дома блог страница 2730

(Видео) Снежно невреме на Плетвар: Сите кои мораат да патуваат нека бидат крајно внимателни

Снежно невреме на планинскиот превој Плетвар го отежнува сообраќајот.

Граѓани на социјалните мрежи објавуваат видеа и фотографии од состојбата на овој патен правец, па сите оние кои мораат да патуваат низ државата моментално нека бидат внимателни.

Жално! Македонски возачи се заглавени на италијанско-словенска граница и никој не пушта допис да си дојдат дома (Видео)

Професионални возачи од Македонија се заглавени на италијанско-словенската граница и не можат да си дојдат дома.

“Ние сме професионални возачи од Македонија за кои пишуваат на интернет дека веќе се пристигнати во Македонија. Ние сме 31 камион и моментално сме заглавени на италијанско-словенската граница. Сите други колеги од другите држави, Срби, Босанси, Романци… сите имаат испратено допис од министерство до Словенците и ги пуштаат камионите да си одат дома. Само македонското, или северномакедонското министерство ги заборавиле своите 31 возач во Италија и нема кој да пушти допис за и ние да си одиме дома”, велат нашите возачи преку видео на социјалните мрежи.

(Видео) Шпанците им аплаудираа на лекарите: Излегоа на балкони и прозори, па им се заблагодарија на нивните херои

Шпанците ја покажаа нивната благодарност до сите здравствени работници со огромен аплауз.

Имено, во 10 часот, граѓаните на цела држава излегоа на прозорите во своите домови и започнаа да аплаудираат.

Вчера на социјалните мрежи се појави повик до граѓаните да учествуваат во таквата акција, како би ги поддржале неверојатните напори на лекарите во борбата против kopoнавиpycoт.

ДИК побара одложување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) пред утрешниот состанок на Советот за безбедност свикан кај претседателот Стево Пендаровски во врска со ширењето на коронавирусот побара од државниот врв да ја преиспита одлуката за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Членовите на ДИК на денешната седница, укажаа дека не станува збор само за денот на изборите, туку дека во овој процес се вклучени многу луѓе кои меѓусебно треба да комуницираат.

Само членови на избирачките одбори се 35.000 луѓе, а дополнителен е и бројот на членовите во ОИК, а во организација на изборите е вклучен и огромен број административно технички и логистички персонал. Треба да бидат заменети 3.200 лица од медицинскиот персонал кои што се членови на избирачките одбори и ОИК.

Членот на ДИК Јанаке Витановски апелираше до политичките партии и до Владата да седнат и да се договорат, посочувајќи дека ДИК ќе ги спроведува нивните одлуки, но доколку вирусот се прошири, тогаш како што рече тој, кој ќе ги реализира изборите, бидејќи може да се случи десеткување на членовите на изборните органи.

Исто така тој укажа дека во изминатите денови во просториите на ДИК биле и членовите од ОИК од Дебар и Центар Жупа, каде сега е воведена кризна состојба поради коронавирусот. Според него, доцна ќе биде одлуката за тоа што ќе се случува со изборите да биде донесена на 22 март.

Членот на ДИК Борис Кондарко укажувајќи на потребата од повторно разгледување на ова прашање на утрешната сеница на Советот за безбедност што ќе заседава во проширен состав рече дека од стручен аспект треба да се земе предвид ова нивно мислење, бидејќи како што кажа, изборите не се состојат само од политичките партии.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски потенцираше дека треба да се донесе одлука со ладна глава и дека пред сè сега е здравјето на граѓаните.

Според него, редуциран е бројот на активностите на ДИК и се прават сите напори голем дел од обврските да се завршуваат по електронски пат, но посочува дека во нивните простории понекогаш поради обврските поврзани со организација на изборите се собирале по 200 до 300 луѓе дневно.

Сепак, вели тој , ние ќе продолжиме да работиме се до нова одлука на надлежните институции.

Деркоски одговарајќи на новинарко прашање рече дека нивен претставник не е дел од Советот за безбедност и затоа ја користат седницата за јавно да ги кажат своите ставови, а целта е да помогнат при донесувањето на соодветна одлука.

Во однос на евентуалното одложување на изборите, тој појасни дека мандатот на пратениците од сега веќе распуштениот собраниски состав трае до изборот на новиот парламентарен состав и дека досега ние сме имале пракса на вонредно свикување на Парламентот.

Направена првата мапа за kopoнавиpyc во земјава

Состојбата со заболени лица од коронавирусот во земјава може да се следи на апликацијата http://gdi-sk.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html#/2096bd4b051b42948ac3f5747e80c3a5, која компанијата ГДи Скопје ја прилагоди за потребите на нашите граѓани.

Покажувајќи општествена одговорност, компанијата, на едно место, ги регистрира сите случаи на заболени лица од кopoнавиpycoт во земјава и на тој начин, настојува да ги алармира граѓаните за кризните подрачја и носење вистински одлуки.

Според генералниот директор на ГДи Скопје, Дејан Крстевски оваа апликација ја имаат и другите држави во регионот, каде податоците се ажурираат согласно известувањата на институциите и на светските статистики.

-Во овие моменти на криза, сакаме да помогнеме на населението и на институциите вистински и во реално време, да ја следат состојбата со развојот на вирусот во Македонија. Кога ќе се уредат сите просторни податоци на едно место, полесно е да се избегне кризата и да се донесат вистински одлуки. Овозможува едноставен и прегледен приказ во служба на информирање на јавноста, но пред се е корисна алатка за оние кои носат одлуки и мерки за сузбивање на вирусот. Затоа што животот во доба на коронавирусот, всушност, е живот во криза, вели Крстевски.

Географски информациони системи (ГИС) се начини за организирање, презентирање и анализирање на просторни и географски податоци. ESRI е водечка организација во областа на географијата и давател на ГИС ресурси.

Maкедонска фирма дел од пронаоѓањето на вакцина против кopoнавиpycoт

Компјутерската компанија Introcode Technologies од Германија на Македонецот Роберт Милески учествува во глобалните напори да се најде вакцина против коронавирусот.

Милески и неговиот тим го направиле главниот дел од машината која го изолира сврзувачкиот протеин на вирусот кој го внесе светот во паника.

Целиот статус на Милески, кој е горд што тој и неговиот тим учествуваат во глобалната битка со опасниот вирус:

Научниците веќе успеале да го декодираат вирусот Covid-19, познат како Корона. Веќе се работи со полна пареа на изработка на вакцина. Меѓу многуте лаборатории низ светот, први успех имаат истражувачите на фирмата Грефекс од Хјустон и тврдат дека веќе имаат вакцина, која мора да помине низ повеќе фази на проверка. Меѓу другите се истражува и во Канада, Германија, Кина, Јапонија, каде што исто така јавуваат за успешен процес.

Научниците успеале да го изолираат врзувачкиот протеин. Цел овој процес се работи на машина чиј главен дел го развивме токму ние, преку мојата компанија Introcode Technologies. Се работи за ДНК – РНК сиквенцер, со дополнителен бројач на клетки, како и целосна спектрална анализа, со чија помош се декодира структурата на вирусот. Ние сме единствените во светот што успеавме да квантифицираме ДНК код за помалку од 5 секунди. Светски рекорд кој сѐ уште никој не го соборил!

Така да мои Македонци, бидете горди на македонските инженери! Ова е само да ви кажам дека и ние имаме удел во развојот на идната вакцина, а јас сум посебно горд на сите!

Ви посакувам да останете здрави и помалце политика, оти таа очигледно нé отру и понатаму нѐ труе многу повеќе од самиот вирус.

Повеќе информации околу темава на следниве линкови:

За истражувањата: https://focus.de/11717745 (линкот преведете го преку Google translate).

За машината: https://www.facebook.com/495865847094480/posts/1006713846009675/

Погледнете го видеото: https://www.facebook.com/introcode/videos/1111971568817235/

Линк до нашата веб страна: https://www.introcode.com

“Работам по 12-15 часа дневно, пред да биде предоцна свестете се, може да бидете причината за cмpт на ваш близок”

Експертката од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина на клиниката Жан Митрев, Марија Јаневска која е на првата линија на фронтот со Ковид-19 со јавна емотивна порака до граѓаните кои се однесуваат неодговорно во кризата со коронавирусот.

Во продолжение ви го пренесуваме целиот нејзин Фејсбук статус:

“Знам дека знаете што работам. Не знам колку знаете дека од почеток на месецов работам по 12-15 часа на ден и работното време на сите (не само на мене) од медицинската фела е дуплирано. И покрај тоа што школи не работат, кафичи не работат, претстави нема и се друго е откажано, болниците не само што работат туку и не затвараат. Персоналот се преморува и е под огромен психички и физички стрес, но и покрај тоа сум премногу разочарана од многу мои блиски и познаници.

