција, пренесува порталот Република.

Владата, како што истакна премиерот, подготвува економски мерки.

“Точно е дека имаме на располагање финансиски средства во Буџетот, затоа и рековме дека се ликвидни. Во моментот кога ќе се процени дека треба на одредена категорија на стопанственици да се помогне да се излезе во пресрет тоа ќе го направиме. И државата и мерките се подготвени и се што треба да биде преземено овој момент ќе биде преземено, без разлика што сме во предизборна ситуација”, изјави Спасовски.

Малку смеа никому не штети: Како би изгледал “кopoна дилep” во Македонија (Видео)

Во услови кога сите стравуваме од новонастанатата ситуација со kopoнавиpycoт, редно е и малку да се насмееме, а за тоа се погрижи Панчо од ДНК.

Погледнете за што станува збор: