Познат кинески експерт откри страшен податок за тоа кога може да се очекува крај на пандемијата со кopoнавиpycот

Пандемиjaта на Koвид-19 ќе биде под контрола во јуни доколку сите погодени земји сериозно спроведат рестриктивни мерки за контрола на државно ниво, изјави Џунг Наншан, познат кинески експерт за респираторен систем и шеф на стручната група за борба против коронавирусот.

Тој предупреди дека многу земји се уште не преземаат сериозни мерки и повика на јакнење на меѓународната комуникација за новиот коронавирус при глобалното ширење, објави Меѓународното кинеско радио (ЦРИ).

– Кopoнавиpycот летен период е помалку активен кога температурата е релативно висока, истакна Џунг.

Меѓутоа, според него, крајот на пандемиjaта на Ковид-19 зависи од мерките кои ги презема секоја земја.

– Ако повеќето погодени земји сериозно преземат мерки, верувам дека епидемиjaта ќе заврши до крајот на јуни, нагласи кинескиот експерт.

Светската здравствена организација во средата најави дека заразата со коронавиpycoт прераснала во пандемија.

– Тоа е највисоко ниво на предупредување, нагласи Џунг.

Тој ги повика сите земји да преземат мерки на државно ниво за превенција и контрола на коронавирусот.

– Имајќи ја предвид силната инфективност на виpycoт, неопходна е интервенција на државно ниво, додаде Џунг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.