Да повторам, јас сум РАЗОЧАРАНА од однесувањето на многу мои блиски и познаници. Затоа сакам да им се обратам на сите нив.

Деновиве се повеќе сфаќам колку појма си немате што значи зборот КАРАНТИН. Ако не одите на работа и школо, не значи дека треба ЧОПОРАТИВНО ДА СЕ СОБИРАТЕ кај некого дома во групи од по 10-15 души, да пиете, да се забављате како ова да е школски распуст, а не пандемија.

Карантин значи НЕМАЊЕ КОНТАКТ СО ДРУГ ЧОВЕК.

Пред да продолжите да бидете себични, запомнете неколку работи:

1) Вирусот е опасен бидејќи ги зафаќа белодробните крила и ти наложува да имаш потреба од респиратор неколку недели за да преживееш. НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ НА АПАРАТ ЗА ДИШЕЊЕ. Дали сте знаеле дека една држава има ограничен број на респиратори? Што кога нема да има повеќе респиратори? Следниот кој има потреба од респиратор, ќе умре.

2) Доколку порасне бројот на заболени (вистината е дека сме само на неколку недели од тоа сценарио, не се надевајте дека ќе поминеме лесно), и доколку се разболе Вашата мајка и млада девојка од 19 години, помош ќе и биде дадена на младата девојка, а не на Вашата мајка. ВАШАТА МАЈКА ЌЕ БИДЕ ОСТАВЕНА НА МИЛОСТ И НЕМИЛОСТ НА ВИРУСОТ бидејќи државата нема повеќе ресурси (респиратори, болнички кревети и персонал). Доколку се разболете Вие, во фазата на инкубација можно е вирусот да сте го пренеле на Ваш пријател болен од рак или на вашиот дедо или вашата баба. Вирусот е скоро секогаш фатален за овие групи пациенти (постари пациенти, пациенти со дијабетес, висок крвен притисок, трудници и пациенти со карцицноми). Како ќе живеете со фактот дека ВИЕ сте причината што починал Ваш пријател или Ваш роднина?

Но, што Ви е вас гајле. Вас Ви е досадно дома”.

Излегоа резултатите за старанецот кој што во Битола беше тестиран за коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче за Тера телевизија потврди дека негативен е тестот на лицето од странство кое преку Центарот за јавно здравје во Битола денеска било тестирано за коронавирус.

Инаку, како што информираше министерот на вечерашната прес конференција, во Македонија има нови шест лица заразени од коронавирусот, со што бројот на заразени во државата се зголеми на 18 лица.

Исто така Филипче вечерва преку својата Фејсбук страница информираше дека се донесе одлука за заострување на мерките против коронавирусот.

Наместо респиратори, државата купуваше лубриканти, па сега приватни болници ја ставаат апаратурата на располагање на граѓаните

Приватната Клиничка болница „Аџибадем Систина“ ги стави своите капацитети на располагање на државата и граѓаните со цел поефикасно справување со ефектите од КОВИД-19 (коронавирус)

Во состојба на алертна состојба со вирусот Ковид 19, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со сите свои 1000 вработени лица, се става на располагање со сите свои слободни капацитети на граѓаните на Република Северна Македонија, кои се засегнати од овој вирус, а по потреба и претходен договор со Министерството за здравство. На располагање се ставаат и сите слободни апаратите за механичка вентилација односно респиратори. Во моментов нашата болница располага со 27 најсовремени респиратори и тоа педијатриски, адултни и транспортни.

Следете ги препораките за заштита и превенција од Ковид 19. Грижете се за своето и за здравјето на луѓето околу Вас.
Нашата грижа за Вашето здравје продолжува.

Прилепска актерка заглавена во Малта, апел министерството да и помогне

Актерката Ангела Наумоска од Прилеп заедно со двете нејзини пријателки не може да се врати од Малта во Македонија, пренесува ТВ21.

Четири часа останале на аеродромот и од таму биле известени дека не можат да се вратат во државата бидејќи компанијата Визер им ги откажала летовите. Тие уште од декември резервирале билети за четири дена од 10-ти до 14 март.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Извор: tv21.tv