Полицијата во Италија патролира и користи дронови за да ги потсети граѓаните дека мора да останат во своите домови додека трае пандемијата на коронавирусот.
Погледнете како изгледаат улиците низ градовите во Италија:
Тајланд е една од најпосетените туристички дестинации во светот, а посебно таму се издвојува градот Ламбри, каде госишно доаѓаат стотици илјади туристи од сите земји ширум светот за да уживаат во прекрасните песочни плажи.
Во Лабри има голем број мајмуни кои се главна туристичка атракција што ги забавува гостите. Но, поради епидемиjaта со кopoнавиpycoт градот е празен, па мајмуните го преплавија градот барајќи храна.
Погледнете:
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.
Утринската температура се движеше од два до девет степени, а дневната температура ќе достигне до 21 степени.
Утре врнежите ќе бидат пообилни (над 20л/м2) и поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.
Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура од недела зачително ќе опадне.
Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.
На 10.03.2020 во 18.40 часот во Прилеп на ул.„Александар Македонски“ товарно возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(46) од Прилеп yдpило во пешакот Д.Б.(37) од Прилеп.
По незгодата пешакот бил пренесен во Општата болницa Прилеп, каде му биле констатирани тешки телecни повpeди.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Прилеп – информираат во дневниот билтен на МВР.
На 13 март 1981 година, за прв пат во Министерството за внатрешни работи, во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на Македонија беше формирана Единицата за специјални задачи „Тигар“.
Примарна цел при формирањето на единицата биле посебни задачи од типот, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи од типот диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина.
Нејзиното борбено крштевање се случи во 2001 година во војната во Република Македонија. Од тој момент па се до денес се надградува единицата на секое поле. До денешен ден единицата е вброена во топ 10 Специјални полициски единици. Рангирана е како трета единица во делот на снајперизам во светски рамки.
“Сите даваме по нешто,некои дадоа сé. 39 год ЕСЗ ТИГАР. Храброст,непокор и јунаштво, се она што те прави да си горд МАКЕДОНЕЦ. Во чест и спомен на загинатите браќа”, напиша Тарчуловски на Фејсбук.
Ова е забавен тест за вашиот вид, во кој учесници се нашите омилени херои од детството. Станува збор за 2 фотографии со Том и Џери, кои меѓусебено се разликуваат по одредени детали, а ваша задача е истите да ги откриете.
Само 3% од луѓето можат да пронајдат повеќе од 3 разлики на следните фотографии. Има вкупно 10 разлики.
Колку успеавте вие да откриете?
Наредната недела се очекува да се пушти во сообраќај регионалниот пат Прилеп-Битола, во делот кај индустриската зона каде се гради клучката со придружната патна инфраструктура. Ова го изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој со директорот на ТИРЗ Александар Младеновски денеска беше на увид на работите со асфалтирањето на приклучоците на клучката која е во завршна фаза.
-Динамиката на активностите тече, се асфалтира и очекуваме во најбрз временски рок, веќе од наредната недела, овој дел на патниот правец Прилеп-Битола да биде пуштен во сообраќај. Ова е исклучително важен дел кој се прави за развој на локалната економија, па и за целиот Пелагониски регион, изјави Сугарески.
Градежните работи на клучката за која зборува Сугарески започнаа на 17 септември, а требаше да завршат за три месеци.
Според директорот на ТИРЗ Александар Младеновски, пак, изградбата на клучката која со придружните елементи е инвестиција од околу четири милиони евра, е во завршна фаза, а неколкумесечното доцнење е од објективни причини.
-Моментално се асфалтираат приклучоците на клучката, која е во завршна фаза на изградба за да може да го оспособиме и да го пуштиме во сообраќај регионалниот пат Прилеп-Битола. Како што течат изведбените работи, набрзо во целост треба да биде готова и клучката. Сѐ зависи од временските услови, но рабоите се при крај. Доцнењето на работите од шест месеци е од објективни причини: дислокација на кабелот со ЕВН и од други непредвидени, објективни причини. Изградбата на клучката кај технолошко-развојната зона Алинци е инвестиција од 254 милиона денари или околу четири милиона евра. Инаку, овде при крај е изведбата на водоводот, а во внатрешната инфраструктура на Зоната се инвестирани дополнителни 50-ина милиони денари, објасни Младеновски.
Клучката која стана историска: Шест месеци е затворен патот, а требаше да биде готова за три (Фото)
Ентузијасти уфолози ширум светот сметаат дека снимката од Марс на која се гледа дупка со радиус од 130 метри, е недвосмислен доказ за интелегентен живот на соседната планета.
Станува збор за совршено кружна длабнатина околу која се наоѓаат траги за кои уфолозите сметаат дека се направени од слетување и полетување на вселенски летала.
Поради опасност од ширење на коронавирусот, Општа болница Прилеп апелира до граѓаните да ги откажат нехитните посети кај докторите, како и општо во самите здравствени установи.
Исто така се апелира да не се посетуваат роднини и пријатели кои се лекуваат во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп.
Возрасните луѓе кои се со хронични заболувања да останат во своите домови и да не се изложуваат на контакт со други лица, кои може да се потенцијални носители на корона вирус.